дамјан манчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 Feb 2021 10:03:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дамјан манчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демант на Дамјан Манчевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-damjan-manchevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-damjan-manchevski/#respond Sun, 21 Feb 2021 10:03:20 +0000 https://kurir.mk/?p=471697

Дамјан Манчевски испрати ДЕМАНТ во врска со објавениот текст на 13.02.2021 годинаво 19:50 часот и во 19:54 на Интернет порталот „kurir.mk“. КУРИР го пренесува во целост демантот на Манчевски:  На ден 13.02.2021 година на Вашиот интернет портал „kurir.mk“ објавени се два текстови, од кои првиот е со наслов: „Манчевски од СДСМ ја кажа вистината:Нема ниту трага ни глас од градските служби на Шилегов“објавен во 19:50 часот и вториот текст со наслов: „Поранешниот потпретседател на СДСМ ја кажа вистината:Нема ниту трага ни глас од градските служби наШилегов“ објавен во 19:54 часот, каде е наведено дека јас, во својство на Поранешен Потпретседател и актуелен член на СДСМ сум револтиран од градските служби што не е исчистен снегот од улиците на централното градско подрачје, за што наводно упатувам јавна критика кон Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Најостро ги демантирам и двата текстови, со речиси иста содржина создадена заради ширење на лажни вести, со цел да се предизвика нетрпение кон мене. Очигледно дека е злоупотребена и фотографија објавена на 09.01.2017 година на мојот профил на Инстаграм, како наводен доказ кој би требало да послужи како поткрепа на тврдењата на Вашиот портал изнесени на 13.02.2021 година. Објавата на фотографијата е направена за јавноста да се доведе во заблуда, со тенденција да се рашири оваа лажна вест креирана од Ваша страна. Сите овие клеветнички и спинувани објави на Вашиот портал, свесно и намерно создадени како лажна вест, која притоа содржи навредливи и клевентнички наводи, се со една и единствена цел-повреда на мојот углед и чест. Очигледна е тенденциозноста во објавувањето на фотографијата и текстот под неа да создаде понижувачко мислење за мојата чест и мојот углед, преку изнесување на невистинити факти, за кои очигледно е дека знаете или барем сте биле должни да знаете дека се невистинити во контекстот во кој сте ги објавиле. Барам овој Демант веднаш да биде интегрално објавен, иако веста е отстранета од Вашиот портал, на истиот начин и под истите услови, но без нејзино отстранување и во рок од 24 часа барам ИЗВИНУВАЊЕ во согласност со одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Со почит, Дамјан Манчевски Скопје, 13.02.2021 година]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-damjan-manchevski/feed/ 0
„Нетпрес“: Манчевски нова жртва на пресметката меѓу струмичкото и скопското крило, односно Заев и Шекеринска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-manchevski-nova-zrtva-na-presmetkata-megju-strumichkoto-i-skopskoto-krilo-odnosno-zaev-i-shekerinska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-manchevski-nova-zrtva-na-presmetkata-megju-strumichkoto-i-skopskoto-krilo-odnosno-zaev-i-shekerinska/#respond Wed, 14 Oct 2020 09:49:51 +0000 https://kurir.mk/?p=416222

Што се случува во СДСМ е прво логичко прашање кое се поставува по изненадното повлекување на Дамјан Манчевски од политиката?! Поранешниот министер за информатичко општество и администрација преку Фејсбук најави дека се повлекува од политиката и дека прифатил ангажман во приватниот сектор каде неспојливо е да биде и политички ангажиран. „Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ“, соопшти Манчевски. Ова за сите во политиката беше гром од ведро небо, бидејќи Манчевски беше еден од најистурените играчи на СДСМ и Владата, како министер кој остави трага со своето работење и во моментите кога чекаше да биде назначен за генерален секретар на Владата, поради што си поднесе и оставка на пратеничката функција. Ова се само дел од анализата објавена на НЕТПРЕС, каде можете да го прочитате и целиот текст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-manchevski-nova-zrtva-na-presmetkata-megju-strumichkoto-i-skopskoto-krilo-odnosno-zaev-i-shekerinska/feed/ 0
Прекината седницата за избор на заменици министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-sednicata-za-izbor-na-zamenici-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-sednicata-za-izbor-na-zamenici-ministri/#respond Tue, 22 Sep 2020 10:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=406695

Собранието денеска ја почна 13-тата седница на која требаше да расправа по Предлогот за именување на заменици на министри во Владата, но по куса пауза заседанието беше прекинато пред да биде утврден дневниот ред, бидејќи Парламентот од ДИК чека извештај за верификација на мандат на пратеник, откако на почетокот на оваа седница беше констатирана оставката на пратеникот Дамјан Манчевски. Како што појасни претседателот на Собранието, Талат Џафери со оглед на тоа што точката за верификација на мандатот нема материјали и тие се чекаат од Државната изборната комисија, дневниот ред ќе биде усвоен на продолжението на оваа седница, за кое, како што посочи пратениците ќе бидат дополнително известени. -Со оглед на тоа што пратеникот Дамјан Манчевски е избран од листа на пратеници, потребно е ДИК да го извести Собранието за кандидатот од оваа листа на кој треба да му се верифицира мандатот за пратеник согласно член 153 од Изборниот законик, рече Џафери. Откако ДИК ќе испрати извештај, за тоа ќе одлучува матичната Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, по што ќе продолжи пленарната седница. На ова седница во предложениот дневен ред прва точка е верификација на мандат на пратеник, а втора точка Предлогот за именување на заменици на министри во Владата. Претходно, Собранието ги констатира и оставките на Венко Стомнаровски од функцијата член на РСБПС, Софче Јовановска од функција член на Советот за статистика и на Марјана Кацарска од функцијата заменик на генералниот секретар на Парламентот, како и престанокот на мандатот на Ирена Шумковска од функцијата член на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Предлогот за избор на заменици на министри Владата до Собранието го достави минатиот петок. За заменик-министер во одбрана е предложен Башким Хасани, во Министерството за внатрешни работи Назим Буши, а во ресорот правда предлогот за заменик-министер е Агим Нухиу. Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи. Во Министерството за финансии заменик на министерот Фатмир Бесими треба да му биде Димитар Ковачевски, а во Министерството за економија предложен е Зоран Маневски. Во ресорот земјоделство за заменик е предложен Трајан Димковски, кој претходно ја извршуваше министерската функција во истото Министерство. Доктор Илир Хасани е предлогот за заменик-министер во Министерството за здравство.  Арафат Шабани е предложен во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа и Седат Сулејмани во Министерството за култура. За заменик-министер за информатичко општество и администрација е предложен Александар Бајдевски, во Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а во Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prekinata-sednicata-za-izbor-na-zamenici-ministri/feed/ 0
Исто ветување и во овој мандат: Манчевски откако не исполни, сега ветува дека вработените кои не оделе на работа ќе мора да тргнат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isto-vetuvanje-i-vo-ovoj-mandat-manchevski-otkako-ne-ispolni-sega-vetuva-deka-vrabotenite-koi-ne-odele-na-rabota-kje-mora-da-trgnat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isto-vetuvanje-i-vo-ovoj-mandat-manchevski-otkako-ne-ispolni-sega-vetuva-deka-vrabotenite-koi-ne-odele-na-rabota-kje-mora-da-trgnat/#respond Sat, 29 Aug 2020 13:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=396638

Неисполнетите ветувања на оваа власт од минатиот мандат се повторуваат во овој. Бледа копија беше денешното старо ветување на министерот во заминување Дамјан Манчевски. Имено тој како и во претходниот мандат и во овој ветува дека СДСМ вработените кои не оделе на работа ќе мора да тргнат или договорите ќе им бидат прекинати. Административците кои се уште седат дома и земаат плата или ќе почнат да работат или ќе им бидат прекинати договорите. Министерот Манчевски во заминување најавува дека новата Влада ќе го реши овој долгогодишен проблем за неколку месеци. „Согласно со коалицискиот договор за новата Влада е договорен конкретен краток временски период од само неколку месеци во кои би се затворило ова прашање. Сите нераспределни лица да тргнат на работа, а доколку некој одбива тоа да го направи договорите ќе бидат прекинати“, појасни Манчевски. Според предлогот за состав на новата Влада негов наследник треба да биде Јетон Шаќири, кој е кадар на ДУИ, а министерството за политички систем кое е и најнадлежно за проблемот, на местото на Садула Дураку треба да го води Артан Груби исто од ДУИ. Но, дали тие ќе успеат да им најдат работни позиции на овие околу 1.000 лица, со што конечно би се затворило ова прашање. Во програмата на Владата стои дека во првите шест месеци на работа ќе тргнат сите вработени по рамковен.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isto-vetuvanje-i-vo-ovoj-mandat-manchevski-otkako-ne-ispolni-sega-vetuva-deka-vrabotenite-koi-ne-odele-na-rabota-kje-mora-da-trgnat/feed/ 0
Министерот Манчевски по пети пат тестиран од коронавирус- еве ги резултатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-manchevski-po-peti-pat-testiran-od-koronavirus-eve-gi-rezultatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-manchevski-po-peti-pat-testiran-od-koronavirus-eve-gi-rezultatite/#respond Sun, 26 Jul 2020 11:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=381540

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска на својот фејсбук профил објави дека е негативен на коронавирусот. -Негативен и финално. Излегувам, доста беше. 5:0. Од утре назад во акција, пишува Манчевски. Тој им порача на граѓаните да носат маска и да држат дистанца, особено во туристичките места. -Чувајте се. Носете маска и држете дистанца. Нека не ве лаже летото, особено во туристичките места, напиша Манчевски на својот фејсбук профил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-manchevski-po-peti-pat-testiran-od-koronavirus-eve-gi-rezultatite/feed/ 0
АВМУ: Манчевски да си го прочита Изборниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-manchevski-da-si-go-prochita-izborniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-manchevski-da-si-go-prochita-izborniot-zakonik/#respond Fri, 17 Jul 2020 10:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=377627

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги непријатно е изненадена од вчерашниот фејсбук-статус на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски дека Агенцијата е политизирана затоа што поднела прекршочни постапки против Телма и Алсат - М за прекршување на изборниот молк. Од АВМУ велат дека министерот, или не го познава Изборниот законик или вообичаено, кога е Агенцијата во прашање со сите сили се обидува да ја дискредитира нејзината работа како би ја остварил зацртаната партиска агенда. -Во спротивно, би знаел дека Агенцијата не е цензор туку согласно законските надлежности кои и се дадени го следи изборното медиумско претставување и доколку констатира прекршувања, покренува прекршочни постапки. За време на изборниот молк, медиумите, меѓу другото, не смеат да емитуваат изјави од носители на функции во органите на власта и тоа е изричито наведено во Изборниот законик. Изјава дадена во својство на министер е изјава на носител на функција во органите на власта. Воопшто не е спорно дека можат да се даваат информации во врска со состојбата со корона вирусот и активностите на здравствените власти и во време на изборен молк, но не од самиот министер. Симптоматично е и што министерот Манчевски не смета дека Агенцијата е цензор и за Првиот програмски сервис на Македонското радио против кого исто така беше поднесена прекршочна постапка за прекршување на изборниот молк. Можеби затоа што прекршокот беше сторен со емитување изјави на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев?, прашуваат од Агенцијата за медиуми. Како и досега, Агенцијата не направи разлика меѓу партиите и прекршочни постапки беа поднесени поради изјавите и на Венко Филипче и на Наќе Чулев. Во овој контест, го повикуваме Манчевски да го прочита Изборниот законик пред јавно да изнесува или да споделува мислења. Истовремено, може да ги прочита досегашните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР, во кои редовно позитивно е оценета работата на Агенцијата или Изјавата за прелиминарни наоди и заклучоци на Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ, во која, исто така, се нотирани повреди на изборниот молк на традиционалните медиуми]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-manchevski-da-si-go-prochita-izborniot-zakonik/feed/ 0
Дамјан Манчевски во самоизолација: Позитивни на Ковид- 19 се неговиот заменик и возачот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/damjan-manchevski-vo-samoizolacija-pozitivni-na-kovid-19-se-negoviot-zamenik-i-vozachot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/damjan-manchevski-vo-samoizolacija-pozitivni-na-kovid-19-se-negoviot-zamenik-i-vozachot/#respond Wed, 15 Jul 2020 20:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=376707

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски на својот Фејсбук профил соопшти дека ќе оди во самоизолација. „Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред. Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Ковид- 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација. Чувајте се и бидете здрави“, напиша министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/damjan-manchevski-vo-samoizolacija-pozitivni-na-kovid-19-se-negoviot-zamenik-i-vozachot/feed/ 0
ВМРО – ДПМНЕ: Изгубениот Манчевски не успеал да разбере дека во нивната програма во првата година од новиот мандат ветуваа реализација на Дигитална агенција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izgubeniot-manchevski-ne-uspeal-da-razbere-deka-vo-nivnata-programa-vo-prvata-godina-od-noviot-mandat-vetuvaa-realizacija-na-digitalna-agencija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izgubeniot-manchevski-ne-uspeal-da-razbere-deka-vo-nivnata-programa-vo-prvata-godina-od-noviot-mandat-vetuvaa-realizacija-na-digitalna-agencija/#respond Sun, 05 Jul 2020 17:36:32 +0000 https://kurir.mk/?p=369475

Изгубениот министер во заминување Дамјан Манчевски, кој го критикуваше проектот на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Дигитална агенција и тврдеше дека истиот е застарен и реализиран, не успеал да разбере дека во нивната програма на страна 200 во првата година од новиот мандат се ветува реализација на Дигитална агенција. Оттука е целосно разбирливо зошто министерот во заминување не може да ја разбере концепцијата на програмата за дигитална трансформација на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од комисијата за информатичко општество, телекомуникации и АВУ на ВМРО - ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izgubeniot-manchevski-ne-uspeal-da-razbere-deka-vo-nivnata-programa-vo-prvata-godina-od-noviot-mandat-vetuvaa-realizacija-na-digitalna-agencija/feed/ 0
ВИДЕО: Манчевски е стар комуњар, Царовска тетка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-manchevski-e-star-komunjar-carovska-tetka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-manchevski-e-star-komunjar-carovska-tetka/#respond Sun, 05 Jul 2020 10:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=369272

Мила Царовска и Дамјан Манчевски меѓусебно си поставуваа прашања. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-manchevski-e-star-komunjar-carovska-tetka/feed/ 0
АЕК постапува за прекршувањето на ЗЕК од операторите, можат да реагираат и граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-postapuva-za-prekrshuvanjeto-na-zek-od-operatorite-mozat-da-reagiraat-i-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-postapuva-za-prekrshuvanjeto-na-zek-od-operatorite-mozat-da-reagiraat-i-gragjanite/#respond Tue, 23 Jun 2020 11:00:31 +0000 https://kurir.mk/?p=361423

За прекршените одредби од Законот за електронски комуникации со прекинот на емитувањето на ТВ прогамите од страна на операторите постапува Агенцијата за електронски комуникации како надлежна институција, а постои можност и за реакција од граѓаните со поплака до АЕК, вели министерот за инфирматичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски. Одговарајќи на новинарско прашања денеска на прес-конференција Манчевски потенцираше дека со завчерашниот едночасовен прекин на реемитувањето на ТВ програмите беа прекршени одредбите од Законот  за електронски комуникации за што е надлежна Агенцијата за електронски ккомуникации. -Според моите информации таму се постапува  и ќе бидат спроведени сите мерки коишто  се согласно законот.  Тоа е во однос на реакциите на институциите. Граѓаните секогаш како претплатници за било што сметаат дека е прекршување на условите  од претплатничкиот договор што тие го имаат со операторите исто така може да се обратат до АЕК каде што има посебен сектор за поплаки од страна на  корисниците коишто ги процесуираат  овие поплаки.  Се работи за две реакции една институционална и таа не исклучува и е во тек и втората е онаа што граѓаните  дополнитлено сами можат да ја покренат, наведе Манчевски. Кабелските оператори завчера го прекинаа емитувањето на ТВ програмите во траење од еден час во знак на протест од, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Петте национални телевизии  оценија дека прекинот на програмите е самоволие и тешко кривично дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aek-postapuva-za-prekrshuvanjeto-na-zek-od-operatorite-mozat-da-reagiraat-i-gragjanite/feed/ 0