дарување крв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 14:27:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дарување крв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дарувањето животинска крв го спасува животот на други миленичиња, во Британија има банка за крв на кучиња https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/daruvanjeto-zivotinska-krv-go-spasuva-zivotot-na-drugi-milenichinja-vo-britanija-ima-banka-za-krv-na-kuchinja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/daruvanjeto-zivotinska-krv-go-spasuva-zivotot-na-drugi-milenichinja-vo-britanija-ima-banka-za-krv-na-kuchinja/#respond Tue, 22 Nov 2022 14:47:57 +0000 https://kurir.mk/?p=764228

Сопствениците на кучиња обично не размислуваат за крводарителство сѐ додека не се појави ситуација кога им треба крв. Така, во Велика Британија веќе со години има банка за крв за кучиња. Мејбел е шестгодишно тркачко куче од Велика Британија, но важи и за „шампион-крводарител“ којшто помага преку „Пет блад банк УК“ (Pet Blood Bank UK). Нејзината сопственичка, Џулија Пертон вели дека одењето во банката за крв ѝ станало омилено „излегување надвор“ бидејќи е опкружена со луѓе кои ѝ оддаваат почести. – Таа го сака тоа. Целиот процес трае околу 10 минути… Видов со свои очи колку е тешко да се добие крв – само од некој што го познаваш, можеби член на семејството или пријател, и ако беше потребна трансфузија за викенд или преку ноќ, тоа беше речиси невозможно, изјави Пертон за „Гардијан“. Дарувањето животинска крв во Обединетото Кралство вклучува задолжителен ветеринарен преглед. Кучето дава приближно 450 мл. крв, па како награда, добива кучешки чај и бисквити по дарувањето, како и играчка како подарок. „Пет блад банк УК“ е засега единствената добротворна банка за крв за животни во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/daruvanjeto-zivotinska-krv-go-spasuva-zivotot-na-drugi-milenichinja-vo-britanija-ima-banka-za-krv-na-kuchinja/feed/ 0
Утре е прекрасен ден да бидете хумани: Донирајте крв на големиот празник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-prekrasen-den-da-bidete-humani-donirajte-krv-na-golemiot-praznik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-prekrasen-den-da-bidete-humani-donirajte-krv-na-golemiot-praznik/#respond Sat, 27 Aug 2022 18:15:23 +0000 https://kurir.mk/?p=724867

Црвен крст на Република Македонија - Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина, на 28.08.2022 година, традиционално, по јубилеен 20-ти пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот. Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 19 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 19 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4186 единици крв, или во просек 210 крводарители по акција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-e-prekrasen-den-da-bidete-humani-donirajte-krv-na-golemiot-praznik/feed/ 0
Над 60 граѓани даруваа крв во акција организирана од општината Карпош https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-60-gragjani-daruvaa-krv-vo-akcija-organizirana-od-opshtinata-karposh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-60-gragjani-daruvaa-krv-vo-akcija-organizirana-od-opshtinata-karposh/#respond Thu, 28 Oct 2021 13:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=587157

Заинтересирани граѓани и дел од општинската администрација на Карпош денеска даруваа крв во пресрет на 3 Ноември, Денот на таа општина. Од општината соопштија дека станува збор за традиционална крводарителска акција која локалната самоуправа ја организира во соработка со Општинската организација на Црвениот крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина. Донираните единици крв ќе помогнат на граѓаните кои се борат со различни болести. Истите се особено потребни во ек на оваа пандемија, каде што крводарителските акции беа ограничени, а денеска истите се спроведуваат под посебни протоколи. Во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, крв донираа над 60 граѓани. Општина Карпош на сите крводарители, како и на присутните медицински лица им се заблагодарува за покажаната хуманост и солидарност. Преку овие вредности ја градиме и нашата општина Карпош, која оваа година одбележува 45. години од своето формирање, информираа од општината.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-60-gragjani-daruvaa-krv-vo-akcija-organizirana-od-opshtinata-karposh/feed/ 0
Апел од Црвен крст Гостивар за дарување крв А+ и 0- крвна група https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/apel-od-crven-krst-gostivar-za-daruvanje-krv-a-i-0-krvna-grupa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/apel-od-crven-krst-gostivar-za-daruvanje-krv-a-i-0-krvna-grupa/#respond Thu, 19 Nov 2020 12:37:54 +0000 https://kurir.mk/?p=431776

Црвен крст Гостивар испраќа апел за дарување крв. Потребна е крв од А+ и 0- крвна група. Заинтересираните можат да даруваат на одделот трансфузија во Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/apel-od-crven-krst-gostivar-za-daruvanje-krv-a-i-0-krvna-grupa/feed/ 0
Црвен крст утре со крводарителска акција по повод 26 јули- сеќавањето на катастрофалниот земјотрес од 1963-та година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crven-krst-utre-so-krvodaritelska-akcija-po-povod-26-juli-sekjavanjeto-na-katastrofalniot-zemjotres-od-1963-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crven-krst-utre-so-krvodaritelska-akcija-po-povod-26-juli-sekjavanjeto-na-katastrofalniot-zemjotres-od-1963-ta-godina/#respond Thu, 23 Jul 2020 07:38:50 +0000 https://kurir.mk/?p=379991

Црвен Крст на Р.Северна Македонија Опшинска Организација Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен Крст на град Скопје организираат традиционална масовна крводарителска аиција по повод секавањето на катастрофалниот земјотрес од 19бЗ-та година. -Црвен Крст на Р.Северна Македонија Општинска Органиација Кисела Вода организира традиционална крводарителска акција на 24.07.2020година (петок) по повод  26ти Јули-Денот на солидарност, ден кога граганите се потсетуваат на катастрофалниот земојтрес од далечната 19бЗ-та година. На овој ден, Ве покануваме драги наши крводарители и хумани граѓани да бидете дел од нашата крводарителска акција која ќе се спроведе во дневниот центар за крводарување при ДХО Даре Цамбаз од 09:00-17:00часот. Воедно Ви напоменуваме дека крводарувањето е безбедно и во услови на Ковид-19, а самата крводарителска акција ќе биде спроведена под посебни протоколи на работа. Ве очекуваме, токму Вам!, стои во нивната покана до граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/crven-krst-utre-so-krvodaritelska-akcija-po-povod-26-juli-sekjavanjeto-na-katastrofalniot-zemjotres-od-1963-ta-godina/feed/ 0
Институт за трансфузиона медицина: Доброволното дарување крв продолжува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institut-za-transfuziona-medicina-dobrovolnoto-daruvanje-krv-prodolzuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institut-za-transfuziona-medicina-dobrovolnoto-daruvanje-krv-prodolzuva/#respond Thu, 19 Mar 2020 11:03:04 +0000 https://kurir.mk/?p=318850

ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина – Скопје во насока на надминување на состојбата со коронавирусот денеска соопшти дека состојбата со крвни продукти е на задоволително ниво и се следи секојдневно. Доброволното дарување крв продолжува да се спроведува бидејќи крвта и крвните продукти се постојана потреба за пациентите. Од Институт за трансфузиона медицина информираат дека заедно со Црвениот крст се реорганизирани во однос на крводарувањето во земјата со цел да се почитуваат највисоките мерки за заштита на карводарителите и здравствениот персонал , а притоа да се обезбеди континуиран прилив на крвни единици за одржување стабилни количини крв. Информираат дека се во постојана комуникација со Министерството за здравство за состојбата со крвни продукти и во секојдневна комуникација со Институтот за јавно здравје за спроведување на крводарителските акции. -Крводарувањето е континуирано и безбедно, но мора да се земе предвид дека се очекува намален број на крводарители поради влијанието на јавно-здравствените мерки кои се преземаат во врска со пандемијата. Сите кои се здрави, можат и сакаат да даруваат крв не треба на било кој начин да го одложат крводарувањето бидејќи воведовме и дополнителни мерки за безбедност на дарителите и безбедна крв за пациентите, се вели во соопштението. Апелираат крводарителите да не даруваат крв доколку во последните 28 дена патувале надвор од земјава, имаат симптоми на настинка, кашлаат, киваат, имаат зголемена телесна температура и ако биле во контакт со болен чии симптоми личат на инфекција со коронавирус. Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека според Европскиот центар за контрола на болести (ECDC) се воведуваат повеќе мерки за дарување крв. Тоа се: 28 дена по враќањето од подрачја со инфекција со COVID-19 или контакт со потврден случај се одложува дарување на крв, клетки и ткива, мерење телесна температура на сите доброволни дарители на крв, обезбедување точки за дезинфекција на рацете на вработените и дарителите, ограничување на бројот на дарители истовремено присутни во просториите и обезбедување на контролирано движење во целиот процес на крводарување. Апелираат до крводарителите во случај на појава на симптоми на респираторна болест до 14 дена по дарувањето на крв, задолжително да се јават на телефонскиот број 078-488-078. Потсетуваат дека општите мерки за спречување на ширење на инфекцијата вклучуваат: правилно покривање на устата и носот при кивање и кашлање, избегнување на допирање на очи, нос и уста, редовно миење на раце и останати хигиенски навики, да се остане дома, да се избегнува близок контакт со болни и строго придржување кон мерките за растојание меѓу лица, најмалку еден до два метри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institut-za-transfuziona-medicina-dobrovolnoto-daruvanje-krv-prodolzuva/feed/ 0