Даниел“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 08:17:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Даниел“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Една седмица по почетокот на невремето „Даниел“, делови од Грција сѐ уште под вода https://arhiva.kurir.mk/svet/region/edna-sedmitsa-po-pochetokot-na-nevremeto-daniel-delovi-od-grtsija-s-ushte-pod-voda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/edna-sedmitsa-po-pochetokot-na-nevremeto-daniel-delovi-od-grtsija-s-ushte-pod-voda/#respond Tue, 12 Sep 2023 08:17:48 +0000 https://kurir.mk/?p=877197

Во река е претворен дел од автопатот Солун – Атина поради поплавите и останува затворен за сообраќај во двата правци кај Лариса, а една седмица по почетокот на невремето „Даниел“, областа Тесалија сѐ уште под вода, јави дописничката на МИА од Атина. Процените се дека поплавите во Грција зад себе оставаат огромна материјална штета, со целосно уништени домови и плодно земјиште, но и голема опасност за јавното здравје. Во поплавените домови во неколку села во општина Палама, поради нивото на водата влегоа припадници на нуркачката единица од грчката армија за спасување на евентуално заглавени жители. Од Противпожарната служба на Грција утрово соопштија дека од почетокот на невремето минатиот вторник заклучно со денеска, примиле 10.874 повици, за испумпување вода и сечење дрва, а спровеле 4.564 спасување или пренесувања на лица на безбедни локации. Во поплавите во Грција предизвикани од невремето „Даниел“, досега, животот го загубија 15 лица, а две лица, млад брачен пар од Австрија се исчезнати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/edna-sedmitsa-po-pochetokot-na-nevremeto-daniel-delovi-od-grtsija-s-ushte-pod-voda/feed/ 0
Кикиљас за невремето „Даниел“: Најекстремната појава во Грција во однос на максималното количество дожд https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikilas-za-nevremeto-daniel-najekstremnata-pojava-vo-grtsija-vo-odnos-na-maksimalnoto-kolichestvo-dozhd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikilas-za-nevremeto-daniel-najekstremnata-pojava-vo-grtsija-vo-odnos-na-maksimalnoto-kolichestvo-dozhd/#respond Tue, 05 Sep 2023 19:04:40 +0000 https://kurir.mk/?p=874924

Според метеоролозите станува збор за најекстремната појава во однос на максималното количество дожд во период од 24 часа, од тогаш кога се води евиденција во земјава, истакна министерот за цивилна заштита на Грција Всилис Кикиљас за невремето „Даниел“, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас потенцираше дека во областа Загора во Пилио, што заедно со Волос е најпогодена од силното невреме, до 15 часот количината на дожд била 645 милиметри, додека пак проценката на метеоролозите е дека врнежите дополнително ќе се зголемат. -Граѓаните треба доследно да ги следат упатствата на цивилната заштита, противпожарната служба и грчката полиција, бидејќи феноменот е во тек. Посебно внимание од сите и без никакво движење, порача надлежниот министер. До сите оние кои се во Волос претпладнево преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака дека со одлука на полицијата е забрането движење, додека пак во 20 часот вечерва, граѓаните добија уште една порака со потсетување дека е во сила забраната за движење во целиот регион Магнисиа. Противпожарната служба на Грција во периодот од 7 часот утрово до 17 часот попладнево, примила 690 повици за помош. Рано утрово во поплавите во градот Волос животот го загуби едно лице, а едно се уште е исчезнато. Невремето и силниот дожд предизвика сериозни проблеми и големи материјални штети во повеќе делови на Грција, а најпогодени се областа Магнисиа, како и островот Скиатос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kikilas-za-nevremeto-daniel-najekstremnata-pojava-vo-grtsija-vo-odnos-na-maksimalnoto-kolichestvo-dozhd/feed/ 0