Даниела Христова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 12:48:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Даниела Христова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Христова: Со овие 5 законски решенија власта сака да го озакони криминалот од штетниот договор за коридорите 8 и 10Д https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-so-ovie-5-zakonski-reshenija-vlasta-saka-da-go-ozakoni-kriminalot-od-shtetniot-dogovor-za-koridorite-8-i-10d/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-so-ovie-5-zakonski-reshenija-vlasta-saka-da-go-ozakoni-kriminalot-od-shtetniot-dogovor-za-koridorite-8-i-10d/#respond Tue, 23 May 2023 12:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=837910

„Кога зборуваме за капитални инвестиции во Македонија од кога оваа гарнитура е на власт слободно можеме да кажеме дека капитални инвестиции нема. Од година во година нивото на капитални инвестиции е помало од буџетскиот дефицит, односно владата повеќе се задолжува од колку што инвестира во инфраструктура. И наеднаш имаме капитален проект со почетна вредност од 1 милијарда и 300 илјади евра. И ќе си рече човек добро е после 6 години власт почнаа да работат нешто, арно ама кога ќе навлеземе во суштината, кога ќе ги склопиме коцките, ќе разбереме повеќе работи. Првата работа е дека тајмингот не случајно е избран сега пред крајот на владеењето на оваа власт. Втората работа е начинот на кој се изведува целата процедура. Третата работа е криминалот кој што е на повидок, кој со 5 те закони сакаат да го озаконат“, нагласи пратеничката Даниела Христова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Пратеничката Христова додаде и дека сите пет закони кои што ги доставила власта со европско знаменце не биле ништо друго туку легализација на коруптивните елементи од договорот што го потпишале далеку од очите на јавноста. „Сите пет закони кои што ги доставија со европско знаменце не се ништо друго туку легализација на коруптивните елементи од договорот што го потпишаа далеку од очите на јавноста но и далеку од очите на пратениците кои што треба да ги гласаат. Денес на ред е законот за експропријација и она што најмногу боди очи е прескокнување на постапките и повторно се кледа едно безредие. Со измените на овој закон се забрзува постапката за експропријација така што набрзина се протнуваат нови членови кои предвидуваат обесштетување на објектите што ќе се најдат на трасата на ист начин без разлика дали се работи за легален или нелегален објект“, нагласи Христова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-so-ovie-5-zakonski-reshenija-vlasta-saka-da-go-ozakoni-kriminalot-od-shtetniot-dogovor-za-koridorite-8-i-10d/feed/ 0
Христова: Со измените на Законот за градба се заобиколуваат еден куп постапкати и процедури меѓу кои и најважното, одобрение за градба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-so-izmenite-na-zakonot-za-gradba-se-zaobikoluvaat-eden-kup-postapkati-i-protseduri-megu-koi-i-najvazhnoto-odobrenie-za-gradba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-so-izmenite-na-zakonot-za-gradba-se-zaobikoluvaat-eden-kup-postapkati-i-protseduri-megu-koi-i-najvazhnoto-odobrenie-za-gradba/#respond Mon, 22 May 2023 13:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=837448

Уште на почетокот треба да се каже дека со ова законско решение најважно е тоа дека се заобиколкуваат еден куп постапки и процедури почнувајќи од најважното, одобрение за градба. Се кршат еден куп правила и ова законско решение е крајно непотребно, затоа што веќе има постоечко, а овие нови измени и дополнувања се измислени за сосема друга цел, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова од денешната собраниска седница на која се дискутира за измените и дополнувањата на Законот за градење, кој владата го достави со европско знаменце. Таа посочи дека секој знае и би можел да сфати што значи кратење на рокови, а што кратење на постапки и токму кратењето на постапките е она што не е во ред и со целата процедура со овие закони која се одвива во Собрание. „Како на шега поминаа Законот за работни односи и Законот за урбанистичко планирање, затоа што се обезбедија со европското знаменце, продолжуваат со Законот за градење, ќе поминат и останатите два, но ќе останат многу неодговорени прашања како оние зошто не се почитуваат препораките на Европската Унија, зошто се злоупотребува европското знаменце, зошто се заобиколуваат постапките и процедурите кога се знае дека тоа е голема штета на државата, пред се поради евро интегративниот процес“, истакна Христова. Таа додаде дека предлог законите кои овој пат им се доставени, како предлагачи стојат претставници од Влада, кои за разлика од претходно беа потпишани од група пратеници со различни професии, а од претставници од влада моментално во Собрание на комисиските расправи и на пленарната го гледаат само заменик министерот за транспорт и врски. Христовска запраша колку ќе чини проектот по истекувањето на предвидениот рок за градба кој што се не цели пет години, кој е прилично краток рок за изведување на такви коридори и од каде ќе се најдат пари кои народот ќе ги плаќаат за соработниците на Груби и Ковачевски живеат комотно со години. „Сакаме пред јавноста да се обелодени прецизната сума за тоа колку ќе чини изградбата доколку проектот не заврши во предвидениот рок. Во што, искрено, и јас не верувам, тоа е еден кус период од неполни пет години и дотогаш е предвидено да се потрошат една милијарда и 300 милиони евра, но колку потоа ќе се потрошат. Од каде пари за потоа, уште колку години народот ќе се оштетува за да генерациите на Ковачевски и координаторот Груби комотно живеат со години. Исто така, треба да знаеме зошто со месеци се крие тој договор, со што ниту граѓаните, ниту ние пратениците, кој што треба да гласаме или да не гласаме, ниту бизнис секторот не го виделе договорот кој што е потпишан на 8 март годинава“, рече пратеничката Христова. Христова истакна дека се се прави на еден скриен начин, далеку од очите на јавноста, за жал, далеку и од нив пратениците кои дискутираат во Собрание и кои треба да гласаат, нема никаква транспарентност, нема никаква отчетност, а затоа се сигурни дека нема ниту чесност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-so-izmenite-na-zakonot-za-gradba-se-zaobikoluvaat-eden-kup-postapkati-i-protseduri-megu-koi-i-najvazhnoto-odobrenie-za-gradba/feed/ 0
Христова: Законот за коридорите ваков каков што е остава простор за многу сомнеж и за коруптивните намери на Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-zakonot-za-koridorite-vakov-kakov-shto-e-ostava-prostor-za-mnogu-somnezh-i-za-koruptivnite-nameri-na-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-zakonot-za-koridorite-vakov-kakov-shto-e-ostava-prostor-za-mnogu-somnezh-i-za-koruptivnite-nameri-na-grubi/#respond Thu, 18 May 2023 15:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=835974

„Закон затскриен под ЕУ знаменцето и по кој нема простор да се развие широка дискусија затоа што по овие криминални закони поврзани со коридорите и нема впрочем ниту со кого да се дискутира. Но тука се кога треба да ги бранат криминалите на Ковачевски и Груби кои буквално на се сѐ решени само да ја истуркаат работата до крај, онаа работа од која ќе профитираат“, нагласи Даниела Христова пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Христова праша и зошто овој закон оди на комисија за европски прашања и зошто се злоупотребува ЕУ знаменцето. „Од 5-те закони кои експресно стигнаа до Собрание со дискусија завршивме со најскандалозниот оној за работни односи со кој што им се пресуди на работниците и дополнително на нивната мака им се зголеми работното време. Како втор е овој законот за урбанистичко планирање со кој што се прават измени и надополнувања на процедурите за креирање донесување и реализација на урбанистички проекти за објекти од стратешки интерес во кои што спаѓаат државни патишта железнички пруги итн. Зошто овој закон оди на комисијата за европски прашања и што е овде европско кога нема ниту едно усогласување со ниту една директива и регулатива. Да престанете со носење закони по скратена постапка и да се криете зад европското знаменце“, кажа Христова. Христова додаде и ваков каков што е законот остава простор за многу сомнежи и коруптивни активности. „Се остава сомнеж за коруптивните намери на Груби а дополнително на тоа и самата ДКСК отвори предмет истото важи и за ЈО да постапат по овие предмети и ако навистина има криминал а има, и да им се пресуди на оние кои што го прават. Сме против ова законско решение затоа што е полно со недоследности затоа што им веруваме на експертите од оваа област како што се оние од комората на овластени архитекти и инженери кои што имаа и официјални забелешки“, рече Христова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-zakonot-za-koridorite-vakov-kakov-shto-e-ostava-prostor-za-mnogu-somnezh-i-za-koruptivnite-nameri-na-grubi/feed/ 0
Христова: 97 проценти од граѓаните не веруваат во правосудството затоа што е целосно партизирано од кадрите на СДС и ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-97-protsenti-od-graganite-ne-veruvaat-vo-pravosudstvoto-zatoa-shto-e-tselosno-partizirano-od-kadrite-na-sds-i-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-97-protsenti-od-graganite-ne-veruvaat-vo-pravosudstvoto-zatoa-shto-e-tselosno-partizirano-od-kadrite-na-sds-i-dui/#respond Tue, 28 Feb 2023 16:03:43 +0000 https://kurir.mk/?p=806161

Моментално живее во држава во која имаме економски крах и секој нов ден сме во исчекување со каков скандал ќе се поврзе некој од власта, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Христова Даниела на денешната собраниска седница. Христовска истакна дека владата не работи на реформи споменувајќи ги анкетите во кои е искажана големата недоверба и незадоволство од страна на граѓаните кон власта. Еднаш треба да излезат од матрицата на минатото и да се свестат дека не е ВМРО-ДПМНЕ како партија виновна што нема лекарства за пациентите, не сме ние виновни што децата се уште немаат учебници. Ниту сме виновни што земјоделците и сточарите се назадоволни од ниските откупни цени и неисплатата на субвенциите. Но, многу полесно е да ја префрлиш вината на друг отколку сам да си признаеш дека едноставно не те бива. А зошто не ги бива? Затоа што гледаат за сопствените интереси. Затоа и сите релевантни истражувања зборуваат едно исто, рече таа. 8 од 10 граѓани или 80 проценти се убедени дека политичарите од власта при трошење на јавни пари се водат од лични и партиски интереси, а само 7 проценти веруваат дека работат во интерес на граѓаните, додаде таа. Христова рече дека висок процент од граѓаните не веруваат во правосудството, како и во владата предводена од Димитар Ковачевски. 97 проценти од граѓаните не веруваат во судството затоа што е целосно партизирано од кадри на СДС и ДУИ. 70 проценти од граѓаните не веруваат во владата на Македонија предводена од Ковачевски, потенцираше таа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-97-protsenti-od-graganite-ne-veruvaat-vo-pravosudstvoto-zatoa-shto-e-tselosno-partizirano-od-kadrite-na-sds-i-dui/feed/ 0
Христова: Македонија е заглавена и заробена во деструктивизмот на Ковачевски, неговите сопартијци и коалициони партнери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-makedonija-e-zaglavena-i-zarobena-vo-destruktivizmot-na-kovachevski-negovite-sopartijtsi-i-koalitsioni-partneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-makedonija-e-zaglavena-i-zarobena-vo-destruktivizmot-na-kovachevski-negovite-sopartijtsi-i-koalitsioni-partneri/#respond Thu, 23 Feb 2023 21:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=804390

„Да не беше вистинито, и да се случуваше некаде далеку од нас, во некое нецивилизирано општество, верувам дека ќе ни беше смешно ова што се случува деновиве со помпезно најавуваната реконструкција на Владата на Република Македонија и нејзиното проширување со уште една политичка партија. Но, воопшто не е смешно, за тоа што токмукај нас се случува и засегнати сме сите ние без разлика на кој политички блок припаѓаме, но и на оние кои партиски се неопределени и се разбира без разлика на етничката припадност. Сите сме во ист кош, заглавени и заробени во деструктивизмот на Ковачевски и неговите сопартијци и коалициони партнери“, истакна Даниела Христова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Христова додаде додека власта со денови е во исчекувања какви договори ќе паднат, кој колкав дел од колачот ќе земе, сведоци сме дека учениците секојдневно се под стрес и губат настава поради дојавите на бомби во училиштата. А, пациентите со ретки болести молат за лекови кои за нив живот значат и на крај не успеваат зашто надлежните се премногу зафатени со личните и партиските интереси. „И додека со денови се замајува јавноста, се свртува вниманието кон пролонгирање на рокот на траење на оваа влада, од друга страна се забораваат граѓаните кои впрочем треба да бидат на прво место“, рече Христова. Пратеничката посочи дека со оваа Влада ништо нема да се промени на подобро, се ќе биде исто, но се надева дека нема да биде и полошо. „Со оваа Влада нема да има конкретни решенија за спас на економијата. Оваа влада нема да помогне на стопанството. А, дефинитивно нема да се испорача поевтина електрична енергија, ниту поевтини прехранбени производи“, нагласи Христова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-makedonija-e-zaglavena-i-zarobena-vo-destruktivizmot-na-kovachevski-negovite-sopartijtsi-i-koalitsioni-partneri/feed/ 0
Христова за иселувањето: Колеги од власта дали ги вративте сопствениците на чевлите кои ги остававте пред Влада? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-za-iseluvaneto-kolegi-od-vlasta-dali-gi-vrativte-sopstvenitsite-na-chevlite-koi-gi-ostavavte-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-za-iseluvaneto-kolegi-od-vlasta-dali-gi-vrativte-sopstvenitsite-na-chevlite-koi-gi-ostavavte-pred-vlada/#respond Wed, 22 Feb 2023 15:56:49 +0000 https://kurir.mk/?p=803779

На почетoкот на мојот говор ќе ја поздравам целата македонска дијаспора, онаа која немала некакви придобивки од овој министер и онаа која не заминала во белиот свет затоа што не си ја сака државата, туку заминала од мака и во потрага за подобар живот, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова од собраниската седница на која на дневен ред е разрешувањето на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи. Христова, од говорницата, ги праша пратениците од владејачкото мнозинство дали ги вратија сопствениците на чевлите кои пред неколку години, во периодот кога беа во опозиција, ги оставаа пред Влада. Секако посочи, Христова, дека не ги вратија, напротив, младите во Македонија се повеќе се иселуваат, затоа што власта не направи ништо за да ги подобри условите за живот, а масовно иселување допрва ќе се случува, затоа што погубните политики на владата се неподносливи. „Втори, сакам да ги запрашам колегите од власта, чевлите што ги остававте пред Влада пред неколку години, дали ги вративте назад нивните сопственици, дали ги подобривте условите за живот, дали ја подобривте економската состојба од тогаш до денес? Што подобривте во државата за да ги вратите сите оние кои што заминаа и ни избегаа по туѓите земји? Ништо! Напротив, откако СДСМ и ДУИ се на власт бројката од 600 илјади тогаш, до денес е уште поголема. А, последните анкети на граѓаните зборуваат дека допрва ќе се случи масовно иселување, затоа што погубните политики на оваа Влада се веќе неподносливи“, истакна Христова. Посочи дека ова не го зборува на памет, туку тоа го покажуваат сите релевантни истражувања, како што е и последното на ИПИС, резултатите од кое покажуваат дека нај работоспособното и нај продуктивното население планира да си замине од Македонија. „Неодамнешната анкета на ИПИС зборува дека 45,3% од младите до 29 годишна возраст, размислуваат за иселување. А, исто голем е процентот од 44,3 на возраст од 30-39 години кои би ја напуштиле Република Македонија. Нај работоспособното и нај продуктивното население во државата би си заминало. Затоа што нема никаков просперитет и никаква иднина во родната земја, затоа што при вработување кај нас не се гледа ниту способноста, ниту компетенциите кои ги поседуваат младите, туку пред се се гледаат роднинските врски со функционерите на власта, се гледа партиската припадност и партиската послушност“, рече меѓу другото Христова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-za-iseluvaneto-kolegi-od-vlasta-dali-gi-vrativte-sopstvenitsite-na-chevlite-koi-gi-ostavavte-pred-vlada/feed/ 0
Христова: Оваа „Пазар 3“ влада ја доведоа државата до пропаст само за да ги задоволат своите лични апетити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-ovaa-pazar-3-vlada-ja-dovedoa-drzhavata-do-propast-samo-za-da-gi-zadovolat-svoite-lichni-apetiti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-ovaa-pazar-3-vlada-ja-dovedoa-drzhavata-do-propast-samo-za-da-gi-zadovolat-svoite-lichni-apetiti/#respond Wed, 15 Feb 2023 13:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=800835

Денес зборуваме односно продолжуваме по точката за разрешување на членови на Влада. И најпрво што сакам да прашам е какво очекување имаше Владата минатата година кога Алтернатива им излезе во пресрет и ги спаси од предвремени избори. Дали навистина очекуваа со министрите кои тие ги понудија ќе се поправи ситуацијата во министерствата кои им ги дадоа да ги предводат или пак едноставно ги искористија само за да им се зголеми мнозинството и да можат што подолго да владеат? Сигурно не првото. Единствена цел тогаш, а и сега на оваа власт е да си го пролонгира рокот на траење и да може што подолго да разграбува од државата за лични и партиски интереси, истакна Даниела Христова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Христова додаде дека можеби колегите од Алтернатива ги сфатија намерите на власта и затоа сега незадоволни од бруталното однесување на власта излегуваат од Влада и ќе дејствуваат како опозиција. „На оваа седница неславно ќе треба да завршат мандатите на тројцата министри и тројцата заменици министри од Алтернатива кои не стигнаа да си дадат оставки туку експресно или како што вели претседателот на оваа партија брутално беа исфрлени од Влада. Прв на листата за разрешување е министерот за здравство Беким Сали кој рака на срце не дека беше одличен министер, ама сега наредниот контраверзниот анонимус кој го предлагаат е поврзан со низа афери, во никој случај нема да го подобри здравствениот систем во Република Македонија, кој е тотално уништен, девастиран уште од времето на Филипче“, заклучи Христова. Таа посочи дека неспособноста на владата граѓаните ја плаќаат не само финансиски туку за жал и со своите животи. „Промената на министерот нема да донесе промени во здравствениот систем, овде се потребни многу поголеми промени“, нагласи пратеничката. Христова рече дека „Пазар 3“ Влада првин предводена од Зоран Заев, а сега и од Димитар Ковачевски ја доведоа државата до пропаст на економски план, пропаст на здравствениот систем, пропаст на образовниот процес итн. „Сите овие години имаме неуспешна Влада во која имињата на членовите се менуваат, но погрешните политики остануваат исти. А, остануваат исти и нивните приоритети, удобните фотелји за кои со петни жили се борат да си ги задржат за да можат повеќе да грабаат и да ги задоволуваат своите лични и партиски апетити“, нагласи Христова.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-ovaa-pazar-3-vlada-ja-dovedoa-drzhavata-do-propast-samo-za-da-gi-zadovolat-svoite-lichni-apetiti/feed/ 0
Христова: Ова што власта го прави со поскапувањето на струјата е грабеж https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-ova-shto-vlasta-go-pravi-so-poskapuvanjeto-na-strujata-e-grabez/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-ova-shto-vlasta-go-pravi-so-poskapuvanjeto-na-strujata-e-grabez/#respond Wed, 01 Jun 2022 12:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=684951

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Христова, на денешната собраниска седница говореше за четирите кризни состојби кои се во тек, од кои, како што рече, нас нѐ засега енергетската и мора да се најде решение како да се надмине. Во најмала рака, да се ублажи и со тоа да ѝ се помогне на државата но најмногу на граѓаните кои секојдневно се жалат од високите давачки кои паѓаат на нивниот грб. - Денес втор ден имаме расправа која се однесува токму на енергетиката, поточно, предлог на Закон за гаранција на Република Македонија на обврските по договорот за заем за финансирање на проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици кој ќе се склучи помеѓу Европската банка за обнова и развој и АД Електрани на Македонија во државна сопственост. Намалувањето на трошоците за снабдување на електрична енергија, како и намалувањето на трошоците на граѓаните за плаќањето на истата, треба да ни бидат приоритет, но исто така и заштитата на животната средина и треба да изнаоѓаме алтернативни решенија како тоа да го направиме. Во тој контекст, се согласувам дека меѓу другото треба да ги искористиме сите можни природни ресурси, вклучувајќи го ветерот, водата и сонцето. А со оглед на фактот дека цената на електричната енергија расте од ден на ден во Република Македонија, дојде до тоа да имаме најдраматична ситуација досега во областа на енергетиката и тоа поради празните акумулации во хидроцентралите, честите дефекти на постројките, ископот на јаловина и откривка за ископ на јаглен. И дојде до тоа да купуваме јаглен од Косово. Бездруго, ЕСМ како решение на сето тоа се одлучи на заем до 25 милиони евра со кои се планира изградба на фотоелектрани. И повторно долго задолжување, повторно удирање по џебот на граѓаните и повторно тапкање во место, рече Христова. Taa рече дека треба да се користат природните ресурси но не на начин да се полнат сефовите на сметка на други и дека ова што власта им го прави на граѓаните е вистински грабеж со поскапувањето на електричната енергија, кое досега е за 30%, а во најава и ново поскапување кое уште не знаеме колку ќе биде.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-ova-shto-vlasta-go-pravi-so-poskapuvanjeto-na-strujata-e-grabez/feed/ 0
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Кастриот Реџепи и Талат Џафери по којзнае кој пат покажаа крајно непочитување на државата Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichka-grupa-na-vmro-dpmne-kastriot-redzepi-i-talat-dzaferi-po-kojznae-koj-pat-pokazaa-krajno-nepochituvanje-na-drzavata-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichka-grupa-na-vmro-dpmne-kastriot-redzepi-i-talat-dzaferi-po-kojznae-koj-pat-pokazaa-krajno-nepochituvanje-na-drzavata-republika-makedonija/#respond Tue, 15 Feb 2022 11:22:12 +0000 https://kurir.mk/?p=631619

Претседателот на Комисијата за култура, Кастриот Реџепи и Претседателот на Собранието Талат Џафери, по којзнае кој пат покажуваат крајно непочитување на државата Република Македонија и на сите оние кои дале свој придонес во нејзиното создавање, градење и афирмирање низ вековите, ова денеска од собраниската говорница го истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Христова. -Имено, согласно Одлуката за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија, значајните настани и истакнати личности што ќе се одбележуваат секоја година се утврдуваат со Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности. Но за жал, од 2018 година оваа Одлука не се почитува и Собранието на Република Македонија не ја објавува Програмата. Програмата за одбележување на јубилејни годишнини никогаш не се ставила на дневен ред на пленарна седница на Собранието. Ова е срамно, неодговорно и антидржавно однесување. Оваа година, кога се прославува една од најголемите јубилејни годишнини за државата и македонската нација, 150 годишнината од раѓањето на македонскиот идеолог Ѓорѓи Делчев, Комисијата за култура, чиј престедател е Кастриот Реџепи, воопшто не ја ни започна постапката, која по правило, својата работа треба да ја заврши најдоцна до крајот на годината за Програмата за наредната година. Институциите воопшто не добија допис од Собранието да ги испратат своите предлози за јубилејни годишнини, вели таа. Христова додава дека оправдувањата на престедателот на Комисијата за култура дека причината за несвикувањето на Комисијата е минатогодишниот есенски изборен процес се нелогични, бидејќи не станува збор за Закон или друг вид на пропис, туку за Програма која не е поврзана со никакви изборни процеси. Доколку имаше искрена желба и одговорност, Комисијата слободно можеше да се свика и процедурата можеше да започне од септември. -Многу важно да се напомене е и тоа што во годината кога се одбележуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, Собранието не само што не ја објави Програмата на време, туку и упорно бара да се повлече поднесената Декларација за одебележување на јубилејот на Гоце Делчев, со која всушност се бара почитување на Одлуката за одбележување на јубилејни годишнини, односно се определеуваат и задолжуваат институциите соодветно да го одбележат овој значаен јубилеј. Ваквата стратегија диригирана од СДСМ/ДУИ значи уште една потврда за обид на бришење на македонската институционална меморија со интенција за девалвирање на значењето на личностите и настаните кои претставуваат есенцијален дел од македонската колективна меморија и се носители на македонскиот национален идентитет. Оттука, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од власта и владејачкото мнозинство на прашањето, дали има интенција овие личности понатаму да бидат избришани и од учебниците, од институциите, па и од архивите на државата? Ова што го говорам денес на оваа прес конференција се потврдува преку повеќе примери и тоа: - недоделувањето на Државните награди „23 Октомври“ и „Гоце Делчев“, - необјавувањето на Програмата за јубилејни годишнини и за минатата година кога се одбележуваа јубилеите како 100 г. од раѓањето на Блаже Конески, - 150 години од раѓањето на Дамјан Груев, - 30 години државност на Републиката/30 години повеќепартиско Собрание, и уште многу други јубилеи. Очигледно, благодарение на погубната политика на партнерите СДСМ и ДУИ, Република Македонија е целосно на колена, уништена, разорена и видоизменета до степен на непрепознатливост. Затоа, почитувани граѓани на Република Македонија, за да си го зачуваме достоинството и да ја заштитиме нашата колективна и институционална меморија, оваа власт која што 5 години со забрзано темпо и безмилосно уништува се’ што е македонско, мора конечно да замине во историјата преку брзи предвремени парламентарни избори. Мора да се стави крај на самоволието на власта предводена од СДСМ/ДУИ, чија единствена цел е уништување на македонскиот идентитет и македонските национални вредности, истакна таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichka-grupa-na-vmro-dpmne-kastriot-redzepi-i-talat-dzaferi-po-kojznae-koj-pat-pokazaa-krajno-nepochituvanje-na-drzavata-republika-makedonija/feed/ 0
Христова: Власта само го празни џебот на граѓаните и секое семејство го задолжува со дополнителни 500 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-vlasta-samo-go-prazni-dzebot-na-gragjanite-i-sekoe-semejstvo-go-zadolzuva-so-dopolnitelni-500-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-vlasta-samo-go-prazni-dzebot-na-gragjanite-i-sekoe-semejstvo-go-zadolzuva-so-dopolnitelni-500-evra/#respond Wed, 28 Jul 2021 12:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=543064

Со ова што го прави власта само го задолжува секое семејство за дополнителни 500 евра или само дополнително им ги празни џебовите на граѓаните и тоа во услови кога се е поскапено, реше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова на собраниската седница за ребаланс на Буџетот за 2021 година. -Се е поскапено, тргнувајќи од основни намирници, па до даноци, а се воведуваат и нови даноци. Власта зборува за зголемување на плати, вработувања, а економската ситуација никогаш не била полоша, констатираше пратеничката Христова. Христова укажа дека во сите земји има инвестиции, а Македонија е на дното. -За кои инвестиции зборувате? За 2020 во Македонија има само 274 милиони евра и е на дно во регионот, Србија има 3,44 милијарди евра, Хрватска има 1,3 милијарди, Албанија е со една милијарда евра. Реализација на капитални инвестиции исто е на катастрофално ниво и заклучно со мај годинава има реализација на само нешто повеќе од 20 проценти од планираните, рече Христова. Таа кажа дека единствено нешто што е реално е тоа што луѓето заминуваат од Македонија. -Луѓето заминуваат затоа што не можат да го поминат месецот со ниски плати и високи даноци. Има само низа лаги дека овој ребаланс е продуктивен и развоен, рече Христова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hristova-vlasta-samo-go-prazni-dzebot-na-gragjanite-i-sekoe-semejstvo-go-zadolzuva-so-dopolnitelni-500-evra/feed/ 0