Даниела Вестбрук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Jun 2023 19:21:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Даниела Вестбрук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британската актерка тврди дека доктор одбил да и даде анестезија за време на операција на лицето https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/britanskata-akterka-tvrdi-deka-doktor-odbil-da-i-dade-anestezija-za-vreme-na-operatsija-na-litseto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/britanskata-akterka-tvrdi-deka-doktor-odbil-da-i-dade-anestezija-za-vreme-na-operatsija-na-litseto/#respond Fri, 16 Jun 2023 19:21:54 +0000 https://kurir.mk/?p=846645

Британската актерка Даниела Вестбрук неодамна ги откри деталите од трауматичното искуство кое го доживеала за време на операција во Турција. Имено, актерката решила да направи реконструкција на лицето по неколкугодишна борба со остеопорозата и оштетувањето на носот предизвикано од зависноста од кокаин. Сепак, таа тврди дека докторот одбил да користи анестезија за време на операцијата и и удрил шлаканица откако таа го замолила да престане да и го сече лицето. Без нејзина дозвола, докторот и ставил метални шипки кои и ја пробиле горната усна. Актерката истакнува дека не отишла во Турција на операција како поевтина опција, туку дека три месеци пред операцијата активно разговарала со својот хирург. Поради недоразбирање во комуникацијата, таа направила 3Д слика на носот, а потоа и било кажано дека е невозможно да се направи корективна процедура поради густината на нејзините коски. Понудени биле филери и ботокс како алтернатива за да го исправи носот и таа се согласила, но не знаела дека ќе и биде направена операција за обликување на лицето. -Седев таму и врескав, плачев од шок. Тој имаше три метални шипки и ми ги става во лице. Му реков дека многу ме боли и го молев да престане бидејќи се исплашив. Не знаев дека ова ќе се случи, навистина беше страшно, објасни Вестбрук. Тогаш хирургот отишол зад неа и ја држел за глава и и рекол да престане да се движи, а потоа и удрил шлаканица и среде процедурата ја напуштил просторијата. Раните и ги сошил друг хирург. Таа наведува дека била испратена дома без антибиотици и дека на кратко го изгубила видот на десното око поради воздушниот притисок во авионот. За потсетување, Даниела имаше затегнување на кожата, липосукција на образите и усните, маснотии на брадата и издлабена вилица откако нејзиниот нос беше уништен од предозирање со дрога во 2002 година. Се проценува дека земала и до пет грама кокаин дневно, каде потрошила околу 250.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/britanskata-akterka-tvrdi-deka-doktor-odbil-da-i-dade-anestezija-za-vreme-na-operatsija-na-litseto/feed/ 0
Беше позната по својата убавина, а денес изгледа целосно деформирано – дрогата и операциите ја уништија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/beshe-poznata-po-svojata-ubavina-a-denes-izgleda-celosno-deformirano-drogata-i-operaciite-ja-unishtija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/beshe-poznata-po-svojata-ubavina-a-denes-izgleda-celosno-deformirano-drogata-i-operaciite-ja-unishtija/#respond Fri, 09 Jul 2021 09:15:38 +0000 https://kurir.mk/?p=534308

Познатата британска актерка Даниела Вестбрук (47) долго време беше мета на потсмев во јавноста поради бројните неуспешни естетски зафати. Порано таа беше позната по својата убавина, но денес изгледа целосно деформирано. Таа се прослави во 1990-та година по улогата која и донесе светска слава. Даниела тогаш го воодушеви светот со нејзината природна убавина, но потоа сè тргна наопаку по низата операции.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tim UK (@tims_special_things)

Пред неколку години, ситуацијата ескалираше, а таа за медиумите откри дека лицето буквално се деформира од силните интервенции. -Јаболчниците и непцата ми скапуваат затоа што порано бев редовен корисник на кокаин, но и поради лошо направена естетска процедура од 2015 година. Поради тоа добив остеопороза, изјави таа за „Мирор“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by EdwardRomunde (@edwardromunde)

Со цел да ги зајакне своите коски пред операцијата, пиеше седум литри млеко дневно како што беше препорачано. Зависноста од опијати и зависноста од корекции на крајот ја донесе на улиците. -Сега живее со пријателка. Финансиски не може да си дозволи ниту да изнајми соба. Им призна на пријателите дека е без пари и дека добива социјална помош. Нејзините пријатели и помагаат, но тие не сакаат да и позајмуваат пари затоа што знаат дека таа никогаш нема да им ги врати,  изјави извор близок на актерката за магазинот „Сега“ пред неколку години. Даниела се уште е во борба со лице кое се распаѓа и во моментов минува низ процедури со кои се обидува да го реконструира. Својот напредок го објавува на Инстаграм и буди бура од коментари на јавноста затоа што тврди дека нејзините слики се без филтри. Секој забележува дека тоа е голема лага.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/beshe-poznata-po-svojata-ubavina-a-denes-izgleda-celosno-deformirano-drogata-i-operaciite-ja-unishtija/feed/ 0