Дасо Авијација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Jul 2020 08:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Дасо Авијација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кризата предизвикана од Ковид-19 го намали профитот на Дасо Авијација за 87 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krizata-predizvikana-od-kovid-19-go-namali-profitot-na-daso-avijacija-za-87-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krizata-predizvikana-od-kovid-19-go-namali-profitot-na-daso-avijacija-za-87-otsto/#respond Fri, 24 Jul 2020 08:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=380712

Со економската криза предизвикана од коронавирусот и нефункционирањето на воздушниот сообраќај, нарачките на летала се намалија за францускиот производител на воени и деловни авиони Дасо Авијација, јави дописникот на МИА. Дасо Авијација соопшти дека неговата нето-добивка е намалена за 87 отсто, достигнувајќи 32 милиони евра, поради кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19. – Некои наши клиенти го одложија датумот на испорака на авионите, но, исто така, нема ниту нарачки на авиони, изјави извршниот директор Ерик Трапие. Економските последици од здравствената криза се „тешки“ и „имаат големо влијание“ врз пазарот на деловната авијација, нагласува Дасо Авијација. Во првата половина од годината, производителот на авиони им испорача седум борбени авиони „Рафал“ на Индија и Катар и 16 деловни од типот „Фалкон“. Поради економските последици од епидемијата и намалената активност на воздушниот сообраќај, Дасо Авијација планира да испорача 30 авиони „Фалкон“ во 2020 година, што е една четвртина помалку од претходната. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krizata-predizvikana-od-kovid-19-go-namali-profitot-na-daso-avijacija-za-87-otsto/feed/ 0