дарко лазаров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 May 2022 19:22:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дарко лазаров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лазаров: Загрижувачки е фактот дека со владата на СДСМ за пет месеци имаме само 18% реализација на капитални инвестиции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-zagrizuvachki-e-faktot-deka-so-vladata-na-sdsm-za-pet-meseci-imame-samo-18-realizacija-na-kapitalni-investicii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-zagrizuvachki-e-faktot-deka-so-vladata-na-sdsm-za-pet-meseci-imame-samo-18-realizacija-na-kapitalni-investicii/#respond Mon, 23 May 2022 19:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=680724

Првиот впечаток е дека овој ребаланс на буџет се прави прилично рано, имајќи во предвид дека најчесто ребаланс на буџетот се прави во септември-октомври, смета универзитетскиот професор Дарко Лазаров во вечерашното гостување во емисијата Анализа на телевизија 24, додавајќи дека загрижувачки е тоа што се зголемуваат вкупните расходи во буџетот за 250 милиони евра, а од друга страна капиталните расходи се намалуваат за 100 милиони евра. -Од оние информации кои што се достапни во моментот, она што можеме да го дадеме како заклучок или констатација е тоа дека се оди на зголемување на буџетските расходи и тоа за 260 милиони евра, од кои 150 милиони евра се дополнително зголемување и на така претходно големиот буџетски дефицит. Од овие податоци кои што ги имаме буџетскиот дефицит би бил некаде околу 700 милиони евра и она што е загрижувачки е што од една страна се зголемуваат вкупните расходи во буџетот, а од друга страна капиталните расходи се намалуваат за 100 милиони евра, што значи дека владата не рационално прави преструктуирано во економијата, имајќи во предвид дека крати од капиталните расходи кои што можат да ја поттикнат економијата, вели Лазаров. Лазаров истакна дека заклучно податоците до 19 мај 2022 година кои се објавени на Министерството за финансии во моментот реализација на капиталните инвестиции е само 18 проценти или само 7 милијарди денари. -Во моментот имаме реализација на капитални инвестиции само 18 проценти или само 7 милијарди денари од вкупно 100 милијарди денари реализирани расходи тоа е некаде околу 7 проценти од вкупниот буџет на државата, и се навистина на едно ниско ниво, рече Лазаров. -Во ребалансот на буџетот се посочува дека ќе има зголемување на буџетскиот дефицит за дополнителни 150 милиони евра или вкупно 700 милиони евра, а од друга страна ние имаме сериозна неизвесност од каде ќе ги најдеме тие извори на средства, бидејќи знаеме дека владата во моментот преговара со ММФ меѓутоа тоа е неизвесно како ќе се случи, исто така е неизвесно каква ќе биде состојбата со меѓународните пазари на капитал, нагласи Лазаров]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-zagrizuvachki-e-faktot-deka-so-vladata-na-sdsm-za-pet-meseci-imame-samo-18-realizacija-na-kapitalni-investicii/feed/ 0
Лазаров за ТВ 24: Владата нерационално прави преструктуирање во економијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-za-tv-24-vladata-neracionalno-pravi-prestruktuiranje-vo-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-za-tv-24-vladata-neracionalno-pravi-prestruktuiranje-vo-ekonomijata/#respond Mon, 23 May 2022 19:17:50 +0000 https://kurir.mk/?p=680722

Универзитетскиот професор Дарко Лазаров во емисијата 24 анализа потенцираше дека ребалансот на буџетот се прави многу рано и најчесто се прават во септември. Владата мора да реагира на состојбите во кои се наоѓа. -Се оди на зголемување на буџетските расходи. Буџетскиот дефицит би бил 700 милиони евра и загрижувачки е што од една страна се зголемуваат вкупните расходи  во буџетот за 260 милиони евра, а од друга страна капиталните расходи се намалуваат за 100 милиони евра што знали дека владата нерационално прави преструктуирање во економијата зошто крати од капиталните расходи кои може да ја поттикнат економијата, рече Лазаров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-za-tv-24-vladata-neracionalno-pravi-prestruktuiranje-vo-ekonomijata/feed/ 0
Лазаров: Ветувањето на СДСМ за плата од 500 евра е промашено и лажно, па затоа се обидуваат да го прикријат манипулирајќи со бројки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-vetuvanjeto-na-sdsm-za-plata-od-500-evra-e-promasheno-i-lazno-pa-zatoa-se-obiduvaat-da-go-prikrijat-manipulirajkji-so-brojki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-vetuvanjeto-na-sdsm-za-plata-od-500-evra-e-promasheno-i-lazno-pa-zatoa-se-obiduvaat-da-go-prikrijat-manipulirajkji-so-brojki/#respond Wed, 21 Jul 2021 19:38:19 +0000 https://kurir.mk/?p=539941

На денешната трибина во Карпош  насловена „Промоција на политики - Македонија за сите луѓе“ свое обраќање имаше и претседателот на Комисија за економија, туризам и инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Лазаров кој зборуваше за тоа како владата на СДСМ манипулира со просечната плата за која ветуваше дека ќе стигне до 500 рвра на крајот на мандатот.

„Дури и методологијата да е таква каква што е. Дури и да просечната плата во моментот да е 28.700 денари. Внимавајте таа беше ветена во 2016 година дека до крајот на мандатот ќе има 500 евра просечна плата па премиерот облекуваше железни опинци за да стигне до неа. Но, на крај јас ќе ви дадам една илустрација за да видите колку сме далеку од тоа ветување дури и денес веќе во вториот мандат. Просечната плата во мај оваа година е 28.700 денари, а ветувањето беше 500 евра плата, значи не 30 илјади туку 500 евра, па дури и ако двајца работат илјада евра плата итн. Ако тие 500 евра плата, по девизен курс некаде околу 30.800 денари, ја одземете таа разлика со 28.700 денари, ќе видите дека тоа е некаде 2000 денари разлика од втувањето и на прв поглед вака поединечно ќе речете добро блиску сме стигнуваме до таа плата, меѓутоа ако тие 35 евра, еве и 30 евра да е таа разлика, ги помножете по 800 илјади вработени, тоа се 24 милиони евра помалку доход за вработените во Македонија. Ако тоа го помножите со дванаесет месеци ќе добиете 280-300 милиони евра помалку пари кај вработените во Македонија. Тое е тоа промашено лажно ветување на оваа влада коешто се обидува да го прикрие на овој начин на кој практично тоа го прави“, потенцираше Лазаров.

Тој додаде дека платите можат да растат само преку зголемување на продуктивноста, а не како што владата дава по 30 милиони евра годишно за субвенционирање на платите на вработените во приватниот сектор наместо да се инвестира во компаниите и тие самите да инвестираат во нова технологија и машини.

„Во економијата платите растат само со зголемување на продуктивноста и никако поинаку. Да не заборавиме една работа дека во изминатиот период и се уште таа политика е активна, Владата троши народни пари, по 30 милиони евра годишно за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите во приватниот сектор. Не се прави тоа така. Тие 30 милиони евра се инвестираат во компаниите тие да инвестираат во нови машини, во нова технологија за да продуктивноста расте и платите да растат на една оддржлива основа“, истакна Лазаров

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-vetuvanjeto-na-sdsm-za-plata-od-500-evra-e-promasheno-i-lazno-pa-zatoa-se-obiduvaat-da-go-prikrijat-manipulirajkji-so-brojki/feed/ 0
Лазаров: Гледаме еден гол популизам, една типична манипулација на креаторите на економските политики на неспособната влада на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-gledame-eden-gol-populizam-edna-tipichna-manipulacija-na-kreatorite-na-ekonomskite-politiki-na-nesposobnata-vlada-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-gledame-eden-gol-populizam-edna-tipichna-manipulacija-na-kreatorite-na-ekonomskite-politiki-na-nesposobnata-vlada-na-sdsm/#respond Tue, 29 Jun 2021 19:22:09 +0000 https://kurir.mk/?p=529564

На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема економија универзитетскиот професор Дарко Лазаров истакна дека економските политики на Владата предводена од СДСМ се катастрофални. Тие само го лажат народот и го манипулираат македонскиот граѓанин. -Размислував многу на која тема да говорам вечерва, затоа што има толку многу работи што треба да се кажат околу неспособноста на оваа Влада и на локалните власти во делот на водењето на државата и македонската економија. Оваа криза од една страна, извади на површина многу лоши економски политики што ги водеше Владата во изминатиот период, а од друга страна пак кризата за нив беше и една поволност да ги скријат сите неспособности во периодот од 2017-та до 2020-та година. И сега сите оправдувања на оваа Влада е кризата, дека таа е виновна за нереализација на економските владини мерки и така натака. Меѓутоа во суштина станува збор за една голема неспособност на Владата. Гледаме еден гол популизам, една типична манипулација на креаторите на економските политики на владата на СДСМ, посочи Лазаров. Денес не можеме да зборуваме ниту за евтина работна рака ниту за висока плата, рече тој. -Ние денес зборуваме за 50-60 илјади работни места кои практично се изгубени ова година ипол. Исто така, годишно одат по 40 милиони евра за субвенционирање на тие вештачки зголемени плати со кои тие се фалат. Кога зборуваме за отстапување од некое ветување, граѓаните го гледаат само едниот сегмент од приказната. На пример платата требало да биде 500 евра, денес платата е 27 илјади денари. И ќе излезе Зоран Заев и ќе рече па, добро 27 илјади е близу до 30 илјади денари. И граѓаните во прв момент можеби ќе поверуваат на тоа. Но, гледајте ги работите од макро аспект колку е тоа неостварливо. Зборуваме за отстапување од 50 евра на еден човек. Во Македонија има 800 илјади вработени. Ако помножите 800 илјади вработени по 50 евра тоа се 40 милиони евра месечно или 500 милиони евра со кои Заев ги излажал македонските граѓани, изјави Лазаров. Околу стапката на економскиот раст тој посочи дека владата на СДСМ ги излажала граѓаните. -Еден процент на десет милијарди евра БДП се 100 милиони евра. Значи 100 милиони евра помалку пари создала оваа Влада во однос на тоа што ветувала. А тие пари треба да се дистрибуираат на граѓаните, истакна Лазаров. Околу програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори Лазаров рече дека станува збор за еден развоен, модерен концепт за водење и развој на македонската економија во наредните пет, десет години. Концепт кој се базира на реални фундаменти и проекти, на визија како треба да се води македонската економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-gledame-eden-gol-populizam-edna-tipichna-manipulacija-na-kreatorite-na-ekonomskite-politiki-na-nesposobnata-vlada-na-sdsm/feed/ 0
Лазаров: Корупцијата ги демотивира младите да инвестираат во човечки капитал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-korupcijata-gi-demotivira-mladite-da-investiraat-vo-chovechki-kapital/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-korupcijata-gi-demotivira-mladite-da-investiraat-vo-chovechki-kapital/#respond Fri, 29 Jan 2021 10:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=461402

Колку е штетна корупцијата низ примерот на образованието и човечкиот капитал: - корупцијата целосно го девастира образовниот систем од каде треба да се продуцира знаење, - корупцијата ги демотивира младите да инвестираат во човечки капитал, - корупцијата ја одвраќа интелектуалната класа да се вклучи поактивно во општествено-економските процеси со цел да придонесе повеќе во развојот на државата, - корупцијата придонесува за brain drain со што трајно се губи голем човечки потенцијал кој треба да биде носечка развојна сила на државата, - корупцијата предизвикува погрешна кадровска селекција во приватниот, а особено во јавниот сектор. И уште многу негативни ефекти... Фејсбук статус на Дарко Лазаров ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-korupcijata-gi-demotivira-mladite-da-investiraat-vo-chovechki-kapital/feed/ 0
Лазаров: На крајот на 2021 година не само што ќе имаме послаб економски перформанс во однос на 2019 година, туку ќе бидеме многу позадолжени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-na-krajot-na-2021-godina-ne-samo-shto-kje-imame-poslab-ekonomski-performans-vo-odnos-na-2019-godina-tuku-kje-bideme-mnogu-pozadolzeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-na-krajot-na-2021-godina-ne-samo-shto-kje-imame-poslab-ekonomski-performans-vo-odnos-na-2019-godina-tuku-kje-bideme-mnogu-pozadolzeni/#respond Fri, 08 Jan 2021 13:01:18 +0000 https://kurir.mk/?p=452859

„Слушам најави за некаков значаен економски раст и развој во 2021 година, па чуствувам обврска како економист да појаснам некои работи. Стапката на економски раст го мери нивото на реален БДП во тековната во однос на претходната година. Тоа значи дека 2020 година ја завршуваме со негативна стапка на раст (рецесија) од околу - 5%, што значи дека реалниот БДП во 2020 година е помал за 5% во однос на 2019 година. Од друга страна, проекциите на Светска Банка се дека македонската економија ќе забележи раст од 3.6% во 2021 година, што значи економијата ќе порасне за 3.6% годинава споредено со 2020 година. Ова не значи никаков економски прогрес, раст, бум, квантен скок бидејќи ако го земеме нето прогресот што треба да се случи на крајот на 2021 година, истиот ќе биде негативен споредено со почетокот на 2020 година. Објаснување: - 5% стапка на раст во 2020 година + 3.6% стапка на раст во 2021 година = - 1.4 процентни поени стапка на раст. Ова јасно укажува дека нивото на БДП (како индикатор за економската развиеност на земјата) на крајот на 2021 година ќе биде помало од нивото на БДП на крајот на 2019 година. Но уште полошо е тоа што на крајот на 2021 година не само што ќе имаме послаб економски перформанс како земја во однос на 2019 година, туку ќе бидеме значително позадолжени. Имено, на крајот на 2021 се очекува нивото на јавен долг да достигне 65% од БДП, што е зголемување за цели 16 процентни поени споредено со 2019 година. Или во апсолутен износ јавниот долг на државата во 2021 година ќе биде поголем за цели 1.5 милијарди евра споредено со 2019 година. Сето ова значително ќе го ограничи идниот фискален простор, а со тоа и развојниот потенцијал на земјата. Да не зборуваме за состојбата и задолженоста на приватниот сектор и граѓаните кои уште многу години ќе ги чуствуваат ефектите од оваа криза и уште многу време ќе им треба да се вратат во нормала. Дополнително, опоравувањето на светската економија нема да оди така лесно и брзо, при што, ефектите од задолжувањето во другите земји ќе има своја цена на меѓународниот пазар на капитал во следниот период, а сето тоа секако ќе има свои рефлексии и врз нашата економија. И во вакви исклучително тешки економски услови, наместо да бидеме реални и да се зафатиме со напорна и посветена работа сите заедно со цел санирање на штетите од кризата и корекција на пропустите во водењето на економските политики и начинот на досегашното справување со последиците од кризата, некој продолжува популистички да се расфрла со некакви оптимистички и нереални ветувања. Ќе се обидам да објаснам фигуративно. Да претпоставиме дека владата е татко на едно сиромашно семејство кое живеело во скромна семејна куќа која таткото не успеал да ја поправи затоа што бил неработник и нерационално го трошел семејниот буџет. Доаѓа некоја природна катастрофа која предизвикала значително уништување на трошната куќа на семејството. И сега таткото наместо да се зафати со работа и со сите сили да се потруди да ги поправи направените штети за да може семејството со кров над глава како така да ја дочека следната зима, тој им кажува да бидат спокојни и да очекуваат дека тој ќе им изгради нова голема палата во која тие среќно ќе живеат.“ Фејсбук статус на Дарко Лазаров ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-na-krajot-na-2021-godina-ne-samo-shto-kje-imame-poslab-ekonomski-performans-vo-odnos-na-2019-godina-tuku-kje-bideme-mnogu-pozadolzeni/feed/ 0
Лазаров: Kој е кредибилитетот на Министерството за финансии да прави 5 годишни проекции кога не е во состојба да ги проектира коректно капиталните инвестиции за три месеци ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-koj-e-kredibilitetot-na-ministerstvoto-za-finansii-da-pravi-5-godishni-proekcii-koga-ne-e-vo-sostojba-da-gi-proektira-korektno-kapitalnite-investicii-za-tri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-koj-e-kredibilitetot-na-ministerstvoto-za-finansii-da-pravi-5-godishni-proekcii-koga-ne-e-vo-sostojba-da-gi-proektira-korektno-kapitalnite-investicii-za-tri-meseci/#respond Fri, 18 Dec 2020 16:59:31 +0000 https://kurir.mk/?p=445337

„Многу дилеми и прашања поврзани со проекциите на Министерството за финансии за клучните економски трендови за периодот до 2025! 1️⃣Врз база на кој модел се направени проекциите❓ 2️⃣Како се дефинирани претпоставките кои се користени во проекциите❓ 3️⃣Кои се економските политики што ќе испорачаат стапки на раст од 5-6%❓ Сигурно е дека со овие политики тоа нема да се случи, имајќи во предвид дека оваа влада не успеа да испорача раст поголем од 2-3% во периодот пред кризата кога имаше исклучително позитивни економски состојби во светот. Овде ја исклучувам 2021 година во која растот ќе се базира на лошата споредбена основа од 2020 година во која се очекува негативна стапка од под - 5%. 4️⃣На крај, кој е кредибилитетот на Министерството за финансии да прави 5 годишни проекции кога не е во состојба да ги проектира коректно капиталните инвестиции за три месеци❓ Имено, реализацијата на капиталните инвестиции до крајот на годината врз база на тековната динамика нема да достигне 65% од проектираното согласно ребалансот на буџетот донесен на почетокот на октомври.“ Фејсбук статус на Дарко Лазаров ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-koj-e-kredibilitetot-na-ministerstvoto-za-finansii-da-pravi-5-godishni-proekcii-koga-ne-e-vo-sostojba-da-gi-proektira-korektno-kapitalnite-investicii-za-tri-meseci/feed/ 0
Лазаров: Македонската економија бележи сериозен пад на продуктивноста! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-makedonskata-ekonomija-belezi-seriozen-pad-na-produktivnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-makedonskata-ekonomija-belezi-seriozen-pad-na-produktivnosta/#respond Fri, 11 Dec 2020 15:22:01 +0000 https://kurir.mk/?p=442136

Дарко Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека македонската економија бележи сериозен пад на продуктивноста. -Македонската економија бележи сериозен пад на продуктивноста! Македонија веќе подолг временски период бележи пад на продуктивноста на трудот (БДП по работник). Имено, продуктивноста на трудот бележи просечен пад од - 2.2% годишно во последните четири години. Овој пад на продуктивноста на трудот е уште поизразен во првите три квартали од 2020 година, каде е забележан пад од -6% споредено со истиот период лани. Ова е силна потврда за погрешните економски политика на Владата во целиот изминат период, но уште повеќе во периодот на кризата. За споредба, во Србија продуктивноста на трудот во периодот 2017-2020 година бележи просечен раст од 1.5%, а во првите три квартали од 2020 година падот е повеќе од шест пати помал од нашиот, - 0.8%. Само да појаснам овој индикатор покажува колку еден работник во просек произведува (додава вредност) во економијата и во нормални пазарни услови од него зависи висината на просечната плата во земјата. На пример, Македонија има 3 пати пониска просечна плата од Словенија затоа што Македонија има 3 пати пониска продуктивност од Словенија или платите во Германија се 6 пати поголеми од платите во Македонија затоа што германската економија е 6 пати попродуктивна од македонската економија. Од ова може да заклучиме дека со економските политики на оваа влада ниту ќе растат платите, ниту ќе расте животниот стандард на граѓаните, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Македонската економија бележи сериозен пад на продуктивноста! Македонија веќе подолг временски период бележи пад на... Posted by Darko Lazarov on Петок, 11 декември 2020

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-makedonskata-ekonomija-belezi-seriozen-pad-na-produktivnosta/feed/ 0
Лазаров: Не може да градиме економија со краткорочни ад хок политики, поради тоа за два квартали имаме 15 милиони евра одлив од странски директни инвестиции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-ne-moze-da-gradime-ekonomija-so-kratkorochni-ad-hok-politiki-poradi-toa-za-dva-kvartali-imame-15-milioni-evra-odliv-od-stranski-direktni-investicii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-ne-moze-da-gradime-ekonomija-so-kratkorochni-ad-hok-politiki-poradi-toa-za-dva-kvartali-imame-15-milioni-evra-odliv-od-stranski-direktni-investicii/#respond Tue, 01 Dec 2020 09:55:16 +0000 https://kurir.mk/?p=436765

- Не може едноставно ние да градиме економија на среден и долг рок со краткорочни ад хок несистемски политики. Ова едноставно неколку пати сме збореле, едноставно гаснење на пожарот ако може така да се каже, меѓутоа проблемите кои што ги имаше Македонија и пред кризата нема да исчезнат и по завршување на кризата, напротив тие ќе се кумулираат. И се потешко ќе им биде на македонските компании да извезуваат, да произведуваат бидејќи ние имаме системски структурни проблеми со нашата конкурентност и мислам дека Владата навистина погреши во период 2017 и 2019 година кога во услови на позитивни светски текови не влезе во тие суштински храбри политики во делот на преструктурирање на економија, истакна Дарко Лазаров, претседател на Комисија за економија при ВМРО-ДПМНЕ во Утрински брифинг. Лазаров додаде дека одредени барања од Коморите, бизнис асоцијациите и компании беа за жал пролонгирани за 2021 година, а дел од нив ќе започнат на почетокот на 2021 и се уште не е извесно какви резултати ќе дадат во справување со самата криза. Тоа е уште една од низа грешки на владата која ги направи на економски план. - Вчера излезе официјален податок од Народната Банка дека Македонија втор квартал по ред има нето одлив на странски директни инвестиции, од околу 5.4 милиони евра, а 9.3 беше нето одливот во вториот квартал некаде околу 15 милиони евра за два квартали, појасни Лазаров. Лазаров посочи дека поради несоодветни мерки од страна на владата Македонија нема странски инвестиции, а постоечките си бегаат од државата. Оваа политика на владата е погубна за македонската економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lazarov-ne-moze-da-gradime-ekonomija-so-kratkorochni-ad-hok-politiki-poradi-toa-za-dva-kvartali-imame-15-milioni-evra-odliv-od-stranski-direktni-investicii/feed/ 0
Лазаров: Во 2008 година учеството на реализирани капитални инвестиции бил 12%, сега е 5% во услови на двојно поголем Буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-vo-2008-godina-uchestvoto-na-realizirani-kapitalni-investicii-bil-12-sega-e-5-vo-uslovi-na-dvojno-pogolem-budzet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-vo-2008-godina-uchestvoto-na-realizirani-kapitalni-investicii-bil-12-sega-e-5-vo-uslovi-na-dvojno-pogolem-budzet/#respond Mon, 02 Nov 2020 19:07:20 +0000 https://kurir.mk/?p=423939

Професорот по економија Дарко Лазаров, вечерва во Телевизија 24, истакна дека нискиот процент од 5-6% учество во Буџетот во реализација на капитални инвестиции е загрижувачки низок, квартално Владата инвестирала капитално само 45 милиони евра, а во 2008 година процентот бил до 12% учество со двојно помал Буџет на државата. -Мене ме загрижува нискиот процент на реализација на капитални инвестиции што е една од најголемите слабости на ова Влада, овие четири години од 2017-2020 година заклучно со 2020 година, Буџетот на Македонија е за една милијарда повеќе и ако имаме една милијарда повеќе во апсолутен износ, мора да се инвестира и повеќе во капитални проекти, но за жал и покрај сите препораки на меѓународните финансиски институции кои велат дека во услови на криза треба да се инвестира во капитални проекти, а оваа Влада истото не го прави, вели Лазаров. Тој посочи дека само оваа година заклучно со септември месец имаме реализација на капитални инвестиции во износ од 140 милиони евра, тоа се 45 милиони евра на квартална основа, но дури и да имаме на тие средства и во четвртиот квартал од годинава, тие би биле некаде до 250 милиони евра, а тоа е околу 5-6% од вкупниот Буџет на македонската економија. -Само за компарација кога беше кризата во 2008 година, учеството на реализирани капитални инвестиции во Буџетот на Македонија тогаш бил 10-12%, а сега е половина од тој процент, во ситуација кога имаме двојно поголем Буџет на државата, истакна Лазаров. Лазаров вели дека имаме системски структурни проблеми кои не можеме да ги решиме, и многу тешко ќе го иницираме развојниот процес во посткризниот период, како и тоа дека се зависи од креаторите на економските политики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazarov-vo-2008-godina-uchestvoto-na-realizirani-kapitalni-investicii-bil-12-sega-e-5-vo-uslovi-na-dvojno-pogolem-budzet/feed/ 0