Данела Арсовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 13:23:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Данела Арсовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовска повторно не дојде на седницата за советнички прашања, советниците остана без одговори https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-povtorno-ne-dojde-na-sednitsata-za-sovetnichki-prashana-sovetnitsite-ostana-bez-odgovori/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-povtorno-ne-dojde-na-sednitsata-za-sovetnichki-prashana-sovetnitsite-ostana-bez-odgovori/#respond Thu, 26 Oct 2023 13:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=893421

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не присуствуваше на трета седница по ред за советнички прашања. Советниците и денеска останаа без одговори на прашањата. Арсовска наместо да дава конкретни одговори за состојбите во Градот, вршеше увид на велосипедските патеки на Водно. -Ова е трета седница по ред на советнички прашања како што градоначалничката Арсовска не е присутна. Шест месеци таа не е присутна на советнички прашања, ниту на било која седница на овој Совет на Град Скопје, вели координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, Андоновска. Со Арсовска на настанот на Водно присуствуваше и секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров кој потоа уредно се појави на седницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-povtorno-ne-dojde-na-sednitsata-za-sovetnichki-prashana-sovetnitsite-ostana-bez-odgovori/feed/ 0
Андоновска: Шест месеци по ред на седници за советнички прашања, градоначалничката Арсовска не е присутна да даде одговор на прашањата од граѓаните https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andonovska-shest-mesetsi-po-red-na-sednitsi-za-sovetnichki-prashana-gradonachalnichkata-arsovska-ne-e-prisutna-da-dade-odgovor-na-prashanata-od-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andonovska-shest-mesetsi-po-red-na-sednitsi-za-sovetnichki-prashana-gradonachalnichkata-arsovska-ne-e-prisutna-da-dade-odgovor-na-prashanata-od-graganite/#respond Thu, 26 Oct 2023 10:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=893330

Ова е трета седница по ред на советнички прашања како што градоначалничката Арсовска не е присутна. Шест месеци таа не е присутна на советнички прашања, ниту на било која седница на овој Совет на Град Скопје, вели координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, на денешната седница за советнички прашања, на која повторно не е присутна градоначалничката, Данела Арсовска. Андоновска посочи дека има повеќе од 50-тина прашања од граѓани кои што во овие шест месеци ги собрала од средбите со граѓани, а нема како да и ги постави на градоначалничката, освен на овие седници и на седниците кои што се предвидени за советнички прашања. „Тоа не се мои лични прашања, тоа се прашања на граѓаните и таа како градоначалник избрана од граѓаните има одговорност и должност да биде присутна тука за да можеме да и ги поставиме истите прашања и граѓаните да добијат одговор. Ако таа не чувствува одговорност од оние што ја избрале, тогаш како истата мисли да формира партија и да ги бара гласовите од истите тие граѓани на кои не им одговара со месеци“, истакна Андоновска. Додаде дека на овие седници, исто така, се носат одлуки кои имаат финансиски импликации кои се пари на граѓаните, а од друга страна, ниту Советот, ниту граѓаните имаат информации каде завршуваат овие народни средства, а градоначалничката никаде ја нема за да даде одговор. „На овие седници се носат одлуки, тие одлуки имаат финансиски импликации, тие пари кои што ги предвидуваат одлуките, доколку бидат донесени, треба да се излеат од градската каса. Тоа не се пари ниту мои, ниту на Арсовска, ниту ваши, тоа се пари на граѓаните. За ние да ја донесеме таа одлука, ние мора да дебатираме, мора да ги вкрстиме аргументите и да донесеме најсоодветна и нај правилна одлука. Ние како Совет немаме информации каде завршуваат овие средства, ниту пак можеме да дадеме поддршка, од причина што овие пари не се наши лични туку се пари на граѓаните. Ако истава оваа градоначалничка не го чувствува тоа што јас го зборувам сега како факт, тогаш не знам зошто сеуште седи и ја држи позицијата и го блокира Скопје“, истакна Андоновска. Андоновска го замоли претседателот на Советот, Трајко Славески да им одговори дали има услови денеска да се одржи оваа седница и да дојде градоначалничката да им одговори на прашањата на граѓаните. „Доколку тоа не е така, барам седницата да не се затвори, како што не се затворени претходните две, туку да се одреди друг ден за да продолжи оваа седница, т.е., не оваа туку онаа од пред шест месеци што ја имавме, исто така за советнички прашања и да почнеме да ги реализираме седниците за советнички прашања онака како што треба, со присуство на градоначалник, со присуство на директорите и да може граѓаните да добијат одговор за сето она што ги засега“, потенцираше Андоновска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andonovska-shest-mesetsi-po-red-na-sednitsi-za-sovetnichki-prashana-gradonachalnichkata-arsovska-ne-e-prisutna-da-dade-odgovor-na-prashanata-od-graganite/feed/ 0
Арсовска им должи 112.500 евра на советниците: Поради неисплатен надомест, правдата ќе ја бараат на суд https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-im-dolzhi-112-500-evra-na-sovetnitsite-poradi-neisplaten-nadomest-pravdata-ke-ja-baraat-na-sud/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-im-dolzhi-112-500-evra-na-sovetnitsite-poradi-neisplaten-nadomest-pravdata-ke-ja-baraat-na-sud/#respond Wed, 18 Oct 2023 13:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=890363

Дури 112.500 евра им должи Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска на советниците во Советот на Град Скопје. Тие пари треба законски да ги добијат како надомест за извршувањето на нивната функција, а дел од нив наплатата ќе ја бараат преку суд, пишува ПлусИнфо. Според информациите до кои дојде Плусинфо во разговор со неколку советници, ниту еден од нив нема добиено пари за  мај, јуни, јули, август и за септември, во висина од една просечна плата или околу 500 евра. Ова го потврдува и претседателот на Советот, Трајко Славески, кој вели дека средствата редовно се уплаќале до април, а според него Арсовска има дадено усна наредна парите повеќе да не им се исплаќаат -Точна ви е информацијата околу долгот на град Скопје кон советниците. На нив, според закон, им следува месечен надомест за извршување на функцијата во висина од една просечна плата, исплатена во РМ во изминатата година, во бруто износ (се задржува персонален данок). Заклучно со април оваа година, надоместот се исплаќаше редовно, кога по наредба на Арсовска, најверојатно усна, Сектор за финансии престана да го исплаќа надоместокот, вели Славески, пренесува порталот. Тој додава дека не им се исплатени надоместоци на 45 советници. Дел од нив имаат испратено опомени пред тужба, дури се подготвени парите да си ги бараат на суд. Целата вест прочитајте ја на ПлусИнфо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-im-dolzhi-112-500-evra-na-sovetnitsite-poradi-neisplaten-nadomest-pravdata-ke-ja-baraat-na-sud/feed/ 0
Андоновски: Арсовска е неспособен реализатор на програма и лош менаџер, на крај ќе остане само со ДУИ и Стевче Јакимовски, со своите бизнис партнери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-arsovska-e-nesposoben-realizator-na-programa-i-losh-menadher-na-kraj-ke-ostane-samo-so-dui-i-stevche-jakimovski-so-svoite-biznis-partneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-arsovska-e-nesposoben-realizator-na-programa-i-losh-menadher-na-kraj-ke-ostane-samo-so-dui-i-stevche-jakimovski-so-svoite-biznis-partneri/#respond Sun, 15 Oct 2023 08:41:56 +0000 https://kurir.mk/?p=888972

„Тоа е комбинација на еден неспособен менаџмент и една нестабилност во своето однесување за кое што сум зборел. На почетокот луѓето велеа се скараа ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска заради делење на некакви си пари. И ние моравме да го преживееме тој период, тие месец, два, три, и да докажуваме дека не станува збор за никакви пари и за никакви тендери, туку станува збор за едно недоразбирање за кое што таа не знае да ги менаџира човечките ресурси околу себе“, истакна Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Град Скопје во интервју за „Македонско радио“. Андоновски додаде дека подоцна Арсовска започнува процес при што ги менува своите директори, поставени од нејзе самата. „Таа започнува потоа процес при што таа ги менува своите директори, таа истите луѓе што ги поставила, застанала позади нив, кажала тие се одлични менаџери и многу способни. За жената што беше директорка на „Комунална хигиена“, за неа Арсовска говореше дека таа е многу храбра жена, посветена жена, прави работи кои што мажи не ги правеле 30 години, па алудира на борба за женски права. Во истиот период дури кажуваше дека таа ги чува В.Д. како вршители на должност за да може да ги смени ако не се добри. Но, да внимаваме жената од „Комунална хигиена“ доби и менаџерски договор, не ја остави на В.Д. Значи сега Арсовска ги менува луѓето на кои што дала максимално доверба и ги става на позиција да бидат трајно“, појасни тој. Тој посочи дека Арсовска на крај ќе остане само со ДУИ и Стевче Јакимовски, бидејќи одлично соработува со своите бизнис партнери. „Јас мислам дека на крај ќе остане Данела Арсовска со ДУИ и со Стевче Јакимовски. Тоа е мојата дефиниција. Затоа што се покажува на тоа дека таа живее и соработува одлично со овие нејзини бизнис партнери“, нагласи Андоновски. „Времето ќе покаже освен што е неспособен реализатор на програма и лош менаџер, дека има многу криминал поврзано со неа“, рече тој. Андоновски укажа дека најмногу му е жал што од сета оваа неспособност на Арсовска најголема штета трпат граѓаните. „Мене најмногу ми е жал, затоа што искрено се вложив во кампањата на Данела Арсовска, искрено се вложив во подготовката на програмата. Жалам за тоа, затоа што се посветив максимално, одлични проекти забележавме во таа програма, ги испланиравме, ги зборувавме со поранешни градоначалници од другите општини и од Град Скопје, тие многу помогнаа во програмата, напишавме навистина едно добро дело и имавме добра намера, чесна намера да ги мрднеме работите како што треба во права насока. А, тоа се гледа впрочем во другите општини, се гледа и во Аеродром, и во Кисела Вода, во Гази Баба, во Ѓорче Петров и во Бутел. Но, за жал ние не го видовме во Град Скопје“, забележа Андоновски. Тој рече дека Арсовска е на исто ниво со Петре Шилегов, ако не и полошо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-arsovska-e-nesposoben-realizator-na-programa-i-losh-menadher-na-kraj-ke-ostane-samo-so-dui-i-stevche-jakimovski-so-svoite-biznis-partneri/feed/ 0
Мазнева за Алфа: Допрва ќе се дознае вистината дали некој правел матни зделки https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mazneva-za-alfa-doprva-ke-se-doznae-vistinata-dali-nekoj-pravel-matni-zdelki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mazneva-za-alfa-doprva-ke-se-doznae-vistinata-dali-nekoj-pravel-matni-zdelki/#respond Fri, 13 Oct 2023 12:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=888524

Неработење, а не судир за бизнис зделки. Ова била причината поради што екс директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева – Николиќ беше разрешена од директорската фукнција. Со вакво тврдење денеска излезе градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која на нејзино место го назначи Гоце Трајковски. Таа рече дека секој што не работел како треба ќе биде разрешен, оти ниту една позиција не била загарантирана, пренесе АЛФА. -Доколку не се реализира сето тоа што е програмска определба на Градот Скопје, ниту една позиција не е загарантирана, а тоа и го правиме во моментов, даваме шанса на некој за кој веруваме дека во следниот шестмесечен период, доколку се докаже, ќе има шанса да ги реализира нашите програмски определби, истакна градоначалничката Данела Арсовска, за разрешување на директорката на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје. Наводите се премногу паушални и општи и ќе се докажат во некои идни постапки. Ова за Алфа го изјави екс директорката на скопски „Комуналец“, Косана Мазнева, која не сакаше да коментира туѓи изјави. Рече дека ако некој правел матни зделки, допрва ќе се дознае вистината. -Туѓи изјави навистина не можам да коментирам, ама она што може да кажам барем додека бев на чело на претпријатието се. Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците. Причините се премногу општи и паушални, рече Мазнева Николиќ. Конкретно на прашањето дали станува збор за местење на тендери, Мазнева рече дека дека сите наводи што се кажани од било кој треба да се проверат, и ако има такво нешто институциите, да постапат. Пред да ја разреши, градоначалничката Данела Арсовска, за екс директорка на „Комунална хигиена“, не штедеше пофални зборови. Јвно ја фалеше дека е храбра жена, која се спротивставува на мафијаши, и дека Мазнева-Николиќ, направила нешто, што мажи не го направиле 30 години. Градоначалничката рече и дека во ова јавно претпријатие, луѓе со години не оделе на работа, возеле камиони во Германија, а земале плата од Македонија. Овие информации и Мазнева денеска за Алфа ги потврди како точни. Таа беше директор на „Комунална хигиена“ од јули минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mazneva-za-alfa-doprva-ke-se-doznae-vistinata-dali-nekoj-pravel-matni-zdelki/feed/ 0
ВИДЕО: Како Данела Арсовска ја бранеше Косана Мазнева која денес ја разреши https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-kako-danela-arsovska-ja-braneshe-kosana-mazneva-koja-denes-ja-razreshi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-kako-danela-arsovska-ja-braneshe-kosana-mazneva-koja-denes-ja-razreshi/#respond Thu, 12 Oct 2023 16:54:27 +0000 https://kurir.mk/?p=888157

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска ја разрешила од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ, која пред само три месеци „жустро“ ја бранеше и пред новинрите и пред целата јавност. Ја величаше како и храбра и одлучна, а веќе денес на нејзино место го назначила Гоце Трајковски. Мазнева-Николиќ пак, за СДК.МК потврдила дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто. - Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците, вели Мазнева-Николиќ. Од Град Скопје засега нема официјална потврда за смената на директорката на „Комунална хигиена“. Разрешувањето на Мазнева-Николиќ следува три месеци по протестот на дел од вработените во „Комунална хигиена“. Таа беше назнечена од Арсовска за прв човек на „Комунална хигиена“ јули лани, откако беше разрешен дотогашниот директор Енуз Кока од Алијанса за Албанците. Погледнете како Арсовска ја бранеше Мазнева која денес ја разреши. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-kako-danela-arsovska-ja-braneshe-kosana-mazneva-koja-denes-ja-razreshi/feed/ 0
Закани со физичка елиминација кон доскорешниот поддржувач на Арсовска Умејр Муамеди од Сарај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakani-so-fizichka-eliminatsija-kon-doskoreshniot-poddrzhuvach-na-arsovska-umejr-muamedi-od-saraj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakani-so-fizichka-eliminatsija-kon-doskoreshniot-poddrzhuvach-na-arsovska-umejr-muamedi-od-saraj/#respond Tue, 10 Oct 2023 15:02:40 +0000 https://kurir.mk/?p=887540

Доскорешниот подржувач на градоначалничката Данела Арсовска, Умјер Муамеди објави на социјалната мрежа на Фесбук дека се соочува со закани, односно со негова физичка елиминација. -Шокирани од тоа што ги очекува вечерва, Данела Арсовска и нејзините соработници од ДУИ планираат моја физичка елиминација. Солзите на мајка ми кога идев со Данела Арсовска на собири а нејзините сегашни пријатели ми се закануваа за денеска она да се слика со Али Ахмети ке погодат многу длабоко. U.S. Embassy North Macedonia, пишува во својата објава Муамеди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakani-so-fizichka-eliminatsija-kon-doskoreshniot-poddrzhuvach-na-arsovska-umejr-muamedi-od-saraj/feed/ 0
„Арсовска припаѓа на криминалниот склоп СДС – ДУИ – Левица, секој ден ја оправдува одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за прекин на поддршката што ја имаше“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-pripaga-na-kriminalniot-sklop-sds-dui-levitsa-sekoj-den-ja-opravduva-odlukata-na-vmro-dpmne-za-prekin-na-poddrshkata-shto-ja-imashe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-pripaga-na-kriminalniot-sklop-sds-dui-levitsa-sekoj-den-ja-opravduva-odlukata-na-vmro-dpmne-za-prekin-na-poddrshkata-shto-ja-imashe/#respond Thu, 28 Sep 2023 12:51:20 +0000 https://kurir.mk/?p=882806

Арсовска е толку неспособна што и за формирање на партија, како што пренесоа медиумите и требаат по 600 денари за собирање на потписи. Јасно ни е зошто ОЈО молчи за тоа, исто како што ни е јасно каква употребна вредност гледа власта во нејзе. Наместо да „бистри" политика нека ги засука ракавите и нека реализира барем еден проект кој го ветуваше пред скопјани. Со секој поминат ден, се повеќе таа ја оправдува одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за прекин и повлекување на поддршката која ја имаше. Сега таа припаѓа на политиките и криминалниот склоп на СДС, ДУИ и Левица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-pripaga-na-kriminalniot-sklop-sds-dui-levitsa-sekoj-den-ja-opravduva-odlukata-na-vmro-dpmne-za-prekin-na-poddrshkata-shto-ja-imashe/feed/ 0
Објавена „бомба“ со Арсовска, се даваат пари за потпис во нејзината нова партија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objavena-bomba-so-arsovska-se-davaat-pari-za-potpis-vo-nejzinata-nova-partija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objavena-bomba-so-arsovska-se-davaat-pari-za-potpis-vo-nejzinata-nova-partija/#respond Sat, 16 Sep 2023 12:39:20 +0000 https://kurir.mk/?p=878662

На социјалните мрежи е објавена аудиоснимка, во која се слуша глас кој дава инструкции како да се добијат пари за зачленување во новата партија на скопската градоначалничка Данела Арсовска, наречена Правда: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objavena-bomba-so-arsovska-se-davaat-pari-za-potpis-vo-nejzinata-nova-partija/feed/ 0
Андоновска: Што е поважно за Арсовска од нејзината обврска да работи за Скопје и скопјани за да не биде присутна да одговори за проблемите и прашањата од граѓаните, планира ли да почне да работи? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovska-shto-e-povazhno-za-arsovska-od-nejzinata-obvrska-da-raboti-za-skopje-i-skopjani-za-da-ne-bide-prisutna-da-odgovori-za-problemite-i-prashanata-od-graganite-planira-li-da-pochne-da-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovska-shto-e-povazhno-za-arsovska-od-nejzinata-obvrska-da-raboti-za-skopje-i-skopjani-za-da-ne-bide-prisutna-da-odgovori-za-problemite-i-prashanata-od-graganite-planira-li-da-pochne-da-raboti/#respond Thu, 31 Aug 2023 10:33:46 +0000 https://kurir.mk/?p=872958

Денеска треба да имаме две седници, едната е за советнички прашања, а другата редовна седница на Советот на Град Скопје. Како што се гледа, не знам која е поред оваа седница за соиветнички прашања каде што градоначалничката не е присутна во салата.  Тоа значи дека Арсовска не е заинтересирана да одговори на прашањата кои ги имаат граѓаните, а тоа е нејзина должност и обврска, изјави советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска на денешната седница на Советот на Град Скопје.

-Арсовска не е присутна, а треба да е тука и да одговори на прашањата на граѓаните, не е тука кога треба да се зборува за проблемите на граѓаните, не е тука кога се носи буџет или ребаланс на буџет, не е тука ни дури кога таа предлага свои точки да ги образложи и да каже што бара од овој совет, истакна Андоновска.

Антоновска прашува како Арсовска планира да го направи овој град поубав и модерен, како планира да ги исполни ветувањата кога не е присутна на Советот да зборува за проблемите кои го мачат Скопје и скопјани.

-Што е поважно за Арсовска од нејзината обврска да работи за Скопје и скопјани? Дали таа мисли дека до крајот на мандатот ќе ги избегнува граѓаните и нивните проблеми и нема да работи транспарентно, туку ќе се шета по земјите без да одговори зошто тоа го прави и зошто ништо не реализира од програмата. Како Арсовска планира да продолжи понатака? – вели Андоновска.

Таа нагласи дека во Советот не може да се работи без Арсовска да биде присутна и да одговори транспарентно за одлуките.

-Арсовска треба да одговори на граѓаните, треба да биде тука за да може да се донесат решенија. Не може да се носат решенија без да биде присутна и да образложи, да се најде решенија, проблемите да се решат. Планира ли да почне оваа градоначалничка да ги спроведува ветувањата? Советот е блокиран од градоначалничката, нагласи Андоновска.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovska-shto-e-povazhno-za-arsovska-od-nejzinata-obvrska-da-raboti-za-skopje-i-skopjani-za-da-ne-bide-prisutna-da-odgovori-za-problemite-i-prashanata-od-graganite-planira-li-da-pochne-da-raboti/feed/ 0