данци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Sep 2022 18:12:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png данци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Данците со политичка порака на дресовите на СП во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dancite-so-politichka-poraka-na-dresovite-na-sp-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dancite-so-politichka-poraka-na-dresovite-na-sp-vo-katar/#respond Thu, 29 Sep 2022 18:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=739203

Производителот на спортска опрема „Хумел“ (Hummel) објави дека на дресот, кој данската фудбалска репрезентација ќе го носи на Мундијалот во Катар, покрај посвета на освојувањето на европската титула од 1992 година, ќе има и порака поврзана со кршењето на човековите права во земјата домаќин. -Формата и бојата на дресовите не се инспирирани само од Европското првенство 1992 и најголемиот успех на данскиот фудбал во историјата. Тие, исто така, се и протест против Катар и рамнотежата на човековите права во таа држава , објави компанијата. Со својот дизајн на данските дресови во црвена, бела и црна боја, производителот „Хумел“ сака да го сврти вниманието кон арапскиот домаќин на Мундијалот и особено на условите за работа на илјадници странски државјани, кои беа клучни во подготовката на инфраструктурните објекти за потребите на турнирот „Не сакаме да бидеме видливи за време на турнирот поради кој илјадници луѓе ги загубија животите во текот на подготовките, објави „Хумел“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dancite-so-politichka-poraka-na-dresovite-na-sp-vo-katar/feed/ 0
Данците станаа побогати и покрај пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dancite-stanaa-pobogati-i-pokraj-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dancite-stanaa-pobogati-i-pokraj-pandemijata/#respond Thu, 24 Dec 2020 08:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=447574

На крајот од тешката 2020 година, спротивно на очекувањата. Данците располагаат со поголемо финансиско богатство отколку пред пандемијата, јави Блумберг. Нето финансиските активи на домаќинствата во скандинавската држава се 5,66 трилиони круни или 930 милијарди долари на крајот од третото тримесечје од годинава. Тоа се податоци од Централната бакна на Данска. Во изминатите две тримесечја финансиското богатство на Данците се зголемило за вкупно 709 милијарди круни. Тоа успеа да го надомести падот во првите три месеци од годината од 541 милијарди, кој беше предизвикан најмногу од загубите на берзата. Финансиската состојба на просечното домаќинство во Данска е околу две милиони круни, но многу семејства сè уште имаат помалку од тоа. На нееднаквата распределба укажуваат и пензиските заштеди – околу 43 отсто од нив се кај околу 10 отсто од населението. Според финансиската институција, богатството на луѓето во Данска повторно ќе продолжи да расте во последниот квартал на 2020 година. Централната банка очекува ова да помогне во надминување на негативниот ефект од новото заклучување во земјата поради зголемениот број новозаразени со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dancite-stanaa-pobogati-i-pokraj-pandemijata/feed/ 0
Белгија протера петмина Данци заради планови за палење на Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-protera-petmina-danci-zaradi-planovi-za-palenje-na-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-protera-petmina-danci-zaradi-planovi-za-palenje-na-kuranot/#respond Fri, 13 Nov 2020 07:55:25 +0000 https://kurir.mk/?p=428854

Белгија протера на една година петмина дански крајно десничарски активисти поради нивните планови за палење на Куранот во муслиманскиот дел од Брисел. Државниот секретар за азил, Сами Махди, ова го нарече „сериозна закана за јавниот ред“, пренесува Би-Би-Си. Според нивната страница на Фејсбук, петмината биле соработници на данскиот крајно десничарски политичар Расмус Палудан. Палудан во средата беше протеран од Франција откако на 30 октомври на Фејсбук напиша дека му соопштил на францускиот конзулат во Копенхаген дека на 11 ноември ќе го запали Куранот пред Триумфалната капија во Париз. Во изјавата не се споменува Палудан, но се вели дека „неодамна беше уапсен друг маж во Франција од истата причина“. Приврзаниците на Палудан во август во јужниот шведски град Малме, исто така, го запалија Куранот, предизвикувајќи насилни протести и судири со полицијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-protera-petmina-danci-zaradi-planovi-za-palenje-na-kuranot/feed/ 0
Данците се најдобри љубовници на светот, еве зошто… https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dancite-se-najdobri-ljubovnici-na-svetot-eve-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dancite-se-najdobri-ljubovnici-na-svetot-eve-zoshto/#respond Thu, 28 May 2020 14:45:23 +0000 https://kurir.mk/?p=351117

Сексот им е приоритет. Се грижат за својот изглед. На базени организираат ноќи „за возрасни“. Знаете – романтика, свеќи, музика, згодни тела во костими за капење… Веројатно не сте знаеле дека Данците имаат исклучително исполнет сексуален живот. Еве некои од причините за тоа – можеби можеме нешто и да научиме од нив. Тие се прилично либерални – први на светот ги легализираа порно филмовите, се грижат за сексуалното вспитување. Покрај тоа, имаат програми за поддршка на хомосексуални парови и главно се водат од тоа дека во животот треба да правиме се` во што уживаме, се додека не повредуваме никого. Сексот им е приоритет. Разни истражувања спроведени во оваа скандинавска земја покажале дека 90% од Данците на старост измеѓу 16 и 95 години сметаат дека сексот е исклучително важен. Исто така, тие се грижат за својот изглед. Покрај тоа што убаво се облекуваат, речиси секаде одат со велосипед, па така имаат совшени тела. Голотијата на јавни места е вообичаена. Почнувајќи од јавни тушови, преку нудистички плажи, обекувањето или голотијата во Данска се работа на избор. На базени организираат ноќи „за возрасни“. Знаете – романтика, свеќи, музика, згодни тела во костими за капење… Многу „истражуваат“. ТВ канали кои прикажуваат порно филмови во оваа земја се целосно вообичаени, а една студија која ја спровеле YouGov, покажала дека Данците гледаат порно филмови повеќе од припадниците на било која друга нација. Во прилог на тоа колку сакаат да „истражуваат“ зборува и тоа што од 2008 година во Данска се одбележува Свингерска недела. За сексот учат уште во училиште. Од шеста година, данските деца учат како се прават деца во текот на „Секс недела“ во училиштата. До 13 година, веќе научиле сешто за хомосексуалноста, правата на хомосексуалците, мастурбацијата, сексуално преносливите болести… Имаат време да „вежбаат“. Данците имаат најкратко работно време – 34 часа неделно, што значи дека имаат 134 часа неделно слобода за да ја „повежбаат акцијата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/dancite-se-najdobri-ljubovnici-na-svetot-eve-zoshto/feed/ 0