Дарја Дугина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Oct 2022 09:55:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дарја Дугина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Њујорк тајмс: САД сметаат дека Украина е одговорна за убиството на Дарја Дугина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-sad-smetaat-deka-ukraina-e-odgovorna-za-ubistvoto-na-darja-dugina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-sad-smetaat-deka-ukraina-e-odgovorna-za-ubistvoto-na-darja-dugina/#respond Thu, 06 Oct 2022 09:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=741801

Американските разузнавачки агенции веруваат дека дел од украинската влада го одобрила убиството на Дарја Дугина, ќерка на истакнат руски националист, со активирање експлозив во нејзиниот автомобил во близина на Москва, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани официјални лица. САД не учествувале во атентатот на Дугина и не биле запознаени со планот, објави „Њујорк тајмс“. Американските власти ги критикуваа украинските власти за атентатот, тврди весникот. Украина негираше вмешаност во убиството, додека руската ФСБ ги обвини украинските служби за атентатот. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак за „Њујорк Тајмс“ повтори дека Киев не е одговорен за атентатот. Дарја Дугина беше ќерка на идеологот од Кремљ, Александар Дугин. Руските медиуми пишуваа дека таа ги поддржува идеите на нејзиниот татко и се појави во медиумите каде позитивно зборуваше за руската инвазија на Украина. Дугина беше убиена во август во напад со автомобил-бомба во близина на Москва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/njujork-tajms-sad-smetaat-deka-ukraina-e-odgovorna-za-ubistvoto-na-darja-dugina/feed/ 0
Идентификуван соучесник во убиството на Дарја Дугина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-souchesnik-vo-ubistvoto-na-darja-dugina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-souchesnik-vo-ubistvoto-na-darja-dugina/#respond Mon, 29 Aug 2022 09:33:58 +0000 https://kurir.mk/?p=725389

Руската федерална служба за безбедност – ФСБ го идентификуваше Богдан Циганенко, наводниот соучесник во убиството на Дарја Дугина. Украинскиот државјанин Циганенко е осомничен за заговор за убиство на Дугина. ТАСС, повикувајќи се на свои извори од безбедносните служби, објави дека по него ќе биде издаден налог за апсење. Руските власти за атентатот ја обвинија Украинката Наталија Вовк, за која велат дека е шпион и дека прикрадно влегла во Русија, заедно со својата 12-годишна ќерка, и ја следела Дугина со недели пред да ја активира смртоносната автомобил-бомба и да побегне во Естонија. Сепак, естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу ги отфрли тврдењата, велејќи дека „тие се дел од пропагандата на Путин“. „Ова го сметаме како еден пример за провокација во многу долгата серија провокации од страна на Руската Федерација и немаме што повеќе да кажеме за тоа во овој момент“, рече Реинсалу, додавајќи дека Русија не побарала екстрадиција на Вовк. Дугина беше убиена минатата сабота кога нејзиниот автомобил експлодираше во вечерните часови. Таа и нејзиниот татко Александар Дугин, долгогодишен советник на Владимир Путин, таа вечер присуствуваа на литературен фестивал во близина на Москва. Иако било планирано заедно да се вратат во руската престолнина, Дугин во последен момент решил да земе друг автомобил. Кремљ веднаш ја обвини Украина за убиството на Дугина, но кабинетот на украинскиот претседател ги отфрли обвинувањата, како и обвинувањата на ФСБ кои следеа во деновите по убиството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/identifikuvan-souchesnik-vo-ubistvoto-na-darja-dugina/feed/ 0
ВИДЕО: Објавено видео со осомничената за убиството на Дугина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveno-video-so-osomnichenata-za-ubistvoto-na-dugina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveno-video-so-osomnichenata-za-ubistvoto-na-dugina/#respond Mon, 22 Aug 2022 16:58:09 +0000 https://kurir.mk/?p=722255

Руската агенција за внатрешно разузнавање Федералната служба за безбедност (ФСБ) објави во понеделникот видео исечоци на кои се тврди дека е осомничената државјанка на Украина за атентатот врз руската новинарка и политички филозоф Дарја Дугина. Станува збор за снимки од надзорни камери на неколку места на коишто според истрагата се движела осомничената. Прво се гледа дека таа при проверка на хаубата на нејзиниот автомобил при влез во Русија, за кој користела регистарски таблички на три различни земји, имала светла коса, а откако се вселила во истата зграда со жртвата веќе е бринета, како и кога ја напуштила Русија. ФСБ претходно во понеделникот објави дека го расветлило убиството на руската новинарка Дарја Дугина, која настрада во петокот вечерта во подметната експлозија на автомобил во предградие на Москва, соопшти во понеделникот служба за односи со јавноста на руското внатрешно разузнавање. Според истрагата, било утврдено е дека злосторството ги подготвиле и извршиле украинските тајни служби. Извршител е државјанката на Украина, Наталија Павловна Вовк, родена 1979 година. Се прецизира дека Вовк, заедно со нејзината 12-годишна ќерка, Софија Михаиловна Шабан, пристигнала во Русија на 23-ти јули и изнајмила стан во зградата каде што живеела Дугина, за да собира информации за нејзините животни навики. Руската хакерска група RahDit, која минатиот месец објави илјадници лични податоци на припадниците на украинското разузнавање на тајни служби, објави дека 43-годишната Украинка претходно била дел од баталојонот „Азов“, за кој Москва тврди дека е составен од припадници на неонацистичките и ултранационалистички украински движења, и дека нејзиното момински презме е Шабан. Руските медиуми наведуваат извесна Наталија Вовк живеела во Мариупол, од каде заминала пред еден месец. Социјалните мрежи, наводно е прклучена само еднаш пред пет години, но тоа име се појавило веб-страницата НемиЗида на 13-ти април годинава. Станува збор за мрежна страница на којашто руските хакери ги објавуваат личните податоци за припадници и врбувани лица од украинските специјални служби. За опсервирање на целта, Вовк користела автомобил „Mini Cooper“ со кој влегла во Русија. Покрај тоа, кога влегла во Русија користела регистарска табличка на Доњецката Народна Република E982ХН DPR, во Москва користела казахстански ознаки 172AJD02 а при напуштање на Русија украинска табличка – AH7771IP. На денот на атентатот, Вовк и нејзината ќерка присуствувале на книжевно-музичкиот фестивал „Традиција“, на кој Дугина била почесен гостин. „По изведувањето на контролираната експлозија на автомобилот Toyota Land Cruiser Prado, со кој управувала Дугина на 21-ви август 2022-ра, Вовк заедно со ќерката заминале преки Псковската област во Естонија“, додаваат од ФСБ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-objaveno-video-so-osomnichenata-za-ubistvoto-na-dugina/feed/ 0