дарко јаневски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 13:43:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дарко јаневски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Ќе поскапела струјата за 20 отсто? Не се секирајте, ако умрете, нема ни да го почувствувате поскапувањето! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-ke-poskapela-strujata-za-20-otsto-ne-se-sekirajte-ako-umrete-nema-ni-da-go-pochuvstvuvate-poskapuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-ke-poskapela-strujata-za-20-otsto-ne-se-sekirajte-ako-umrete-nema-ni-da-go-pochuvstvuvate-poskapuvaneto/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=895836

Поскапувањето на струјата за 20 отсто, најавено од премиерот Ковачевски, се чини дека е последниот колец врз веќе економски мртвото тело на македонскиот народ и граѓаните на Македонија. После тоа, нема веќе место дури ни за умирачка – ако веќе сте мртви поради скапата храна, ниската плата, безредието, правниот хаос, непостојните обвинителство и судство, корумпираната до крајни граници власт, урнисаното здравство, скандалот „Онкологија“…, не може ништо лошо да ви се случи: два пати човек не може да умре – може само еднаш. Се разбира, тоа не се однесува на тие 10 отсто кои се греат на парно. Други 50 отсто кои се греат на дрва, ќе вежбаат со секирата и ќе облекуваат капут останат од седумдесетите години на минатиот век, кога ќе влегуваат во друга соба. Тоа е европска Македонија. Тоа се европските вредности кои веќе ги имаме. Остануваат оние несреќници во групата од 40 отсто кои се греат на струја и кои по последното поскапување со четири тарифи, а не пак со новото поскапување од 20 отсто, ќе немаат ни за погреб. Ќе умрат од глад или од студ – сеедно. Тоа се чини е првото и последното поглавие од преговорите со ЕУ за речиси половина Македонија. За да ја избегнат смртта, им останува да не користат струја. Така, додуше, ќе опадне моќта на пропагандата на СДСМ, зашто овие без струја и интернет на телефоните (и интернетот е скап, нели?) не ќе можат онлајн да ги следат платените објавите на Димитар Ковачевски кои чинат севкупно 20 000 евра, но, по ѓаволите, и без тие објави знаат дека човекот е совршен премиер, а Македонија, како што вели тој, лично и персонално од врвот на својата блескава глава до петиците, е најдобра во регионот. Ако не верувате, прашајте ја неговата сопруга која влезе во бизнисот со фотоволтаици. Зашто е многу способна, со претприемачки дух, како она детето на ДУИ кое стана газда во Соравија на 20 и нешто години. Но, да бидеме искрени, струјата и треба да поскапи за 20 отсто, па и повеќе, зашто е луксуз. Што е така од времето на случувањата од Библијата. Да сакал Господ да ја имаме, ќе му помогнел на Никола Тесла да ја направи бесплатна. Всушност, не на Никола Тесла, туку ќе му помогнел уште на Мојсеј да ја изуми. Така што имате две добри причини да не пуштате ништо што работи на струја: едната е скапотијата за да ја избегнете едната умирачка – од студ, по што ви преостануваа само таа од глад, а другата е да ја почитувате волјата Божја. И да немате струја. Па ќе спиете што повеќе, со што ќе ја скратите ноќта. Навечер малку газија, која некои и ја пијат за лечење од најтешката болест, повеќе време ќе се гледате со децата низ полумрачната соба и ќе се вратите на корените. На кои голем дел од населението веќе се врати јадејќи ги наместо „луксузната“ храна. Како и да е, ако си легнете порано, логично – ќе станете порано, ќе се измиете со студената вода што ќе ви го очеличи организмот (не ви ја споменувам „Како се калеше челикот“ оти е руска), ќе излезете надвор на студенилото, посебно во јануари, да вежбате малку и…. ќе бидете бодар цел ден. До ноќта во 16 часот. И до наредниот ден. Се разбира, без струја малку ќе се помачите за перење алишта и за капење, но ќе правите како што правеле нашите пред век и кусур… во Илинденското време, што не враќа во минатото, а тоа е антизападен став. Но, што да се прави, кога се мора! Па ќе заложите оган надвор и ќе ги перете алишта во котел. А капењето? Тоа е лесно. Тука се кофите со вода, замлачена на истиот оган надвор. Така ќе ја намалиме и увозната зависност на енергија од Русија, со што ќе му ја покажеме нашата непоколеблива волја на агресорот Путин и повторно ќе се вратиме на западната патека од која излеговме заради погледите кон минатото кое нам ни е забрането. А, бидејќи Путин после тоа веројатно ќе се повлече од Украина, не можејќи да го издржи притисокот од Северна, Бугарија ќе ни ја укине таксата со дозвола на Брисел. Тоа пак ќе ни ги стопли односите со САД и ЕУ, кои ќе извршат притисок врз Бугарија да не ни ја менува историјата. Освен во делот за Илинденското востание каде ќе стои дека од времето на Самоил па се до Гоце Делчев, сме се капеле со вода загреана на оган надвор и сме ја переле облеката еднаш месечно во котел. Нормално, потоа сме чекале таа да се исуши за повторно да ја облечеме истата, зашто менувањето облека, според нашата Влада која верно се придржува до историската традиција на сите етнички заедници во РМ, се смета за луксуз. Што посебно се однесува на долната облека. Која, според стандардите на Владата на Северна, се облекува еднаш во животот и потоа не се менува вечно. Што би рекле свештенците – за век и веков! И така, си живеевме долго и среќно. А потоа дојде принцот, не бакна и струјата одново поефтини. Што ни создаде нов луксузен трошок: вклучување болјери, машини за перење, миење во топло купатило со топла вода што не оддалечува од челичење на телото…. се на се, одново се вративме во канџите на декадентниот современ живот. И тогаш ќе стигнат и парите што ни ги вети фон дер Лајенка. Само ако малку го смениме Уставот. Не многу, само малку. И долгиот и среќен живот ни стана уште подолг и уште посреќен. Без умирачка. Колумна на Дарко ЈАНЕВСКИ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-ke-poskapela-strujata-za-20-otsto-ne-se-sekirajte-ako-umrete-nema-ni-da-go-pochuvstvuvate-poskapuvaneto/feed/ 0
КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како е да живееш со 200 денари на ден, а да не знаеш дека си „умерено“ богат!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-kako-e-da-zhiveesh-so-200-denari-na-den-a-da-ne-znaesh-deka-si-umereno-bogat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-kako-e-da-zhiveesh-so-200-denari-na-den-a-da-ne-znaesh-deka-si-umereno-bogat/#respond Sun, 15 Oct 2023 14:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=889074

Ете, малку по малку, минатата недела стигнавме и до некаква панел – дискусија на тема „Достоинствен живот или преживување?“ на која дознавме дека 510 000 граѓани на „севернава“ живееле со сума од 60 до 200 денари на ден и тоа се нарекувало „умерена сиромаштија“. Не треба посебно да ви објаснувам што значи да живееш со 200 денари ден, ама дека тоа се нарекувало живот кој спаѓа во „умерена сиромаштија“ веројатно и вие прв пат слушате. Што и не е така страшно. Оти штом е нешто „умерено“, тогаш може да се трпи. И што е отприлика слично на онаа мисла од времето на Платон дека невестата е бремена, ама малку, односно „умерено“. Што му доаѓа исто како и да не е бремена. Така и со овие нашиве сиромашни кои што всушност и не се сиромашни. Зашто, да не бидеме ситничави: со 200 денари на ден се живее добро! Се разбира под услов да не јадете, да не се облекувате, да не се греете, да не купувате лекови, а вода да пиете секој втор ден. По половина чаша. Што во Кавадарци, општо познат по пиењето ракија, одамна се практикува. Оттаму всушност е и онаа познатата филозофска мисла дека водата не е добра ни во колена, а камоли во уста. Така што, кога се ќе се собере и одземе, Македонија навистина блеска. Бидејќи има само 510 000 умерено сиромашни, а останатите до 1,8 милиони се повторно во некоја група умерени, иако групата уште нема име. Според истата панел дискуија, малку проблем прават оние 69 000 граѓани кои живеат со помалку од 60 денари на ден и кои се неумерено сиромашни, ама тие веројатно досега се научиле да не јадат, да не се лечат, да не се капат… што во основа е добро за нивното здравје. Немаат холестерол, а кожата им ја задржува природната состојба, бидејќи од нејзе не ги симнуваат природните материи што ги лачи самата кожа со некакви си шампони, сапуни и гелови за туширање. Кога би ги научиле и оние 510 000 на истото, веројатно државата навистина би почнала да ни блеска, што би рекол фамозниот и нашироко наш познат нобеловец од Муртино. Е сега што со останатите? На пример, тие што имаат пензија од 12 000 денари, што значи имаат 400 денари на ден или двојно повеќе од „умерените“. Тие веројатно би можеле да се сместат во групата „умерено богати“, кои можат да си дозволат низа нездрави навики како што е јадењето леб и сол секој ден и пиење чај за доручек со тоа што ќесичката само на кратко се потопува во врела вода, се вади и се чува за следното утро. Ако е чајот од камилица, ете уште еден бенефит за здравјето. Следни на ред се тие што земаат од 12 000 денари до минималната плата од 20 000 денари. Е, за нив веројатно има место во групата богати и тие се всушност нјаголемиот товар на оваа заедница. Трошат кафе наутро, за секој чај употребуваат по една вреќичка и потоа ја фрлаат, а имаат и за цел ѓеврек, што веќе е опасно за здравјето, а што може да биде потврдено од било кој нутриционист. Така што во стратегијата за развој на Македонија треба да се предвиди дека оваа група на „богати“ треба под итно да се смести во групата „умерено богати“ или уште подобро, во групата „умерено сиромашни“ со цел да се намалат здравствените трошоци што оваа земја ги трпи од нездравиот живот што го водат овие луѓе. Остануваат тие што имаат приход над минималниот од 20 000 денари, но тие веќе спаѓаат во групата „непоправливо богати“ за кои нема спас. Јадат леб повеќе од еднаш на ден, некои од нив веројатно пушат и цигари, се возат со автобус или автомобил, се капат еднаш неделно кога е ефтина струјата, а понекогаш дури и ја перат облеката. Само со вода, без прашок, зашто прашокот содржи хемикалии кои, зар јас треба да ви кажувам, се птетни. Така што, се на се’, кај нас навистина не е лошо. Тие што зборуваат за некаква си општа сиромаштија веројатно тоа го прават само од злобни намери. Како и оние кои барааат 78 отсто покачување на платите и пензиите, колку што беа покачени платите на функционерите. Да бараш такво нешто е надвор од здравиот разум, кога ти е умерено добро и со 200 денари на ден, а со 400 денари веќе си богат. Па што ќе им правиш на тие 78 отсто ако ги добиеш? Ќе јадеш макарони по гарантирана цена три пати на ден? Ќе се тушираш еднаш дневно? Пу-пу далеку било! Ќе трошиш на лекови и на хигиена? Ќе се возиш со автобус наместо да одиш пешки или не дај Боже, ќе возиш автомобил кој троши бензин? Ќе купиш книга и ќе ја читаш? Ќе одиш на театарска претстава? Ќе се напиеш кафе во некое кафуле…? Ха, тоа се само навики на декадентната буржоазија на која не треба да се угледате. Еден ден таа ќе пропадне, а вие и натаму ќе опстојувате со вашите 200 денари Е, сега, има земји во кои ако повеќе од четвртина од населението живее со 200 денари на ден, а 4 отсто од населението со 60 денари на ден, симболично кажано, би ја запалиле таа држава. Би ја полиле со бензин и би ја запалиле. Но, тоа се главно луѓе од аздисаните западни земји каде не сфаќаат дека да бидеш „умерено сиромашен“ е благодет. И каде не сфаќаат дека гледањето како некои други, оние избраните, делат милиони меѓу себе крадејќи од твоето, е само знак на злоба и завидливост. Карактеристики од кои што треба да се ослободите. Нека ги со нивните 78 отсто, со нивните милиони, со скапата облека, со нивниот раскошен живот. Вам ви е добро и вака и нема потреба ни да биде поинаку. Освен што во целата приказна за 200 денари на ден има еден мал проблем. Учејќи се да не јадете и да не пиете вода, може да се случи да умрете. За разлика од оние со 78 отсто. Но, и за тоа не треба да се грижите. И тие ќе умрат еден ден, зар не? Порано или подоцна. А ако се случи додека ги читате овие редови да ви се пријаде нешто, на пример, некаков луксуз како чоколадо или слично, сфатете го тоа само како искушение на кое можете да одолеете, за разлика од декадентните кои тоа не го можат. Што е уште еден доказ за супериорноста на 200-те денари наспроти милионите. Колумна на Дарко Јаневски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-kako-e-da-zhiveesh-so-200-denari-na-den-a-da-ne-znaesh-deka-si-umereno-bogat/feed/ 0
Избори, а не уставни измени! https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kolumna-na-janevski-izbori-a-ne-ustavni-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kolumna-na-janevski-izbori-a-ne-ustavni-izmeni/#respond Fri, 18 Aug 2023 10:30:07 +0000 https://kurir.mk/?p=868323

Ако ништо друго, барем пред денешаната собраниска седница работите се чисти и се на маса. Впрочем тоа е така веќе извесно време: СДСМ сака уставни измени веднаш, ВМРО-ДПМНЕ бара тие да стапат во сила по влезот на Македонија во ЕУ со сите можни гаранции за македонскиот народ добиени претходно, вклучувајќи ги тука ЕУ и САД. А бидејќи во ЕУ ќе сме влегле на голема врата до 2030 година, нели така не убедува власта, тоа и не е така многу долго време за да се побара трпение од Бугарија. Како и да е, работите се на чисто. Но, од друга страна, двата става изгледаат непомирливо, настрана медиумската и пропагандата војна и морето од спинови што ги нуди власта со извртување на зборовите. И за да се помират двете страни, двата става, единствен разумен компромис, што би рекол екс претседателот Иванов, е прашањето да се реши на избори на кои ќе се измери тежината иа ставовите на двете партии, но и на помалите партии од кои некои се против влегувањето на Бугарите во Уставот во било која варијанта. При тоа, сосема прифатливо звучи есенскиот датум што за избори го понуди Мицкоски уште во јуни. Во сето ова нема голема филозофија. На страната на СДСМ и ДУИ, без кого СДСМ очигледно не може, се медиумите, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидува да парира, но во овој случај се чини дека мислењето на граѓаните е изградено и дека пропагандата не може многу да влијае врз тоа. Како и шишињата со масло за јадење и вреќите брашно што ќе ги дели СДСМ пред изборите. Останува проблемот со полнењето на кутииите, но тоа ќе треба да го реши ДИК. При тоа, сосема разумно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ, поразениот на изборите да ги поддржи ставовите на победникот во врска со ова прашање. Изборите би требало делумно да го решат и проблемот со притисоците од страна на меѓународната заедница, која сосема очекувано, во предизборниот период ќе биде на страна на актуелната власт. Но, како што стојат работите, ставовите на оној дел од светот што ние го перцепираме како меѓународна заедница, а тоа е Западот, имајќи го предвиди расположението на јавноста, може само да биде контрапродуктивен и да и одмогне на власта во нејзиниот поход кон итни уставни измени и внес на Бугарите во Уставот пред започнување на преговорите со Брисел кои досега ги почнавме барем десетина пати. Изборите истовремено би дале одговор и на економската криза во која се наоѓа Македонија и која е до тој степен изразена што дојдовме до ниво кога се смета дека на граѓаните за здравствени потреби им се доволни само 800 денари месечно (200 денари по член на семејството од четворица) и дека за храна на истото семејство му се доволни нешто над 600 денари дневно. Сето тоа, во услови кога функционерите добија 78 отсто повисоки примања за кои, на пример, наставниците или медицинарите, можат само да сонуваат, што само ја продлабочува депресијата и страшната апатија во која се наоѓа зомбираното македонско општествено ткиво кое е веќе почнува да мириса од сопственото распаѓање. И од што може да биде извлечено само со избори и кампања во која и онака разјаснетите работи уште еднаш ќе им бидат предочени в лице дури и неверните Томавци. Се разбира, тука е и прашањето за криминалот на власта и владеењето на правото (заборавените Кацарска и Рускоска како симболи на гниежот на судството), нешто што сосема извесно би не блокирало во преговорите со ЕУ дури и да не е бугарскиот став. Изборите ќе покажат дали граѓаните се задоволни од сегашната состојба или се подготвени да се потпрат на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го реши ова прашање. Изборите ќе покажат и кој пат граѓаните сакаат да го одберат – оној на СДСМ кој не носи во прегратките на Бугарија и во прегратките на тезата за вештачки македонски народ, или патот на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе дадат можност да се измерат и некои други опции кои се нудат. Се друго, освен ова, води во натамашна агонија на веќе агонизираната Македонија која забрзано останува без својата популација, што не може да го сокрие ниту пописот. Пред шест години, во третиот квартал 2017 година, во Македонија имало 950 000 работоспособни лица, а во третиот квартал 2022 година имало 808 000 работoспособни лица. Така велат податоците на Државниот завод за статистика. Со други зборови, во меѓувреме, без оглед на розевите очила на власта, под водство на Црпко нобеловецот и Таче, сме останале без 150 000 согрaѓани кои својата среќа очигледно ја побарале надвор од Македонија. Тоа објаснува и како е можно да имаме 50 000 помалку вработени отколку во 2017 година, а стапката на невработеност да се намалува. Генијално решение на власта зар не? Ако вака продолжи трендот, наскро ќе останеме без невработени, а просечната плата ќе се вивне на словенско ниво, зашто од државата ќе си заминат сите со ниски примања и сите кои не работат, а кои се способни тоа да го прават во друга држава. Да не зборувам за тоа дека, како тргнала работата, наскоро за нас и Бугарија ќе стане Елдорадо, односно место каде ќе можеме да одиме на гурбет. Се разбира, изборите не се волшебно стапче. Тие нема да ги решат сите проблеми. Но, тие можат да бидат клучниот момент кој што ќе ја симне Македонија од респиратор и ќе ја извади од вешатачката кома во која се наоѓа. Значи, на изборите ќе имаме избор. Затоа и така се нарекуваат, зар не!? Дарко Јаневски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kolumna-na-janevski-izbori-a-ne-ustavni-izmeni/feed/ 0
КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Избори во септември, а не уставни измени! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-izbori-vo-septemvri-a-ne-ustavni-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-izbori-vo-septemvri-a-ne-ustavni-izmeni/#respond Sun, 11 Jun 2023 16:56:09 +0000 https://kurir.mk/?p=844672

Ако ништо друго, барем сега работите се чисти и се на маса: СДСМ сака уставни измени веднаш, ВМРО-ДПМНЕ бара тие да стапат во сила по влезот на Македонија во ЕУ со сите можни гаранции за македонскиот народ добиени претходно, вклучувајќи ги тука ЕУ и САД. А бидејќи во ЕУ ќе сме влегле на голема врата до 2030 година, нели така не убедува власта, тоа и не е така многу долго време за да се побара трпение од Бугарија. Како и да е, работите се на чисто. Но, од друга страна, двата става изгледаат непомирливо, настрана медиумската и пропагандата војна и морето од спинови шшто ги нуди власта со извртување на зборовите. И за да се помират двете страни, давата става, единствен разумен компромис, што би рекол екс претседателот Иванов, е прашањето да се реши на избори на кои ќе се измери тежината иа ставовите на двете партии, но и на помалите партии од кои некои се против влегувањето на Бугарите во Уставот во било која варијанта. При тоа, сосема прифатливо звучи септемврискиот датум што за избори го понуди Мицкоски. Во сето ова нема голема филозофија. На страната на СДСМ и ДУИ, без кого СДСМ очигледно не може, се медиумите, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидува да парира, но во овој случај се чини дека мислењето на граѓаните е изградено и дека пропагандата не може многу да влијае врз тоа. Како и шишињата со масло за јадење и вреќите брашно што ќе ги дели СДСМ пред изборите. Останува проблемот со полнењето на кутииите, но тоа ќе треба да го реши ДИК. При тоа, сосема разумно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ, поразениот на изборите да ги поддржи ставовите на победникот во врска со ова прашање. Изборите би требало делумно да го решат и проблемот со притисоците од страна на меѓународната заедница, која сосема очекувано, во предизборниот период ќе биде на страна на актуелната власт. Но, како што стојат работите, ставовите на оној дел од светот што ние го перцепираме како меѓународна заедница, а тоа е Западот, имајќи го предвиди расположението на јавноста, може само да биде контрапродуктивен и да одмогне на власта во нејзиниот поход кон итни уставни измени и внес на Бугарите во Уставот пред започнување на преговорите со Брисел кои досега ги почнавме барем десетина пати. Изборите истовремено би дале одговор и на економската криза во која се наоѓа Македонија и која е до тој степен изразена што дојдовме до ниво кога се смета дека на граѓаните за здравствени потреби им се доволни само 800 денари месечно (200 денари по член на семејството од четворица) и дека за храна на истото семејство му се доволни нешто над 600 денари дневно. Сето тоа, во услови кога функционерите добија 78 отсто повисоки примања за кои, на пример, наставниците или медицинарите, можат само да сонуваат, што само ја продлабочува депресијата и страшната апатија во која се наоѓа зомбираното македонско општествено ткиво кое е веќе почнува да мириса од сопственото распаѓање. И од што мож1е да биде извлечено само со избори и камапња во која и онака разјаснетите рбаоти уште еднаш ќе им бидат предочени в лице дури и неверните Томавци. Се разбира, тука е и прашањето за криминалот на власта и владеењето на правото (заборавените Кацарска и Рускоска како симболи на гниежот на судството), нешто што сосема извесно би не блокирало во преговорите со ЕУ дури и да не е бугарскиот став. Изборите ќе покажат дали граѓаните се задоволни од сегашната состојба или се подготвени да се потпрат на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го реши ова прашање. Изборите ќе покажат и кој пат граѓаните сакаат да го одберат – оној на СДСМ кој не еноси во прегратките на Бугарија и во прегратките на тезата за вештачки македонски народ, или патот на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе дадат можност да се измерат и некои други опции кои се нудат. Се друго, освен ова, води во натамашна агонија на веќе агонизираната Македонија која забрзано останува без својата популација, што не може да го сокрие ниту пописот. Пред шест години, во третиот квартал 2017 година, во Македонија имало 950 000 работоспосoбни лица, а во третиот квартал 2022 година имало 808 000 работoспосoбни лица. Така велат податоците на Државниот завод за статистика. Со други зборови, во меѓувреме, без оглед на розевите очила на власта, под водство на Црпко нобеловецот и Таче, сме останале без 150 000 согрaѓани кои својата среќа очигледно ја побарале надвор од Македонија. Тоа објаснува и како е можно да имаме 50 000 помалку вработени отколку во 2017 година, а стапката на невработеност да се намалува. Генијално решение на власта зар не? Ако вака продолжи трендот, наскро ќе останеме без невработени, а просечната плата ќе се вивне на словенско ниво, зашто од државата ќе си заминат сите со ниски примања и сите кои не работат, а кои се способни тоа да го прават во друга држава. Да не зборувам за тоа дека, како тргнала работата, наскоро за нас и Бугарија ќе стане Елдорадо, односно место каде ќе можеме да одиме на гурбет. Се разбира, изборите не се волшебно стапче. Тие нема да ги решат сите проблеми. Но, тие можат да бидат клучниот момент кој што ќе ја симне Македонија од респиратор и ќе ја извади од вешатачката кома во која се наоѓа. Значи, на изборите ќе имаме избор. Затоа и така се нарекуваат, зар не!? Колумна на Дарко Јаневски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-izbori-vo-septemvri-a-ne-ustavni-izmeni/feed/ 0
Јаневски: Оваа влада сака да дојде до тоа дека и во Македонија нема Македонци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-ovaa-vlada-saka-da-dojde-do-toa-deka-i-vo-makedonija-nema-makedonci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-ovaa-vlada-saka-da-dojde-do-toa-deka-i-vo-makedonija-nema-makedonci/#respond Wed, 20 Jul 2022 17:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=708043

Новинарот Дарко Јаневски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ говореше за ситуацијата во која се наоѓа Македонија поради власта предводена од СДСМ и посочи дека целата на оваа власта е да се дојде до тоа дека и во Македонија нема Македонци. -Во договорите со Бугарија и Грција се напиша дека нема таму нема наше малцинство, ако нема малцинство тогаш нема кој да го зборува јазикот, македонски. И сега тие договори се дел од тој процес за преговарање, ќе ти стои на врат и Брисел и Вашингтон и кој се не, затоа што се напиша дека таму нема луѓе кои се по националност еднакви со мнозинсчкиот народ во оваа држава кој што се нарекува македонски народ, ако нема луѓе тогаш прашање беше на време кога ваква работа ќе се појави за јазикот, кој да го збори? Работата е на крај да дојдеме до тоа дека и во Македонија нема Македонци, целата поента е таа, рече Јаневски. Новинарот Јаневски во текот на своето гостување објасни дека како што власта лажеше дека е бетониран идентитетот сега лаже дека е бетониран и македонскиот јазик. -Тоа сега како во Европа ќе се зборело и ќе бил бетониран македонскиот јазик, тоа исто како со идентитетот, нели. Поентата е по крајна линија како што дека се потпиша дека нема Македонци во Бугарија и во Грција, согласно тоа не можеме да имаме македонски јазик. Постепено ќе се дојде до тоа дека нема Македонци и во самата Македонија, таа е идејата, јас не велам дека ќе се оствари, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-ovaa-vlada-saka-da-dojde-do-toa-deka-i-vo-makedonija-nema-makedonci/feed/ 0
Јаневски: Лажат дека не преговараат за јазикот и идентитетот, да не им дозволиме да не обезименат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-lazat-deka-ne-pregovaraat-za-jazikot-i-identitetot-da-ne-im-dozvolime-da-ne-obezimenat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-lazat-deka-ne-pregovaraat-za-jazikot-i-identitetot-da-ne-im-dozvolime-da-ne-obezimenat/#respond Sun, 03 Jul 2022 17:55:09 +0000 https://kurir.mk/?p=699304

Се собираме да кажеме не за ваков предлог кој трагично не погубува за век и веков. Или ќе не има или воопшто ќе не нема. Тоа што сакам да го кажам е за една лага која со денови ни ја протнуваат, а тоа е го заштитиле македонскиот јазик, дека бил бетониран, изјави новинарот Дарко Јаневски на денешниот протест „Ултиматум НЕ благодарам“ потенцирајќи власта манипулира со народот додека во исто време преговара за јазикот и идентитетот. - Денеска го слушавме Ковачевски со истата лага, а ако се сеќавате истата лага ја кажуваа кога го потпишаа Преспанскиот договор и викаа дека македонскиот јазик и идентитет се бетонирани и денеска расправаат за тој бетон. Во исто време не лажеа дека договорот што го потпишаа Заев и Борисов мора да го спроведеме, а во него клучна точка е македонскиот јазик, рече Јаневски. Тој посочи дека втората лага која се обидуваат да ја протнат е дека ја исфрлиле историјата од преговарачката рамка со ЕУ, и тоа е повторно лага затоа што има комисија која преговара за тоа и веќе ги испреговараа Цар Самоил, Кирил и Методиј, а сега им останаа Гоце, Даме и сите херои од химната, строфа која ја избегнуваат за после да се вадат дека згрешиле. - Велеа дека идентитетот ни е бетон, а тој идентитет прво го претворија во три коси црти, и не сметаат за коси црти, а не Македонци, а Макрон не нарече Северномакедонци. Ако тоа не е така како што тврдат, тогаш за што преговараат? Дали за патот до Софија? Не, туку преговараат како да не залажат за да не видиме дека не поништуваат. Оваа држава со нив чекор по чекор се распаѓа, изјави Јаневски. Јаневски во врска со зборовите на Османи дека ако сега не сме прифателе илјадници деца ќе заминеле, изјави дека помалку од два милиони испаднавме затоа што илјадници деца заминаа, а тие крадеа и ги полнеа џебовите. - Да не им верувате на нивните лаги, ве замолувам како што вчера и денес излеговме во масовен број тоа да го правиме и понатаму за да не им дозволиме да не обезименат, потенцираше Јаневски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-lazat-deka-ne-pregovaraat-za-jazikot-i-identitetot-da-ne-im-dozvolime-da-ne-obezimenat/feed/ 0
Дали наставата со физичко присуство е со цел децата да го „поминат“ вирусот? https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dali-nastavata-so-fizichko-prisustvo-e-so-cel-decata-da-go-pominat-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dali-nastavata-so-fizichko-prisustvo-e-so-cel-decata-da-go-pominat-virusot/#respond Fri, 03 Sep 2021 18:52:46 +0000 https://kurir.mk/?p=556922

Самиот факт што Венко Филипче и, веројатно, Комисијата за заразни болести, препорачаа средните училишта во Тетово и Гостивар да не ја почнат наставата со физичко присуство, туку он лајн, ја руши основната теза на Мила Царовска дека училиштата не се трансмитери на вирусот. Инаку, мерката Филипче не би имала логика, нели? Ако, пак, тоа што го тврди Царовска е точно, а Филипче ја одложува наставата со физичко присуство поради тоа што многу од учениците патувале за да дојдат до училиштата, па вирусот ќе се шири меѓу нив додека патуваат, што е сосема реално да се претпостави, тогаш, Филипче прави катастрофална грешка со Скопје, каде има над 20 средни училишта и најмалку уште со Битола, два града каде учениците во многу поголем број се принудени да користат автобуси на ЈСП во кои вирусот ќе може со лажичка да се собира во пиковите кога децата ќе одат и се враќаат од училиште. Како и да е, еден од овие двајца греши. Најверојатно грешат и двајцата, бидејќи децата ќе го шират вирусот и кога ќе се превезуваат и кога ќе седат во училишните клупи. Првите десет дена можеби по некоја од мерките и ќе се почитува, но потоа, во еден момент, кога на наставниците и редарите ќе почнат да им „паѓаат“ нозете од трчање по децата и да им се „сушат“ устите од предупредувања, се ќе се урне како кула од карти. Патем, ако забележавте, Филипче вели дека мерката за Тетово и Гостивар се носи затоа што болниците во двата града биле преполни. Внимавајте, тој не вели дека нема опасност од децата и за децата, туку вели „болниците биле преполни“. Што отприлика значи дека ако болниците не се преполни, вирусот слободно нека се шири меѓу децата, нека го носат дома, ама „кривата“ важно да биде развлечена. Односно, кога се разболуваат, да не се разболуваат сите одеднаш, туку да водат сметка за тоа колку кревети има слободни. Јака стратегија. Која децата секако ќе ја разгледаат на час на кој се присутни најмалку 30 од нив во просторија во која, како што вели Ана Глигорова, има место за само двајца ученици и еден наставник под услов да се почититува растојанието меѓу нив. Така што, поголемо признание дека, тврдењето на Царовска дека училиштата се безбедни, е најобична лага – нема. Но, за жал, сите, ама буквално сите во оваа јадна творба од држава – од експерти до партии – ова го премолчуваат. Е, сега, ако средношколците се опасност за другите и се во опасност за самите себе, логичното прашање доаѓа само по себе – тие средношколци, односно голем број од нив, немаат сестричиња и братчиња во основните училишта? Еве, ќе пуштите тие од 14 до 18 години да го „поминат“ вирусот. Да се заразат. Тоа го направиле во Шведска, нели? А, ние, селанчиња кутри, сакаме да бидеме Швеѓани, иако една маска од три денари ја носиме цел месец, а и таа обично си ја чуваме стуткана в џеб. Па, тоа е сега и наша цел? Зар не? Тоа е изумот? Ние допрва ќе постигнуваме колективен имунитет со комбинација на вакцини и природно заразување, во ситуација кога буквално сите светски експерти се откажаа од таа идеа тврдејќи дека тоа не е достижно без вакцини кои ја спречуваат трансмисијата. А овие не го прават тоа!  И во услови, кога и натаму без одговор е шокантното тврдење кое помина речиси незабележано во јавноста, стручна, т.н. новинарска и обична, дека ниту болниците, ниту матичните лекари немаат единствени протоколи за лечење. Како тогаш ќе се справите со децата кои вирусот потешко ќе ги погоди? Ќе се молите на Господ? Ќе ги ангажирите глупавите новинарски и ФБ загари да ги колнат децата што не се вакцинирале, иако никој жив на оваа планета нема податоци за влијание на вакцините кај помладите од 18 години, па затоа се разболеле, а нивните повозрасни – вакцинирани – умреле затоа што имале други болести? Но, да се вратам на основците. Дека очигледна е идејата и низ нив да помине вирусот, тоа е сосема јасно. И преку нив да се уплашат и нивните родители и баби и дедовци, кои не се вакцинирани, па да го сторат тоа. И можеше да се разбере дека од некој како Царовска, не треба тука да се очекува кој знае каков ум. Ама молкот на останатите? Молкот на Комисијата? На Филипче кој пушта недоветни постови дека местото на децата било клупите, небаре ние не знаеме? Но, разумните луѓе меѓу две зла го бираат помалото. А, меѓу болница и учење од дома, не е баш тешко да се одбере што е помало зло. Не ги мешаме тука тендерите за лубриканти, кои се убедливо на прво место по добро. Зар, не? Но, ајде да ги разгледаме мерките кои се предвидени за училиштата. Една од нив е дека на голем одмор не е задолжително носење маска, но да се одржувало растојание. Значи, децата ќе бидат меѓу четири и шест часа на настава со маски, ама тие 15 минути нема да ја носат, што е сосема нормално. Но, можете да се обложите и дека нема да има растојание меѓу нив, така што носењето маска во другото време станува беспредметно. Деца во група во која гласно зборуваат, се смеат, се надвикуваат, се бркаат, трчаат – тоа е сосема идеална подлога за ширење на вирусот. „Паметните“ тогаш ќе предложат дека децата треба да носат маска и на одмор. Изводливо? Ни во сон! Бидете убедени дека на еден дел од нив веднаш, „сосема случајно“, ластиците од маските ќе им се скинат, а ете, заборавиле да понесат друга. Ќе биде избркано детето од настава? Можеби! Но, тогаш барем на уште половина други маските ќе им паднат! Друга дел од протоколот е и дека превозниците кои превезуваат ученици треба ги почитуваат предвидените мерки за превоз. Ова веќе делумно го објаснив погоре, но таму зборував за јавен превоз. Овде се мисли на организиран превоз, но ако автобусот собира и превезува 50 ученици, тогаш, бидете сигурни дека тој нема да се враќа два пати за да превезува по 25. Ќе бидат сите 50 на едно купче и тоа е тоа! Нормално, уште помалку возачот ќе се заморува со тоа дали децата носат маски или не, дали разговараат меѓу себе или не и да не должам понатаму, мислам дека ви е јасно. Следната мерка вели дека „доколку дозволуваат временските услови, треба да се остава прозорецот отворен на училницата и да се избегнува користење на клима уреди“. Со други зборови, направете промаја. Во училница со 30 деца, јасно е дека само отворен прозорец без посилно струење на воздухот не врши работи. Нормално, ќе беше пожелно сите овие кои се за одење на училиште, десетина дена од овој август кој изминува да ги ставиме во некоја експериментална група – 4 часа на промаја секој ден. Ако поминат добро, тогаш можеби ќе биде добро и за децата. Освен што има еден мал проблем. Утринските темпратури веќе паѓаат, така што прозорците ќе се отвораат подоцна, а веќе во октомври можно е и да бидат целосно затворени. Што ќе правиме тогаш? Има еден епидемиолог од Харвард, се вика Ерик Фејгл Динг (Eric Feigl-Ding), инаку тип кој би ги вакцинирал и децата над две години. Е тој, неодамна интервјуиран за австралиска ТВ, изјави дека вакцините сами нема да ја завршат работата, дека клучот е во превенцијата, а покрај маските, главната поента му е во вентилацијата на затворените простории. Значи, инсталирање на некаков систем за вентилација (не мисли на клими, се разбира, нешто што кинеските експерти им го укажале на српските уште лани во март). Ако е човекот во право, тогаш, што ќе правиме од октомври, па натаму, со нашиот систем на „промаја“ вентилирање на просториите? Ќе чекаме, како Бугарите, десет отсто од децата да ни се испоразболат за да ја прекинуваме наставата? Ах, да, во октомври се избори, па не ќе биде лошо ако народот малку повеќе се уплаши, за на гласање да излезат само најзагреаните партиски членови и симпатизери! Тоа е планот? Следна мерка е: „Употреба на тоалет на организиран начин, ако веќе има некој внатре, ученикот чека да излезе, па влегува“. Мерка која во најголем број случаи нема да се применува. Детето нема да влезе ако тоалетот е зафатен, но ако има повеќе кабини и ако некоја е слободна, оваа мерка можете слободно да ја избришете. Освен доколку не ви е потребна за да кажете дека вие сте предупредиле, а кој им е виновен на децата што не почитуваат. Нека се заразат, нели? Понатаму, во сетот мерки се вели дека „храната која се подготвува треба да биде во согласност со Законот за безбедност на храна“. Не го разбирам ова до крај, бидејќи тоа имплицира дека досега немало обврска „храната која се подготвува да биде во согласност со Законот за безбедност на храна“? Второ, тоа претпоставувам се однесува на децата кои се хранат во училиштето. Но најголемиот дел од нив ќе си носат храна од дома, а при јадење, се разбира, нема маски. Згора на тоа, општо познат факт е дека поубаво е кога се јаде во друштво. Децата не се исклучок, нели? Се разбира, тука е она – дај ми малку да пробам? Сигурни сте дека во сите случаи ќе се почитуваат предупредувањата од дома и од наставниците? „Во спортска сала, библиотека, да нема мешање на повеќе паралелки“, вели следната мерка. Добро, но што е со тоа дека една паралелка ќе влезе во соблекувална од која штотуку излегла друга. Тоа е истиот воздух, истите предмети во соблекувалната и салата, потење на децата и бришење пот при што секако ќе има допирање на очите, носиња кои ќе протечат, неизбежни физички допири…! Навистина, вие со сет памет мислите дека делење презервативи и сочувување на децата од оваа „делта“ ваирјанта е едно те исто и дека оваа работа ќе ја завршите така што ќе отпосле ќе ја покриете со пропаганда? Ова се само дел од мерките кои немаат никаква врска со реалноста. Можеме вака до утре. Да не зборуваме за тоа дека нема да има ништо од два пати дезинфицирање на просториите и предметите и тука нема да помогне префрлувањето на вината на училиштата кои едноставно немаат доволно луѓе и пари за такво нешто. Како што нема шанси да се одржува физичко растојание меѓу децата, нема шанса доследно да се почитува мерката за носење маски и така до бескрај. После ќе се натпреваруваме во докажување дали децата ги заразиле домашните, сеедно дали тие се вакцинирани или не со овие вакцини кои „протекуваат“ и дали училиштата се виновни или „горните“ власти за тоа што и самите деца се повеќе се разболуваат. Но, тоа ќе биде отпосле. А отпосле им текнува, како што велеше проф. Ѓорги Марјановиќ, само на будалите! Инаку, во американскиот Сенат, републиканците, во расправата со директорката на нивниот Центар за болести, Рошел Валенски, објавија податок дека лани во САД од Ковид 19 умреле нешто под 400 деца, но и дека сите тие деца, до едно, имале некои други заболувања. Тоа се децата кои кај нас нема да присуствуваат на настава. Но, дали тие податоци покажуваат дека наставата за другите е безбедна? Да, под услов да не се работи за податоци кои се однесуваат за варијантата на вирусот пред појавата на „делта“. Сега, и самите Американци признаваат дека илјадници деца им се заразуваат и дека се повеќе ги има во болниците. Други пак сакаат да се споредуваме со Германија. Таму децата оделе на училиште. Да, но кога „жабата видела потковица, па и таа ја кренала ногата“, не заборавала дека Германија има 1 000 починати на милиони жители, а ние 2 700 (при надуена бројка од вкупно 2 038 000 македонски жители). Што отприлика значи дека целокупниот систем на Германија подобро се справува од нас во оваа криза и дека тоа е систем кој врз таа основа изградил доверба кај луѓето. Но, Европскиот центар за болести  и превенција признава дека неодењето на училиште во соседот на Германија, Холандија, при старата варијанта на вирусот, ја намалило вкупната трансмисија за 8 отсто (зборуваме за вкупна трансмисија во државата, не само за таа меѓу децата). Нема причина да не се верува дека така било и во Германија кога децата не оделе на училиште и дека осумте отсто се вратиле кога децата тргнале на училиште. Инаку, кога и тие, Германците, би ја имале нашата смртност од Ковид 19, вкупно би имале над 200 000 починати со што би биле убедливо најголема гробница од Ковид 19 во Европа. А, не се. Далеку се од тоа? Затоа, оладете малку кога неболузната мерка за одење на децата на училиште ја покривате со таквите одлуки во други земји. Патем, да цитирам еден лекар од скопските клиники кој коментирал кај своја колешка: „За жал новите варијанти многу повеќе ги напаѓаат младите и децата, овој пат со симптоматски форми на болеста. Треба да се спремаме за болни деца и загубени животи.“ И за крај, да не заборавам: една од главните поенти на одењето на училиште е социјализацијата на децата. Ако ги погледнете самите мерки, ќе видите дека тие пропишуваат да нема контакт меѓу децата и тие да носат маски. Значи не смеат да се допрат, нема разговор меѓу нив со визуелизирање на туѓиот израз на лицето, нема групирање, нема смеење, нема ништо. За каква социјализација тогаш зборувате? Многу поверојатно е, природно е, дека непочитувањето на мерките ќе дојде само по себе. Тогаш ќе ја добиете вашата социјализација. Но, со нејзе ќе дојде и нешто друго. Дарко Јаневски за ДЕНЕШЕН]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/dali-nastavata-so-fizichko-prisustvo-e-so-cel-decata-da-go-pominat-virusot/feed/ 0
Лудачки експеримент со учениците! https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ludachki-eksperiment-so-uchenicite/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ludachki-eksperiment-so-uchenicite/#respond Wed, 25 Aug 2021 09:03:00 +0000 https://kurir.mk/?p=554798

Некои велат дека не ги сакаат турските серии. Јас ги сакам. Еве деновиве го гледавме сто и првото продолжение од серијата „Ваксери против антиваксери“ и обратно. Еднаш, едни од серијата, ги чекав цела година да се бакнат, ќе видиме како сега ова ќе се развива. Турците се покажаа како прилично иновативни. Ама непредвиливи во тоа дали на крајта ќе се земат или ќе ќе се истепаат. Како и да е, од Заев и Филипче вчера разбрав дека ситуацијата ни била драматична. И дека за тоа биле виновни овие што не сакаат да се вакцинираат. Лани, виновни беа тие што не сакаа да носат маски. А за умрените виновни беа самите умрени оти доцна се јавувале на лекар. И дека имале и други болести. За да звучи посериозно, онака понаучно, тоа го нарекуваа и го нарекуваат коморбидитети. Е, тие со коморбидитети, откако веќе биле болни, пак се разболеле, што е срамота само по себе, па уште и се лутеле што не биле излечени. И што умреле. Што навистина ги прави глупави луѓе. Во секој случај, секогаш некој друг е виновен. Обично самиот народ. Никако тие што седат во фотелји. Еве и прележаните се виновни што прележале. Ако умреа, пу-пу, далеку било, не ќе го имаа проблемот со антителата до таван. И не ќе се плашеа да се вакцинираат. Вака, испаѓа дека 44-тиот ден можат да влезат во кафеана како луѓе и да излезат како магариња, ама 46-тиот не можат да излезат како магариња. Затоа што не можат да влезат како луѓе. И после нека каже некој дека бројките не се битни. Само што овде пак нешто е не јасно: четворката е поголема од шестката, а ние мислевме дека е обратно. Но, ако има нешто позитивно во ова, тоа е што ние другите кои сме привилегирани, сме на слатка мака: сега во кафеана треба да пиеме по една за себе, а по една и за овие „небањативе“. Во стилот: една за Вицето, една за црквата. И на крај и ние ќе излеземе од кафеана како магариња. И сите ќе си живееме среќно. До утринскиот мамурлак. А, ако го слушате и градоначалникот на Штип, Сашко Николов, виновни биле и пушачите. Момокот исто така бил лекар, па знаел. Сме пушеле по две-три кутии цигари на ден, а сме сакале да немаме мртви од короната. Што навистина не сместува во редот на недоветни. За разлика од Турците, на пример, кои ем си пушат, ем имаат 638 мртви од корона на милион жители, четири пати помалку од нас. Да повториме – четири пати помалку од нас! Како и Албанците во Албанија. Кои имаат 862 мртви на милион жители наспроти нашите над 2 500 на милион. А чадат бетер и од Турците. Како и Србите, Грците, Италијанците со кои сме тука негде во пушачката трка… Но, сите тие можеби лажат за бројките. Зашто ги мразат Филипче и Заев. Па ем си дуваат, ем кафе и чај си пијат, ем помалку умираат. Но, затоа ние можеме да им го кренеме средниот. Прст. Оти и ние коњ за трка имаме. Сашко Николов-градоначалникот на Штип. А, ете при ваква драма, со по 1000 заразени на ден и 20-тина починати, децата ќе почнат да одат на училиште. Што е за пофалба. Оти ништо не можело да ја замени училишната клупа. Браво. Ние родителите, односно некои од нас, досега бевме глупави и не го знаевме тоа. И затоа сакаме децата да останат дома. Не за да не се заразат, не за да не го пренесат вирусот некому дома, макар сите членови биле вакцинирани. Од вакцини кои штитат, ама пак и не штитат. Само десет отсто вакцинирани се заразувале, некои од нив завршувале и в болница, а некои од нив и умирале. Е, токму тој еден што може да умре, колку што ми е мене познато, за него не е 10 или еден отсто, туку е сто отсто. Тоа дете, кое ќе се зарази, ако има последици, за родителот е исто така сто отсто, а не бројка во статистиката на некоја студија или во статистиката на Филипче и Заев. Да не зборувам за оние кои Харвард професорот, д-р Мартин Кудорф, ги нарекува „ваксинални фанатици“. Ама ајде, тоа е веќе друг муабет, ние да се вратиме на децата и училиштата… Па, при сето тоа, интересно е дека, ако сте забележеле, Филипче и Комисијата на Караџовски мудро се држат настрана од децата. Ја оставаат истопорена „госпоѓата министерка“ за која сме сигурни дека има познавања од делење презервативи и од мавтање ЛГБТ знаменца, но не и за тоа дали децата, среде ваква пандемија која допрва ќе се разгорува, треба да одат на училиште! Но, ете, „госпоѓа министерка“ била сеопфатна. Плус, истиот егземплар, што би рекол покојниот Никола Кљусев, вели дека ако „има потреба“ моделот на настава со физичко присутво ќе се сменел. Па ич да не се секирате. Прашањето е, што значи тоа „има потреба“? Веројатно ни самата не знае. А прашањата се едноставни: Која е дефиницијата за „има потреба“ во ваков случај? Кој е критериумот врз основа на кој ќе се каже дека сега „нема потреба“, а утре „има потреба“? И обратно. Колку е тоа во бројки: 1 500 позитивни на ден и 30 мртви, 2000 позитивни и 50 мртви? Едно дете заразено, десет, сто, илјада? Кој е критериумот за „има потреба“, ајвани? Посебна категорија во оваа приказна се помирените родители. Некои прашуваат: „Ако нешто се случи, кој ќе одговара?“ Демек, многу е битно кој ќе одговара, ако детето ти се зарази. Или ако од него се заразат дедо му или баба му и завршат во болница. Бог да чува! Не го кажувам ова прв пат, но веројатно вреди да се повтори: Македонија не е ни САД, ни било која западна земја. Во Шведска, Норвешка и слични земји, некои податоци велат дека 50 отсто од луѓето живеат како самци. Тие што имаат деца, живеат како семејства во кои под еден кров се две генерации: родителите и децата. Во Македонија е обратно: половина семејства се со три генерации. Се сеќавам кога еден државен службеник ми раскажуваше како бил испратен во западна Македонија да проверува дали луѓето од некои семејства кои примаат социјална помош, навистина ги исполнуваат условите. Влегов, вели, во забарикадираниот двор и одеднаш почнаа да излегуваа десетина и повеќе луѓе: деца, родители, баби, дедовци – членови на повеќе фамилии, а сите заедно на крајта чинат една. И вие при вакви услови, главно наметнати од ниската економска база на оваа криминална и лоповска држава, при 1000 заразени на ден и 20-тина мртви, ќе ги праќате децата на училиште? Или ќе им правите ротации, па сега една-две недели ќе се заразуваат едни, а потоа други? Во земја во која 44 отсто од луѓето кои влегле со Ковид во болница излегле во сандак? Во земја која, ако е во право проценката на директорот на статистика, Апостол Симовски за тоа дека има помалку од 1,8 милион жители, бројот на мртви на милион житеи ја искачува на второто место во светот, веднаш зад Перу со над 5000 мртви на еден милион? Ви изгледа ова нормално? Си играте ли вие? Ах, да, многу се грижите за менталното здравје на децата и за квалитетот на нивното образование. Некако упорно го заборавам тоа. Само едно нешто ме мачи: зарем не ви беше поважно летово да има свадби во затворен простор? Ставете ги свадбите на една страна и децата на друга. Велите дека многу се грижите се децата, ама летово уште повеќе се грижевте за свадбите. Јака работа. Да се изнарипаат на оро, да се опијат и да се изнајадат. И сега имаме колапс! Сумирано кажано, експерименти да си правите со вашите деца, иако и за тоа би требало да ве испратат во установа, а не со туѓи. Навистина, дали некој мисли дека е возможно децата да издржат на дистанца од два метри, со маска на лицето од осум до 12 часот, најмалку? Нема да се приближат, нема да ја симнат маската, ќе одат по протокол во тоалет кој оддалеку мириса? Што ќе биде во октомври кога ќе почнат да им течат носињата, да кашлаат, кога по логика на нештата сите ќе станат заморни од мерките за на училиште и ќе се олабат… Знаете ли кој хаос ќе биде? Да не зборувам за гимназијалците. Нив ќе им наредите да бидат на два метри оддалеченост и со маска? Можеби тие не го пренесуваат вирусот и не се заразуваат! Сигурни сте? Истите вие кои донесовте Фајзер вакцина за деца од 12 до 18 години! Зашто ја донесовте тогаш? Зар не се безбедни децата од овој вирус? Или не се. Така велат податоците од болницата во Козле, зар не? Значи, децата оставете ги настрана. За да одат на училиште, требаше да се погрижите вирусот летово да не се рашири. Сигурно немаше да го спречиме, но прво треба да ни објасните како го спречуваат, на пример, во една Финска, тоа е моделот на госпожата министерка, нели, која има 146 мртви на еден милион жители, како тоа тука негде е Норвешка, зошто Данска е со 400 жртви на милион и каде вие ја утнавте па имаме 2 500 (и сите овие држави тие бројки горе-доле ги имаа и пред вакцинирањето). Или ние сме Балкан, а? Е па, ако сме Балкан, тогаш нека не ви биде чудно што луѓето не ви веруваат. Впрочем, сосема една работа е дали некој ќе може да оди во кафеана или не. Сосема друга работа е да ги ставиш детето и неговите во ризик, па макар тој бил и минимален, а не е! Кафеаната порано или подоцна не му бега никому кој ја сака, а ние десет дена и повеќе се расправме за тоа. Грешка е – да, од сите аспекти – и од медицнски (така тврдат повеќемина наши експерти, нели?) и од правен и од економски аспект, таа е тотален колапс, но таа мерка излезена од мозок кој е еднаков на капацитетот на малото новинарско бабуле, може да се поправи. Но, ако се згреши кај децата, враќање нема. А ваша работа во оваа година ипол беше, да најдете начин, наместо да се расправате прво за маски, нешто што се решаваше за ден и половина, па за вакцини за кои никој не се објаснил во светот, па за болните затоа што се болни, да најдете начин, оние другите последици за децата од учењето од дома да бидат минимални. Тоа што тука ја утнавте, не значи дека сега треба да се плати со ризик за децата од овој вирус, за кој, благо кажано, никој во светот нема целосен поим и сознанија зошто се однесува така како што се однесува, уште помалку ние овде. Ах, да не заборавам, уште нема објаснување зошто лани имавме 25 000 мртви, наместо 20 000 колку што е вообичаената смртност во Македонија на годишно ниво. И зошто оваа година веќе досега имаме 5 000 мртви повеќе. Патем, здравствениот систем ви е повторно затворен, нели? Зошто, ако се е во ред и ако децата можат слободно да одат на училиште?]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ludachki-eksperiment-so-uchenicite/feed/ 0
Јаневски: Додека националните интереси се во опасност, власта си игра детски игри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-dodeka-nacionalnite-interesi-se-vo-opasnost-vlasta-si-igra-detski-igri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-dodeka-nacionalnite-interesi-se-vo-opasnost-vlasta-si-igra-detski-igri/#respond Tue, 06 Jul 2021 18:13:59 +0000 https://kurir.mk/?p=532989

- Од власта прво ја одбија Резолуцијата, па потоа се сетија дека тоа не е баш паметно, но најдоа друга замка па ги пуштија помалите партии кои што рекоа да ќе ја подржиме ама ако биде под Република Северна Македонија, односно со новото уставно име. Кое ново уставно име, тоа е име е жив фалсификат. Се сетија дека всушност наместо они да влетаат во замка, подобро е они да направат свој вид на замка. Ова се детски игри од страна на власта, на луѓе кои што за жал ја водат оваа држава, рече Дарко Јаневски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Јаневски посочи додека на маса се национални прашања и идентитетот на Македонија и се во опасност, власта си игра детски игри. - Ние имаме проблем дома, ние немаме проблем надвор бидејќи тие си ги бранат своите интереси, а оваа власт нашите интереси воопшто не ги брани. И поради тоа последицата е јасна, појасни Јаневски. Јаневски додаде дека Заев треба да излезе во јавност и нека објасни зошто не смее да напише или да каже ФФМ. - Античовечки, антидемокрастски, антицивилизациски е формирање на историски комисии. И сега Заев вели дека со Царовска дека они преку тие комисии ќе им ја претставеле на децата во учебниците историската вистина. Па, имаш човек кој што вели дека Господ го црпнал од нива, и ја имаш Царовска која делела перзентативи и тие луѓе на децата наши ќе им ја доловат историската вистина. Која историска вистина тие ќе ја доловат, запраша Јаневски. Јаневски рече дека не може Заев да одлучува за Гоце Делчев дали е Македонец или не. Заев такво право нема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-dodeka-nacionalnite-interesi-se-vo-opasnost-vlasta-si-igra-detski-igri/feed/ 0
Јаневски: По вакви скандали како оној со пасошите и дрогата, нема друга опција освен да падне цела влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-po-vakvi-skandali-kako-onoj-so-pasoshite-i-drogata-nema-druga-opcija-osven-da-padne-cela-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-po-vakvi-skandali-kako-onoj-so-pasoshite-i-drogata-nema-druga-opcija-osven-da-padne-cela-vlada/#respond Wed, 14 Apr 2021 17:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=497229

Рашковски е само еден дел од мозаикот и тие работи се решаваат ако имаш систем, а тоа го нема кај нас. Афери како Рашковски има секој ден, системот не функционира да се справи затоа што не е поставен да ги решава, рече Дарко Јаневски, новинар и аналитичар на гостувањето во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа коментирајќи го скандалот со советникот на Зоран Заев, а претходно генерален секретар на Владата коментирајќи ги скандалите поврзани со Рашковски. Според него 4 години јавноста се занимава каков е Заев, а прашањето е дали ќе биде сменета оваа власт. „Пред некој ден беше и случајот со дрогата, со пасошите. Тоа се работи за кои паѓа цела влада. Но, што ако тоа не го направат. А гледаме дека не се прави ништо“, кажа Јаневски. Оваа влада беше донесена да ги потпише договорите со соседите и ништо повеќе. „Оваа власт и Заев ништо не ги интересеира освен лични интереси. Ние имаме и национална катастрофа со корона вирусоот. И тие не се грижат за ништо системот не функцира“, вели Јаневски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-po-vakvi-skandali-kako-onoj-so-pasoshite-i-drogata-nema-druga-opcija-osven-da-padne-cela-vlada/feed/ 0