даниела арсовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Apr 2022 10:04:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png даниела арсовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Костовски и Арсовска по 40 години ќе реконструираат улица во Радишани https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-i-arsovska-po-40-godini-kje-rekonstruiraat-ulica-vo-radishani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-i-arsovska-po-40-godini-kje-rekonstruiraat-ulica-vo-radishani/#respond Thu, 21 Apr 2022 10:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=666449

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека во населбата Радишани ќе се реконструира улица по повеќе од 40 години. „🛣 ПО 4️⃣0️⃣ ГОДИНИ ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦА СКОЕВСКА ВО НАСЕЛБА РАДИШАНИ❗️ Денес заедно со градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска, направивме увид на улица Скоевска која за брзо ќе биде целосно реконструирана. 🚧 Ќе се реконструира улица Скоевска во должина од 1️⃣8️⃣0️⃣0️⃣ метри вклучувајќи ги и четирите краци. Предвидено е целосно вадење на асфалтот со нов тампон и двослоен асфалт. Ова е едно големо барање на граѓаните од населба Радишани кое го реализираме уште во првата година. 💰 Проценетата вредност на овој проект е околу 24 милиони денари средства издвоени од буџетот на Град Скопје а Општина Бутел ја изготви целата техничка документација. На прво место е интересот на граѓаните !“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kostovski-i-arsovska-po-40-godini-kje-rekonstruiraat-ulica-vo-radishani/feed/ 0
Арсовска за обвинувањата на СДСМ: Се исплашија од тоа што им реков дека ќе го ревидирам работењето на Шилегов изминатите 4 години, но ниту една нивна лага нема да ме предомисли, по 17ти октомври следува одговорност https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-obvinuvanjata-na-sdsm-se-isplashija-od-toa-shto-im-rekov-deka-kje-go-revidiram-rabotenjeto-na-shilegov-izminatite-4-godini-no-nitu-edna-nivna-laga-nema-da-me-predomisli-po-17ti-oktomvri-sl/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-obvinuvanjata-na-sdsm-se-isplashija-od-toa-shto-im-rekov-deka-kje-go-revidiram-rabotenjeto-na-shilegov-izminatite-4-godini-no-nitu-edna-nivna-laga-nema-da-me-predomisli-po-17ti-oktomvri-sl/#respond Thu, 14 Oct 2021 11:02:14 +0000 https://kurir.mk/?p=578910

Претпоставувам дека прашањата ви се адресирани врзано со она кое вчера срамно излегоа да го изјавуваат а тоа беше точно еден час по прес конференцијата која што јас тука ја направив, каде што кажав јавно, јасно и гласно дека ќе се ревидира сето она кое што е направено во Град Скопје и дека оние кои што потрошија 4 буџети во 4 години во Град Скопје, дека ќе си имаат соодветна одговорност, вели Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје одговарајќи на прашањето дали менаџирала со спортската сала во Расадник. Арсовска потенцираше дека овие обвинувања од страна на СДСМ се поради страв од тоа што таа го објавила само еден час претходно, каде што најавила дека ќе следи ревизија на тоа каде се трошеле парите на скопјани изминатите четири години. “Стравот и нервозата се тие кои што предизвикаа некој за еден час да трча и да излегува со лажни обвинувања и со нешта коишто навистина се небулозни, за кои денеска ќе си следи соодветна тужба. Јас немам намера на два дена пред завршувањето на овие избори, односно пред моментот кога скопјани ќе имаат можност да одлучуваат, да се објаснувам со луѓе кои бесрамно лажат за да го скријат својот срам и за луѓе кои сакаат да си ги скријат криминалите. А срамот, стравот и ова безобразие сите скопјани го гледаат. Она кое што мора да се знае е дека 42 години немам никаква дамка, ниту лично, ниту професионално, а доколку би имала, не би се впуштила во ваква трка да се натпреварувам со вакви бесрамни луѓе коишто 4 години го трошат Буџетот на скопјани и ниту еднаш не дадоа отчет каде отидоа овие пари, а ни едно од ветените нешта во програмата во 2017та година не реализираа”, изјави Арсовска. Арсовска најави тужба за изнесените лаги и невистини врз неа на само 2 дена пред гласањето за претстојните локални избори од страна на СДСМ, додавајќи дека 42 години нема никаква дамка во нејзината кариера, порачувајќи дека ниту една клевета против неа нема да ја натера да се откаже од тоа после 17ти октомври да се направи ревизија каде завршиле парите од продадената Градска куќа, како и парите на скопјани. “И затоа ќе си следи тужбата денеска за овие кои што лажат и манипулираат и кои што во 42 години немаа никогаш ништо да кажат лошо за мене, а тоа го вадат поради тоа што се уплашија затоа што им реков дека ќе им го ревидирам работењето и ќе си има одговорност за овие кои што 4 буџети на граѓаните ги потрошија. Тужбата ќе си го покаже своето. Значи немам намера некој да фрла дамка на мене по 42 години за нешто за кое треба јас да се докажувам по медиуми. Тие ќе си кажат после 17ти октомври каде се парите на граѓаните и нема да се откажам од тоа и џабе што и да направат во следните два дена за да фрлат на мене, треба да знаат дека нема да се откажам. Слободно може да се обидувате 42 години чесно живеење да ги извалкате и тоа што го кажав вчера јас ќе го реализирам, нема никакви притисоци да предизвикаат да потклекнам на тоа што го кажав”, децидна е Арсовска. “42 години никаква дамка немам во својата кариера. Значи верувајте ми доколку сум имала сигурно до сега ќе излегло и плус како интелигентен човек, човек кој што има кредибилитет на национално ниво, на меѓународно ниво, седам со главните институции во државата и подалеку во светот, јас не би си дозволила одговорно тврдам да влезам во трка со вакви лажови и манипуланти за да ја имам можноста тие да ме валкаат во кампања. Сега им текна кога ги повикав на одговорност? Сега им текна кога им кажав дека истрошија четири буџет и дека ќе одговараат? Извинете, но имаат можност скопјани да видат и да проценат и знаат, оној кој што го оштетил скопскиот ќе си одговара, и слободно нека лажат и манипулираат. Има уште два дена додека да дојдат промените и ќе ги отвориме книгите и ќе видиме многу убаво каде се парите на граѓаните, каде се средствата од продажбата на Градската куќа, каде се четири буџети потрошени на скопјани за проекти кои што ги ветија во 2017тата а не реализираа ниту 5 проценти од тие проекти”, изјави Арсовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-za-obvinuvanjata-na-sdsm-se-isplashija-od-toa-shto-im-rekov-deka-kje-go-revidiram-rabotenjeto-na-shilegov-izminatite-4-godini-no-nitu-edna-nivna-laga-nema-da-me-predomisli-po-17ti-oktomvri-sl/feed/ 0
Арсовска: Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-dosta-e-od-golemi-neispolneti-vetuvanja-sekoj-proekt-se-zavrshuva-navreme-ako-e-realen-i-izdrzan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-dosta-e-od-golemi-neispolneti-vetuvanja-sekoj-proekt-se-zavrshuva-navreme-ako-e-realen-i-izdrzan/#respond Fri, 27 Aug 2021 17:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=555737

Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, ги собра потребните потписи за нејзината кандидатура, по што јавно изрази благодарност до граѓаните и им порача дека е време сите заедно да го направиме метропола со која ќе се гордееме. Арсовска вели дека е време за брзи и ефикасни решенија за нашиот град, бидејќи сите сакаме да живееме во убав град. - За Скопје од нас, за наше Скопје. Сега како официјален независен кандидат за градот Скопје би сакала да повторам зошто сум независен кандидат. Јас не сум член на политичка партија и ја барам поддршката од сите граѓани и партии да ме поддржат. Горда сум на скопјани, на нивната енергија и горда сум што сум нивен кандидат. Секоја поддршка е добредојдена. Само добар менаџер може да го спаси Скопје од сивилото. Доста ни е од приказни дека требаат години да се смени сегашната стагнација на градот. Потребни се луѓе кои се енергични, со искуство и со јасна визија каде оди градот. Доста е од големи неисполнети ветувања, секој проект се завршува навреме ако е реален и издржан. Затоа повторувам, за две години можни се проекти и тие ќе бидат остварени. Секој што работел со мене знае дека во секој проект давам 100% од својата енергија за да успее. Влегувам во оваа трка за градоначалник со чисто срце и јасна визија. Уште еднаш, Ви благодарам за денешната поддршка и одиме на победа! – порача Арсовска.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-dosta-e-od-golemi-neispolneti-vetuvanja-sekoj-proekt-se-zavrshuva-navreme-ako-e-realen-i-izdrzan/feed/ 0
АНКЕТА: Арсовска со водство пред Шилегов за победа во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-arsovska-so-vodstvo-pred-shilegov-za-pobeda-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-arsovska-so-vodstvo-pred-shilegov-za-pobeda-vo-skopje/#respond Thu, 26 Aug 2021 21:09:06 +0000 https://kurir.mk/?p=555426

Press24 на својата официјална Фејсбук страница преку споделена фотографија од Петре Шилегов актуелен и кандидат за градоначалник на престојните локални избори и Даниела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на град Скопје, направи анкета: Кој ќе победи на изборите за градоначалник на Скопје? Според резултатите од оваа анкета, независниот кандидат за градоначалник на Скопје е во убедливо водство пред Петре Шилегов. Погледнете: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-arsovska-so-vodstvo-pred-shilegov-za-pobeda-vo-skopje/feed/ 0
Арсовска: Македонија тоне во најдлабоката рецесија на економијата и пад од 12,7 отсто на БДП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-makedonija-tone-vo-najdlabokata-recesija-na-ekonomijata-i-pad-od-12-7-otsto-na-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-makedonija-tone-vo-najdlabokata-recesija-na-ekonomijata-i-pad-od-12-7-otsto-na-bdp/#respond Sat, 12 Sep 2020 11:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=402338

Затворањето на економијата и ограниченото движење поради рестриктивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот ја предизвика најдлабоката рецесија на економија за што е показател падот од 12,7 отсто на бруто домашниот производ, вели ретседателката на Сојузот на стопански комори (ССК), Даниела Арсовска. – Иако намалување се бележи во речиси сите носечки структурни елементи на БДП, сепак евидентен е падот на извозот на стоки и на услуги кој во номинална вредност изнесува 32 отсто и падот на увозот каде намалувањето е 30,2 отсто, вели Арсовска. Во извештаите на Светската банка, додава Арсовска, е нотирано дека во услови на пандемија во балканските земји се поизразен е проблемот на загуби од над една милијарда американски долари годишно заради застој на граничните премини. Долгото време на чекање ги зголемува трошоците, ја намалува конкурентноста на учесниците во меѓународната трговска размена, увозно-извозните претпријатија и транспортните компании. Таа потенцира дека во услови на криза развојот на земјата е лимитиран и во таа насока за побрзо опоравување ќе придонесе зголемување на извозот поради што е потребно да се даде поддршка на македонските извозно ориентирани претпријатија. -Задржување на пласманот на производите и услугите на домашните извозно ориентирани претпријатија кои имаат докажан квалитет во своето работење е од голема важност за поддршка на економски раст кој го очекуваме со стабилизирање на состојбата по кризата. Поради пандемијата евидентен е негативниот ефект врз побарувачката на пазарите во ЕУ, каде се и нашите најголеми трговски партнери, а тоа се рефлектира и на работата на нашите производствени капацитети. И покрај кризата и отежнатото функционирање, намалената продажба и потешкотиите во производството и логистиката, голем дел од извозно ориентираните капацитети не ги затворија своите погони и континуирано работат. Она што е потребно во моментот е да не ги изгубат пласманите и да ги задржат воспоставените позиции, оценува Арсовска. Според неа, доколку се случи откажување на договорите, потребно е да им се овозможи да склучат нови договори со потенцијални партнери заинтересирани да работат и соработуваат со Македонија. Во таа насока треба да се размислува и за потпишување договори за слободна трговија, за ослободување од двојно оданочување со земји каде постои потенцијал за зголемување на трговската размена. Важно е да не се дозволи надворешно трговскиот економски тек да прекине. Во таа насока Сојузот на стопански комори на Македонија апелира за надминување на бариерите, олеснување на протокот низ границите преку поедноставување на царинските формалности. -Нашиот фокус треба да биде насочен кон креирање добра стратегија за надминување на потешкотиите во меѓународната економска соработка, со стратешки пристап особено со оглед на тоа дека ние сме мала земја со голем трговски дефицит. Потребно е да се обезбеди непречен проток при извоз на граничните премини, потенцира претседателот на ССК. Согласно обемот на трговската размена, дополнува Арсовска, топ десет најголеми трговски партнери на земјава се Германија, Велика Британија, Србија, Грција, Кина, Бугарија, Италија, Турција, Унгарија и Романија. Голем дел од овие земји регистрираа историски пад на БДП во последниот квартал. Меѓународните економски односи континуирано се важни за опстојување, раст и развој на националната економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-makedonija-tone-vo-najdlabokata-recesija-na-ekonomijata-i-pad-od-12-7-otsto-na-bdp/feed/ 0
Арсовска: 99 проценти од компаниите се засегнати од корона кризата, 49 проценти од компаниите имаат намалување на приходите од над 80 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-99-procenti-od-kompaniite-se-zasegnati-od-korona-krizata-49-procenti-od-kompaniite-imaat-namaluvanje-na-prihodite-od-nad-80-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-99-procenti-od-kompaniite-se-zasegnati-od-korona-krizata-49-procenti-od-kompaniite-imaat-namaluvanje-na-prihodite-od-nad-80-procenti/#respond Thu, 04 Jun 2020 19:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=353966

Претседателката на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска во своето гостување во емисијата „А што не е јасно“ истакна дека 99 проценти од компаниите се директно и поприлично засегнати од економската криза во Македонија која е резултат на пандемијата на коронавирусот. Таа посочи дека анализата на Сојузот на стопански комори е навистина загрижувачка имајќи во предвид дека на 49 проценти од македонските компаниии се соочиле со намалени приходи од над 80 проценти, бројка која кај некој достигнува и 100 проценти. -Она кое што нашите анализи го кажуваат, а ние излеговме со една анкета од која што понатаму спроведовме анализа од која што бројките навистина не беа добри. Таа беше и причината зошто се бараше начин како да се најде соодветна помош од страна на институциите за да можат да ја надминат оваа состојба во која се наоѓаат сега. Нашите анализи покажаа дека 99 проценти од компаниите се засегнати и тоа навистина засегнати од овие состојби кои што се предизвикани од кризата. Од кои нешто над 49 проценти од компаниите имаат намалени приходи од над 80, односно од 80 до 100 проценти. Тоа се навистина загрижувачки бројки и треба да се разбере дека доколку економскиот циклус застане понатаму ќе биде навистина тешко за да се отпочне повторно од позиција каде што ќе можат да се вратат компаниите каде биле пред кризата, вели Арсовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovska-99-procenti-od-kompaniite-se-zasegnati-od-korona-krizata-49-procenti-od-kompaniite-imaat-namaluvanje-na-prihodite-od-nad-80-procenti/feed/ 0