данска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 05:12:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png данска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Данска со најдобриот тим ќе атакува на висок пласман на СП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/danska-so-najdobriot-tim-ke-atakuva-na-visok-plasman-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/danska-so-najdobriot-tim-ke-atakuva-na-visok-plasman-na-sp/#respond Fri, 03 Nov 2023 05:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=895979

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Данска, Јеспер Јенсен, го одреди конечниот список на ракометарки за настап на Светското првенство 2023. Јенсен на финалниот список стави 18 ракометарки, шест од нив се интернационалки, додека останатите 12 доаѓаат од данскиот шампионат, односно од Есбјерг, Оденсе и Икаст. Данската селекција на 20 ноември ќе ја одработи последната фаза од подготовките пред настапот на Мундијалот, кој ќе се одржи во периодот од 29 ноември до 17 декември. Избраничките на Јенсен на 25 и 26 ноември ќе тестираат против репрезентацијата на Бразил, која исто така е учесник на Светското првенство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/danska-so-najdobriot-tim-ke-atakuva-na-visok-plasman-na-sp/feed/ 0
Данска ќе и донира на Украина воена опрема во вредност од речиси половина милион евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-ke-i-donira-na-ukraina-voena-oprema-vo-vrednost-od-rechisi-polovina-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-ke-i-donira-na-ukraina-voena-oprema-vo-vrednost-od-rechisi-polovina-milion-evra/#respond Thu, 26 Oct 2023 18:42:21 +0000 https://kurir.mk/?p=893539

Данска ќе и донира на Украина воена опрема во вредност од 3,7 милијарди круни (околу 495 милиони евра), соопшти денеска данското Министерство за одбрана и ја потврди својата „непоколеблива поддршка“ за Украина. Донацијата вклучува тенкови, борбени возила на пешадија, артилериска муниција, беспилотни летала и малокалибарско оружје, се наведува во соопштението на данското МО. Два дена по посетата на данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен на Киев, Копенхаген ја донира 13. помош по ред, што вклучува опрема што ја бара Украина – муниција, артилериско орудие, тенкови и оклопни возила. Денешната донација потврдува дека Украина може да смета на непоколебливата поддршка на Данска во нејзината борба за слобода, изјави шефот на данската дипломатија Ларс Расмусен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-ke-i-donira-na-ukraina-voena-oprema-vo-vrednost-od-rechisi-polovina-milion-evra/feed/ 0
Џафери се сретна со делегација од Данскиот парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-se-sretna-so-delegatsija-od-danskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-se-sretna-so-delegatsija-od-danskiot-parlament/#respond Tue, 19 Sep 2023 11:48:25 +0000 https://kurir.mk/?p=879515

Данска и Македонија досега имаат добри и пријателски односи, потребно е интензивирање на заемната политичка комуникација на секое ниво. Ова се дел од заклучоците од денешната средба на претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери со претседателот на Комисијата за европски прашања од данскиот Парламент Нилс Флеминг Хансен. Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, се заблагодари на досегашната принципиелна поддршка од страна на Кралството Данска на нашиот пат на евроинтеграција и членство во НАТО. Го потенцираше и фактот дека данскиот парламент беше еден од првите парламенти меѓу членките на Европската Унија што во 2002 година го ратификуваше Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Исто така и еден од првите парламенти што го ратификуваше Протоколот за пристапување во НАТО на Република  Македонија. Претседателот на Собранието Џафери, како што се наведува, ја нагласи и важноста во овој момент да се пристапи кон измените на Уставот со цел да се започнат преговорите со ЕУ при што потенцираше „ова е моментум кога треба сите политички партии во Собранието да ја согледаат важноста да се дојде до едно решение кое ќе не придвижи напред кон ЕУ“. Претседателот на Комисијата за европски прашања од данскиот парламент Нилс Флеминг Хансен се заблагодарил во име на делегацијата за можноста за средба со претседателот Џафери и ја истакнал важноста на овие средби за понатамошната соработка и интензивирање на соработката меѓу двете земји на секој план. - Во дискусија се вклучија и преостанатите членови на делегацијата, при што во фокусот на нивниот интерес беше нашиот евроинтеграциски пат, ситуацијата со уставните измени, а изразија интерес и за интензитетот на јавната поддршка која постои во нашата земја во однос на прашањето за интеграција во ЕУ, стои во соопштението. Собраниската прес-служба посочува дека на средбата гостите од Данска ја изразиле својата поддршка за Република Македонија и спремноста да помогнат колку што можат во нашите аспирации околу започнување на пристапните преговори со ЕУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhaferi-se-sretna-so-delegatsija-od-danskiot-parlament/feed/ 0
Данска дава за Украина дополнителни 777 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-dava-za-ukraina-dopolnitelni-777-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-dava-za-ukraina-dopolnitelni-777-milioni-evra/#respond Tue, 12 Sep 2023 16:46:45 +0000 https://kurir.mk/?p=877358

Данска ќе и даде на Украина дополнителни 5,8 милијарди круни (777 милиони евра), главно наменети за финансирање на опрема за противвоздушна одбрана, муниција и тенкови, соопшти денеска данското Министерство за одбрана. „Со цел Украина да продолжи да се брани од илегалната инвазија на Русија, од суштинско значење е земјите како Данска да ја задржат својата воена и економска поддршка... Ова го правиме денес со најголемиот финансиски придонес на Данска досега“, изјави министерот за одбрана Трелс Лунд Поулсен. Донацијата, што се однесува на период од три години, е 12-та од Данска и опфаќа тенкови, борбени возила на пешадија, тенковска муниција и противавионски топови.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-dava-za-ukraina-dopolnitelni-777-milioni-evra/feed/ 0
Данска почна обука на осум украински пилоти за ловците Ф-16 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-pochna-obuka-na-osum-ukrainski-piloti-za-lovtsite-f-16/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-pochna-obuka-na-osum-ukrainski-piloti-za-lovtsite-f-16/#respond Tue, 22 Aug 2023 16:54:13 +0000 https://kurir.mk/?p=869737

Данска почна со обука на осум украински пилоти за управување со борбените авиони Ф-16, во рамките на нејзината посветеност да донира авиони на Украина, објавија данските вооружени сили. Данска и Холандија во неделата ветија дека ќе ѝ донираат борбени авиони Ф-16 на Украина, со што ја исполнија долгогодишната желба на Украина, што би можело да и помогне на земјата да ја зајакне својата воздушна одбрана и противофанзивата против руската армија. Осум украински пилоти пристигнаа во данската воена воздухопловна база во Скридструп, заедно со 65 членови на персоналот кои ќе бидат обучени за одржување и сервисирање на авиони, објавија данските вооружени сили. Данска ќе и испорача на Украина 19 авиони Ф-16, а првите шест ќе пристигнат во земјата околу Нова година. На обуката ќе учествува и Грција, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски. Холандија, која има 42 борбени авиони Ф-16, допрва треба да одлучи колку авиони ќе и испорача на Украина. Данска во моментов располага со 43 авиони Ф-16, но од безбедносни причини не открива колку се активни, се наведува во денешното соопштение на данските вооружени сили.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-pochna-obuka-na-osum-ukrainski-piloti-za-lovtsite-f-16/feed/ 0
Унгарија третпат по ред прва на ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ungarija-tretpat-po-red-prva-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ungarija-tretpat-po-red-prva-na-ep/#respond Mon, 17 Jul 2023 04:28:05 +0000 https://kurir.mk/?p=857236

Женската младинска ракометна репрезентација на Унгарија го освои златото на Европското првенство во Романија, откако во финалето славеше убедливо против Данска со 35:26 (14:17). Младинките на Унгарија веќе третпат по ред го освојуваат првото место на младинскиот континентален собир. Унгарија на Европското првенство во младинска конкуренција беше победник во 2021 и 2019 година. Третото место го освои домашната селекција, Романија, која во натпреварот за бронзениот медал ја совлада Португалија со 39:32 (18:13). Шведска со победата над Франција од 29:25 (15:9) ја освои 5. позиција, додека црногорската репрезентација во дуелот за седмо место беше поразена од Швајцарија со 37:32 (18:16). Македонската репрезентација настапот на Европското првенство го заврши на 15. позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ungarija-tretpat-po-red-prva-na-ep/feed/ 0
Данска планира зголемување на буџетот за одбрана во следните десет години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-planira-zgolemuvane-na-budhetot-za-odbrana-vo-slednite-deset-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-planira-zgolemuvane-na-budhetot-za-odbrana-vo-slednite-deset-godini/#respond Tue, 30 May 2023 13:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=840490

Владата на Данска најави дека во следната деценија ќе ги зголеми годишните расходите за одбрана на 21 милијарда долари. Данскиот вршител на должноста министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен истакна дека со оглед на војната во Европа неговата земја е на пресвртница во својата одбранбена и безбедносна политика. Според него одлуката за зголемување на трошоците е насочена кон целта на НАТО да издвои најмалку два отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбраната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-planira-zgolemuvane-na-budhetot-za-odbrana-vo-slednite-deset-godini/feed/ 0
Данска повикува на повеќе заееднички воени вежби со нордиските земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-povikuva-na-poveke-zaeednichki-voeni-vezhbi-so-nordiskite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-povikuva-na-poveke-zaeednichki-voeni-vezhbi-so-nordiskite-zemji/#respond Tue, 16 May 2023 16:07:52 +0000 https://kurir.mk/?p=834911

Данска денеска соопшти дека има за цел да ги зајакне своите воени врски со другите нордиски земји за да се спротивстави на руската закана во балтичкиот регион и да ја заштити клучната инфраструктура, пренесуваат британските медиуми. Во новата стратегија за надворешна и безбедносна политика, владата на оваа земја бара повеќе заеднички воени вежби и координација на воените планови со другите нордиски земји. „Нордиските земји сега се пообединети од кога било досега во однос на безбедносната и воената политика“, се наведува во извештајот, нагласувајќи го неодамнешното членство на Финска во НАТО и очекуваното барање на Шведска за членство во Алијансата. Данците минатата година гласаа за приклучување кон воената политика на Европската унија, сигнализирајќи чекор кон продлабочување на воените врски како одговор на руската инвазија на Украина. Данска веќе соработува со Шведска, Норвешка и Финска за создавање обединета нордиска воздушна одбрана. Стратегијата признава дека Данска не ја сфатила доволно сериозно руската безбедносна закана во балтичкиот регион и укажува на недостатоците во нејзината способност да ја брани својата територија. Данска има за цел да ја исполни целта на НАТО за воени трошоци од два отсто од БДП до 2030 година. Мора да ја зајакнеме данската одбрана и безбедност и дополнително да придонесеме за одвраќање и одбрана на НАТО, особено во соседството“, се наведува во стратегијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-povikuva-na-poveke-zaeednichki-voeni-vezhbi-so-nordiskite-zemji/feed/ 0
Фредериксен: Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО, ја има нашата поддршка и за ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frederiksen-albanija-e-visoko-tsenet-partner-za-danska-i-mnogu-doverliv-sojuznik-na-nato-ja-ima-nashata-poddrshka-i-za-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frederiksen-albanija-e-visoko-tsenet-partner-za-danska-i-mnogu-doverliv-sojuznik-na-nato-ja-ima-nashata-poddrshka-i-za-eu/#respond Mon, 06 Mar 2023 13:30:43 +0000 https://kurir.mk/?p=808652

Данската премиерка Мете Фредериксен, која, е во официјална посета на Тирана, изјави дека Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО. -Албанија е високо ценет партнер за Данска и вие сте многу доверлив сојузник на НАТО. Во време кога Европската Унија е поважна од кога било досега, се надевам дека можеме да изградиме уште посилно партнерство и многу сум сигурна дека ќе го направиме тоа, изјавила Фредериксен, јави АТА. На заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин Еди Рама, додала дека нејзината земја ќе ја поддржи Албанија на патот на интеграцијата, за влез во ЕУ и го пофалила Рама за неговата посветеност на интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија. -Мислам дека вие сте еден од најсилните гласови во Европа кога станува збор за важноста на целосна интеграција меѓу Западен Балкан и остатокот од Европа, а тоа станува се поважно. Пред 10 дена ја одбележавме првата годишнина од војната во Украина, а вие реагиравте многу жестоко за ова прашање. Бевте силен поддржувач на Украина, тоа е силна работа. Сите ние треба да бидеме свесни за многу кревката ситуација во многу земји од Западен Балкан. Мислам дека вашата посветеност на европските вредности е важна и ова е исто така многу силен дел од отворањето на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Знам дека е многу долг пат, но ние ќе ве поддржиме, изјавила Фредериксен. За членството во ЕУ, Рама рече дека „целта не е брзо членство туку исполнување на условите за достоинствен влез“. -Никој не прави повеќе, ниту Данска, ниту Албанија. Данска беше многу фер кон нас и имаме многу посебен однос и горд сум за тоа. Не се работи за брзање да станеме членка, туку за извршување на домашната задача онака како што треба. Искористување на ова знаење и надополнување на капацитетите на ЕУ. Ако немате знаење, не можете да го направите тоа. Нема компромис за стандардите, туку многу повеќе да се биде отворен, изјавил Рама, изразувајќи голема благодарност за поддршката на Данска за нејзината земја. Двајцата кажаа дека разговарале за разни теми за унапредување на билатералната соработка, посебно во областа на инвестициите и туризмот. -Постои нашиот интерес за данското претприемништво. Тие придонесоа за промена на нашата држава. Посакувам и се надевам дека премиерката преку социјалните мрежи го поттикнува доаѓањето на младите во Албанија. Ви благодариме за посетата и мило ми е што сте тука. Не ја сметам за последна посета, но од она што го разбрав ќе продолжите да победувате на изборите во Данска, посочил Рама. Сите ние треба да бидеме свесни за многу кревката ситуација во многу земји од Западен Балкан. Мислам дека вашата посветеност на европските вредности е важна и ова е исто така многу силен дел од отворањето на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Фредериксен е прв дански премиер што ја посетил Албанија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frederiksen-albanija-e-visoko-tsenet-partner-za-danska-i-mnogu-doverliv-sojuznik-na-nato-ja-ima-nashata-poddrshka-i-za-eu/feed/ 0
Данска и Шведска се согласни дека Северен тек е намерно кренат во воздух https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-shvedska-se-soglasni-deka-severen-tek-e-namerno-krenat-vo-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-shvedska-se-soglasni-deka-severen-tek-e-namerno-krenat-vo-vozduh/#respond Tue, 21 Feb 2023 18:14:08 +0000 https://kurir.mk/?p=803303

Во тек се истраги во врска со експлозиите што го оштетија гасоводот Северен тек минатата година, но останува нејасно кога тие ќе бидат завршени, соопштија денеска министерствата за надворешни работи на Данска, Шведска и Германија во писмо упатено до Советот за безбедност на ОН. Шведска и Данска, во чии ексклузивни економски зони се случија експлозиите, заклучија дека гасодоводите преку кои се пренесувал природен гас од Русија до Германија биле намерно кренати во воздух, но не е кажано кој би можел да биде одговорен, пренесуваат светските агенции. Во ова известување се наведува дека истрагите се уште не се завршени, и дека засега не може да се каже кога тоа ќе се случи. Советот за безбедност на ОН денеска се состанува за да разговара за таа саботажа, откако Москва побара независна истрага за септемвриските напади на гасоводи. Во писмото се наведува дека руските власти се информирани за истрагите и дека оценуваат дека штетата е предизвикана од саботажа. Во Германија, федералниот обвинител покрена кривична истрага за да утврди дали е сторено кривичното дело саботажа според член 88 од Кривичниот законик, се наведува во писмото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-shvedska-se-soglasni-deka-severen-tek-e-namerno-krenat-vo-vozduh/feed/ 0