дарко чурлинов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 19:36:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дарко чурлинов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чурлинов: Среќен сум што повторно играм фудбал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-sreken-sum-shto-povtorno-igram-fudbal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-sreken-sum-shto-povtorno-igram-fudbal/#respond Mon, 09 Oct 2023 19:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=887143

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје го одржа првиот тренинг од мини подготовките за евроквалификацискиот дуел против Украина в сабота во Прага. Од повиканите репрезентативци недостасуваа Ваљон Етеми и Елиф Елмас кои вечерва ќе пристигнат во тимската база. Повратникот во најдобрата селекција, Дарко Чурлинов вели дека е среќен што повторно може да игра фудбал по здравствените предизвици, а уште посреќен што е дел од македонската репрезентација. Фудбалерот на англиски Барнли истакна дека „црвено – жолтите“ против Украина ќе треба да го потврдат квалитетот за да остварат позитивен резултат. „Минав низ тежок период и одлично е чувството што повторно сум на терен. Среќен сум што повторно играм фудбал и пресреќен што сум дел од македонската репрезентација. Овде сме сите еден за друг. Знаеме со каков квалитет располага оваа селекција и без разлика на противникот тоа треба да го покажеме на терен“, изјави Чурлинов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-sreken-sum-shto-povtorno-igram-fudbal/feed/ 0
Чурлинов излезе од болница: Ова беше најтешкиот месец во мојот живот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-izleze-od-bolnitsa-ova-beshe-najteshkiot-mesets-vo-mojot-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-izleze-od-bolnitsa-ova-beshe-najteshkiot-mesets-vo-mojot-zhivot/#respond Mon, 19 Jun 2023 18:19:02 +0000 https://kurir.mk/?p=847546

На денот кога Македонија гостува на Англија, нашиот репрезентативец, Дарко Чурлинов е пуштен од болница и ќе може во домашни услови да го гледа мечот на неговите соиграчи. Чурлинов поради имаше сепса која настана поради компликација од заб, Македонецот прво беше хоспитализиран во Белград, па со приватен авион пратен во Барнли каде го продолжи лекувањето, имаше и мал хирушки зафат. Маките за Чурлинов се минато, тој денеска е пуштен од болница и го почнува процесот на рехабилитација до враќање на терен. Фудбалерот на Барнли преку социјалните мрежи се заблагодари на поддршката која ја добивал од навивачите во изминатиот период. „Овој месец беше најтешкиот месец во мојот живот, со ваша поддршка и гледајќи ги сите пораки во овие денови ми даваше сила да се борам и повторно да застанам на нозе. Денеска сум пуштен од болница. Сакам да се заблагодарам на секој од вас за помошта која ми ја дадовте да ја добијам оваа битка која не беше лесна. Сега е време да се опоравам и да го дадам најдоброто за да се вратам колку што е можно побрзо на теренот, играјќи ја оваа прекрасна игра. Уште еднаш благодарност за сите, ги прочитав сите пораки и многу сум благодаран за вашата поддршка“, напиша Чурлинов на социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-izleze-od-bolnitsa-ova-beshe-najteshkiot-mesets-vo-mojot-zhivot/feed/ 0
Дарко Чурлинов добил сепса, во болница е во Белград! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-churlinov-dobil-sepsa-vo-bolnitsa-e-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-churlinov-dobil-sepsa-vo-bolnitsa-e-vo-belgrad/#respond Thu, 01 Jun 2023 10:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=841165

„Дарко Чурлинов е во болница во Белград. Засега нема јасен одговор околу неговата ситуација ниту од докторите. Имаше внатрешно труење, не се знае дали е последица од проблеми со заб или анесетезија. Познато е дека тоа резултирало со труење на крвта, односно сепса. Се надевам дека најлошото е зад Дарко. Познавајќи го него каков борец е, верувам дека ќе биде во најдобар ред“ – изјави Милевски. Чурлинов сезонава не беше меѓу најстандардните во Барнли, се мачеше со повреди, но се чини дека имал и други здравствени проблеми кои го одалечиле од зелениот терен. Инаку селекторот Милевски рече дека сега во мислите на фудбалерите е само мечот со Украинците. „Ние сме сконцентрирани само на натпреварот со Украина, за Англија ќе размислуваме подоцна. Како анализа за дуелот го зедовме натпреварот од Европското првенство. Украинците играат со 90% ист состав, освен неколку измени. Дури и да дојде до промена на селекторското место, играчите се тие, повиканите. Насочени сме кон нивните индивидуални квалитети, постои тој натпревар за анализа и насока. Би преферирал секогаш играчите да се во целосна натпреварувачка форма. Немаме увид во тренажниот процес на ривалите и на нивниот замор. Кога играте со ваков тип на противници, каде што квалитетот е на највисоко ниво и како тим функционираат беспрекорно, мора да имат една цел. Мора да се оди на победа, особено бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери“ – изјави Милевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-churlinov-dobil-sepsa-vo-bolnitsa-e-vo-belgrad/feed/ 0
Македонија следната сезона повторно ќе има претставник во Премиер лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-slednata-sezona-povtorno-ke-ima-pretstavnik-vo-premier-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-slednata-sezona-povtorno-ke-ima-pretstavnik-vo-premier-ligata/#respond Sat, 08 Apr 2023 05:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=821713

Фудбалерите на Барнли се вратија во англиската Премиер лига по само една сезона помината во втората лига. Во натпреварот од 40. коло на Чемпионшип како гости го совлада Мидлсброу со 2:1, а на шест кола пред крајот на првенството обезбеди едно од првите две места кои обезбедуваат директна промоција во првиот ранг на англискиот фудбал. Головите за Барнли ги постигнаа Ешли Барнс во 12. и Конор Робертс во 66. минута, додека стрелец за Мидлсброу од пенал во 48. минута беше Чуба Акпом. Со оваа победа Барнли стигна до 87 бода, 19 повеќе од третиот Лутон Таун и 20 од четвртиот Мидлсброу, а тие две екипи до крајот на шампионатот можат да освојат максимални 18 бода. Со пласманот на Барнли во Премиер лигата, Македонија повторно добива свој претставник меѓу елитата на Островот, со оглед на тоа дека за новиот премиерлигаш настапува Дарко Чурлинов. Македонскиот репрезентативец не играше премногу оваа сезона пред се поради проблеми со повредите, но се очекува до крајот на сезоната да добие поголема минутажа бидејќи во клубот приситигна по инсистирање и како желба на тренерот Винсент Компани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-slednata-sezona-povtorno-ke-ima-pretstavnik-vo-premier-ligata/feed/ 0
Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-mozheme-da-napravime-golema-rabota-vo-kvalifikatsiite-za-euro2024/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-mozheme-da-napravime-golema-rabota-vo-kvalifikatsiite-za-euro2024/#respond Fri, 17 Mar 2023 12:18:09 +0000 https://kurir.mk/?p=813194

Крилниот напаѓач на македонската фудбалска репрезентација Дарко Чурлинов со оптимизам ги очекува претстојните квалификациите за ЕУРО2024, истакнувајќи дека воведниот натпревар против Малта, в четврток во Скопје, ќе биде исклучително важен. „За нас почетокот на квалификациите е многу важен. Фаворити сме против Малта, но тоа треба да го покажеме на терен. Имаме сила, веруваме во себе и така ќе се поставиме“, порача Чурлинов во изјава за сајтот на Фудбалската федерација на Македонија. „Ќе се обидите да го пренесеме на терен тоа што од нас го бара селекторот. Некогаш резултатите се добри, некогаш не, но целта е што подобро да ја претставиме Македонија и да постигнеме најдобар можен резултат. Ќе дадеме сè од себе во овие квалификации и верувам дека можеме да направиме голема работа“, изјави Чурлинов. Дваесетидвегодишниот фудбалер на Барнли по подолго се враќа во македонската репрезентација, откако целосно се рехабилитираше од повредата. „Изминатите месеци поради повредата на мускулот беа тешки за мене, но сега повторно сум во натпреварувачка форма и се разбира дека тоа сакам да го пренесам на репрезентативните предизвици кои ни следуваат. Јас ги пропуштив последните три репрезентативни собири и навистина со нетрпение го очекувам собирот за почетокот на квалификациите за Европското првенство 2024. Речиси секојдневно сме во контакт со репрезентативните колеги и можам да потврдам дека го делиме истото чувство“, додаде Чурлинов. Македонија во евроквалификациите е во група со Англија, Италија, Украина и Малта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-mozheme-da-napravime-golema-rabota-vo-kvalifikatsiite-za-euro2024/feed/ 0
ФА Куп: Гигантите од Манчестер се избегнаа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fa-kup-gigantite-od-manchester-se-izbegnaa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fa-kup-gigantite-od-manchester-se-izbegnaa/#respond Thu, 02 Mar 2023 06:09:04 +0000 https://kurir.mk/?p=806948

Ждрепката за четвртфиналето на ФА Купот донесе спектакуларна ждрепка за единствениот Македонец во натпреварувањето, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Чурлинов ќе заигра на „Етихад'“, бидејќи ждрепката го соочи неговиот Барнли со премиерлигашкиот шампион Манчестер Сити. Манчестер Јунајтед доби премиерлигашки противник, но пак ќе игра на „Олд Трафорд“. Четвртфинале: Манчестер Сити - Барнли Манчестер Јунајтед - Фулам  Брајтон - Гримзби Таун Шефилд Јунајтед - Блекбурн .]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fa-kup-gigantite-od-manchester-se-izbegnaa/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Дарко Чурлинов ќе игра во Барнли! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-darko-churlinov-kje-igra-vo-barnli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-darko-churlinov-kje-igra-vo-barnli/#respond Fri, 19 Aug 2022 13:34:03 +0000 https://kurir.mk/?p=721132

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално е нов играч на екипата на Барнли. Англискиот второлигаш постигна согласност со Штутгарт и наводно за пет милиони евра го откупи нашиот офанзивец. Македонецот доаѓа како желба на тренерот Винсент Компани, кој притисна за трансферот да се реализира. Соработката е склучена за наредните четири години. 22-годишникот прикажа одлична форма во подготвителниот период. Тоа му донесе интерес од неколку екипи, а само Барнли беше подготвен да го плати она што го бараше бундеслигашот. Чурлинов од 2014 година игра надвор од Македонија. Најпрво доби шанса во Ханза Росток, а потоа преку Магдебург стигна до Келн и потоа Штутгарт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-darko-churlinov-kje-igra-vo-barnli/feed/ 0
Дарко Чурлинов пристигна во Барнли, во тек се лекарските прегледи, потпишува за англискиот клуб https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-churlinov-pristigna-vo-barnli-vo-tek-se-lekarskite-pregledi-potpishuva-za-angliskiot-klub/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-churlinov-pristigna-vo-barnli-vo-tek-se-lekarskite-pregledi-potpishuva-za-angliskiot-klub/#respond Thu, 18 Aug 2022 11:51:58 +0000 https://kurir.mk/?p=720509

Дарко Чурлинов доцна синоќа од Париз „полета“ за Барнли, тој е веќе на лекарски прегледи во Англија, во организација на клубот, се очекува доцна попладнево епилог од најавениот трансфер. Извесно е дека Чурлинов ќе потпише за Барнли откако ќе се завршат вообичаените прегледи, македонскиот репрезентативец ќе игра во Англија, за првпат во кариерата ја напушта Германија, откако како 14. годишно момче прво играше за Рошток, потоа Магдебург, Келн, Штутгарт и Шалке. Штутгарт ќе инкасира околу 5 милиони евра од трансферот на Чурлинов кој се очекува да потпише перманентен договор со Барнли на најмалку три сезони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-churlinov-pristigna-vo-barnli-vo-tek-se-lekarskite-pregledi-potpishuva-za-angliskiot-klub/feed/ 0
Чурлинов оди во Белгија за четири милиони евра: Македонецот се договори со Андерлехт! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-odi-vo-belgija-za-chetiri-milioni-evra-makedonecot-se-dogovori-so-anderleht/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-odi-vo-belgija-za-chetiri-milioni-evra-makedonecot-se-dogovori-so-anderleht/#respond Wed, 10 Aug 2022 11:15:19 +0000 https://kurir.mk/?p=716622

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов си заминува од Штутгарт откако ги договорил личните услови со белгискиот великан Андерлехт, објави „Скај Германија“. Според информациите на германски „Скај“, Андерлехт се очекува да плати помеѓу четири и пет милиони евра за трансферот на македонското крило, а белгијците во последните два дена влегоа во трка за потписот. Чурлинов има договор со белгијците за петгодишна соработка до летото 2027 година. Андерлехт е на чекор за 15 милиони евра да го продаде левиот бек Серхио Гомез, според последните најави од Англија, па дел од парите ќе ги искористат за да го ангажираат Чурлинов. Сега останува Белгијците и „швабите“ да постигнат договор за трансферот. Чурлинов со Штутгарт има договор до 2024 година, а имаше одлична пред-сезона, даде и гол за победа во Купот на Германија. За него заинтересиран беше и англиски Барнли, но понудата од три милиони евра беше неприфатлива за бундеслигашот. Чурлинов е поранешен фудбалер на Келн од каде дојде во Штутгарт, а во минатата сезона играше на заем во Шалке 04.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/churlinov-odi-vo-belgija-za-chetiri-milioni-evra-makedonecot-se-dogovori-so-anderleht/feed/ 0
За да го ангажира Чурлинов, Барнли ќе мора да плати пет милиони евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-da-go-angazira-churlinov-barnli-kje-mora-da-plati-pet-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-da-go-angazira-churlinov-barnli-kje-mora-da-plati-pet-milioni-evra/#respond Mon, 01 Aug 2022 14:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=712528

Дарко Чурлинов покажа добри перформанси во предсезоната и имаше добар старт во Купот на Германија со победнички гол што е доволна причина Штутгарт да го задржи македонскиот репрезентативец што подолго во своите редови. По враќањето од позајмицата во Шалке нашиот играч има три гол и две асистенции што ги активира и клубовите на трансфер пазарот да ја следат ситуацијата со Македонецот. Помеѓу оние кои покажуваат интерес е англискиот клуб Барнли кој настапува во Чемпионшип, а има амбиции следната година да се врати во Премиер лигата. Штутгарт одреди цена за Чурлинов, односно нема намера да го продаде за помалку од пет милиони евра. Чурлинов би можел да биде 10 засилување во летниот преоден рок за менаџерот на Барнли, Винсен Компани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-da-go-angazira-churlinov-barnli-kje-mora-da-plati-pet-milioni-evra/feed/ 0