даночен долг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Dec 2020 07:25:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png даночен долг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешниот шпански крал Хуан Карлос подмири даночен долг од околу 700 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shpanski-kral-huan-karlos-podmiri-danochen-dolg-od-okolu-700-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shpanski-kral-huan-karlos-podmiri-danochen-dolg-od-okolu-700-iljadi-evra/#respond Thu, 10 Dec 2020 07:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=441247

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос, кој е во егзил од август во Обединетите Арапски Емирати, додека неколку судски истраги се водат против него, подмирил долг од речиси 680.000 евра кон шпанските даночни власти, објави синоќа неговиот адвокат. „Кралот Хуан Карлос им предаде на фискалните власти потврда од подмирениот даночен долг во износ од 678.393,72 евра со камата“, се вели во изјавата на неговиот адвокат. Тој додава дека неговиот клиент останува на располагање на јавниот обвинител за каква било постапка. Во неделата, весникот Ел Паис откри дека даночната пријава на поранешниот монарх е поврзана со антикорупциска истрага за употребата на кредитни картички на Хуан Карлос. Хуан Карлос наводно користел кредитни картички поврзани со банкарски сметки кои не биле на негово име и се испитува можно перење пари. Тие сметки во банка се на имиња на мексикански бизнисмен и офицер на шпанското воено воздухопловство. Ако се докаже дека поранешниот крал користел пари на кои не плаќал данок, против него би можело да се поведе судска постапка за перење пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shpanski-kral-huan-karlos-podmiri-danochen-dolg-od-okolu-700-iljadi-evra/feed/ 0
Наџиб Разак мора да исплати речиси 400 милиони долари даночен долг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadzib-razak-mora-da-isplati-rechisi-400-milioni-dolari-danochen-dolg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadzib-razak-mora-da-isplati-rechisi-400-milioni-dolari-danochen-dolg/#respond Wed, 22 Jul 2020 11:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=379606

Малезиски суд му наложи на поранешниот премиер Наџиб Разак да подмири околу 400 милиони долари неплатен данок за седум години колку што бил на власт. Наџиб загуби на парламентарните избори во 2018 година, кога народот го осуди поради наводна раширена корупција во неговата влада. Тој се соочува со повеќе обвиненија за корупција и злоупотреба на службената положба, поврзани со кражба на милијарди долари од државниот Фонд за развој (1МДБ), наведуваат малезиските обвинители. Спроведена е и одделна истрага од страна на американското Министерство за правда, со цел да се открие кој имот е купен со наводно украдените средства од 1МДБ, што бил најголем случај кој го истражувал одделот во рамки на својата програма за истраги на клептократија. Поранешниот малезиски премиер ги отфрли сите обвиненија против него. Висок судија истакна дека поранешните премиери не се изземени од плаќање данок и Наџиб ќе мора да го исплати својот долг. Даночните власти минатиот јуни поднесоа тужба против Наџиб за поврат на неплатениот данок во периодот од 2011 до 2017 година, вклучувајќи ги казните и каматите. Наџиб беше премиер на Малезија од 2009 до 2018 година. Тој го основал фондот 1МДБ, од кој се украдени околу 4,5 милијарди долари, тврдат американски и малезиски власти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nadzib-razak-mora-da-isplati-rechisi-400-milioni-dolari-danochen-dolg/feed/ 0