даночни реформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 Aug 2022 15:28:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png даночни реформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата ја усвои Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-usvoi-informacijata-za-nacrt-konceptot-na-danochni-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-usvoi-informacijata-za-nacrt-konceptot-na-danochni-reformi/#respond Wed, 03 Aug 2022 15:28:21 +0000 https://kurir.mk/?p=713570

Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за нацрт-концептот на даночни реформи, согласно Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025). Како што соопшти владината прес-служба, Стратегијата ги утврдува главните цели на даночните реформи, а кои се однесуваат на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем кој ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Во рамки на Стратегијата се дефинирани пет приоритети за креаторите на даночната политика и органите кои ги администрираат јавните приходи: поголема праведност во оданочувањето; поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите; зголемена даночна транспарентност; подобар квалитет на услугите, и воведување на еколошко („зелено“) оданочување. -Подготовката на нацрт-концептот на даночни реформи, Владата преку Министерството за финансии го води низ транспарентен и инклузивен процес, согласно целите и приоритетите на реформите на даночниот систем, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-usvoi-informacijata-za-nacrt-konceptot-na-danochni-reformi/feed/ 0