Даниел Митов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Aug 2021 10:08:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Даниел Митов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борисов: ГЕРБ ќе предложи влада со Даниел Митов како кандидат за премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-gerb-kje-predlozi-vlada-so-daniel-mitov-kako-kandidat-za-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-gerb-kje-predlozi-vlada-so-daniel-mitov-kako-kandidat-za-premier/#respond Wed, 11 Aug 2021 10:08:31 +0000 https://kurir.mk/?p=549129

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на брифинг во седиштето на партијата изјави дека доколку на неговата партија дојде можноста да формира влада, таа ќе го предложи Даниел Митов за премиер. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов кажа дека по презентирањето на кандидатурата на Митов, партијата веднаш ќе го врати мандатот, а пред тоа на претседателот ќе му претстават состав на бугарската Влада. Во последните денови, наведе Борисов, немало бугарски политичар кој не кажал дека тоа што се случува во Бугарија е хаос. -Единствено нашиот слоган се покажа точен. Време е за нешто друго, видовте што е другото – хаос, додаде Борисов. Дописникот на МИА од Софија потсетува дека Даниел Митов беше кандидат за премиер од ГЕРБ-ДПС по претходните парламентарни избори, на 4 април, но тогаш другите политички партии не го поддржаа и овој обид пропадна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-gerb-kje-predlozi-vlada-so-daniel-mitov-kako-kandidat-za-premier/feed/ 0
Даниел Митов од ГЕРБ-СДС го доби мандатот за составување на новата бугарска Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/daniel-mitov-od-gerb-sds-go-dobi-mandatot-za-sostavuvanje-na-novata-bugarska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/daniel-mitov-od-gerb-sds-go-dobi-mandatot-za-sostavuvanje-na-novata-bugarska-vlada/#respond Tue, 20 Apr 2021 12:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=499815

Бугарскиот претседател, Румен Радев, предмалку соопшти дека според Уставот на Република Бугарија на партијата ГЕРБ, поточно на поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, му го врачи мандатот за формирање нова бугарска Влада, јави дописникот на МИА од Софија. Радев најави дека очекува ГЕРБ да предложи состав на Советот на министри во рок од седум дена, со што ќе ги исполни очекувањата на јавноста за правда и економски раст во земјата. Врачувањето на мандатот на Митов за формирање на новата бугарска Влада се случи само еден ден по завршувањето на политичките консултации со шесте парламентарни формации кај претседателот Радев. Шефот на државата ги истакна комплексните безбедносни услови, пандемијата, економската и социјалната криза што бараат јасна одговорност и оперативно управување. За ова, според Радев, „потребни се оперативни и одговорни активности за формирање кабинет“. Се уште не е јасно дали ГЕРБ ќе обезбеди парламентарно мнозинство во 45-то Бугарско национално собрание и дали може брзо да го врати мандатот, како што шпекулираат медиумите во Бугарија. Според медиумските шпекулации, сосема е извесна можноста Бугарија да добие малцинска влада или да оди на предвремени парламентарни избори во Бугарија уште ова лето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/daniel-mitov-od-gerb-sds-go-dobi-mandatot-za-sostavuvanje-na-novata-bugarska-vlada/feed/ 0
Борисов го претстави предлогот за нова бугарска Влада, Даниел Митов номиниран за нов премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-go-pretstavi-predlogot-za-nova-bugarska-vlada-daniel-mitov-nominiran-za-nov-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-go-pretstavi-predlogot-za-nova-bugarska-vlada-daniel-mitov-nominiran-za-nov-premier/#respond Tue, 20 Apr 2021 11:33:29 +0000 https://kurir.mk/?p=499796

Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, денеска потврди дека го предлага поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, за нов бугарски премиер. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во живо на Фејсбук, од болницата каде што вчера беше опериран од спортска повреда, кажа дека кандидат за вицепремиер и министер за одбрана е Румен Христов, лидер на СДС, коалицискиот партнер на ГЕРБ во новиот состав на парламентот. Борисов притоа соопшти дека на Красимир Каракачанов му понудил да ја задржи функцијата министер за одбрана, но тој го одбил предлогот, тврдејќи дека го прифаќа изборот на гласачите, кои не дозволија неговата партија ВМРО да влезе во 45-то бугарско Национално собрание. Екатерина Захариева е предложена да ја задржи функцијата министер за надворешни работи, досегашниот министер за внатрешни работи, Христо Терзиски, е вториот човек од доверба кој треба да ја задржи функцијата, како и Костадин Ангелов за министер за здравство, додека Кирил Ананиев останува бугарски министер за финансии. Новите лица кои ќе треба да ја преземат енергијата и економијата се Делијан Добрев и Жечко Стојанов. Томислав Дончев е предложен да продолжи да биде одговорен за фондовите на ЕУ и во оваа бугарска Влада, доколлку биде изгласана во парламентот. Љубен Дилов – ќе го преземе Министерството за туризам, а познатиот млад музичар Калин Велов ќе треба да ја преземе функцијата министер за култура. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска, во 13 часот по локално време, ќе му го додели на ГЕРБ мандатот за формирање нова бугарска Влада. Засега, ниту една од партиите во бугарскиот Парламент не изрази желба да ја поддржи владата на ГЕРБ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borisov-go-pretstavi-predlogot-za-nova-bugarska-vlada-daniel-mitov-nominiran-za-nov-premier/feed/ 0