даријан сотировски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 10:07:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png даријан сотировски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За отворањето телевизија од страна на владиката Петар, се огласија од Комисијата за односи со верски заедници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-otvoraneto-televizija-od-strana-na-vladikata-petar-se-oglasija-od-komisijata-za-odnosi-so-verski-zaednitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-otvoraneto-televizija-od-strana-na-vladikata-petar-se-oglasija-od-komisijata-za-odnosi-so-verski-zaednitsi/#respond Thu, 09 Mar 2023 10:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=809873

Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски не го коментира „отворањето телевизија од страна на владиката Петар“, но очекува тој да ја запознае јавноста со деталите за влезот во медиумскиот бизнис.

-Немам став во однос на користењето на права коишто се со закон гарантирани во државата. Тоа е достапна можност. Во овој момент немаме детали каков концепт е запазен. Доколку правото се искористи онака како што е предвидено во нашата правна рамка, е за поздрав, но треба да видиме. Немаме се уште детали, јас очекувам субјектот којшто добил дозволи од Агенцијата за медиуми да излезе и да ја запознае јавноста, затоа што во еден момент тој треба и да и се обрати на јавноста, треба да емитува сигнал токму за јавноста, рече Сотировски во одговор на новинарско прашање на настанот по повод формирањето на „Групата на пријателство“ помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ.

На барање од фирмата „Преобразба“, во сопственост на митрополит преспанско-пелагониски Петар, чие световно име е Петар Каревски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) даде дозвола за отворање телевизиски канал со претежно забавен општ формат, кој ќе зрачи во регионот на скопското подрачје.

Согласно Одлуката, која е донесена на 28 февруари годинава од страна на Советот на АВМУ, телевизискиот програмски сервис на правното лице Друштво за производство туризам промет и услуги ПРЕОБРАЗБА ДООЕЛ Скопје ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс. Концесијата се доделува за временски период од девет години.

Владиката Петар досега се нема јавно изјаснето за плановите во однос на отворањето на телевизијата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-otvoraneto-televizija-od-strana-na-vladikata-petar-se-oglasija-od-komisijata-za-odnosi-so-verski-zaednitsi/feed/ 0
Сотировски за Топ Тема – првото заедничко сослужение меѓу МПЦ и Вселенската патријаршија за околу месец и половина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sotirovski-za-top-tema-prvoto-zaednichko-sosluzenie-megju-mpc-i-vselenskata-patrijarshija-za-okolu-mesec-i-polovina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sotirovski-za-top-tema-prvoto-zaednichko-sosluzenie-megju-mpc-i-vselenskata-patrijarshija-za-okolu-mesec-i-polovina/#respond Tue, 10 May 2022 19:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=674831

Постои голема веројатност, првото заедничко сослужение меѓу претставници на македонската православна црква и вселенската патријаршија, да се одржи за околу месец и половина, изјави Даријан Сотировски, претседател на комисијата за односи со верските заедници, во вечерашната Топ Тема. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sotirovski-za-top-tema-prvoto-zaednichko-sosluzenie-megju-mpc-i-vselenskata-patrijarshija-za-okolu-mesec-i-polovina/feed/ 0
Претставки од Сотировски поради обврската починатите од КОВИД-19 во Тетово да се закопуваат во нови гробни места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavki-od-sotirovski-poradi-obvrskata-pochinatite-od-kovid-19-vo-tetovo-da-se-zakopuvaat-vo-novi-grobni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavki-od-sotirovski-poradi-obvrskata-pochinatite-od-kovid-19-vo-tetovo-da-se-zakopuvaat-vo-novi-grobni-mesta/#respond Mon, 09 Nov 2020 13:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=426920

Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, покрена постапки пред надлежни установи поради тоа што на семејствата во Тетово кои имаат починати од Ковид-19 им се наметнува обврската да ги погребуваат само во нови гробни места, а не во семејните гробници. Тој вели се одлучил на ваков потег бидејќи таква обврска не постои со постојните закони и уредбите и затоа што претставува нарушување на верските права и чувства. Загрижен и како тетовец, Сотировски рече дека денеска разговарал со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и го информирал дека од проверката за закопите на починатите од Ковид-19 низ државата, за разлика од други градови, во Тетово и Гостивар тие се спроведуваат задолжително во нови гробни места, а не во семејните гробници со вековна семејна традиција. – Побарав од министерот, кој е надлежен за ова прашање, рамноправен третман и ревидирање. Министерот ме информираше дека таква одлука не е донесена и дека со почитување на протоколите за заштита, погребалниот оператор може да го изврши закопот во семејниот гроб, изјави Сотировски. Соопшти дека денеска испратил претставка до Државниот комунален инспекторат и до Министерството за транспорт и врски од кои бара итно постапување. – Министерството преку надлежниот инспекторат ќе бара од операторите да го овозможат ова право на граѓаните бидејќи се стекнале со лиценца, која покрај права, подразбира и обврски. Изразувам благодарност на министерот за разбирањето, изјави Сотировски, додавајќи дека ова е дополнително вознемирување на семејствата кои поминуваат низ трауми. Писмено барање за преиспитување на ова прашање тој на 4 ноември пратил и до Главниот координативен кризен штаб на Владата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavki-od-sotirovski-poradi-obvrskata-pochinatite-od-kovid-19-vo-tetovo-da-se-zakopuvaat-vo-novi-grobni-mesta/feed/ 0