даниел редклиф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 14:42:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png даниел редклиф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Даниел Редклиф открива дали ќе игра во серијата „Хари Потер“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/daniel-redklif-otkriva-dali-ke-igra-vo-serijata-hari-poter/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/daniel-redklif-otkriva-dali-ke-igra-vo-serijata-hari-poter/#respond Tue, 04 Jul 2023 14:42:01 +0000 https://kurir.mk/?p=852588

Фановите на Хари Потер беа воодушевени на почетокот на оваа година кога беше објавена веста дека легендарната франшиза за волшебници ќе се врати во форма на ТВ серија. Даниел Редклиф сега конечно го прекина молкот за тоа дали ќе се појави во новата серија. -Колку што сфатив тие се обидуваат да почнат од почеток и сигурен сум дека кој и да ја прави серијата ќе сака да остави свој белег на тоа, веројатно нема да мора да смислуваат начини како да го натераат стариот Хари да биде дел од нешто, вели Редклиф за ComicBook.com. Фановите можеби ќе треба да се откажат од секаква надеж дека ќе го видат триото Хари, Рон Визли (Руперт Гринт) и Хермиона Гренџер (Ема Вотсон) повторно обединети бидејќи Даниел Редклиф потврди дека нема да се појави. -Дефинитивно на ниту еден начин не го барам тоа. Но, им ја посакувам сета среќа на светот, истакна актерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/daniel-redklif-otkriva-dali-ke-igra-vo-serijata-hari-poter/feed/ 0
Даниел Редклиф стана татко https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/daniel-redklif-stana-tatko/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/daniel-redklif-stana-tatko/#respond Wed, 26 Apr 2023 08:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=827716

Актерот Даниел Редклиф, најпознат по улогата на Хари Потер, стана татко за првпат. Публицистот на англискиот актер потврди дека Редклиф и неговата долгогодишна девојка Ерин Дарк станале родители откако Дејли Мејл објави фотографии како туркаат количка во Њујорк. Засега не се откриени полот на бебето и точниот датум на раѓање, јавува Би-Би-Си. Медиумите во март објавија дека Редклиф и Дарк, кои се заедно повеќе од десет години, очекуваат дете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/daniel-redklif-stana-tatko/feed/ 0
Даниел Редклиф ќе стане татко https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/daniel-redklif-ke-stane-tatko/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/daniel-redklif-ke-stane-tatko/#respond Sun, 26 Mar 2023 17:30:21 +0000 https://kurir.mk/?p=816600

Британскиот актер Даниел Редклиф, кој се прослави со улогата на Хари Потер во филмската франшиза заснована на серијата бестселери на Џ.К.Роулинг, го очекува своето прво дете со долгогодишната партнерка Ерин Дарк. Претставник на 33-годишниот актер ја потврди веста за новинската агенција ДПА во саботата. Редклиф и 38-годишната американска актерка за првпат ќе станат родители, а сопругата на актерот веќе е фотографирана со труднички стомак. Двојката се запозна на снимањето на филмот „Убиј ги твоите сакани“ во 2013 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/daniel-redklif-ke-stane-tatko/feed/ 0
Даниел Редклиф не сака да му се врати на ликот на Хари Потер https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/daniel-redklif-ne-saka-da-mu-se-vrati-na-likot-na-hari-poter/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/daniel-redklif-ne-saka-da-mu-se-vrati-na-likot-na-hari-poter/#respond Fri, 18 Mar 2022 13:16:12 +0000 https://kurir.mk/?p=649585

Актерот Даниел Редклиф, кој се прослави со улогата на Хари Потер во истоимената франшиза, изјави за Њујорк Тајмс дека „во моментов не е заинтересиран“ да биде дел од потенцијалната адаптација на „Хари Потер и проколнатoто дете“ на Бродвеј. Сепак, тој не ја исклучи целосно таа можност кога е во прашање иднината. - Никогаш нема да кажам „никогаш“, рече Редклиф. - Актерите кои играа во „Војна на ѕвездите“ имаа 30 и 40 години пред да се вратат на улогите. За мене, поминаа десет години. Но тоа не е нешто за кое што сум моментално заинтересиран, истакна тој. Оваа можност се појави кога Крис Колумбус, режисерот задолжен за „Хари Потер и каменот на мудроста“, изјави дека е заинтересиран да направи филмска верзија на „Хари Потер и проколнатото дете“. Меѓутоа, доколку таа желба му се исполни, тешко дека повторно ќе соработува со Редклиф. - Моментално сум во моментот од мојот живот кога чувствувам дека завршив со Потер и навистина сум среќен со тоа каде сум сега, а враќањето на тој проект би значело големи промени во мојот живот, заклучил актерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/daniel-redklif-ne-saka-da-mu-se-vrati-na-likot-na-hari-poter/feed/ 0