Даниел Милер-Шот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Dec 2018 07:06:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Даниел Милер-Шот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Виртуозот на виолончело Даниел Милер-Шот, солист со Македонската филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/virtuozot-na-violonchelo-daniel-miler-shot-solist-so-makedonskata-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/virtuozot-na-violonchelo-daniel-miler-shot-solist-so-makedonskata-filharmonija/#respond Thu, 06 Dec 2018 07:06:28 +0000 https://kurir.mk/?p=136298

На претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Морски барнови“ вечер во 20 часот, како солист ќе настапи германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот. Тој се смета за еден од најистакнатите претставници на овој инструмент на својата генерација и повеќе од две децении ја воодушевува публиката во светот. Од Македонската филхармонија информираат дека овој амбасадор на музиката на 21.век, за македонската публика ќе го изведе концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Дмитриј Шостакович. Диригент на концертот, за првпат во Македонија, е маестро Румон Гамба од Велика Британија, а ќе бидат изведени и импресивните дела: Четири морски интерлудии од операта „Питер Грајмс“ од Бенџамин Бритн, како и „Море“ и „Потонатата катедрала“ (која ќе ја доживее македонската премира) од Клод Дебиси. Британскиот диригент Румон Гамба во својата досегашна кариера бил на неколку значајни позиција, меѓу нив и шеф-диригент и музички директор на Шведската оперска компанија Норланд опера (2008–2015), шеф-диригент на Алборг симфонискиот оркестар (2011–2015), како и шеф-диригент и музички директор на Симфонискиот оркестар на Исланд (2002–2010). Во 2017 година, маестро Гамба се враќа на Би-Би-Си промс, диригирајќи со врвниот џез-ансамбл „Bang on a Can All-Stars“ заедно со Младинскиот ансамбл. Покрај современата музика, тој е активен и како диригент на железниот оперски репертоар, како што се „Кармен“, „Боеми“, „Отело“, „Кандид“, „Риголето“… МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/virtuozot-na-violonchelo-daniel-miler-shot-solist-so-makedonskata-filharmonija/feed/ 0