дамјан давков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Nov 2021 14:29:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дамјан давков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Штип го награди математичкиот гениј Дамјан Давков https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-shtip-go-nagradi-matematichkiot-genij-damjan-davkov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-shtip-go-nagradi-matematichkiot-genij-damjan-davkov/#respond Tue, 09 Nov 2021 14:29:56 +0000 https://kurir.mk/?p=593217

По повод одбележувањето на денот на ослободувањето на град Штип 8-ми Ноември, на свечената седница на Советот на Општина Штип, беше доделено највисокото општинско одличје, Наградата 8-ми Ноември на математичкиот гениј 14-годишниот Дамјан Давков. Дамјан со своето знаење, наградите кои ги собира на сите натпревари и светски олимпијади секогаш го свртуваат вниманието на јавноста. Пред неколку месеци неговото семејство принципиелно ги одби сите донации од поединци и фирми, откако комисијата во ресорното министерство одби да му ја врачи наградата за државен првак по матетамика за средношколци, со образложение дека тој е ученик во деветолетка. Неговата мајка Никица Давкова вели дека Дамјан ја добива поддршката од институциите, она што по закон го следува. Покрај наградата беа доделени и признанија на : -Драган Ристов- исклучителен придонес за афирмирање на градот Штип како публицист и новинар( постхумно). -Трајче Јованов- високи достигнувања во сферата на новинарството(постхумно). – Горан Гаврилов- исклучителен придонес во развојот на информирањето како основач на Мрежата Канал 77 и општественик( постхумно). – Друштво за Планинарски Спортови “ Лисец”- како едно од најуспешните спортски друштва во Штип. – Кристина Ампева- исклучителен придонес во заштитата на правата на конфекциските работници, како раководител и активист на Гласен Текстилец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-shtip-go-nagradi-matematichkiot-genij-damjan-davkov/feed/ 0
БРАВО МОМЧЕ: Дамјан на кој МОН одби да му даде наградата стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bravo-momche-damjan-na-koj-mon-odbi-da-mu-dade-nagradata-stana-najmladiot-osvojuvach-na-srebro-vo-evropa-i-chetvrti-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bravo-momche-damjan-na-koj-mon-odbi-da-mu-dade-nagradata-stana-najmladiot-osvojuvach-na-srebro-vo-evropa-i-chetvrti-vo-svetot/#respond Fri, 23 Jul 2021 18:47:33 +0000 https://kurir.mk/?p=541086

Штипјанецот Дамјан Давков на Светската математичка олимпијада ИМО 2021, освои сребрен медал и со тоа стана најмладиот освојувач на сребро во Европа и четврти во светот. Оваа вест на социјалните мрежи ја објави неговата мајка Никица Давкова. -По пауза од десет години Македонија има пак сребро. Има и две бронзи и две пофалници. Честитки до водачот на тимот проф. д-р Ристо Атанасов и до заменик водачот проф. д-р Мирко Петрушесвки. Голема благодарност до сите, кои на свој начин учествуваа во подготовките на Дамјан. Благодарност до СММ и Мирко Петрушевски кој организираше олимписки подготовки за македонските натпреварувачи, вели во Фејсбук статусот Давкова. Таа се заблагодарува и на новиот ментор на Дамјан, и како што вели и до некои наши поранешни натпреварувачи, кои денес живеат и работат во странство, а од кои имаат голема поддршка. Инаку, младиот математичар се најде во центарот на јавноста на почетокот на годинава, кога освои прво место на државен натпревар по математика, а од МОН не му ја доделија паричната награда, бидејќи и покрај освоеното прво место не му следувала, затоа што бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование. Решението дека е одбиен за доделување на парична награда, која изнесуваше околу 10.000 денари, бидејќи не ги исполнувал условите, односно бил помлад од останатите учесници, беше потпишано од министерката за образование Мила Царовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bravo-momche-damjan-na-koj-mon-odbi-da-mu-dade-nagradata-stana-najmladiot-osvojuvach-na-srebro-vo-evropa-i-chetvrti-vo-svetot/feed/ 0
Ученикот Дамјан Давков ќе биде награден за високите постигнувања на меѓународните натпревари по математика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenikot-damjan-davkov-kje-bide-nagraden-za-visokite-postignuvanja-na-megjunarodnite-natprevari-po-matematika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenikot-damjan-davkov-kje-bide-nagraden-za-visokite-postignuvanja-na-megjunarodnite-natprevari-po-matematika/#respond Wed, 07 Jul 2021 13:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=533414

Министерството за образование и наука ќе му додели две парични награди на ученикот Дамјан Давков од Штип за освоени високи места на меѓународни математички натпревари, односно за освоениот сребрен медал на Јуниорска балканска математичка олимпијада и за освоениот бронзен медал на Балканската математичка олимпијада. Двата натпревара беа одржани во 2020 година. – Откако на јавниот повик на МОН за доделување парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот, пристигнаа две барања од страна на младиот талентиран математичар кој е актуелен со своите постигнувања на домашни и меѓународни натпревари по математика, Комисијата задолжена за разгледување на апликациите оцени дека тие се во согласност со наведените критериуми и услови за остварување на ова право, соопшти МОН. Министерството во соопштението упати честитки до ученикот, неговото семејство и до наставниците и менторите кои го подготвуваа за натпреварите, за постигнатите високи резултати со желби во иднина да постигнува уште поголеми успеси. -Младите како Дамјан Давков се најдобриот репрезент на државата на меѓународно ниво и потврда дека имаме висок човечки потенцијал кој ќе обезбеди подобра иднина за општеството. Министерството за образование и наука ќе продолжи да ги поддржува талентираните ученици и во иднина, вреднувајќи го нивниот труд и постигнати резултати и стимулирајќи го развојот на нивниот капацитет, преку доделување стипендии за талентирани средношколци, доделување парични награди за освоени први места на државни натпревари и високи постигнувања на меѓународни натпревари и олимпијади, наведува МОН во соопштението. Додава и дека настојува и понатаму да креира нови и да ги унапредува постојните политики за поддршка на талентираните ученици, со цел овозможување целосно остварување на нивниот потенцијал и стимулација за вложување на сопствените знаења и способности во развојот на државата. – Младите се дел од целиот тој процес преку групата МОН-млади формираната на иницијатива на министерката Царовска, преку која даваат свој придонес во дефинирањето на новите мерки, активности, проекти и слично, наведува МОН. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenikot-damjan-davkov-kje-bide-nagraden-za-visokite-postignuvanja-na-megjunarodnite-natprevari-po-matematika/feed/ 0
Се огласи мајката на младиот гениј Дамјан: Еве што им порача на министерката Царовска и општина Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-majkata-na-mladiot-genij-damjan-eve-shto-im-poracha-na-ministerkata-carovska-i-opshtina-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-majkata-na-mladiot-genij-damjan-eve-shto-im-poracha-na-ministerkata-carovska-i-opshtina-shtip/#respond Sun, 07 Feb 2021 17:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=465517

Мајката на осмоодделенецот Дамјан Давков, ученикот на кој не му беше доделена наградата за освоено прво место по математика од страна на Министерството за образование и наука, со образложение „дека се натпреварувал со средношколци“, се огласи на Фејсбук. Вели дека искажаното на ресорната министерка Мила Царовска дека виновник е Сојузот на математичари на Македонија што го испратиле нејзиниот син да се натпреварува со средношколци- не е аргумент. -Внимателно го прочитав официјалното соопштение на МОН и јасно беше на што алудира Министерката, што го потврди и на вчерашната емисија на Канал 5. Вината да се префрли на СММ затоа што дозволиле ученикот да учествува. Не е точно дека на натпреварите за средно може да учествуваат САМО ученици од средно. Зборот САМО го нема. Јасно е и зошто. Тоа би бил апсурд. Имено, секој што е во образование знае (би требало да знае) дека како и во спортот, така и во науката никаде во светот не е забрането помал ученик да учествува во категорија со поголеми ученици. За информација, на Светската олимпијада по математика - ИМО најмладиот учесник знам дека имал 11 години (можеби имало и помал). На ИМО 2020 Дамјан и уште 2-3 деца со 12 години беа најмалите учесници, а Дамјан е најмалиот учесник од Македонија што учествувал на ИМО. За да биде дел од тимот ученикот треба да ги помине сите натпревари, општински, регионален и државен за учениците од средно образование, како и селекциониот натпревар за Светската олимпијада. Што се однесува до тоа општината да исплати награда, воопшто нема никаква поврзаност со наградата од Државниот натпревар и затоа нема потреба од такво нешто. Си има кога општината да награди. Не сега, не вака. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-majkata-na-mladiot-genij-damjan-eve-shto-im-poracha-na-ministerkata-carovska-i-opshtina-shtip/feed/ 0
ДС: Реформите во образованието треба да започнат со стипендија за талентираниот Дамјан, историјата мора да остане како посебен предмет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-reformite-vo-obrazovanieto-treba-da-zapochnat-so-stipendija-za-talentiraniot-damjan-istorijata-mora-da-ostane-kako-poseben-predmet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-reformite-vo-obrazovanieto-treba-da-zapochnat-so-stipendija-za-talentiraniot-damjan-istorijata-mora-da-ostane-kako-poseben-predmet/#respond Sat, 06 Feb 2021 09:12:24 +0000 https://kurir.mk/?p=464986

Демократскиот сојуз смета дека врв на хипокризија е доколку осмоодделенецот Дамјан Давков е подобар од средношколците и победи на натпревар по математика, тоа да биде поништено од бирократски причини, притоа повикувајќи се на законски одредби кои се користат како покритие. -Реформите во образованието треба да започнат со однесувањето на првиот учител (министер) во овој систем, но тоа не го гледаме преку примерот на ученикот Дамјан Давков од Штип. Нема поважна реформа во образованието од таа системот да почне да ги препознава, признава, помага и поттикнува младите генијалци. Предлагаме претседателот на РС Македонија, Стево Пендаровски да го награди талентираниот ученик по математика Дамјан Давков и да го искористи своето политичко влијание и авторитет за да му обезбеди државна стипендија за талентирани ученици за неговото натамошно школување. Тоа ќе биде признание за сите талентирани млади ученици и поттик да учат и да творат, се вели во соопштението на партијата. Што се однесува до концептот за реформи во образованието, за кој во моментов се одвива јавна расправа, Демократскиот сојуз ќе изгради посебен став и ќе го соопшти. -При тоа, предупредуваме дека образовните реформи не смее да се сведат на експеримент кој, преку спојувањето повеќе различни предмети, ќе се испробува единствено во Македонија, врз грбот на нашите најмлади, а во таква форма не постои никаде во Европа и во цивилизираниот свет кон кој се стремиме. Особено нагласуваме дека историјата мора да остане како посебен предмет за учениците во основното образование. Спојувањето на предметот историја со повеќе други предмети, испраќа порака дома и кај нашите соседи дека на Македонците историјата не им е важна, што може да се сфати како сечење на корените на македонскиот народ и обид за негово бришење од картата на народите, поради што мораме да бидеме внимателни. Историјата е помоќно оружје и од атомска бомба, посочуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-reformite-vo-obrazovanieto-treba-da-zapochnat-so-stipendija-za-talentiraniot-damjan-istorijata-mora-da-ostane-kako-poseben-predmet/feed/ 0
Мицкоски до талентираниот Дамјан: Оваа борба е за тебе, за твоите другари, за малите шампиони со големо срце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-talentiraniot-damjan-ovaa-borba-e-za-tebe-za-tvoite-drugari-za-malite-shampioni-so-golemo-srce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-talentiraniot-damjan-ovaa-borba-e-za-tebe-za-tvoite-drugari-za-malite-shampioni-so-golemo-srce/#respond Fri, 05 Feb 2021 10:42:49 +0000 https://kurir.mk/?p=464600

Размислував пред да го напишам овој коментар, несакајќи да се доведе во конотација со дневната политика, но како родител и професор имам должност да изреагирам, пред се како човек кому му се крева утробата пред неправдите со кои се соочуваат генерациите кои треба да ја носат иднината, пишува на својот Фејсбук профил, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Дамјан Давков е ученик во VIII одделение од Штип, но и шампион по математика. Ваков талент во нормална држава ќе беше бисерот кој една влада ќе го чуваше, помагаше и стимулираше како најголема надеж. Но, не и во нашата земја. По втор пат во рок од два месеци му било одбиено барањето од страна на МОН за парична награда за освоеното прво место на државниот натпревар. МОН го одбива, не затоа што Дамјан е лош, туку затоа што е добар, затоа што како осмоодделенец стана државен првак по математика за I година средно образование и како основец не го следувала. Тоа што Дамјан е шампион му е пречка, а не предност. Ова се случува кога државата не штити вредности, кога неквалитетот го гуши квалитетот. Дамјан шампионе, животот како што гледаш не е фер. Благодарам за сѐ што правиш. Извини во името на сите ние кои имаме обврска да се бориме, а не успеваме да ги исправиме неправдите, затоа што ти тоа не го заслужуваш. Можам да ветам дека ќе ги смениме работите, оваа борба е за тебе, за твоите другари, за малите шампиони со големо срце, сегашни и идни шампиони. Ти си енергијата која дава сила за борба и за промени кои ќе донесат подобро за сите. Поддршка шампионе. До наредните успеси“ - напиша Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-do-talentiraniot-damjan-ovaa-borba-e-za-tebe-za-tvoite-drugari-za-malite-shampioni-so-golemo-srce/feed/ 0