даниел хагари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 20:01:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png даниел хагари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хагари го повтори повикот до жителите на Газа да заминат на југ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-go-povtori-povikot-do-zhitelite-na-gaza-da-zaminat-na-jug/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-go-povtori-povikot-do-zhitelite-na-gaza-da-zaminat-na-jug/#respond Tue, 31 Oct 2023 20:01:21 +0000 https://kurir.mk/?p=895071

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари на денешната прес-конференција истакна дека Хамас продолжува да го користи цивилното население како штит намерно „и на многу суров и брутален начин“. Тој рече дека актуелниот лидер на Хамас во Газа Синвар „не се грижи за луѓето во Газа“ и додаде дека „намерно ја изградил инфраструктурата на Хамас под домовите на луѓето“. Хагари потоа го повтори повикот на ИДФ за луѓето од северниот дел на Појасот Газа да се упатат кон југ. Израел го прогласи северниот дел на Газа за зона на евакуација. Тој претходно потврди дека израелски борбени авиони го извршиле нападот врз бегалскиот камп Џабалија во Газа во кој, како што рече, загинал висок командант на Хамас и предизвикал уривање на подземната инфраструктура на Хамас. Тој рече дека во нападот загинале и неколку други членови на Хамас кои биле со командантот и „во зградата и под земја“. Хагари информира дека таргетирањето на зградата довело до уривање на други згради, кои, според него, имале „многу обемна инфраструктура“. - Целта на таа инфраструктура беше да изврши терористички активности против нашите сили, наведе Хагари и додаде дека „целата инфраструктура е урната“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-go-povtori-povikot-do-zhitelite-na-gaza-da-zaminat-na-jug/feed/ 0
Потврдено: Хамас држи 239 заложници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeno-hamas-drzhi-239-zalozhnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeno-hamas-drzhi-239-zalozhnitsi/#respond Sun, 29 Oct 2023 20:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=894291

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, вели дека војската досега ги известила семејствата на 239 заложници дека нивните најблиски се чуваат во Појасот Газа, пренесуваат израелските медиуми. Тој посочи дека бројката не е конечна, бидејќи војската истражува нови информации. -Меѓу заложниците има и странски работници, ни треба време да дојдеме до семејствата на сите, вели тој. Хагари додаде дека бројот на исчезнати лица чија судбина засега е непозната во моментов изнесува 40. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан, пак, денеска го обвини Хамас за „психолошка манипулација“ со заложниците што ги држи, откако исламистичкото движење соопшти дека е подготвено да ги ослободи во замена за сите палестински затвореници затворени од Израел. -Приказните објавени од Хамас се дел од нивната психолошка манипулација и тешко го оптеретуваат целиот народ на Израел. Хамас цинично ги користи оние за кои се грижиме, ја разбира болката и притисокот што ги предизвикува, рече Галан при приемот на претставниците на семејствата на заложниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdeno-hamas-drzhi-239-zalozhnitsi/feed/ 0
Хагари: Можно е да се дозволи поголема помош за јужна Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-mozhno-e-da-se-dozvoli-pogolema-pomosh-za-juzhna-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-mozhno-e-da-se-dozvoli-pogolema-pomosh-za-juzhna-gaza/#respond Sat, 28 Oct 2023 09:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=893956

Израелската Армија најави можно зголемување на испораките на хуманитарна помош за палестинското население иако израелските трупи ги прошируваат копнените операции во Појасот Газа, јави ДПА. -За жителите на Газа кои заминаа во областа јужно од Вади Газа, ја прошируваме хуманитарната помош, изјави денеска портпаролот на армијата Даниел Хагари. Тој рече дека во текот на денот ќе може да се дозволи камиони натоварени со храна, вода и лекови да преминат на југ од крајбрежниот појас. -Кој е во областа ќе ги добие овие, нагласи Хагари. Израел ја држи Газа под речиси целосна блокада неколку недели, откако борците на Хамас извршија напади врз израелските заедници. Блокадата значеше главно прекинување на снабдувањето со вода за пиење, храна, електрична енергија и гориво, освен неколку десетици камиони меѓународна помош што беа дозволени преку граничниот премин на Газа со Египет. Израелската армија постојано ги повика луѓето во северниот дел на Газа да побегнат на југ од затворената територија за своја безбедност. Израелските напади беа особено интензивни на северот, иако областите во јужниот дел на Газа исто така беа погодени со израелски напади. Според израелските воени бројки, најмалку 700 илјади луѓе веќе се преселиле на југ во Газа. Обединетите нации веруваат дека дури 1,4 милиони жители на Газа се внатрешно раселени. Вкупно, повеќе од 2,2 милиони луѓе живеат во густо населената област.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-mozhno-e-da-se-dozvoli-pogolema-pomosh-za-juzhna-gaza/feed/ 0
Хагари: Израелската армија е подготвена за следната фаза од војната, се чекаат политички инструкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-izraelskata-armija-e-podgotvena-za-slednata-faza-od-vojnata-se-chekaat-politichki-instruktsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-izraelskata-armija-e-podgotvena-za-slednata-faza-od-vojnata-se-chekaat-politichki-instruktsii/#respond Tue, 24 Oct 2023 09:00:00 +0000 https://kurir.mk/?p=892441

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари денеска изјави дека израелската армија е „подготвена и одлучна“ за следната фаза од војната и дека се чекаат политички инструкции, пренесоа британските медиуми. Хагари кажа дека Израел учи од искуството на САД на Блискиот Исток, но „нашата војна е на нашите граници, а не на илјадници милји од Израел“, додавајќи дека очекува неколку недели борби. Портпаролот додаде дека Египет игра клучна улога во преговорите за ослободување на заложниците од Газа, што според него е приоритет за Израел.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-izraelskata-armija-e-podgotvena-za-slednata-faza-od-vojnata-se-chekaat-politichki-instruktsii/feed/ 0
Хагари: Статусот на Газа по војната ќе биде глобално прашање за кое ќе се разговара со други земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-statusot-na-gaza-po-vojnata-ke-bide-globalno-prashane-za-koe-ke-se-razgovara-so-drugi-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-statusot-na-gaza-po-vojnata-ke-bide-globalno-prashane-za-koe-ke-se-razgovara-so-drugi-zemji/#respond Tue, 17 Oct 2023 11:27:25 +0000 https://kurir.mk/?p=889779

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека статусот на Појасот Газа по планираниот копнен напад на Израел врз палестинската енклава е „глобално прашање“ за кое ќе разговараат израелските политичари и други земји. -Разговаравме за сите видови сценарија за крај, рече контраадмиралот Хагари на брифингот на прашањето дали израелската војска планира да остане и да управува со Газа по копнената инвазија. Кабинетот, додаде тој, исто така разговара како ова би можело да изгледа. -Како ќе изгледа ситуацијата во овој регион е исто така глобално прашање, изјави Хагари. Израел подготвува копнен напад врз Појасот Газа кој е под контрола на Хамас како одговор на смртоносниот напад на терористичката група врз околните градови и кибуци во јужен Израел на 7 октомври. Од нападот, израелските сили го извршија своето најтешко бомбардирање досега на блокираната и опколена енклава и собираат копнени трупи за напад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-statusot-na-gaza-po-vojnata-ke-bide-globalno-prashane-za-koe-ke-se-razgovara-so-drugi-zemji/feed/ 0
Хагари: На територијата на Израел веќе нема борби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-na-teritorijata-na-izrael-veke-nema-borbi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-na-teritorijata-na-izrael-veke-nema-borbi/#respond Mon, 09 Oct 2023 08:56:30 +0000 https://kurir.mk/?p=886809

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, денеска соопшти дека во моментов веќе нема борби на територијата на Израел и дека израелските сили ги контролираат сите населени места, пренесува Гардијан. Воениот портпарол, меѓутоа, не ја исклучи можноста на територијата на Израел да има, да се кријат, повеќе милитанти на Хамас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hagari-na-teritorijata-na-izrael-veke-nema-borbi/feed/ 0