Дани Димитровска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Jul 2022 13:49:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дани Димитровска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српскиот ТВ-водител Огњен Амиџиќ се разведе од Македонката Дани Димитровска, еве ги причините https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/srpskiot-tv-voditel-ognjen-amidzikj-se-razvede-od-makedonkata-dani-dimitrovska-eve-gi-prichinite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/srpskiot-tv-voditel-ognjen-amidzikj-se-razvede-od-makedonkata-dani-dimitrovska-eve-gi-prichinite/#respond Thu, 14 Jul 2022 13:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=705190

Четириесет и осумгодишниот српски ТВ-водител Огњен Амиџиќ-Амиџа (и поранешен пејач во дуото „Фламингоси“) кој има свое шоу на телевизијата „Пинк“, пред некој ден и официјално се разведе од сопругата Даниела Димитровска-Дани (која има 36 години). Димитровска е, инаку, актерка, наша Македонка, која во Белград живее поодамна, откако нејзините се преселиле таму. Дани и Амиџа беа во брак 10 години, но последнава година им била доста напорна, неизвесна, морничава… што најпосле довело до раскинување на брачната заедница. Ова му е втор брак на Амиџа, во кој немаше среќа иако има син со Даниела. Тажната вест ја потврдија двајцата: – Сакаме да ве известиме дека одлучивме да се разделиме, а одлуката за разводот ја донесовме заедно. Ние ќе останеме во пријателски односи поради интересите на нашиот син. Нема потреба од шпекулации за нашиот развод. Не е виновен некој друг, освен нашето меѓусебно недоразбирање. Тоа е сè што можеме да ви кажеме на оваа тема. Повеќе нема да се огласуваме, ниту да даваме изјави во врска со нашата разделба – соопштија сега веќе поранешните сопружници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/srpskiot-tv-voditel-ognjen-amidzikj-se-razvede-od-makedonkata-dani-dimitrovska-eve-gi-prichinite/feed/ 0
РАЈ ЗА УШИ: „Дејгиди луди млади години“ во питом џез призвук (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/raj-za-ushi-dejgidi-ludi-mladi-godini-vo-pitom-dzez-prizvuk-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/raj-za-ushi-dejgidi-ludi-mladi-godini-vo-pitom-dzez-prizvuk-video/#respond Mon, 21 Mar 2022 21:48:02 +0000 https://kurir.mk/?p=651031

Дани Димитровска и Никола Мицевски продолжуваат со циклусот обработки на традиционални песни во питом џез призвук. Аранжманот и обработката на народната песна „Дејгиди луди млади години“ е визија на Никола Мицевски, кој во соработка со Дани Димитровска продолжуваат со возобновување на старите македонски песни, носејќи ги во нов, приемчив, уникатен звук. Eтно-џез проектот е состав содржан од докажани уметници кои успешно го враќаат автентичното, пласирајќи се на еден ненаметлив, лежерен начин, истакнувајќи ја круцијалната суштина за одговор на големото зошто се одлучиле за еден ваков засебен проект тотално различен од своите авторски делувања. Полина Тасева и Агни Авшар се дел од вокалниот, а Иван Бејков, Дино Милосавлевиќ, Владимир Крстев, Петар Христов се дел од инструменталниот дел од составот. Никола Мицевски е пијанистот одговорен за аранжманот на песните. Убавината на овој проект е токму во соработката меѓу музичарите на едно поинакво ниво. Гостуваат и други наши врвни музичари. Како заокружување на овој проект тандемот Дани и Николче најавуваат концерт во МОБ со 90 минутен репертоар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/raj-za-ushi-dejgidi-ludi-mladi-godini-vo-pitom-dzez-prizvuk-video/feed/ 0