Даниел Ортега – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Nov 2021 07:57:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Даниел Ортега – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ортега обезбеди реизбор за четврти мандат на изборите во Никарагва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ortega-obezbedi-reizbor-za-chetvrti-mandat-na-izborite-vo-nikaragva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ortega-obezbedi-reizbor-za-chetvrti-mandat-na-izborite-vo-nikaragva/#respond Mon, 08 Nov 2021 07:57:55 +0000 https://kurir.mk/?p=592452

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега обезбеди реизбор за четврти петгодишен мандат на изборите, кои Вашингтон ги опиша како „комедија“. Избирачките места се затворија синоќа во 18.00 часот по локално време, а првите официјални резултати се очекуваат во текот на денот. Како што пренесуваат странските медиуми, стапката на излезност може да ја покажевистинската слика за тоа колку граѓаните на Никарагва биле за 76-годишниот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо (70), потпретседателка од 2017 година, кои заедно се кандидираа за претседател и за потпретседател. Соединетите Американски Држави остро ги осудија изборите. „Она што денеска го организираа претседателот на Никарагва и неговата сопруга Муриљо беше пантомима на избори кои не беа ниту слободни, ниту фер и секако не беа демократски“, рече американскиот претседател Џо Бајден во изјавата објавена од Белата куќа за изборите кои ги окарактеризираа како „комедија“. Опозицијата, чии лидери се или во притвор или во егзил, организираше демонстрации од околу илјада луѓе во Сан Хозе, главниот град на Костарика, каде што се засолниле повеќе од 100.000 Никарагванци. Опозицијата имаше само еден повик до гласачите – да останат дома. Според анкетата на Сид-Галуп, доколку имале избор, 65 отсто од регистрираните 4,4 милиони гласачи би гласале за кандидатот на опозицијата наспроти 19 отсто за претседателот во заминување. Од јуни досега се уапсени 39 политички личности, бизнисмени, студенти и новинари, вклучително и седум кандидати кои би можеле да претставуваат закана за Ортега на изборите. На 2 јуни прва беше уапсена фаворитката на опозицијата во анкетите, Кристијана Чаморо (67), ќерка на поранешната претседателка Виолета Чаморо (1990-1997). На 2 јуни ѝ беше одреден домашен притвор. Актуелниот 76-годишен претседател Даниел Ортега досега победи на претседателските избори во 1984, 2006, 2011 и 2016. Сопругата Муриљо се кандидираше за втор мандат. Главен ривал на овие избори беше Уставно-либералната партија ПЛЦ и нејзиниот кандидат Валтер Еспиноза, актуелен пратеник во Парламентот. Оваа партија имаше широка поддршка пред победата на Ортега на изборите во 2006 година, но изгуби дел од својата популарност поради корупциски скандали и сомнителни политички сојузи на следните избори. На парламентарните избори учествуваа 10 национални и шест регионални партии. Во земјата имаше 3.106 гласачки центри и 13.459 избирачки места. Логистиката за нив ја обезбедуваа армијата и Националната полиција, а безбедноста на избирачките места – специјално ангажирани службеници на Изборната полиција. Околу 250 меѓународни набљудувачи и 40 странски новинари од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка, вклучително и делегации од Русија и Абхазија, ги набљудуваа изборите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ortega-obezbedi-reizbor-za-chetvrti-mandat-na-izborite-vo-nikaragva/feed/ 0
Опозицијата во Никарагва се обединува за да го симне од власт претседателот Ортега https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opozicijata-vo-nikaragva-se-obedinuva-za-da-go-simne-od-vlast-pretsedatelot-ortega/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opozicijata-vo-nikaragva-se-obedinuva-za-da-go-simne-od-vlast-pretsedatelot-ortega/#respond Fri, 05 Oct 2018 07:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=110990

Десетина политички и јавни организации во Никарагва се договорија да дејствуваат заедно како опозициска сила со цел да се смени од власт на демократски начин претседателот Даниел Ортега, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од новоформираната група. Групата, која се нарекува „Национален сојуз сино и бело“ соопшти дека е неопходен национален дијалог за полтиичката криза во земјата. Никарагва е потресена од серија протести кои избувнаа во април кога Ортега се обиде да „протурка“ непопуларна реформа за социјалното осигурување. Протестите беа задушени со употреба на сила по што следуваа нови антивладини демонстрации. Според податоците на Високиот комесар на ОН на човекови права убиени се над 320 лица. Новата опозициска коалиција соопшти дека главното барање е Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, која е потпретседател да ја напуштат власта. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opozicijata-vo-nikaragva-se-obedinuva-za-da-go-simne-od-vlast-pretsedatelot-ortega/feed/ 0
Протести со барање за оставка на претседателот на Никарагва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-so-baranje-za-ostavka-na-pretsedatelot-na-nikaragva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-so-baranje-za-ostavka-na-pretsedatelot-na-nikaragva/#respond Mon, 10 Sep 2018 06:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=98654

Илјадници жители на Никарагва протестираа во главниот град Манагва со барање претседател Даниел Ортега да поднесе оставка и да бидат ослободени политичките затвореници. Протестите беа организирани од семејствата на политичките противници, кои беа уапсени по протестите против Ортега во април. Ортега ги испрати армијата и полицијата да ги стават под контрола деловите на земјата каде протестите беа најмасовни и се проценува дека од април до сега биле убиени најмалку 320 лица, а стотици се уапсени. Демонстрантите во Манагва вчера извикуваа „слобода“ и „никој не може да го победи обединетиот народ“. Тие го обвинуваат левичарскиот претседател дека вовел целосна диктатура во Никарагва. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-so-baranje-za-ostavka-na-pretsedatelot-na-nikaragva/feed/ 0