данок на солидарност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Jul 2023 05:48:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png данок на солидарност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжува комисиската дебата за данокот на солидарност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-komisiskata-debata-za-danokot-na-solidarnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-komisiskata-debata-za-danokot-na-solidarnost/#respond Tue, 25 Jul 2023 05:48:06 +0000 https://kurir.mk/?p=859651

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи дебатата по амандманите за Предлог законот за данок на солидарност, што со предложените измени на законите за ДДВ и за данок на добивка, се доставени од Владата со европско знаменце по скратена постапка. За Предлог законот за данок на солидарност се поднесени три амандмани. На првиот ден од дебатата, вчера, беше одбиено барањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за овој закон да се одржи јавна расправа. Опозициските пратеници во тек на расправата го критикуваа предлогот со став дека Владата нема право да им наметнува нови давачки на фирми кои се борат да работат чесно, како и дека никаде во Европа земјите не вовеле солидарен данок за да се оданочат компании кои оствариле профити. Таквите тврдења ги отфрли министерот за финансии Фатмир Бесими кој посочи дека го има во Хрватска, Унгарија, Бугарија, Шпанија и во други земји на ЕУ, но и во Велика Британија која не е членка на Унијата. Бесими посочи дека првите три точки од меморандумот што Владата треба да го потпише со Европската комисија се овие три закони за даночна реформа (данок на солидарност, на додадена вредност и данок на добивка) и затоа тие се дискутираат во Комисијата за европски прашања. Предлогот закон за данокот на солидарност предложен од Министерството за финансии, предвидува воведување данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка, при што обврзник за плаќање на овој вид на данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари. Стопанските комори се против воведување данок на солидарност и во повеќе наврати побараа негово повлекување. Стопанската комора на Северна Македонија преку Клубот 100, упати допис до претседателот на Собранието, премиерот и до министерот за финансии со кој бараат да запре донесувањето на законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-komisiskata-debata-za-danokot-na-solidarnost/feed/ 0
Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-vladata-go-povleche-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost-no-barame-tselosno-da-se-stopira-negovoto-donesuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-vladata-go-povleche-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost-no-barame-tselosno-da-se-stopira-negovoto-donesuvane/#respond Thu, 06 Jul 2023 12:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=853578

Невозможно е да се гради предвидлива бизнис клима ако со години не се носат клучни, издржани закони кои би го подобриле работењето на компаниите, а се туркаат ад-хок решенија, по скратена постапка. Тоа мора да престане. Мора да научиме да почитуваме принципи и тоа што е договорено, да се имплементира. Не може да се менуваат правилата преку ноќ, ниту треба да се менуваат со секоја промена на власта. Неопходен е континуитет. Бизнисот бара систем, но смета и дека секое решение донесено од страна на државата треба да е добро, не само за стопанството, туку и за граѓаните. Ова е пораката што денеска од прес-конференција ја испратија претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, потпретседателот Зоран Јовановски и извршниот директор Антони Пешев. Тие соопштија дека Владата го испочитувала барањето на бизнис секторот и го повлекла Предлог-законот за данок на солидарност од собраниска процедура, но тоа, како што рекоа, не е доволно. Мора да се стопира целосно носењето на овој закон, а ако евентуално повторно се активира постапката за негово донесување, тогаш прво ќе треба да се разговара со бизнисот. Комората, рече Пешев, силно се противи на паушалната употреба на европското знаменце за донесување на законите, зашто се има впечаток, како што објасни, дека овој механизам се користи и кога навистина се работи за европски закони, но и кога се работи за закони за кои нема општ консензус, па практично се злоупотребува. Азески, пак, уште еднаш укажа на потребата од потпишување на Декларацијата што Комората ја донесе минатата година и зад која стојат МАНУ, универзитетите во земјава, Организацијата на работодавачи, Делегацијата на германското стопанство и Занаетчиската комора. Тоа, нагласи, ќе значи национален консензус околу клучните прашања и гаранција за спроведување долгорочни економски политики, односно „враќање од партиската кон државната агенда“. -Владата не послуша, го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но ние бараме не само да се повлече, туку и да се запре целосно неговото натамошно процесуирање. Очекуваме, ако го повлечле законот и ако сакаат повторно да го активираат, прво да разговараат со бизнисот. Мора да престане практиката на носење закони по брза постапка. Имаме 250 странски инвеститори и 15 000 наши членки кои бараат систем и предвидливост. За бизнисот тоа е клучно. Никој не е против да плаќа даноци, но не може преку ноќ да се менуваат правилата. Тоа што ќе се договори, треба и да се имплементира, рече Азески. Според него, излезното решение е во потпишувањето на Декларацијата, во склучување договор меѓу државниот и приватниот сектор со кој би се регулирале меѓусебните односи. -Тоа може да се направи во наредните недели и месеци. Од наша страна се е кажано, но имаме сериозен проблем со имплементацијата. Мора да научиме да почитуваме принципи, а не да ги менуваме со секоја промена на власт. Не можам да речам дека институциите не не сослушале, но работата е во имплементацијата, да се спроведат постапките за да се дојде до решенија најдобри и за бизнисот и за граѓаните, подвлече претседателот на Комората. И според потпретседателот Јовановски, бизнисот бара систем и предвидливост. Тој ги повтори укажувањата на бизнисот зошто се бара целосно стопирање на Предлог-законот за данок на солидарност. Се осврна и на т.н. Даночен календар што го иницираше Комората. -Даночниот календар значи дека заклучно со 30 јуни тековната година, државата ќе му соопшти на бизнис што е она што се менува или се воведува ново во сферата на даноците или други давачки, а ќе важи од 1 јануари. Така, бизнис секторот ќе има можност во текот на втората половина од годината, кога ги прави своите финансиски планови за наредната година, да ги вгради ефектите кои ќе произлезат од новите законски или подзаконски решенија, објасни Јовановски. Често досега, рече, нови законски решенија се предлагаат во ноември, декември, на веќе донесени финансиски планови, што предизвикува голема нерамнотежа во неработењето на компаниите. -Сега сме веќе јули, па какво било ставање на вакво решение како Предлог-законот за данок на солидарност, оди директно во спротивност со Даночниот календар, истакна Јовановски. Извршниот директор на Комората, Пешев предочи дека не може во сопствената држава да биде казнет оној што во изминатиот период бил успешен зашто се наметнал на новите пазари и остварил екстра добивка. -Секогаш кога се носи закон со социјална димензија и во кој селективно се собираат приходите од најуспешните, тогаш мора да се има и програма како ќе биде распределен. Солидарноста се однесува на компаниите ако тие навистина ја злоупотребиле својата монополска позиција на пазарот и создале екстра профит на штета на граѓаните, но тука за тоа не станува збор. Дополнително, значен дел од фирмите кои ќе бидат засегнати се од категоријата компании со странски инвеститори за кои ова е неразбирливо зашто апсолутно не било ниту предвидено, ниту најавено, туку ретроактивно им се зема дел од добивката што драматично ќе делува на нивната глобална позиција и на пазарите каде котираат. На тој начин не смееме да продолжиме. Предвидливоста е клучниот елемент на дефинирањето на програмите на компаниите кои во текот на годината се прилагодуваат според своето работење за реализирање коректни финансиски резултати, а вака, им се навлегува не само во работењето оваа година, туку им се нарушува и билансот од лани. Мислам дека Владата ќе има разбирање да не продолжи со овој данок, потенцира Пешев. Тој додаде дека злоупотребата на европското знаменце при донесувањето на законите не е поддржано од ЕУ, тоа го потврдија и нејзините претставниците на ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-vladata-go-povleche-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost-no-barame-tselosno-da-se-stopira-negovoto-donesuvane/feed/ 0
Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biznis-zaednitsata-bara-povlekuvane-i-zapirane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biznis-zaednitsata-bara-povlekuvane-i-zapirane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/#respond Wed, 05 Jul 2023 09:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=852903

Бизнисот бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност, соопшти денеска Стопанската комора. Според Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Комората, „јасна е намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, а тоа ќе нанесе поголема штета, одошто добро“. -Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Стопанската комора, ја повикува Владата да го повлече Предлог-законот за данок на солидарност и со тоа да покаже сериозен однос кон укажувањето на најголемата и најбројна бизнис асоцијација во државата. Исто така, сакаме да напоменеме дека е јасна намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета него добро, наведува Комората. Според Комората, ваков данок, што се носи ад-хок, во втората половина на деловната година, создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори. Стопанската комора уште еднаш ги афирмира своите забелешки во однос на предложениот закон. -Укажуваме на селективен пристап зашто се опфатени само поголемите компании кои остваруваат приход поголем од 615 000 000 денари, се врши оданочување на добивката што ја оствариле компаниите, независно дали е таа резултат на пазарните услови (остварена екстра добивка поради движења на пазарите на енергенси или други причини кои довеле до конјуктурни поместувања на пазарот) или е резултат на нивното работење, односно резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари, дестимулирање на успешните компании кои се инвестициски ориентирани, односно во неповолна положба се доведуваат компании кои инвестирале во претходните години, ефектот што се очекува од примената на законот во смисла на обезбедување дополнителни средства во државниот буџетот, може да изостане за делот на добивката на компаниите кои се корисници на државна помош, од причина што ќе се намали нивниот индивидуален износ на доделена државна помош, и по тој основ нема да се зголемат приходите во буџетот, потенцира Комората. Воедно потсетува и дека изминатиот период во континуитет укажувала дека носењето вакво законско решение за измината фискална година (конкретно за 2022 година), создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека правната сигурност е еден од врвните приоритети за кои се залага како застапувач на интересите на бизнис заедницата во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/biznis-zaednitsata-bara-povlekuvane-i-zapirane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/feed/ 0
Околу 200 компании ќе плаќаат данок на солидарност, се очекува да се соберат 80 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/okolu-200-kompanii-ke-plakaat-danok-na-solidarnost-se-ochekuva-da-se-soberat-80-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/okolu-200-kompanii-ke-plakaat-danok-na-solidarnost-se-ochekuva-da-se-soberat-80-milioni-evra/#respond Fri, 03 Feb 2023 12:38:21 +0000 https://kurir.mk/?p=795734

Околу 200 компании кои оствариле над 10 милиони евра профит ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, а сумата што се предвидува да се добие од овој придонес е 80 милиони евра, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Законското решение е веќе во собраниска процедура, а Ковачевски очекува да биде поддржано од пратениците. Тој воедно не смета, како што изјави, дека ќе има какво било затајување на овој солидарен данок зашто се работи за респектабилни компании, етаблирани на домашниот пазар. Премиерот не прецизира кои фирми конкретно ќе треба да плаќаат данок на солидарност, само нагласи дека данокот ќе се однесува на сите што се опфатени со законот. -Законското решение се однесува на екстра профитот. Добивката од последната година се споредува со просекот од изминатите гоини и оној дел што е повисок за 20 проценти се оданочува со стапка од 30 отсто. Сите компании опфатени во делот на законските одредби нормално дека во своите даночни биланси на крајот на пресметковниот период треба да го прикажат и овој данок. Не би елаборирал компании поединечно, по индустрии, зашто законот е многу јасен, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Виталиа“. Тој уште еднаш потсети дека ваков закон има и во некои земји од регионот, како и во држави членки на ЕУ. -Драго ми е што законот е усвоен на Владата и веќе е испратен во Собранието. Данокот за солидарен придонес не е карактеристика само за нашата држава, туку и за многу други земји, членки на ЕУ и земји од регионот. Законот е донесен низ инклузивен дијалог со стопанските комори и со компании кои оствариле високи профити изминатите години. Уште на почетокот на кризата кажавме дека ова не е време на изобислтво, туку на солидарност, кога секој ќе треба да придонесе за општеството, потенцира Ковачевски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/okolu-200-kompanii-ke-plakaat-danok-na-solidarnost-se-ochekuva-da-se-soberat-80-milioni-evra/feed/ 0