даштевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Feb 2020 19:55:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png даштевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Даштевски: На Република Македонија и се потребни реформи и нови луѓе кои ќе ја придвижат државата кон ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-na-republika-makedonija-i-se-potrebni-reformi-i-novi-lugje-koi-kje-ja-pridvizat-drzavata-kon-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-na-republika-makedonija-i-se-potrebni-reformi-i-novi-lugje-koi-kje-ja-pridvizat-drzavata-kon-eu/#respond Thu, 13 Feb 2020 19:55:28 +0000 https://kurir.mk/?p=303664

Во вечерашното издание на емисијата “И што сега?” гостуваше универзитетскиот професор и аналитичар Александар Даштевски. Во однос на влезот на државата во НАТО, Даштевски истакна дека во една рака е добро што државата пристапила кон НАТО, но од друга страна државата била ставена на коцка, односно all in како што милувал да каже премиерот Заев и со тоа се нарушил националниот интегритет. Даштевски потенцираше дека Владата скоро три години ја залажува јавноста дека ќе влеземе во ЕУ доколку се попушти во однос на името и историските забелешки од страна на соседите, но дека тоа се само празни флоскули преку кои Заев купувал време. Според него, Република Македонија можеби ќе претрпи нов процес од одреден период пред да пристапи во Европската унија бидејќи пред официјалното пристапување идната гарнитура на власт ќе мора да го ревидира договорот. -Се зависи од Република Македонија и реформите кои ќе се случат во државата. Главна причина поради тоа што државата досега не ги почна преговорите за влез во ЕУ беа корупцијата, рекетот и матните зделки кои секој ден излегуваа на површина и им беа достапни на јавноста. Во секој случај, никој не е крив што државата е тука каде што е, освен гарнитурата на власт која за три години не промени ништо од она што ветуваше, додаде Даштевски. Според професорот Даштевски во нашата држава треба да се случат драстични промени на подобро кои ќе придонесат за едно реформирано и здраво општество кое што ќе стреми кон градење на една стабилна држава и држава која ќе биде спремна за Европска унија. Република Македонија најверојатно ќе добие нова гарнитура на власт која со нови сили, проекти и перспективи ќе ја движат државата напред, заврши Даштевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-na-republika-makedonija-i-se-potrebni-reformi-i-novi-lugje-koi-kje-ja-pridvizat-drzavata-kon-eu/feed/ 0
Даштевски: Законот за јавно обвинителство мора да е европски, а не политички по терк на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-zakonot-za-javno-obvinitelstvo-mora-da-e-evropski-a-ne-politichki-po-terk-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-zakonot-za-javno-obvinitelstvo-mora-da-e-evropski-a-ne-politichki-po-terk-na-sdsm/#respond Wed, 22 Jan 2020 20:45:10 +0000 https://kurir.mk/?p=293389

Ако мене лично ме прашувате јас сметам дека ниту еден од специјалните јавни обвинители во СЈО не беа добри, бидејќи ниту еден предмет освен Тенк не успеа да го завршат бидејќи немаат цврсти и квалитетни докази, вели професорот и аналитичар Александар Даштевски во гостување во емисијата Тренд Анализа на ТВ 24. Во однос на предлог законот за Јавно обвинителство, Даштевски посочи дека Република Македонија мора да донесе закон кој што е европски закон и кој што може да се имплементира во Македонија, а не по терк на политичка партија која сака да донесе закон со условени персонални решенија. -Една од забелешките на францускиот претседател Макрон зошто не даде согласност за почеток на преговорите на државата е токму тоа, имплементација на законите односно колку тие се имплементираат во реалност, а не само нивно донесување, нагласи тој. Според Даштевски, извршната власт не смее да се меша во судската ниту во законодавната коментирајќи ги изјавите на градоначалникот на Сарај каде што јавно кажа дека Заев барал тој да врши влијание во смена на претседателот на судот. -Ние слушнавме како премиерот Заев сам се договарал со градоначалникот на општина Сарај да изврши влијание за да се смени претседателот на суд. Тоа не смее да се случи бидејќи мора да се почитува поделбата на власта на судска, извршна и законодавна, рече Даштевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-zakonot-za-javno-obvinitelstvo-mora-da-e-evropski-a-ne-politichki-po-terk-na-sdsm/feed/ 0