Данијела Ѓуровиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Sep 2022 19:50:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Данијела Ѓуровиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прекината седницата на црногорскиот Парламент, на која требаше да се гласа за смена на Ѓуровиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prekinata-sednicata-na-crnogorskiot-parlament-na-koja-trebashe-da-se-glasa-za-smena-na-gjurovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prekinata-sednicata-na-crnogorskiot-parlament-na-koja-trebashe-da-se-glasa-za-smena-na-gjurovikj/#respond Fri, 02 Sep 2022 19:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=728045

Пратениците во црногорскиот Парламент денеска нема да гласаат за смена на претседателката на Собранието, Даниjела Ѓуровиќ откако парламентарното мнозинство од трите коалиции предводени од Демократскиот фронт, Демократите и Граѓанското движење УРА денеска потпишаа политички договор со кој се обврзаа да формираат нова влада на Црна Гора во следните 15 дена. Денешниот состанок на мнозинството составено од коалицијата на прорускиот Демократски фронт, партијата Демократска Црна Гора на Алекса Бечиќ и Граѓанското движење УРА на Дритан Абазовиќ се одржа откако парламентот на 19 август и изгласа недоверба на владата на Абазовиќ, што беше поддржана од Демократската партија на Социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Договорот за целите на обновената сојуз, што денеска беше потпишан го предложи Демократски фронт. Како цели се наведени: демонтирање на поранешниот режим на Демократската партија на социјалистите, борба против корупцијата и организираниот криминал на сите нивоа, спроведување реформи за вонредни парламентарни избори, економските реформи, пополнувањето позиции во судството, посветеноста на евроинтеграциите, почитување на сите меѓународни обврски и ставање мораториум на сите идентитетски прашања кои го делат општеството. Во потпишаниот документ, меѓу другото, се нагласува дека ниту една структура, која не го формира парламентарното мнозинство од изборите во 2020 година, не може да биде вклучена во меѓусебните договори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prekinata-sednicata-na-crnogorskiot-parlament-na-koja-trebashe-da-se-glasa-za-smena-na-gjurovikj/feed/ 0
Данијела Ѓуровиќ избрана за претседателка на Парламентот на Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/danijela-gjurovikj-izbrana-za-pretsedatelka-na-parlamentot-na-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/danijela-gjurovikj-izbrana-za-pretsedatelka-na-parlamentot-na-crna-gora/#respond Thu, 28 Apr 2022 13:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=669306

Данијела Ѓуровиќ, пратеничка на Социјалистичката народна партија, денеска е избрана за претседателка на Парламентот на Црна Гора. По изборот, Ѓуровиќ положи заклетва. На денешната седница треба да се избере нова малцинска влада на предлог на мандатарот Дритан Абазовиќ. Новата влада, како што е предложена, ќе има 18 ресори, четворица вицепремиери и двајца министри без ресор. На седницата не присуствуваат пратениците на Демократите, Демократскиот фронт, Обединета и Десницата на Црна Гора. На почетокот на февруари црногорскиот Парламент изгласа недоверба на владата на премиерот во заминување Здравко Кривокапиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/danijela-gjurovikj-izbrana-za-pretsedatelka-na-parlamentot-na-crna-gora/feed/ 0