дарко панчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Apr 2023 04:58:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дарко панчев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓуровски: Капа долу за тебе мој пријателе Дарко, ти си права легенда https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gurovski-kapa-dolu-za-tebe-moj-prijatele-darko-ti-si-prava-legenda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gurovski-kapa-dolu-za-tebe-moj-prijatele-darko-ti-si-prava-legenda/#respond Tue, 25 Apr 2023 04:58:31 +0000 https://kurir.mk/?p=827092

Во име на актуелниот фудбалски шампион на Србија на промоцијата на филмот на Дарко Панчев - „Патот на Кобрата до ѕвездите“ - беше и некогашниот репрезентативец на Македонија, а сегашен тренер Бошко Ѓуровски. Тој имаше обраќање пред присутните во кое му честита на играчот за се што направи низ богатата кариера и посочи дека овој документарец е заслужен. „Даре мој, во името на Црвена Звезда и мое лично име сакам да ти пренесам поздрави од сите генерации на клубот. Зборував со големи играчи во изминатите денови. Имаш и голем поздрав од Милко. Фудбалерите во клубовите ги делам на легенди, мајстори и во трета група се тие што не се сеќаваат дека играле за Вардар и за Црвена Звезда. Жалам, ама тоа е вистината. Тука имаме многу легенди на Црвена Звезда и Вардар. Легенда се станува на два начина, со верност во клубот или со посебен допринос. Јас сум љубоморен на тебе малку Дарко, во три до четири години стана легенда, а јас терав десет години, па тогаш да ми каже некој легендо како си. Затоа, голема благодарност за се што даде на Црвена Звезда, ќе ги цитирам Французите - „chapeau mon ami“ (шапка долу, мајсторе н.з)“, изјави Ѓуровски. На промоцијата Бошко Ѓуровски му го подари новиот дрес на Црвена Звезда на Дарко Панчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gurovski-kapa-dolu-za-tebe-moj-prijatele-darko-ti-si-prava-legenda/feed/ 0
Круна на кариерата: Проекција на документарниот филм за Дарко Панчев https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kruna-na-karierata-proektsija-na-dokumentarniot-film-za-darko-panchev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kruna-na-karierata-proektsija-na-dokumentarniot-film-za-darko-panchev/#respond Mon, 24 Apr 2023 05:33:53 +0000 https://kurir.mk/?p=826745

Документарниот филм за македонската фудбалска легенда Дарко Панчев ќе биде прикажан вечер од 20 часот во хотелот „Александар Палас“. „Патот на Кобра до ѕвездите“ е под генерално покровителство на Универзитетот Скопје, филмот е соорганизација и копродукција на телевизија „Спорт клуб“, „Спортско радио 90,3“ и „Спорт нетворк“ продукција. - Филмот е производ на нешто што си направил. Без тоа, не може да се направи филм. Во која било дејност вие може да бидете и да имате среќа да направите огромно богатство. Но, ако немате од аспект на тоа што да се покаже во филмот, не може да го направите филмот. Така да, гледајќи од таа гледна точка, секако дека е на некој начин круна на кариерата, одговори Панчев на прашање дали тоа претставува круна на неговата кариера, на прес - конференција во саботата. Радован Максимовиќ, директор на „Спорт нетворк“ и регионален претставник на „Спорт клуб“, појасни дека планирано е целиот серијал да биде готов до средината на јули и да почне емитувањето од есен. - Значи, во септември да почне емитувањето, кога сите ќе се вратат од годишни одмори. Ќе се емитува само серијалот, филмот го направивме исклучиво за промоција во Скопје, нагласи Максимовиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kruna-na-karierata-proektsija-na-dokumentarniot-film-za-darko-panchev/feed/ 0
Панчев: Не сум Бред Пит, ама се снајдов солидно во снимањето https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/panchev-ne-sum-bred-pit-ama-se-snajdov-solidno-vo-snimaneto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/panchev-ne-sum-bred-pit-ama-se-snajdov-solidno-vo-snimaneto/#respond Sat, 22 Apr 2023 14:28:22 +0000 https://kurir.mk/?p=826438

Не сум Бред Пит, ама се снајдов солидно во снимањето, изјави македонската фудбалска легенда Дарко Панчев на денешната прес-конференција за документарниот серијал посветен нему. - Филмот е производ на нешто што си направил. Без тоа, не може да се направи филм. Во која било дејност вие може да бидете и да имате среќа да направите огромно богатство. Но, ако немате од аспект на тоа што да се покаже во филмот, не може да го направите филмот. Така да, гледајќи од таа гледна точка, секако дека е на некој начин круна на кариерата, одговори Панчев на прашање дали тоа претставува круна на неговата кариера. Тој откри дека се работи и на автобиографска книга, што треба да излезе за неколку месеци. - Таа може да биде интересна за некој друг, кој можеби ќе направи игран филм. Нормално, не со мене, туку со прави глумци, додаде Панчев. Радован Максимовиќ, директор на „Спорт нетворк“ и регионален претставник на „Спорт клуб“, појасни дека планирано е целиот серијал да биде готов до средината на јули и да почне емитувањето од есен. - Значи, во септември да почне емитувањето, кога сите ќе се вратат од годишни одмори. Ќе се емитува само серијалот, филмот го направивме исклучиво за промоција во Скопје, нагласи Максимовиќ. Александар Станковиќ од „Спорт нетворк“ кажа дека се снимало на неколку локации во Скопје. - Почнувајќи од старата населба на Дарко, местото каде што е роден и пораснат, Кисела Вода. Снимавме на националниот стадион „Тоше Проески“, во националниот театар, во центарот на Скопје, на универзитетот... во Белград исто така на повеќе локации, потоа во Загреб, во Сараево, Подгорица, Букурешт, откри Станковиќ. За продуктот со наслов „Патот на Кобра до ѕвездите“ на прес-конференцијата во Универзитет Скопје, зборуваа и ректорот, професор доктор Аце Миленковски, како и директорот на Спортско радио, Тони Митев. Филмот ќе се емитува во понеделник во хотелот „Александар Палас“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/panchev-ne-sum-bred-pit-ama-se-snajdov-solidno-vo-snimaneto/feed/ 0
Светска премиера на документарен филм за Дарко Панчев под покровителство на Универзитетот Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetska-premiera-na-dokumentaren-film-za-darko-panchev-pod-pokrovitelstvo-na-univerzitetot-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetska-premiera-na-dokumentaren-film-za-darko-panchev-pod-pokrovitelstvo-na-univerzitetot-skopje/#respond Fri, 21 Apr 2023 09:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=826155

Во понеделник во Александар Палас, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција и светско премиерно емитување на документарниот филм „Патот на Кобра до ѕвездите“, посветен на нашата гордост и фудбалска легенда, Дарко Панчев. Под генерално покровителство на Универзитетот за туризам и менаџмент, сега со ново име Универзитет Скопје, овој филмски документ со историска вредност за македонскиот спорт е соорганизација и копродукција на Спорт клуб телевизија, Спортско радио 90,3 и Спорт нетворк продукција. Настанот е од затворен карактер. „Патот на Кобра до ѕвездите“ е филм за подемот на македонскиот спортски бренд Дарко Панчев до европскиот и до светскиот трон. Панчев е еден од најдобрите голгетери на светот во осумдесеттите и на почетокот на деведесеттите години на минатиот век и еден од најпознатите македонски спортисти во историјата. Тој е носител на Златната копачка за најдобар стрелец во Европа и на Сребрената топка за најдобар фудбалер. Филмот, преку гостувања на истакнати спортски и јавни личности, како и на самиот Панчев, ја раскажува неговата животна приказна на фудбалските терени, до врвот на светскиот фудбалски трон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetska-premiera-na-dokumentaren-film-za-darko-panchev-pod-pokrovitelstvo-na-univerzitetot-skopje/feed/ 0
Дарко Панчев му испрати јасна порака на Пикси, еве што имаше да му каже на српскиот селектор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-panchev-mu-isprati-jasna-poraka-na-piksi-eve-shto-imashe-da-mu-kaze-na-srpskiot-selektor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-panchev-mu-isprati-jasna-poraka-na-piksi-eve-shto-imashe-da-mu-kaze-na-srpskiot-selektor/#respond Mon, 05 Dec 2022 14:12:57 +0000 https://kurir.mk/?p=771262

„Никако да не фрламе дрва и камења по тимот, на работата на тимот. Зарем секоја втора година ќе го менуваме селекторот? Сè она што се случи во Катар, ќе има прилика да се поправи и да оди во историјата. Капацитетот на Србија на СП беше значително поголем од она што беше демонстриран“. Српската фудбалска јавност е бесна поради резултатите на Србија на Мундијалот, бидејќи отпатуваа со големи амбиции, а не успеаа да добијат ниту еден натпревар. Пикси и фудбалерите се на мета на големи критики, но Дарко Панчев во интервју за Спорт Клуб ја смирува топката. Тој нотира некои грешки кои се направени во Катар, но смета дека можат да се поправат без да се менува селекторот. „Неуспехот на Србија? Да, неуспех. Сепак, јас не сум од оние кои гледаат на сè црно, овој српски тим не заслужува премногу критики. Велам, екипа, бидејќи мислам и на стручниот тим и на играчите. Да не заборавиме дека во последните две години беа постигнати забележителни резултати, играа добро, имаше натпревари кога играа фантастично, и како сега одеднаш се зборува и пишува како ни струката, ни играчите немаат поим? Во секој случај, нешто се случи во Катар, се вплеткаа проблеми, Пикси наведуваше дека имало многу повреди и дека поради тоа поединци не можеле да го дадат својот максимум. Му верувам, но секако и тоа е за анализа и се поставува прашањето: зошто не играа тие што се 100% спремни? Можеме да се движиме во таа насока, никако да не фрламе дрва и камења по тимот, на работата на тимот, да ги замениме побрзо и подобро... Всушност, неопходна е промена, но промена на балканскиот менталитет. Зарем секоја втора година ќе го менуваме селекторот? Пикси мора да остане уште најмалку четири - пет сезони, да го задржи постоечкиот стручен штаб. Се сеќаваме на смената на Славољуб Муслин, кој со Србија се пласираше на Мундијалот во Русија и потоа...Цела Европа се смееше. Ќе повторам: Пикси заслужува доверба за нови радости на фудбалската нација. Што се однесува до грешките, сè она што се случи во Катар, ќе има прилика да се поправи и да оди во историјата“. Грешките на Србија „Капацитетот на Србија на СП беше значително поголем од она што беше демонстрирано. Не може да се зборува за една, туку за серија на грешки. Не е крив еден играч, туку имаше грешки во низа. Се случија одредени работи кои не се вообичаени за сите нас кои пратиме фудбал. Би оставил на стручниот штаб да објасни зошто сè така се одвиваше. А дека имаше нелогичности, имаше, посебно после водството над Камерун и Швајцарија. Внимавајте, Швајцарија поведе во 48 минута и нивните играчи се вратија во средина. Прашањето е зошто Србија не го направи тоа на 2:1 во 43 минута кога направи пресврт?“ Одбраната „Што да кажам? Тоа беше попроблематичниот дел од тимот, осум примени голови. Нешто не функционираше. Во принцип не сум за одбрана со тројца стопери, повеќе сакам да видам два добри бекови кои затвораат, кои учествуваат во играта, но секој тренер има своја идеја и тоа треба да се почитува. Се испостави дека Костиќ и Живковиќ немаат навика и моќ да ги затворат сите оние полуконтри, се повторува сликата со дупките на тој простор, а да имаше бекови кои би стигнале на време, проблемот би се решил побрзо и подобро. Не чуди што се редеа шанси. Србија наивно прими голови, особено кога правеше офсајд замки. Имаше простор колку сакаш и противникот влетуваше од сите страни. Жал ми е за голманот, дечкото бранеше одлично“. За играчите од среден ред „Сите се добри, но корпулентни, високи, немаат голема брзина, така што полуконтрите кои ги прават делуваат некако бавно. Неопходни се ниски играчи кои се многу побрзи со топка. На тоа треба да се работи, бидејќи секој што има такви играчи во средниот ред игра многу побрзо од Србија“. За физичката подготвеност „На некои места се споменува физичка подготвеност? Чудно ми е што се коментира за кондиција во фаза кога сите играчи се во напредна фаза од сезоната, кога се во ритам. Друго е кога зборуваме за оние репрезентативци кои се повредија и не тренираа доволно, но, генерално... Момците дојдоа од првенства каде одиграа барем десет натпревари. Сè е јасно“. Издвојување играчи „Фудбалот е колективен спорт, не би истакнал кој е најдобар, а кој најслаб, кога цела нација очекува многу подобри резултати. Ова е целосен, тимски неуспех и на играчите и на стручниот штаб, сето тоа мора да се прифати и да се тргне по нов пат, за да се исправи она што беше погрешно. Потребна е поддршка, за неколку месеци почнуваат европските квалификации каде се треба да си дојде на свое место и конечно по којзнае колку години Србија да се пласира на завршниот турнир. Со среќа!“ Фаворити „Пред стартот реков дека главни фаворити се Бразил и Франција, кандидати се и Аргентина и Португалија. Би сакал Меси да го подигне пехарот, но по она што го видов на средбата со Австралија, ќе биде тешко, Аргентина не игра на нивото како некој што цели кон титулата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/darko-panchev-mu-isprati-jasna-poraka-na-piksi-eve-shto-imashe-da-mu-kaze-na-srpskiot-selektor/feed/ 0
Панчев бара Милевски да остане селектор и не заборави да го „закачи“ Пандев https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/panchev-bara-milevski-da-ostane-selektor-i-ne-zaboravi-da-go-zakachi-pandev/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/panchev-bara-milevski-da-ostane-selektor-i-ne-zaboravi-da-go-zakachi-pandev/#respond Wed, 30 Mar 2022 13:45:09 +0000 https://kurir.mk/?p=655755

Дарко Панчев е воодушевен од работата на селекторот Благоја Милевски и побара од Фудбалската федерација на Македонија да му го продолжи договорот. Во интервју за германскиот „Франкфуртер Алемајне цајтунг“, популарната Кобра вели дека Милевски е најдобриот македонски селектор досега и треба да остане на кормилото на репрезентацијата. Милевски има актуелен договор со ФФМ до 2024 година. „Да сум претседател на Федерацијата, веднаш би му го продолжил договорот на Милевски и би му понудил нов четиригодишен договор. Импресиониран сум од неговата работа, концептот, особено што имаше голем успех и со младинците. За мене тој е најдобриот македонски селектор“, изјави Панчев. Ривалитетот со Горан Пандев повторно дојде до израз, а Панчев вели дека е неспорен придонесот на поранешниот капитен, но и го „пецна“ струмичанецот. „Неспорно голем е придонесот на Пандев за Македонија. Никој не може да заборави дека тој го даде голот во Тбилиси против Грузија, што ни донесе прв пласман на Европско првенство. Но, не може да се заборави и дека со Пандев, Македонија загуби од една Андора. Сега имаме генерација со Барди, Алиоски, Елмас, Адеми, што може да ѝ донесе многу радост на Македонија“, додаде Панчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/panchev-bara-milevski-da-ostane-selektor-i-ne-zaboravi-da-go-zakachi-pandev/feed/ 0
За Панчев веќе не е важно дали ќе изгубиме од Португалија: Момците се херои на нацијата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-panchev-vekje-ne-e-vazno-dali-kje-izgubime-od-portugalija-momcite-se-heroi-na-nacijata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-panchev-vekje-ne-e-vazno-dali-kje-izgubime-od-portugalija-momcite-se-heroi-na-nacijata/#respond Fri, 25 Mar 2022 14:32:18 +0000 https://kurir.mk/?p=653353

Maкедонската фудбалска легенда Дарко Панчев за „Република.рс“ даде коментар за вчерашниот меч во Палермо. Тој вели дека ова е одличен успех за Македонија и дека им донесеоа многу радост на народот и оти сега не е важно и да изгубат од Португалија. -Прославите беа на улица, народот едвај чека да постигне некој голем спортски успех и да го прослави. Честитки момци. Тие се хероите на нацијата во моментов. Сега треба да ги изладиме главите и да го чекаме финалето против Португалија. И да испаднат, не е важно. Овој тим веќе постигна извонредни резултати. Што се однесува до Италија, таа вторпат по ред не оди на Светско првенство. Тоа е уште еден показател за тоа што го зборувам со години, а тоа е дека италијанското првенство е неквалитетно 15 години. Тоа се одразува и во репрезентацијата. За мене беше големо изненадување што станаа европски шампиони, се прашувам и денеска. Фудбалот обезбедува изненадувања. Се надевам дека Македонија ќе игра толку добро и храбро и во Португалија, па што биде нека биде.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/za-panchev-vekje-ne-e-vazno-dali-kje-izgubime-od-portugalija-momcite-se-heroi-na-nacijata/feed/ 0
Михајловиќ: Пехарот од Бари „прошета“ насекаде, Панчев го носеше на свадби во Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mihajlovikj-peharot-od-bari-prosheta-nasekade-panchev-go-noseshe-na-svadbi-vo-makedonija-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mihajlovikj-peharot-od-bari-prosheta-nasekade-panchev-go-noseshe-na-svadbi-vo-makedonija-video/#respond Sat, 18 Sep 2021 09:20:47 +0000 https://kurir.mk/?p=565139

Членот на шампионската генерација на Црвена ѕвезда која го освои Купот на европските шампиони 1991 година, Синиша Михајловиќ, обелодени дека победничкиот пехар што е изложен на белградскиот стадион „Маракана“ е реплика на оригиналот од Бари. – Пехарот што го донесовме (во Белград) беше насекаде. Јас го носев во Борово, а Југовиќ го носеше во својот крај. Стоеше кај Биниќ во гепекот на автомобилот. Кога одевме во некој локал, тој ќе го ставеше пехарот на масата и потоа се пиеше. Панчев ќе дојдеше и ќе речеше: Дај ми го пехарот треба да го носам на свадба и Биниќ му го даваше да го носи на свадба во Македонија. Тој пехар беше целиот уништен и мораа да направат нов. Оној од „Маракана“ не е оригиналниот, да знаете, направен е повторно оти оригиналниот беше искршен, изјави актуелниот тренер на италијанскиот прволигаш Болоња за Јутјуб каналот на Црвена ѕвезда. Белградска Црвена ѕвезда стана европски шампион со победата над Олимпик Марсеј во Бари со решавачкиот гол во пенал серијата на Дарко Панчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mihajlovikj-peharot-od-bari-prosheta-nasekade-panchev-go-noseshe-na-svadbi-vo-makedonija-video/feed/ 0
Вучиќ се сретна со Дарко Панчев во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vuchikj-se-sretna-so-darko-panchev-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vuchikj-se-sretna-so-darko-panchev-vo-skopje/#respond Thu, 29 Jul 2021 11:30:49 +0000 https://kurir.mk/?p=543477

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Скопје, на маргините на својата агенда оствари средба со еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев. Вучиќ извести за средбата со поранешниот фудбалер на Вардар и Црвена ѕвезда на социјалните мрежи, објавувајќи заедничка фотографија на својот официјален Инстаграм профил. – Со македонската и југословенска легенда Дарко Панчев. Чест ми е што можев да се сретнам со големиот шампион, напиша Вучиќ под заедничката фотографија со Панчев.
Поранешниот македонски и југословенски репрезентативец ја почна кариерата во Вардар, настапувајќи за својот матичен клуб од 1983 до 1988 година, од каде премина во Црвена ѕвезда. Белградскиот клуб во сезоната 1990/91, во која Панчев стана најдобар стрелец во Европа, ги совлада екипите на Грасхоперс, Глазгов Ренџерс, Динамо Дрезден и Баерн Минхен, на патот до финалето против Олимпик Марсеј. По 120 минути без постигнат гол на двете страни, финалето го одлучи изведувањето пенали во кое Панчев беше прецизен во петтата серија и белградскиот состав со вкупни 5:3 стана европски шампион. Во декември истата година, шампионската генерација на Црвена ѕвезда со Панчев и Илија Најдоски во составот, стана и светски првак со победата над Коло коло од Чиле со 3:0 во Токио.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vuchikj-se-sretna-so-darko-panchev-vo-skopje/feed/ 0
MOZZART преку акцијата „Милион причини за гол“ донираше два милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/#respond Fri, 23 Jul 2021 11:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=540894

Македонската фудбалска репрезентација ова лето имаше историски настап на Европското првенство. Погодоците на Пандев и Алиоски донесоа голема радост на целата нација, но и одличен износ во хуманитарни цели. Mozzart за време на првенството организираше акција „Милион причини за гол“ каде за секој погодок на нашите репрезентативци донира милион денари во хуманитарни цели. Промотер на кампањата беше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, кој предложи парите да се донираат во две здруженија – „Борка“ (Здружение за борба против рак) и „Дајте ни крилја“ (Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби).
„Ми претставува огромна чест што бев дел од ваков голем проект на компанијата Mozzart. Сите навивавме со цело срце за нашите репрезентативци, но со кампањата „Милион причини за гол“ имавме дополнителна причина да навиваме за што повеќе голови. Се надевам дека и во иднина ќе има вакви акции преку кои ќе се помага онаму каде што е потребно.“ – изјави Дарко Панчев.
Донацијата од еден милион денари за „Борка“ ја прими Биба Додева, претседател на здружението.
„Навистина сме пријатно изненадени, му благодариме на Дарко Панчев за предлогот и на Mozzart за оваа донација. На болните од рак им е потребна нашата поддршка, сега повеќе од било кога. Малигнитетот за жал е се уште причина број еден за смртност во светот.  Донираните средства ќе ни помогнат да продолжиме со нашите активности и да помагаме и влијаеме за суштински промени во нашиот здравствен систем. Квалитетни лекови, навремени прегледи и здравство достапно за сите е тоа кон што целиме. Среќни сме што ја препознавте нашата работа, општествени и одговорни компании и личности се клучни за нашата борба. Уште еднаш големо благодарам од името на сите Борки!“ – изјави Биба Додева, претседател на здружението.
На свеченото предавање на донацијата за „Дајте ни крилја“ присуствуваа Ребека Јанковска Ристески – почесен претседател на здружението и Катарина Ивановиќ, претседател на здружението Дајте ни крилја.
„Во името на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ – Скопје, би сакала да ја изразам нашата огромна благодарност до компанијата Mozzart. Уште еднаш се убедивме дека се уште постојат општествено одговорни компании како Mozzart, кои знаат да ја препознаат оваа маргинализирана група на граѓани која ја застапуваме ние и да го дадат својот придонес во подобрување на нивниот секојдневен живот. Се надеваме дека овој позитивен и хуман  гест  ќе биде пример и поттик и за останатите  компании да го дадат својот придонес за овозможување на достоинствен живот на оваа група на граѓани.“ – изјави Катарина Ивановиќ, претседател на здружението Дајте ни крилја.
„Навистина сме среќни кога успеваме да ги поврземе спортот и желбата да помогнеме некому. Би сакала да се заблагодарам на нашата фудбалска легенда Дарко Панчев што ја поддржа акцијата „Милион причини за гол“ каде преку донации во одбраните здруженија барем малку ќе создадеме насмевка на лицата и ќе го олесниме животот на поединците.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/feed/ 0