датум за преговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Apr 2022 11:50:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png датум за преговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николоски: Македонија да добие датум за преговори со ЕУ затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-makedonija-da-dobie-datum-za-pregovori-so-eu-zatoa-shto-toa-go-zasluzuvaat-gragjanite-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-makedonija-da-dobie-datum-za-pregovori-so-eu-zatoa-shto-toa-go-zasluzuvaat-gragjanite-na-makedonija/#respond Tue, 26 Apr 2022 11:50:17 +0000 https://kurir.mk/?p=668021

Оваа недела во Стразбур се одржува редовна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Ќе се разговара на многу важни теми, вклучувајќи ја и агресијата која што во моментов се случува во Украина и потребата на обезбедување на мир во Европа. Исто така ќе се разговара и на теми кои се важни за Македонија и за нашето соседство. Во бројните средби коишто ќе ги имам во овие три дена, ќе побарам Македонија конечно да добие датум за почеток на преговори со ЕУ и да ги почне преговорите со ЕУ, затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија, изјави за медиумите Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој во рамките на своите средби и обраќања ќе ја повика Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, тука од Стразбур кои не ги спроведува. - Бројни пресуди кои се во корист на Македонците од Бугарија не се спроведуваат од страна на Бугарија. Едни од најзначајните кои што судот ги донесе во 2020 година е пресудата за формирање на клуб за етничка толеранција, како и пресудата за формирање на клуб за жртвите кои беа тероризирани од комунистичкиот режим. Тоа се две значајни пресуди кои зборуваат за етничката толеранција во Бугарија, но исто така и за потребата од рехабилитација на жртвите на комунистичкиот терор во Бугарија. Нешто што Бугарија не сака да го спроведе, затоа што политиката која што ја води е слична на онаа политика која што ја води изминативе 20 години, а тоа е политика на негирање и политика која што значи непочитување на одлуките на Советот на Европа. Затоа силно ќе побарам преку механизмите на Советот на Европа овие пресуди да се реализираат, посочи Николоски. Тој додаде дека уште една работа за која што ќе зборуваат е мешањето на премиерот Петков во внатрешните работи на Македонија. - Имено, со неговата последна изјава во која што кажува каква Влада тој би сакал во Македонија и дали би дозволил или не би дозволил да се формира Влада во Македонија директно се меша во внатрешните работи на Македонија, што е недозволиво. Затоа што изборот на Влада во Македонија е прашање на Собранието и на пратениците кои што се избрани на избори, а не на Кирил Петков. Новата Влада ќе биде формирана после предвремените парламентарни избори и секое мешање од страна на Бугарија е недозволиво и претставува мешање директно во внатрешните работи на Македонија, дециден е Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-makedonija-da-dobie-datum-za-pregovori-so-eu-zatoa-shto-toa-go-zasluzuvaat-gragjanite-na-makedonija/feed/ 0
Петков ги минира можностите за датум во јуни? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-gi-minira-moznostite-za-datum-vo-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-gi-minira-moznostite-za-datum-vo-juni/#respond Tue, 22 Mar 2022 11:54:42 +0000 https://kurir.mk/?p=651337

Бугарскиот премиер Кирил Петков изрази поддршка за европската перспектива на Македонија, но повтори дека претходно треба да се решат одредени работи, како што е почитувањето на правата на Бугарите, „со гаранции во рамките на Уставот“. Прво да се смени македонскиот Устав и да се внесат Бугарите, а потоа Бугарија ќе го крене ветото за преговарачката рамка во Брисел и Македонија ќе може да ги почне преговорите за членство, повторно порача бугарскиот премиер Кирил Петков во најновото интервју за грчкиот весник „Катимерини“. Според македонскиот премиер Димитар Ковачевски, пак, соработката со Бугарија е унапредена, воспоставен е нов начин на комуникација, но сè уште нема документ што е прифатлив за двете страни, пишува Слободен печат. И покрај многубројните средби и разговори, напредок кон решение меѓу Софија и Скопје сè уште нема, што вчера од Брисел го нотираше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој порача дека позициите на двете земји се различни, македонската е во рамките на Резолуцијата на нашиот парламент, а Бугарија ги има своите ставови, но „има волја да се најде прифатливо решение“. Утре и задутре во Скопје ќе продолжат разговорите на политичко ниво, кога Османи ќе ѝ биде домаќин на бугарската колешка Теодора Генчовска, а не е исклучена скорешна средба на највисоко ниво, меѓу двајцата премиери. Последните разговори на високо политичко ниво се случија пред еден месец на Минхенската безбедносна конференција, каде што Османи предложи да се изготви сеопфатен документ, протокол, со кој Скопје и Софија засекогаш ќе ги затворат сите отворени прашања, а во претходниот период разговорите се водеа околу бугарските барања од т.н. пакет „четири плус еден“. Премиерот Ковачевски вели дека штом ќе има документ што е прифатлив за двете страни, ќе биде споделен со институциите и со јавноста. Според него, руската агресија врз Украина покажа дека Европа треба да биде обединета и силна, а тоа мора најпрво да се направи меѓу соседните земји. Премиерот Петков и во најновото интервју ја изрази поддршката за европската перспектива на Македонија, но повтори и дека таа не е безусловна. целиот текст прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-gi-minira-moznostite-za-datum-vo-juni/feed/ 0
НЕМА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА ЗЕМЈАВА ВО ДЕКЕМВРИ: Милошоски добил потврда од европски пратеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-datum-za-pregovori-za-zemjava-vo-dekemvri-miloshoski-dobil-potvrda-od-evropski-pratenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-datum-za-pregovori-za-zemjava-vo-dekemvri-miloshoski-dobil-potvrda-od-evropski-pratenici/#respond Tue, 30 Nov 2021 08:51:44 +0000 https://kurir.mk/?p=601771

Земјава во декември нема да добие датум за преговори со ЕУ, ниту во првата половина на следната година, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски откако на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност, во Вашингтон, разговарал со европски делегати. „Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јан-јули 2022 година. Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но се уште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, напиша Милошоски на Фејсбук. Тој информира дека во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеал да поразговара со: Седрик Перин (Франција), Ине Сериде (Норвешка), Јан Фарски (Чешка Република), Моника Грегорчич (Словенија), Мими Кодели (Албанија) и Аудронис Азубалис (Литванија). „Разговарав на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции“, напиша Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-datum-za-pregovori-za-zemjava-vo-dekemvri-miloshoski-dobil-potvrda-od-evropski-pratenici/feed/ 0
Мицкоски: ЕУ да се одважи и да и даде на Македонија датум за преговори во декември, без да бара нови отстапки, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ништо надвор од Резолуцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-eu-da-se-odvazi-i-da-i-dade-na-makedonija-datum-za-pregovori-vo-dekemvri-bez-da-bara-novi-otstapki-vmro-dpmne-nema-da-prifati-nishto-nadvor-od-rezolucijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-eu-da-se-odvazi-i-da-i-dade-na-makedonija-datum-za-pregovori-vo-dekemvri-bez-da-bara-novi-otstapki-vmro-dpmne-nema-da-prifati-nishto-nadvor-od-rezolucijata/#respond Wed, 17 Nov 2021 11:51:09 +0000 https://kurir.mk/?p=596540

ЕУ треба да се одважи и да даде датум за преговори за Македонија и да не ја уценува државата со дополнителни отстапки, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Кисела Вода и додаде дека во спорот со Бугарија е прифатливо секое решение кое е во рамки на Резолуцијата која беше донесена во македонското Собрание.

- Секое решение кое е во рамките на Резолуцијата која е поддржана од политичките партии во македонскиот Парламент, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Иако во минатото не убедуваа дека немаме отворени прашања со соседите, но како и во други случаи тие лажат, така е и овој пат. Се обидуваат повторно со политички маневри да ја замајуваат јавноста, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека час поскоро треба Македонија да добие датум за преговори со ЕУ и тоа треба да се случи сега на овој декемвриски европски самит и не треба писма да пишуваат било кои од европските политичари, туку треба да се следат европските елементарни цивилизациски вредности.

- Овој народ многу пати во минатото застанал на тие европски цивилизациски вредности ,овој пат треба Европа да му врати на народот на Македонија  и да не не уценува со дополнителни отстапки. Тоа нема да го прифати ВМРО-ДПМНЕ. Треба веднаш да се даде зелено светло, Македонија да започне преговори со ЕУ. Европа треба да се одважи да му даде признание на овој народ и да ни даде датум за преговори, изјави Мицкоски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-eu-da-se-odvazi-i-da-i-dade-na-makedonija-datum-za-pregovori-vo-dekemvri-bez-da-bara-novi-otstapki-vmro-dpmne-nema-da-prifati-nishto-nadvor-od-rezolucijata/feed/ 0
КУРИР ДОЗНАВА: Две земји членки на ЕУ барале земјава на неодредено време да ја одложи интеграцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-dve-zemji-chlenki-na-eu-barale-zemjava-na-neodredeno-vreme-da-ja-odlozi-integracijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-dve-zemji-chlenki-na-eu-barale-zemjava-na-neodredeno-vreme-da-ja-odlozi-integracijata/#respond Tue, 05 Oct 2021 14:08:31 +0000 https://kurir.mk/?p=573387

Во месец јуни годинава, дописничка на МИА јави дека Македонија останува без преговарачката рамка во Луксембург по завршената дискусија во Советот за општи работи. Повеќе министри од ЕУ држави упатија поддршка за Скопје и Тирана пред почетокот на состанокот и побараа да не се блокираат двете држави поради постигнатиот реформски напредок, но според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти пред министрите. МИА пренесе дека дебатата за проширувањето на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, посебно во однос на Македонија и бугарската блокада. Бугарската страна меѓутоа и натаму одбивала да попушти, и покрај предупредувањата на земјите членки на ЕУ дека со оваа блокада „ЕУ си пука сама себе во нога“. Се поизвесно е дека Македонија нема да добие датум за преговори во скоро време. КУРИР од блиски извори дознава дека како можна година за датум за преговори е всушност 2030 година. На ова изреагирале две земји членки на Европската Унија кои побарале одложување на неодредено време. Според нашите извори овие две земји членки се многу влијателни. Унијата во посебна точка го наведува признавањето на напредокот на регионот, како и тоа дека го одржува развојот кој обезбедува капацитет за интегрирање нови членки. Ние дополнително ќе го интензивираме нашиот заеднички ангажман за да ја продолжиме политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, истовремено признавајќи го напредокот постигнат од западен Балкан. Исто така, потсетуваме на важноста што ЕУ може да го одржи и да го продлабочи сопствениот развој, обезбедувајќи го нејзиниот капацитет за интегрирање на нови членки“, се наведува во драфт верзијата на Декларацијат која на увид ја имале повеќе медиуми во регионот.. Песимизмот кај земјите од регионот трае подолго време, како поради внатрешните проблеми кај нив самите, така и поради проблемите со кои се среќава самата Унија. Сигналот беше даден минатата седмица, кога европски дипломатски извори за агенцијата Reuters брифираа дека застојот околу декларацијата за самитот на лидерите на ЕУ и западен Балкан е „новото дно“ во стратегијата на Брисел да ги внесе Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово и БиХ во блокот. Поради таквиот развој на ситуацијата со западен Балкан и неговите европски поерспективи, американскиот претседателот Џо Бајден вчера зборувал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и ѝ изразил поддршка на Унијата, како партнер на САД. - Бајден ѝ нагласил на фон дер Лајен дека процесот на проширување на ЕУ треба да продолжи со земјите од западен Балкан и да ја опфати Македонија, твиташе во вторникот американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнс. Меѓутоа, колку во прашање и да се нерешените прашања во ЕУ и нејзиното преструктурирање, јасно е дека и самите земји претенденти за членството во многу придонесуваат за таквиот однос на Брисел кој региотно. Кога станува збор за Македонија, која прва од регионот,м вклучително и пред некои сегашни членки – Хрватска, Бугарија и Романија, во 2001-та го отпочна првиот чекор за приклучување, стагнирањето во развојот на демократијата, како и на економски план, особено последните пет години, секако придонесува за недобивањето датум за преговорите. - Очекувам недвосмислена поддршка и целосна поддршка за интеграција на Западниот Балкан во рамките на ЕУ и јасна европска перспектива за земјите од регионот. Но, она што мене морам да кажам ме загрижува е информацијата којашто од маргините ја добив, а тоа е дека на инсистирање на една земја членка на ЕУ да се фиксира прецизна дата која што би била краен рок за интегрирање на земјите членки, на земјите кои што се дел од западниот Балкан. Две земји членки, за жал, не прифатиле да биде тоа дел од заклучоците на утрешниот Самит на шефови и Влади на ЕУ посветен на западен Балкан. И со тоа практично се доведува во знак прашање јасната и недвосмислена европска перспектива на земјите од западен Балкан, коментираше во вторникот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за вестите на Алфа телевизија. - Оцени дека датумот за почетокот на преговорите е „една голема лага, којшто изминативе 52 месеци оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев ни го прераскажуваат, а во суштина претставува обид да се одржат што е подолго можно на политичката сцена. И да продолжат нормално со криминалот и со сето она што македонските граѓани се сведоци изминативе 52 месеци, појасни Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurir-doznava-dve-zemji-chlenki-na-eu-barale-zemjava-na-neodredeno-vreme-da-ja-odlozi-integracijata/feed/ 0
Заев во јуни 2019: Во октомври ќе добиеме датум имаме гаранција за тоа, во октомври истата година Заев праша кој го изјавил тоа? (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vo-juni-2019-vo-oktomvri-kje-dobieme-datum-imame-garancija-za-toa-vo-oktomvri-istata-godina-zaev-prasha-koj-go-izjavil-toa-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vo-juni-2019-vo-oktomvri-kje-dobieme-datum-imame-garancija-za-toa-vo-oktomvri-istata-godina-zaev-prasha-koj-go-izjavil-toa-video/#respond Sat, 21 Nov 2020 16:11:59 +0000 https://kurir.mk/?p=432597

На македонската јавност веќе повеќе од јасно и е дека преговорите за влез во Европската унија не само што нема да започнат, туку и дека оваа власт предводена од Зоран Заев ќе распродаде и се што е малку останато поврзано со нашата историја и јазикот. Како и секоја година така и по блокадата на Бугарија пред неколку дена целата власт изјавува дека се оптимисти дека во иднина ќе ги започнеме преговорите со Европската унија, но за ова оптимистички Заев зборуваше и во јуни минатата година. -Дека октомври ќе биде октомври и таму стои не подоцна од октомври, ја добивме писмената правно формална гаранција, велеше Заев за добивањето на датумот во јуни 2019 година. Додека пак на новинарско прашање и потсетување на Заев тоа што го говорел во месец јуни, тој во октомври откако не доби Македонија датум за преговори реторичко само праша „Јас сум изјавил такво нешто?“ По ваквите изјави на Заев и речиси на целото раководство на СДСМ и власта во изминативе три години јавноста повеќе од јасно е дека очекува оставки, како и засрамување за неисполнетите нивни ветувања пред македонскиот народ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-vo-juni-2019-vo-oktomvri-kje-dobieme-datum-imame-garancija-za-toa-vo-oktomvri-istata-godina-zaev-prasha-koj-go-izjavil-toa-video/feed/ 0
Николоски: Три години Заев лаже дека Македонија добила датум за преговори ама никако да каже кој е датумот? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-tri-godini-zaev-laze-deka-makedonija-dobila-datum-za-pregovori-ama-nikako-da-kaze-koj-e-datumot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-tri-godini-zaev-laze-deka-makedonija-dobila-datum-za-pregovori-ama-nikako-da-kaze-koj-e-datumot/#respond Wed, 18 Nov 2020 11:43:31 +0000 https://kurir.mk/?p=431109

ДОСТА Е, порча потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски на Фејсбук. -Три години лаги! Три години Заев лаже дека Македонија добила датум за преговори ама никако да каже КОЈ Е ДАТУМОТ? Три години лаги дека идентитетот е зачуван, а идентитетот е оспорен како никогаш порано! Три години слатки лаги за власт и пари. Три години лаги додека европската иднина исчезнува! Што е доста, доста е, напиша Николоски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-tri-godini-zaev-laze-deka-makedonija-dobila-datum-za-pregovori-ama-nikako-da-kaze-koj-e-datumot/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izmamnikot-zaev-veti-i-izlaza-deka-kje-si-dade-ostavka-ako-nema-datum-za-pregovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izmamnikot-zaev-veti-i-izlaza-deka-kje-si-dade-ostavka-ako-nema-datum-za-pregovori/#respond Wed, 18 Nov 2020 07:48:05 +0000 https://kurir.mk/?p=430972

Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори. Зоран Заев не е способен да си го исполни сопственото ветување дека ќе си замине ако нема успех на планот на европски интеграции, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата соопштуваат дека Заев доби власт на две основни лажни ветувања, живот за секого, и преговори со ЕУ. И во двете не успеа и ги разочара граѓаните. -Државава тоне во тешка политичка и економска о здравствена криза. Отспаките на Заев завршија со ново фијаско. Нема повеќе ниту една причина измамникот Заев да биде премиер кога со него државава бележи само порази и неуспеси. Ниту ја сочува жицата ниту ја донесе ЕУ. Со Заев само криминалот и корупцијата се реалност. Тој е готов и минато. Треба да признае дека неговата кариера завршува неславно. Да потсетиме дека Европската Унија не препознава вредност во политичар кој го краде и лаже сопствениот народ. Кој зема рекет од 8 милиони евра и прави бизниси со панамски пари со анти ЕУ и анти НАТО политичари. Со измамникот Заев нема ЕУ и нема иднина, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-izmamnikot-zaev-veti-i-izlaza-deka-kje-si-dade-ostavka-ako-nema-datum-za-pregovori/feed/ 0
По ветените 100 датуми за преговори, денес добивме датум за ВЕТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-vetenite-100-datumi-za-pregovori-denes-dobivme-datum-za-veto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-vetenite-100-datumi-za-pregovori-denes-dobivme-datum-za-veto/#respond Tue, 17 Nov 2020 15:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=430795

Цела предизборна кампања СДСМ на чело со Зоран Заев зборува само за една работа - дека ќе ја внесе Македонија во Европската Унија. Народот со право беше скептичен, но функционерите на Заев уста не затворија на оваа тема. Ги зададоа и најболните удари на граѓаните со промена на уставното име и продажбата на идентитетот и историјата. Додека ја распродаваа Македонија, ни претставуваа дека договараат добрососедство. Ништо не сработија, реформи не доживеа ниту еден сектор бидејќи тврдеа дека сите капацитети ги насочиле кон преговарање и ветуваа дека Македонија е пред портата која само што не се отворила. Наместо датум за датум или датум на датум, веќе не знаат ни што ветуваа, Македонија и граѓанте добија жежок шамар. Но, тој шамар на народот не го удри никој друг, туку лично Зоран Заев. При очи, народот го правеа слеп, при уши, народот го правеа глув. „Датум за преговори имаме за 12 месеци, а вие може да пукнете што не го решивте ова прашање“. Вака зборуваше Зоран Заев пред Парламентот во јули 2018 година. Од тогаш се поминати две ипол години! Од тогаш до денес, народот доби 100 ветувања за датум. Секој месец нов рок смислуваа и кажуваа. Сите како во оркестар: Заев, Димитров, Шекеринска, другите министри, пратеници, градоначалници од СДСМ. И еве што донесоа на Македонија - датум за вето! Одговорот е НЕ, Македонија доби блокада. СДСМ со години е власт во Република Македонија и не постигна успех во ниту едно поле. Наместо во ЕУ, ја втурна Македонија во бездна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-vetenite-100-datumi-za-pregovori-denes-dobivme-datum-za-veto/feed/ 0
„Брзиот воз“ на СДСМ кон ЕУ излета од шините! Никовски: Нашите проблеми со потпишувањето на Договорите со Грција и Бугарија, не се завршени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brziot-voz-na-sdsm-i-zoran-zaev-za-patot-kon-eu-izleta-od-shinite-nikovski-nashite-problemi-so-potpishuvanjeto-na-dogovorite-so-grcija-i-bugarija-ne-se-zavrsheni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brziot-voz-na-sdsm-i-zoran-zaev-za-patot-kon-eu-izleta-od-shinite-nikovski-nashite-problemi-so-potpishuvanjeto-na-dogovorite-so-grcija-i-bugarija-ne-se-zavrsheni/#respond Fri, 24 Jan 2020 12:10:32 +0000 https://kurir.mk/?p=294094

По низата економски катастрофи и коруптивни скандали и „брзиот воз“ на СДСМ и Зоран Заев за патот кон ЕУ излета од шините. Ниту со промената на името на државата Заев не успеа да постигне Македонија да стане дел од европското семејство. Унијата бара реформи и клучни промени, Македонија тапка во место. Според најновата студија на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) доколку не се промени методологијата и темпото на тој процес, ниту една земја од Западен Балкан нема да влезе во Унијата пред 2030 година. Секако ова се однесува и на Македонија. Поранешниот амбасадор Ристо Никовски во изјава за Курир цели дека најавата дека проширувањето на Унијата ќе следи по 2030-та година е апсолутно реална и одговара на сите факти кои беа достапни во последно време. -Да бидеме прецизни, самиот Макрон на последниот самит рече дека треба да се подготви процедурата на прием меѓутоа дека нема проширување на Унијата се додека не се завршат внатрешните реформи, а тие траат најмалку десет години. Според тоа оваа студија апсолутно го потврдува фактот дека Македонија не може да смета на било какво членство во Унијата пред 2032,’33, значи за околу 15 години. Тука не е јасно што ќе се случи со Србија и Црна Гора кои договараат подолго време и се напреднати, веројатно за нив ќе има поинаков третман особено за Црна Гора, ќе влезе порано. Србија ќе ја кочат веројатно со Косово. Тоа се реалните проценки и сите наши залажувања и манипулирања со датумот за преговори се само губење на време и свртување на вниманието на народот, смета Никовски. Тој посочува дека треба да не се заборави дека датумот 2030, ’31, ’32 е доколку нашиот процес на преговарање биде без проблеми. -Знаете дека Бугарија завзема државен официјален став дека Македонија треба да исполни повеќе услови од кои 90 проценти се неисполниви. Нашиот прием ќе биде пречка и кога се ќе оди како што треба, како што сака Унијата, тука е и Грција. На секое од нашите поглавја тие ќе имаат по 10 забелешки. Нас не’ чека макотрпен пат и нашите проблеми кои почнуваат со потпишувањето на Договорите со Грција и Бугарија, не се завршени. Ние во нив прифативме дека вината за сите недоразбирања и нивни проблеми со нас, се наши. Кога на некој ќе му кажеш „јас сум виновен“, тој ќе удри уште посилно, вели Никовски. Тој се осврна и на денешната посета на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на Македонија, па истакна дека сите во Брисел се свесни дека кон Македонија е направена нова тешка неправда. -Дека 10 години не’ уценуваа, условуваа со ултиматум прво името потоа членство, и кога ние се прекрстивме, капитулиравме, се изрезиливме, се посрамотивме и направивме историска грешка, тие велат тоа веќе не важи. Сега доаѓаат кај нас, ни посветуваат внимание свесни дека се виновни и сега си ги чистат гревовите. Таа посета ништо нема да донесе, ќе ни направи некоја чест, но да бидеме свесни дека ЕК и претседателот на Европскиот совет ништо не решаваат. Одлучуваат самите членки. Нашиот гостин нема никаква ингеренција да реши нешто во однос на Македонија, дециден е Никовски. Меѓу измените за кои се залага ЕСИ, се наведува дека проширувањето треба да стане „двофазен процес“. Втората препорака е „отворете ги и затворете ги сите поглавја“. Понатаму, таа ја наведува потребата „владеење на правото навистина да стане централна тема“. Прецизно кажано „почитувањето на правилата за владеење на правото мора да биде предуслов за пристапување кон единствениот пазар и за полноправно членство, што подразбира многу построга контрола од досега.“ За илустрација, се предлага „ако некоја земја сериозно ги крши основните човекови права или го поткопа независноста на судството, таа треба да биде замрзната од процесот на пристапување, вклучително и задржување на претпристапните фондови“ – во тој случај, процесот на пристапување ќе започне одново, ако оценуваат повеќето земји-членки на ЕУ дека се спроведени реформите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brziot-voz-na-sdsm-i-zoran-zaev-za-patot-kon-eu-izleta-od-shinite-nikovski-nashite-problemi-so-potpishuvanjeto-na-dogovorite-so-grcija-i-bugarija-ne-se-zavrsheni/feed/ 0