Даниел Сервер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Aug 2019 20:23:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Даниел Сервер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сервер: Владата да се посвети на обемна и фер судска истрага за случајот „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/server-vladata-da-se-posveti-na-obemna-i-fer-sudska-istraga-za-sluchajot-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/server-vladata-da-se-posveti-na-obemna-i-fer-sudska-istraga-za-sluchajot-reket/#respond Mon, 12 Aug 2019 20:23:40 +0000 https://kurir.mk/?p=229033

Во коментар за истрагата околу случајот „Рекет“ и можната поврзаност на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Даниел Сервер од универзитетот „Џон Хопикинс“, изјави дека ваквите случаи треба да имаат судска разрешница. Во изјава за МИА, политичкиот аналитичар укажа дека тоа може да биде процес кој нема да заврши брзо. -Сметам дека главно во момнетов е Владата да стави до знаење дека е посветена на обемна и фер судска истрага, и ако треба, судење над оние кои го извршиле криминалот, изјави тој. На прашање од МИА дали случајот би можел да се одрази врз претпристапните преговори со ЕУ, Сервер изјави дека тоа зависи од самата Унија. -До Брисел е да одлучи дали треба некакво одложување. Но, убеден сум дека искрена и јасна посветеност на Владата ќе го отвори патот за отварање на преговорите, изјави Сервер. Со сличен коментар се огласи и Пол Мекарти, директор за Европа во Меѓународниот републикански институт во Вашингтон, кој укажа дека треба да се дозволи истрагата да продолжи понатаму за да се види што всушност е точно, а што не е. -Во овој момент ние ги имаме само овие снимки и тоа сигурно е загрижувачки. САД, особено Меѓународниот републикански институт, водат голема грижа за институционална транспарентност и силно судство. Истрагата треба да биде завршена, изјави Мекарти за Гласот на Америка.. Тој вели дека опозицијата треба да почека да се реши случајот, пред да излегува со какви било заклучоци. Важно е да биде конструктивна, а американските пријатели се тука за да ја потсетат на тоа, рече тој. Според него, Специјалното јавно обвинтелство е важна институција која треба да постои, независно како ќе биде организирана, но, оти мора да биде политички независна ако сака да опстане.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/server-vladata-da-se-posveti-na-obemna-i-fer-sudska-istraga-za-sluchajot-reket/feed/ 0
Сервер: За повлекување на УНМИК ќе треба нова резолуција на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/region/server-za-povlekuvanje-na-unmik-kje-treba-nova-rezolucija-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/server-za-povlekuvanje-na-unmik-kje-treba-nova-rezolucija-na-on/#respond Thu, 18 Oct 2018 10:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=116678

За повлекувањето на УНМИК од Косово без договор за конечен статус веројатно би требало нова резолуција на Советот за безбедност на ОН, а нејзино донесување би зависело од Русија, изјави за Радио Слободна Европа Даниел Сервер, професор на вашингтонскиот универзитет Џонс Хопкинс и експерт за Балкан. На прашањето дали УНМИК може да се повлече додека е во сила Резолуцијата 1244 на ОН за Косово, Сервер рече дека верува оти оваа иницијатива на Вашингтон е „дел од општата стратегија на САД да го намалат ангажирањето во мировните мисии на ОН“. – САД, во принцип, се обидуваат да ги намалат овие мисии каде што можат. Дали е можно УНМИК да се повлече од Косово без договор за конечен статус – претпоставувам дека е, но за тоа веројатно би требало нова резолуција на Советот за безбедност на ОН, а се разбира, Русија би контролирала дали таа би поминала или не. Мислам дека Американците најверојатно ќе се обидат да го намалат бројот на персоналот и буџетот на ОН, но не знам колку луѓе има сега таму и колкав им е буџетот, така што не можам да ви кажам какви би биле последиците од тоа, рече Сервер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/server-za-povlekuvanje-na-unmik-kje-treba-nova-rezolucija-na-on/feed/ 0
Сервер: Името мора се реши и Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/server-imeto-mora-se-reshi-i-makedonija-da-stane-del-od-eu-i-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/server-imeto-mora-se-reshi-i-makedonija-da-stane-del-od-eu-i-nato/#respond Tue, 24 Apr 2018 11:13:26 +0000 https://kurir.mk/?p=45327

Триаголникот од кој зависи напредокот на Балканот се САД, ЕУ и вие. Кога овие три страни се хармонизирани ништо не може да ги спречи. Кога се надвор од рамнотежа сите прашања дури и оние кои може да влијаат на мирот и стабилноста се под опасност. Ова го истакна експертот за Балканот и професор на Унивезритетот „Џон Хопкинс“ од Вашингтон на денешната собраниска Комисија за европски прашања коментирајќи го Извештајот за напредокот на Македонија што го објави Европската комисија. Тој истакна дека Европската унија помина тешки 10 години, а промени се случија и во администрацијата на САД. Но, и покрај сите тие промени и несигурности, САД и ЕУ и нивната политика кон Балканот останаа исти, а тоа е, додаде, сите земји од Балканот кои сакаат да бидат дел од ЕУ да станат нејзини членки. - Тоа е најдобрата сигурност која ја имаме за постојан мир и сигурност. Иако имавте сомнежи за Европа  и Европа имаше сомнежи за вас, но економијата на Европа полека се опорави и стана многу повнимателна на проблемите кои ги создаде Путин од инвазијата на Украина, обидот за државен удар во Црна Гора во 2016 година и обидот за убиство на поранешниот руски агент Скрипал оваа година. ЕУ вознемирена од ситуацијата со Русија во февруари го отвори прозорецот за политички преговори. Оние кои ќе се квалификуваат од Балканот до 2025 година, може да се надеваат дека ќе станат членки две години подоцна. Колку неверојатна можност претставува ова? Ќе биде тешко да се влезе во ЕУ зашто ништо не е гарантирано, но тоа е и неверојатна можност за вашата земја да стапи на патеката за членство во ЕУ и во НАТО, рече Сервер. Тој се осврна на сите реформи кои престојат пред Македонија, а кои се наведени, како што кажа, и во самиот Извештај на Европската комисија укажувајќи на потребата од деполитизицајата на судството и администрацијата, борбата против организираниот криминал и корупцијата итн. Сервер го поздрави и враќањето на опозицијата во Парламентот. Се осврна и на спорот за името со јасна порака дека тоа мора да се реши како еден од предусловите за членство на земјата во ЕУ и НАТО. - Дури и ако ги направите сите нешта кои ги бара ЕУ, дали Атина се уште ќе биде проблем. Краткиот одговор е да, но имате избор. Постојат две насоки – надолна спирала на очај и според мене тоа е тажно сценарио и другата насока која ја одбравте пред една година е да се издигнете, односно таа е спиралата која ги прифаќа условите на НАТО и ЕУ и ја одржува државата на ова ниво, а кое со тек на време ќе го издигнува, а тоа е она што јас би го избрал, рече Сервер. На седницата свои обраќања имаа и премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и претставниците на политичките парти застапени во Парламентот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/server-imeto-mora-se-reshi-i-makedonija-da-stane-del-od-eu-i-nato/feed/ 0
Сервер за МИА: Добро е да се реши името, но и без тоа Македонија треба да влезе во НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/server-za-mia-dobro-e-da-se-reshi-imeto-no-i-bez-toa-makedonija-treba-da-vleze-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/server-za-mia-dobro-e-da-se-reshi-imeto-no-i-bez-toa-makedonija-treba-da-vleze-vo-nato/#respond Fri, 30 Mar 2018 07:12:26 +0000 https://kurir.mk/?p=34354

Време е спорот за името да се реши. Тоа би било добро и за Грција и за Македонија, но и за регионот. Би бил радосен ако се најде заедничко прифатливо решение, но и ако не дојде до тоа Македонија треба да влезе во НАТО под привремената референца, вели во интервју за МИА американскиот политички аналитичар и професор на универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, Даниел Сервер. - Многу политичари во Вашингтон треба да сфатат дека неуспехот да се најде решение за влезот на Македонија во НАТО е причина за меѓуетничките тензии. Ако владејачката гарнитура во Грција предводена од СИРИЗА не може да се договори со опозиционерите од Нова демократија и со коалицискиот партнер Независни Грци, Македонија треба и мора да влезе во НАТО во ситуација кога Русија шири конфронтација и покажува агресија во Европа и Западен Балкан, тоа е повеќе од потребно, вели Сервер за МИА. Прашан што губи Грција ако спорот за името не се реши, Сервер смета дека нема да има директни последици врз Атина, но, сепак, неисполнувањето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг може да го оцрни нејзиниот углед и да резултира со некои чекори како што се тешкотии во позајмувањето кредити, бојкот на американски туристи, како и незадоволство на малцинствата кои живеат на нејзина територија, како што се албанското и македонското. За најновите несогласувања меѓу Русија и Западот во врска со случајот „Скрипал“ поради кој и Македонија протера еден руски дипломат, Сервер вели дека Вашингтон високо го цени гестот на македонската Влада да се приклучи во заедничките американско-европски напори да се испрати силен сигнал кон Москва оти треба да запре со својата незаконска агресија врз други суверени земји. - Руската закана до Македонија е празна и бесмислена. Сериозни обиди за дестабилизација имаше во последната година од владеењето на Никола Груевски со протестите и руската иконографија. Исто така, некои млади Македонци свесно или несвесно работеа во полза на руската агресија во американските избори во 2016 година. Значајно е тоа дека новата македонска Влада ја смета таа агресија за сериозна. Што мајка бара Русија во одлуката дали Македонија треба да влезе во НАТО или не. Тоа решение треба да го донесе народот во Македонија преку своите избрани претставници во власта и Русија со тоа нема ништо. Македонија во никој случај не е закана за Русија и таквите тврдења се целосна бесмислица, вели Даниел Сервер во интервјуто за МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/server-za-mia-dobro-e-da-se-reshi-imeto-no-i-bez-toa-makedonija-treba-da-vleze-vo-nato/feed/ 0