данок на имот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Nov 2022 12:53:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png данок на имот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Штип достави 2.000 решенија за присилна наплата на данок на имот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-shtip-dostavi-2-000-reshenija-za-prisilna-naplata-na-danok-na-imot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-shtip-dostavi-2-000-reshenija-za-prisilna-naplata-na-danok-na-imot/#respond Wed, 02 Nov 2022 12:53:07 +0000 https://kurir.mk/?p=754550

Околу 2.000 штипјани и фирми се соочуваат со присилна наплата на данокот на имотот кон Општина Штип. Решенијата се доставени до даночните обврзници, кои не ја подмириле својата обврска за претходната година. Драган Каров вработен во Општина Штип вели дека во самите решенија на даночните обврзници им пишува до кога треба да го платат данокот на имот. -Решенијата се доставени, има и известување на веб страната на Општина Штип и се доставени до даночните обврзници. Оние коишто нема да си ги подмират даночните обврски од тие решенија ги пуштаме до банките, каде што имаат сметки и општината си ги наплатува средствата, вели Каров. Посочи дека се задоволни од тековната наплата на данокот за имот и во моментов наплатата од домаќинствата изнесува 50%, а на фирмите 55%. Овие средствата кои ги плаќаат граѓаните на име на данок на имот се инвестираат во изградба на нови тротоари, асфалтирање на улици, реконструкција на водоводна и канализациона мреа. Како и во нови спортски игралишта, детски катчиња и паркови.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-shtip-dostavi-2-000-reshenija-za-prisilna-naplata-na-danok-na-imot/feed/ 0
ЗЕЛС со повик за подмирување на данокот на имот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zels-so-povik-za-podmiruvanje-na-danokot-na-imot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zels-so-povik-za-podmiruvanje-na-danokot-na-imot/#respond Mon, 11 Apr 2022 08:45:47 +0000 https://kurir.mk/?p=661181

Во општините во тек е постапка за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година, информира Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). – Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој основ можат најдоцна до 15 април да го исплатат својот долг по основ на решенија за данок на имот и по основ на решенија за комунална такса фирмарина без дополнителни трошоци, се наведува во соопштението. Од ЗЕЛС ги повикуваат сите физички и правни лица кои го немаат пријавено имотот на подрачјето на општините или промените на имот, да го сторат истото во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 година, се движат од 300 до 10.000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица, додека за физички лица глобата за непријавување, односно неподнесување на даночна пријава е во висина до 250 евра, при што за истото следи соодветна прекршочна постапка. Од Заедницата потсетуваат дека во рамки на законските надлежности на локалната самоуправа, општините вршат надзор и контроли врз сите физички и правни лица, со цел законски, правилно и навремено утврдување на данокот на имот со цел овозможување праведно и правично оданочување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zels-so-povik-za-podmiruvanje-na-danokot-na-imot/feed/ 0
Град Скопје се приклучува во кампањата „МОЈОТ ДАНОК, ЗА МОЈАТА ОПШТИНА!“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-se-prikluchuva-vo-kampanjata-mojot-danok-za-mojata-opshtina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-se-prikluchuva-vo-kampanjata-mojot-danok-za-mojata-opshtina/#respond Thu, 07 Apr 2022 09:23:12 +0000 https://kurir.mk/?p=659577

Градот Скопје се приклучува во кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ - До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот, кој се реализира во соработка со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). - Проектот има за цел да ја подигне јавната свеста за потребата и придобивките од навременото подмирување на данокот на имот со цел добивање на ефикасни и квалитетни услуги од единиците на локална самоуправа. Со навременото подмирување на данокот на имот, сите ние придонесуваме во за нашата општина да расте, се развива и модернизира. Со плаќањето на данок на имот се зајакнуваат финансиските капацитети на општините и овие средства се користат за капитални инвестиции, како што се изградба на градинки, училишта, комунална инфраструктура, паркови и други јавни добра, стои во соопштението на град Скопје. Од таму велат дека Градот Скопје ги поддржува сите добри иницијативи и проекти кои ќе придонесат за финансиско зајакнување на општините, чија крајна цел е зголемување на квалитетот на услугите кои ги нудиме и подобрување на животот на нашите граѓани. Видеата од кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ - До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот можете да ги погледнете на следните интернет врски – - https://www.youtube.com/watch?v=kV46872donQ&t=4s (на македонски јазик) - https://www.youtube.com/watch?v=ODR4_3DNhuw (на албански јазик) Дополнително градот Скопје доставуви пропаганден материјал на македонски и албански јазик.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-se-prikluchuva-vo-kampanjata-mojot-danok-za-mojata-opshtina/feed/ 0
ЗЕЛС: Граѓаните да го подмират данокот на имот и да избегнат дополнителни трошоци за присилна наплата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zels-gragjanite-da-go-podmirat-danokot-na-imot-i-da-izbegnat-dopolnitelni-troshoci-za-prisilna-naplata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zels-gragjanite-da-go-podmirat-danokot-na-imot-i-da-izbegnat-dopolnitelni-troshoci-za-prisilna-naplata/#respond Tue, 05 Apr 2022 11:15:20 +0000 https://kurir.mk/?p=658706

 ЗЕЛС ги информира граѓаните дека во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година. „Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој основ можат најдоцна до 15 април да го подмират својот долг по основ на решенија за данок на имот и по основ на решенија за комунална такса фирмарина без дополнителни трошоци. Ги повикуваме сите физички лица и правни лица кои го немаат пријавено својот имот на подрачјето на општините или промените на имот, да го сторат истото во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 година, се движат од 300 до 10000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица, додека за физички лица глобата за непријавување, односно неподнесување на даночна пријава е во висина до 250 евра, при што за истото следи соодветна прекршочна постапка“ - велат од ЗЕЛС. Во рамките на законските надлежности на локалната самоуправа, општините вршат надзор и контроли врз сите физички и правни лица, со цел законски, правилно и навремено утврдување на данокот на имот со цел овозможување праведно и правично оданочување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zels-gragjanite-da-go-podmirat-danokot-na-imot-i-da-izbegnat-dopolnitelni-troshoci-za-prisilna-naplata/feed/ 0
Општина Штип почна со изготвување на решенијата за данок на имот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-shtip-pochna-so-izgotvuvanje-na-reshenijata-za-danok-na-imot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-shtip-pochna-so-izgotvuvanje-na-reshenijata-za-danok-na-imot/#respond Fri, 04 Feb 2022 08:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=626853

Општина Штип ги изготвува новите решенија за данок на имот. Драган Каров од Општина Штип вели декa решенијата ќе се изготват во предвидениот рок, до крајот на март. Точна бројка колку решенија ќе се достават до домаќинствата засега нема, бидејќи во тек се известувањата од граѓаните дали го користат недвижниот имот или не. – Кога службите ќе ги обработат ќе се пристапи кон изготвување на решенијата. Инаку, Општина Штип за 2021 година има16.500 обврзници за данок на имот за физички лица и 360 за правни лица, изјави Каров и посочи дека е намален процентот на наплатата на данок на имот во 2021 година. Според општински служби, ова се должи на ковид пандемијата. Лани наплатата изнесувала 61 отсто. Средствата кои општината ги добива преку овој данок ги користи за капитални инвестиции, односно за изградба на објекти, улици, тротоари, детски игралишта, како и за изведба на водоводна и канализациска мрежа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-shtip-pochna-so-izgotvuvanje-na-reshenijata-za-danok-na-imot/feed/ 0
Иако не плаќа данок на имот Арачиново може да добие 554.000 евра за инфраструктура https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/iako-ne-plakja-danok-na-imot-arachinovo-moze-da-dobie-554-000-evra-za-infrastruktura/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/iako-ne-plakja-danok-na-imot-arachinovo-moze-da-dobie-554-000-evra-za-infrastruktura/#respond Mon, 15 Mar 2021 15:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=482722

Општините во Македонија ќе може да добијат од 500.000 до 2 милиони евра за реконструкција и санација на локалните улици и патишта. За оваа намена се обезбедени 70 милиони евра, а проектот се релизира со помош на Светска банка. Секоја општина со проектна документација може да аплицира за пари за реконструкција и санација на локалните патишта, а кај оние што аплицирале во првата фаза, работите на терен треба да почнат на крајот од месецов. Со овој проект се обезбедуваат подобри услови за живеење, локален економски развој, подобра комуникација меѓу граѓаните и побезбеден сообрачај – информира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Паричниот износ што може да го добие секоја општина зависи од нејзината големина, бројот на населението, бројот на возилата, односно според прецизно утврдена методологија. Одговарајќи на новинарско прашање, дали и колку пари може да добие Арачиново и покрај тоа што таму, како што се обелодени, има нула наплата на данок на имот, министерот Бочварски изјави дека според таа методологија и на оваа општина и следуваат 554.000 евра. -Ова е износот што следува отако Општината Арачиново ќе достави проектна документација. Еве јас ја користам можноста да апелирам до граѓаните да плаќаат данок, затоа што колку има поголема наплата, толку и подобра инфраструктура ќе имаат. Но, и во Арачиново живеат луѓе и заслужуваат добри улици и нив им следуваат пари во рамките на овој проект, изјави Бочварски. Тој потенцира дека е објавен втор повик за градежни работи за подобрување на инфраструктурата во општините согласно нивните изработени проекти. Во втората фаза се опфатени 21 општина и Градот Скопје кои до Министерството за транспорт и врски доставиле комплетна техничка документација. Опфатени се 35 патишта со вкупна должина од 35,5 километри и со проценета вредност од околу 7 милиони евра. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за наплата на данок за имот за 2017, 2018 и 2019 година покажа дека Општина Арачиново е единствената општина која воопшто не наплаќа данок за имот. Тоа предизвика негативни реакции во јавноста, особено поради одлуката на Владата на 11 декември 2020 година да го помогне Арачиново со 500.000 евра неповратна помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/iako-ne-plakja-danok-na-imot-arachinovo-moze-da-dobie-554-000-evra-za-infrastruktura/feed/ 0
„ДОЈДЕ ЖИВОТОТ“: Трипати повисок данок за недвижен имот кој не се користи, еве од кога ќе важат законските измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivotot-tripati-povisok-danok-za-nedvizen-imot-koj-ne-se-koristi-eve-od-koga-kje-vazat-zakonskite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivotot-tripati-povisok-danok-za-nedvizen-imot-koj-ne-se-koristi-eve-od-koga-kje-vazat-zakonskite-izmeni/#respond Thu, 10 Dec 2020 16:41:46 +0000 https://kurir.mk/?p=441614

Данокот на имот за недвижен имот кој не се користи подолго од шест месеци во текот на една година, ќе се зголеми за трипати, предвидуваат измените на Законот за даноци на имот, кој денеска е усвоен на владина седница. Измените ќе важат од 1 јануари 2022 година, а законот ќе оди во редовна постапка. Целта е, како што информира владината прес- служба, да се обезбеди прогресивно, праведно одданочување. – Со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со повеќе пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот, се наведува во соопштението од Владата. Доколку државата, општините, Градот Скопје и општините во него, како и физичките и правните лица не го пријават недвижниот имот, кој не го користат, ќе платат данок за петпати повисок од пропишаниот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivotot-tripati-povisok-danok-za-nedvizen-imot-koj-ne-se-koristi-eve-od-koga-kje-vazat-zakonskite-izmeni/feed/ 0
Град Скопје: Во тек е присилна наплата на данокот на имот за 2019 година https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-vo-tek-e-prisilna-naplata-na-danokot-na-imot-za-2019-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-vo-tek-e-prisilna-naplata-na-danokot-na-imot-za-2019-godina/#respond Mon, 05 Oct 2020 10:35:12 +0000 https://kurir.mk/?p=412498

Град Скопје ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ број 61/2004....23/2016 ), во тек е постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година. Сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, требa да ги подмират своите обврски. -Воедно, Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи ја следната патека https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml. Потсетуваме дека во тековната година во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните,  односно таксените обврзници, соопштуваат од Град Скопје. Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-vo-tek-e-prisilna-naplata-na-danokot-na-imot-za-2019-godina/feed/ 0
Тевдовски: Општините да го зголемат данокот на имот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tevdovski-opshtinite-da-go-zgolemat-danokot-na-imot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tevdovski-opshtinite-da-go-zgolemat-danokot-na-imot/#respond Wed, 17 Apr 2019 19:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=187894

Министерот за финансии вели дека општините можат да ги зголемат приходите доколку го зголемат данокот на имот на граѓаните. „Иако имаат можност да соберат повеќе средства со данокот на имот за кој има можност од 0,1 до 0,3 отсто никоја од општините тоа не го прави. Поради борбата за гласови не ја зголемуваат најниската стапка и сите одат со 0,1 отсто“, рече Драган Тевдовски одговарајќи на прашање на поранешниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи. Министерот, на дебатата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, побара општините да размислуваат за подобрување на приходните страни и планирањето на трошоците, а не да бараат повеќе пари од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tevdovski-opshtinite-da-go-zgolemat-danokot-na-imot/feed/ 0
Град Скопје ќе врши присилна наплата на заостанат и неплатен долг од 2013 до 2017 година https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-vrshi-prisilna-naplata-na-zaostanat-i-neplaten-dolg-od-2013-do-2017-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-vrshi-prisilna-naplata-na-zaostanat-i-neplaten-dolg-od-2013-do-2017-godina/#respond Thu, 15 Nov 2018 11:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=128108

Град Скопје ќе почне постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот за 2013 година, а заклучно со 2017 година, согласност со одредбите за присилна наплата  и обврските што произлегуваат  од Законот за даноците на имот. -Им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и неплатен долг, за да не дојде до присилна наплата потребно е неодложно да ги подмират своите обврски, стои во соопштението до Град Скопје. Информираат дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картичка, која е објавена на интернет сајтот на Град Скопје со извршена регистрација на истиот. Порачуваат дека со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, даночниот обврзник може да се јави, односно лично да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16 секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот. Од Град Скопје потествуваат дека во март се испратени опомени за неплатен данок на сите  даночни обврзници. Појаснуваат дека од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата на данокот на имот по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата што ќе бидат доставени до даночните обврзници. Доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на должниците во деловните банки.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-kje-vrshi-prisilna-naplata-na-zaostanat-i-neplaten-dolg-od-2013-do-2017-godina/feed/ 0