даноци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 13:21:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png даноци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски за плаќањето даноци: Не смее тие во Слупчане да се привилигирани, а останатите во Македонија да ги плаќаат своите сметки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-plakaneto-danotsi-ne-smee-da-ima-priviligirani-ne-smee-tie-vo-slupchane-da-se-priviligirani-a-ostanatite-vo-makedonija-da-gi-plakaat-svoite-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-plakaneto-danotsi-ne-smee-da-ima-priviligirani-ne-smee-tie-vo-slupchane-da-se-priviligirani-a-ostanatite-vo-makedonija-da-gi-plakaat-svoite-smetki/#respond Fri, 28 Jul 2023 13:11:17 +0000 https://kurir.mk/?p=861147

Владата повторно е нефер и нечесна кон оние кои што си ги завршуваат обврските и кон граѓаните и кон буџетот и кон Македонија односно сите оние кои што ги плаќаат редовно своите давачки кои што се лојални граѓани, сега ќе треба да плаќаат повеќе, а на сметка на тоа тоа оние кои што и досега не плаќале односно кои што се дел од сивата економија ќе продолжат и понатаму да не плаќаат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во Вевчани одговарајќи на новинарско прашање поврзано со законот за солидарен закон. Мицкоски во текот на своето обраќање направи споредба со случајот во Слупчане каде граѓаните бараат да не ги плаќаат заостанати сметки за струја и оние кои што направиле заработка со напорна работа и сега треба да плаќаат дополнителен данок. -Замислете денеска што нас ни се случува. Цела влада,  последните неколку денови е вклучена во преговори со едно село во североисточна Македонија, конкретно зборувам за селото Слупчане да ги убеди граѓаните да ги плаќаат сметките за електрична енергија, нешто што по природата на нештата и по закон треба да го прават, значи ги убедува граѓаните на Слупчане да плаќаат сметки за електрична енергија. Еве да речеме овде во Вечани имаме околу 2.500 жители, наплатата е повеќе од 98% на електрична енергија, претпоставувам таа е наплатата и на даноците. Е сега зошто овие луѓе овде позади мене во Вечани треба да бидат граѓани од втор ред, а овие од Слупчане да бидат привилигирани. Дали и овие треба сега овдека да ги дигнат во воздух транформаторите на ЕВН или нешто друго да направат со што ќе треба да го привлечат вниманието. Дали треба тие тоа да го направат како што го прават нивните сограѓани во Слупчане? Секако дека не, не е тоа начинот, треба секој еден граѓанин да си ги исполни своите обврски кон државата согласно законите и согласно Уставот, рече Мицкоски. Мицкоски заклучи дека: „Не смее да има привилигирани, не смее тие во Слупчане да се привилигирани,а  овие овдека во Вевчани и било каде во Македонија на други места да ги плаќаат своите сметки“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-plakaneto-danotsi-ne-smee-da-ima-priviligirani-ne-smee-tie-vo-slupchane-da-se-priviligirani-a-ostanatite-vo-makedonija-da-gi-plakaat-svoite-smetki/feed/ 0
Мицкоски: Владата да го повлече најавеното зголемување на даноците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vladata-da-go-povleche-najavenoto-zgolemuvane-na-danotsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vladata-da-go-povleche-najavenoto-zgolemuvane-na-danotsite/#respond Tue, 25 Jul 2023 16:51:55 +0000 https://kurir.mk/?p=859962

„Факт е дека Владата на СДС предложи законско решение и ДУИ во кое што беше предвидено зголемување на данокот на додадена вредност за пелетите. Факт е дека потоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа амандман и исто така е факт после неколку дена пратениците на СДС поднесоа ист таков амандман велејќи дека тие се тие што немало да дозволат зголемување на ДДВ. Е , сега се поставува прашањето дали се тие оние исти пратеници од владејачката коалиција кои што претходно седум закони кои што беа дел од проекто „Бехтел и Енка“ без да ги прочитаат, без да го видат Договорот со „Бехтел и Енка“ ги ставија во собраниска процедура или се пак оние истите кои што имаат проблем што значи два – три дена порано, а што значи два – три дена подоцна“, запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во ТВ Тера.

Мицкоски додаде дека е потребно да се намали данокот на додадена вредност и на сметките на електричната енергија со цел да не трпи стандардот на граѓаните на Република Македонија.

„Стандардот на граѓаните трпи удари не само од зголемените даноци туку и со инфлацијата која што цела година руши рекорди. Ние не сакаме да имаме политички кредит од сето ова, нека бидат пратениците од СДС еве тие и нека ги предложат овие амандмани, а ние јас ви ветувам како Коалиција и пратеничка група тоа ќе го поддржиме во Парламентот. Нека бидат тие пратениците кои што ќе побараат повлекување на овие закони од собраниска процедура и нека бидат кои што ќе предложат амандмани“, укажа Мицкоски.

Тој укажа дека во текот на вчерашниот ден пратениците од владејачкото мнозинство одбија да има јавна дебата.

„Така за жал СДС и Владата ја водат својата политика“, нагласи Мицкоски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vladata-da-go-povleche-najavenoto-zgolemuvane-na-danotsite/feed/ 0
Лукаревска: Наплатата на даноци е за 17% повисока од 2021 година, бројките се на наша страна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lukarevska-naplatata-na-danotsi-e-za-17-povisoka-od-2021-godina-brojkite-se-na-nasha-strana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lukarevska-naplatata-na-danotsi-e-za-17-povisoka-od-2021-godina-brojkite-se-na-nasha-strana/#respond Tue, 31 Jan 2023 13:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=794285

Успешната наплата на приходите на УЈП е во зависност од сите општествени текови, рече директорката Сања Лукаревска за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Таа истакна дека колку поуспешно УЈП го полни буџетот, секоја година се повисок план се добива од Министерството за финансии. -Тоа е за нас предизвик, а не пречка, рече Лукаревска. Таа додаде дека „бројките на наплата се на наша страна“, но потенцира дека уште повеќе средства може да се соберат, а тоа е поврзано со законските услови, борбата со сивата економија, но и дигитализација на процесите. – Ланската година имаме наплата на 104 милијарди денари, тоа е 17% повеќе од 2021 година. Имаме раст во делот на данок на добивка, 45% повеќе од 2021, потоа 16% повеќе данок на личен доход, што се базира на вееќ пополнетата даночна годишна пријава, преку е-пдд системот, рече Лукаревска. Таа информира дека има поголема наплата и на ДДВ, за 11,3% во споредба со 2021 година.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lukarevska-naplatata-na-danotsi-e-za-17-povisoka-od-2021-godina-brojkite-se-na-nasha-strana/feed/ 0
Норвешка воведува даноци за електричните возила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-voveduva-danoci-za-elektrichnite-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-voveduva-danoci-za-elektrichnite-vozila/#respond Tue, 03 Jan 2023 12:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=783495

Норвешка го потврди првото место во светот по продажба на електрични автомобили во 2022 година, а Владата најави и дека ќе ги оданочува возилата, насочувајќи го вниманието на електрификација на тешките камиони. Електромобилите учествувале со 79,3 отсто од продажбата на нови возила лани, што е најмногу откако овој вид возила е пуштен во продажба, објави Норвешката федерација за патен транспорт (ОФВ). Во 2021 година нивниот удел во Норвешка бил 65 отсто, а пред 10 години само 2,9 отсто. Норвежаните најмногу ги купувале „Тесла модел Ипсилон“, „Фолксваген ИД.4“ и „Шкода енијак“. Кина е убедливо најголемиот пазар на електромобили, но Норвешка води во светот земајќи го предвид уделот на пазарот, поддржан и од владини субвенции. За да ги поттикне граѓаните да купуваат вакви возила, на пр., Владата ги укина откупните даноци. Во меѓувреме, товарот на буџетот стана поголем и ги натера властите да ја преиспитаат даночната политика. – Електромобилот е новата нормала за Норвежаните, а тоа значи дека треба да ја преиспитаме употребата на парите со коишто располага општеството. Ние сме апсолутно сигурни дека ништо не може да ја загрози иднината на електричните автомобили (во Норвешка). Владата сега мора да се сосредоточи на други транспортни сегменти, како што се тешките камиони, изјави државниот секретар во Министерството за транспорт Јохан Васара.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-voveduva-danoci-za-elektrichnite-vozila/feed/ 0
Белерин: Фудбалерите се луѓето кои треба да плаќаат најмногу даноци https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/belerin-fudbalerite-se-lugjeto-koi-treba-da-plakjaat-najmnogu-danoci/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/belerin-fudbalerite-se-lugjeto-koi-treba-da-plakjaat-najmnogu-danoci/#respond Mon, 02 Jan 2023 19:14:09 +0000 https://kurir.mk/?p=783319

Дефанзивецот на Барселона, Хектор Белерин изјави дека фудбалерите треба повеќе да се грижат за општеството и да плаќаат повисоки даноци. – Фудбалерите се луѓето кои треба да плаќаат најмногу даноци. Потекнувам од семејство каде што требаше да работам од месец во месец за да се издржувам. Сè уште се соочувам со оваа ситуација насекаде. Секој сака да заработи повеќе пари за да се чувствува поудобно. Ова е во ред. Но, со високи примања, треба да гледате не само на вашата околина, туку и на општеството како целина. Фудбалерите се во многу привилегирана позиција. Мора да се потсетиме од каде дојдовме. Треба да бидеме првите што ќе помогнеме за стабилноста на нашето општество, смета Белерин. Дваесет и седумгодишниот фудбалер оваа сезона одигра пет натпревари за Барселона и нема постигнато гол. Неговиот договор со каталонскиот клуб истекува на лето, кога може да стане слободен агент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/belerin-fudbalerite-se-lugjeto-koi-treba-da-plakjaat-najmnogu-danoci/feed/ 0
54 милиони евра годишно планира да собере државата од новите даноци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/54-milioni-evra-godishno-planira-da-sobere-drzavata-od-novite-danoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/54-milioni-evra-godishno-planira-da-sobere-drzavata-od-novite-danoci/#respond Mon, 08 Aug 2022 13:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=715685

54 милиони евра годишно планира да собере државата од новите даноци. Министерот за финансии Фатмир Бесими на брифинг со новинарите ги презентираше даночните реформи кои според најавите треба да стартуваат од 1ви јануари. Измените предвидуваат: Да се плаќаат придонеси за договорците на дело, укинување на највисоката месечна пресметка на социјалните придонеси... Да нема поволности за придонесите за доброволниот пензиски фонд. Укинување на преференции кај премиите за животно осигурување. Укинување на даночното ослободување по основ на реинвестирана добивка за фирмите. И воведување данок на каматите на штедните влогови. - Ако на пример имам 100 илјади денари во банка со 2% годишна камата, тоа значи имам добивка 2 илјади денари годишно. И сега би платил 10% данок, значи 200 денари годишно, кон државата, кажа Фатмир Бесими, министер за финансии Прогресивниот данок кој требаше повторно да се воведе од 1ви јануари, планирано е да биде одложен. Планирани се реформи и кај ДДВ-то, но за сите овие решенија Бесими вели дека не се дефинитивни и допрва ќе се дебатира, што ќе се воведе, а што не. Секое решение ќе има рок за имплементација од шест месеци. Стопанството прво ги слушна новите измени минатата недела и - веќе се изјасни дека е против воедување на нови давачки во време кога државата се наоѓа во повеќе кризи и ја очекува тешка зима. Апелираат надлежните најпрво да работат на сузбивање на сивата економија, а дури потоа да се разговара за било какви промени во даночната политика. Во меѓувреме Статистика измери рекордна инфлација од 16%. Трошоците за живот во јули во однос на претходниот месец најмногу пораснале кај лебот и житата за близу 5%, сирењето и урдата 4,5%, млекото 3,6 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/54-milioni-evra-godishno-planira-da-sobere-drzavata-od-novite-danoci/feed/ 0
МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН: Правата одлука на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде намалување на даноците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-deciden-pravata-odluka-na-vmro-dpmne-kje-bide-namaluvanje-na-danocite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-deciden-pravata-odluka-na-vmro-dpmne-kje-bide-namaluvanje-na-danocite/#respond Sat, 01 Jan 2022 18:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=615439

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното гостување на телевизија Алфа рече дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт прва одлука ќе биде намалување на даноците. Според него клучно за успех е да се сврти вниманието кон државата и да се стави акцент на политиките кои водат кон развој. „Кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе направиме се да се свртиме кон државата. Треба да се има јасна политика за економски развој, социјална политика, образовна политика, да не бидеме најлоши во здравството. Има многу сегменти кои се важни за граѓаните. Треба да работиме за тоа што не обединува, а не што не разединува не можеме ад кажеме дека Македонците се плод на Коминтерната. Тоа не се позиции за 21 век“, вели Мицкоски. Работа, реформи, додава тој, тоа е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. „Ако сакаме да сме успешни треба да бидеме два пати подисциплирнирани и поработливи од големите. Таа дисциплина да ја постигнеме и се ќе дојде само по себе и ќе бидеме вреднувани по други параметри, а не да сме на 111 место по корупција. Правата одлука ќе биде рамен данок или 8 проценти рамен данок, да се намали сивата економија. Тоа е она што е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски заклучувајќи „доколку имаме мотивирани политичари тоа може веднаш да се направи“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-deciden-pravata-odluka-na-vmro-dpmne-kje-bide-namaluvanje-na-danocite/feed/ 0
Николоски: Македонија треба да биде земја со најниски даноци, 8% персоналец и данок на добивка, 0% за младите и реинвестиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nikoloski-makedonija-treba-da-bide-zemja-so-najniski-danoci-8-personalec-i-danok-na-dobivka-0-za-mladite-i-reinvesticija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nikoloski-makedonija-treba-da-bide-zemja-so-najniski-danoci-8-personalec-i-danok-na-dobivka-0-za-mladite-i-reinvesticija/#respond Tue, 14 Dec 2021 10:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=608248

Идејата на Новиот политички договор е да вклучи што повеќе сегменти во себе. Еве на пример во економијата, ние сметаме дека Македонија треба да биде земја со најниски даноци, затоа што ако даноците растат тоа не носи повеќе пари во буџетот, туку сива економија, бизнисот не може да издржи со високи даноци, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Студио 10“ на Телевизија 24. Николоски потенцираше дека идејата е на 8% да се намали и персоналниот данок и данокот на добивка за Македонија повторно да биде земја со најнизок данок, додека за младите и оние кои реинвестираат да биде нула проценти. Според Николоски ова е едно од клучните прашања кои треба да бидат донесени со општ консензус, но не само од политичките партии туку и од експертите и јавноста и во иднина никој да не може тоа да го менува. - Во однос на економската логика, 2006 Македонија имаше 40 отсто невработеност, но даночната реформа во 2007 ја преполови невработеноста. Клучот е Новиот договор кој ќе го понудиме на сите општествени структури, постојат неколку прашања во општеството за кои мора да има широк општествен консензус, не само од политичките партии туку и од поширока група на луѓе кои имаа свое влијание во општеството како МАНУ, универзитетите, јавноста, медиумите, интелектуалната маса, рече Николоски. Тој додаде дека потребни се и реформи во реформи во полицијата, каде што кадрите би биле независни во работењето и би биле изолирани од влијанијата на политичарите, но и дека тоа треба да се реши консензуално. - Мора да има јасен политички консензус помеѓу главните политички партии и останатите, не знам овдека можат да влезе и Факултетот за безбедност, и други чинители и да се каже дека ќе има професионални единици кои што ќе се занимаваат со тие работи. И кои што ќе бидат недопирливи за врвот условно кажано за МВР, ако сакате и нема да има можност било како да влијае било која политичка одлука врз нив и дека ќе бидат заштитени со дополнителни бенефиции, зголемување на плати и заштита на нивен идентитет, нагласи Николоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nikoloski-makedonija-treba-da-bide-zemja-so-najniski-danoci-8-personalec-i-danok-na-dobivka-0-za-mladite-i-reinvesticija/feed/ 0
Владата планира покачување на даноците, дали ќе биде опфатен и ДДВ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-planira-pokachuvanje-na-danocite-dali-kje-bide-opfaten-i-ddv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-planira-pokachuvanje-na-danocite-dali-kje-bide-opfaten-i-ddv/#respond Fri, 21 May 2021 12:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=513318

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по вчерашната препорака на академикот Таки Фити, вели дека владата размислува за покачување на даноците. Имено според препораките на Фити треба да се зголеми данокот на имот, да има блага прогресија кај персоналецот и да се размислува за воведување на еколошки даноци. Битиќи посочил дека за даночни реформи ќе се чека да завршат консултациите кои најверојатно ќе траат шест месеци. Од дебатите со експертите ќе се знае дали има потреба и од воведување на кризен данок како што беше ситуацијата во 2001 година. Кај персоналниот данок не можеме бланко да кажеме дека прифаќаме, затоа што се стремам дека на одредени сектори треба да им се намали персоналниот данок и данокот на личен доход, затоа што само така ќе влеземе во сегментот на рестарт на економијата и земјава да ја направиме конкурентна на глобално ниво-рече Битиќи Засега нема информации во која ансока се плановите на владата за воведување на кризен данок, но според информации од економски аналитичари се разгледува и можноста за покачување на данокот на додадена вредност. Ааналитичарите велат дека сеуште е неблагодарно да се кажува дали и колку ќе порасне ДДВ-то, како дел од корупосот даночни промени и покачувања кои се проектираат со цел да се намали буџетската дупка. Сеуште нема ниту проекции дали закрпувањето на буџетот ќе го погоди стандардот на сите граѓани или само на одредени категории, но велат дека актуелната состојба немоновно носи кон зголемување на даноците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-planira-pokachuvanje-na-danocite-dali-kje-bide-opfaten-i-ddv/feed/ 0
Мицкоски: Се задолжија милијарди, а сега со зголемување на даноците народот треба да ја плаќа нивната неспособност и криминалии! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-zadolzija-milijardi-a-sega-so-zgolemuvanje-na-danocite-narodot-treba-da-ja-plakja-nivnata-nesposobnost-i-kriminalii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-zadolzija-milijardi-a-sega-so-zgolemuvanje-na-danocite-narodot-treba-da-ja-plakja-nivnata-nesposobnost-i-kriminalii/#respond Thu, 25 Mar 2021 08:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=487437

Заев со покачување на даноците директно удира по џебот на народот. Во време на корона ќе страдаат најсиромашните, но и сите други. Се задолжија милијарди, а сега народот треба да ја плаќа нивната неспособност и криминалии, реагира преску социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако вчера министерот за финансии Фатмир Бесими најави зголемување на даноците. Ова е план на Заев и Бесими да му ја одерат кожата на народот. Одете си, секој ден поминат во тие фотелји е на штета на државата и народот, пишува во својата реакција Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-zadolzija-milijardi-a-sega-so-zgolemuvanje-na-danocite-narodot-treba-da-ja-plakja-nivnata-nesposobnost-i-kriminalii/feed/ 0