Данска – Австралија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jan 2022 09:27:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Данска – Австралија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Расте бројот на новозаразени со коронавирус во Австралија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-avstralija/#respond Tue, 04 Jan 2022 09:27:23 +0000 https://kurir.mk/?p=615893

Се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот во Австралија, со што се зголемува и притисокот врз тамошните болници и центри за тестирање. Во најнаселената сојузна држава на континентот, Нов Јужен Велс, регистрирани се 23.131 нови случаи. Најголемата бројка е регистрирана на последниот ден од старата година, кога 22.577 лица биле позитивни на тестот. Моментално во болница се сместени 1.344 лица. Во сојузната држава Викторија денеска се регистрирани 14.020 нови случаи на заразени, а вчера имало 8.577. Официјалните лица ги повикаа луѓето да не одат во болници освен ако не е неопходно, за да се намали притисокот врз здравствениот систем. Некои центри за тестирање денеска мораа да бидат затворени поради недостиг на персонал и голем број тестови кои пристигнуваат за обработка во лаборатории.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-avstralija/feed/ 0
Ван Марвијк разочаран по ремито со Данска https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-marvijk-razocharan-po-remito-so-danska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-marvijk-razocharan-po-remito-so-danska/#respond Thu, 21 Jun 2018 16:10:04 +0000 https://kurir.mk/?p=68314

Австралија требаше да победи на натпреварот против Данска, изјави селекторот на „кенгурите“ Берт ван Марвијк. Холандскиот стратег изрази жалење за изгубените два бода, кои можеа да помогнат на неговата репрезентација да продолжи напред на светскиот шампионат во Русија. - Чувствувам дека требаше да победиме. Нешто слично видовме и во натпреварот со Франција. Разочаран сум, но сум горд со претставувањето на тимот. Дефинитивно заслуживме многу повеќе од овие две средби. Многу сум разочаран. Ни недостасува само последниот дел од сложувалката. Сега треба да се фокусираме на составот на Перу. Се уште имаме шанси за пласман во осминафиналето, изјави Ван Марвијк по дуелот. Селекторот откри дека светското првенство за Ендрју Набут е завршено, бидејќи тој има повреда на рамото. Набут беше принудно заменет од Томи Јуриќ четвртина час пред крајот на дуелот во Самара. - Повредата на рамото му е лоша. Сметам дека турнирот за него заврши", рече уште Марвијк. Австралија игра против Перу на 26 јуни во Сочи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/van-marvijk-razocharan-po-remito-so-danska/feed/ 0
Данска и Австралија ремизираа во Самара https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/danska-i-avstralija-remiziraa-vo-samara/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/danska-i-avstralija-remiziraa-vo-samara/#respond Thu, 21 Jun 2018 14:24:25 +0000 https://kurir.mk/?p=68279

Данска и Австралија одиграа со 1-1 во својот натпревар во вториот круг од групната фаза на Светското првенство во 2018. Дуелот во Самара понуди убав фудбал, во кој првото полувреме беше изедначено, а второто помина под диктатот на „кенгурите“ на Берт ван Марвијк. Кристијан Ериксен го отвори резултатот со многу убав гол во осмата минута, додека Миле Једињак израмни од пенал во 37-та минута. Ударот од 11-метри беше досуден од судијата Матеу Лаос откако го повика на помош ВАР системот. Данска веќе има 4 поени, додека Австралија има само еден. Во групата „Ц“ исто така се екипите на Франција - 3 поени и Перу - 0 поени, а двете екипи играат подоцна денес. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/danska-i-avstralija-remiziraa-vo-samara/feed/ 0