датум за еу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Nov 2021 15:40:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png датум за еу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали Заев планира да остави ЕУ да го реши спорот со Бугарија, а како дел од преговорите да биде договорот за добрососедство ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-zaev-planira-da-ostavi-eu-da-go-reshi-sporot-so-bugarija-a-kako-del-od-pregovorite-da-bide-dogovorot-za-dobrososedstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-zaev-planira-da-ostavi-eu-da-go-reshi-sporot-so-bugarija-a-kako-del-od-pregovorite-da-bide-dogovorot-za-dobrososedstvo/#respond Thu, 18 Nov 2021 15:40:27 +0000 https://kurir.mk/?p=597035

Пред официјалното напуштање на премиерската функција Зоран Заев подготвува решение на спорот со Бугарија кое повторно ќе биде на штета на Македонија и на македонските национални интереси. Како што дознава „Република“, планот на Заев е решавањето на отворените прашања со Бугарија да и го остави на Европската унија и Договорот за добрососедство да влезе во преговарачката рамка. Со други зборови, спорот со источниот сосед, од билатерален ќе стане европски што никако не ни одговара. Што предвидува планот на Заев? Договорот за пријателство ќе влезе во делот за добрососедските односи а Бугарија во знак на добра волја ќе се согласи Македонија да ги почне преговорите. Бугарија со тоа нема ништо да загуби, напротив ќе излезе кооперативна и во очите на Европа ќе биде пофалена дека дозволила Македонија, а со тоа и Албанија да ги почне преговорите. Сите отворени прашања, во однос на толкувањето на историјата, јазикот, внесувањето на Бугарите во Уставот, ќе треба да се решаваат во текот на преговорите а Бугарија ќе може да стави рампа кога сака.Но, тоа нема да биде грижа на Заев туку на неколку влади после него бидејќи преговорите ќе траат најмалку десетина години. Бидејќи малку е веројатно Бугарија да избере нова влада до 14 декември за кога е закажан Самитот на ЕУ, ветото за Македонија ќе го тргне претседателот Румен Радев. Заев и ЕУ тоа ќе го претстават како голема победа со што ќе ги оправда сите игри со пропаднатиот обид за гласање недоверба на владата. Дознаваме и дека се разработува посебна стратегија од „пиарџиите“ на Заев како тоа да се „продаде“ на јавноста за премиерот да испадне херој кој ги решава отворените прашања со соседите. Откако и тоа ќе биде исполнето, Заев навистина планира да се повлече од премиерката функција на почетокот на следната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-zaev-planira-da-ostavi-eu-da-go-reshi-sporot-so-bugarija-a-kako-del-od-pregovorite-da-bide-dogovorot-za-dobrososedstvo/feed/ 0
Добивањето датум за ЕУ е најповторуваната лажна вест на пропагандната машинерија на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dobivanjeto-datum-za-eu-e-najpovtoruvanata-lazna-vest-na-propagandnata-mashinerija-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dobivanjeto-datum-za-eu-e-najpovtoruvanata-lazna-vest-na-propagandnata-mashinerija-na-zaev/#respond Wed, 09 Dec 2020 16:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=441014

Крајните консеквенци на лажните вести, на пропагандата ја има во Орвеловата ’1984’. За што служи? За одржување на власт, за задржување на статус кво, за замолкнување на критиката, опонентите, како и за неодговорност во постапките. Чиста лага, според експертите, без поткрепена информација е чиста пропаганда, се со цел да се влијае врз срцата и емоциите на граѓаните. За овие четири години на владеење на СДСМ, премиерот Зоран Заев многу пати објави датум за преговори со ЕУ. Според многумина, покрај лагите за 500 евра плата, ветувањето дека ќе го продаде владиниот мерцедес и ќе купи болнички возила, бројчаникот кој ќе откуцува милијарди, како и 600 километри автопат, датумот за ЕУ е дефинитивно најголемата повторувана лажна вест на Заев. Значи датумот за преговори е податок кој е лесно проверлив, но пропагандната машинерија на Заев и СДСМ ја збогатуваат со податоци кои се измислени и затоа делуваат кај граѓаните реални и вистинити. Потоа, истата ја повторуваат затоа што еднаш кажана лага нема никаков ефект. Тоа е позната максима – илјада пати повторена лага се перцепира како вистина. Во 2018-та тој заедно со Бујар Османи, Никола Димитров и Кочо Анѓушев дури и од авион се пофалија дека е добиен датумот па, Заев на 26-ти јуни пред две години напиша: “Во авион штотуку примивме одлична вест. Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ!” Но, тоа не беше прв пат. Претходно следеа неколку изјави на Заев дека датумот е добиен. Заев на 25 март изјави дека Македонија почнува преговори за членство во Европската унија и дека наводно историската грешка била исправена и нема веќе никакви пречки, ниту услови. И дека наскоро ќе се оддржи и првата Меѓувладина конференција, се пофали Заев во март. Па, на 11 октомври, седум месеци откако најави дека Македонија започнува преговори со Европската унија, изјавува дека требало да се подготви македонскиот народ дека може и да не отпочне првата меѓународна конференција. Така се случи и на 2-ри јули 2018-та година, кога Заев се пофали дека започнува и скрининг процесот, кој исто како и датумот се уште го нема. –Скрининг процес почнува на 17-ти јуни овде во Македонија. Тоа е доказ дека Македонија доби датум за преговори, изјави Заев во Собранието на 2-ри јуни 2018 година. Истото се случи на 30-ти април во 2019-та година кога Заев изјави дека се вратил од Берлин и дека наскоро ќе започнат преговорите со ЕУ. И на крај, уште една лага на Заев. Тој вети повлекување од премиерското место доколку не добиеме датум за преговори со ЕУ. -Нормално е да се преземе одговорност. Нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат, изјави Заев во интервјуто за “Ле Соар” на 6-ти јуни 2019-та година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dobivanjeto-datum-za-eu-e-najpovtoruvanata-lazna-vest-na-propagandnata-mashinerija-na-zaev/feed/ 0