даунов синдром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 08:41:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png даунов синдром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Претставена првата Барбика со Даунов синдром https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-pretstavena-prvata-barbika-so-daunov-sindrom/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-pretstavena-prvata-barbika-so-daunov-sindrom/#respond Wed, 26 Apr 2023 08:41:07 +0000 https://kurir.mk/?p=827732

Производителот на играчки Мател ја претстави првата Барбика со Даунов синдром во обид да ја направи својата популарна палета на кукли поинклузивна. Во презентацијата, од Мател истакнаа дека соработувале со Националното здружение за Даунов синдром во Соединетите американски држави за да создадат кукла, која има пократко тело и подолго торзо од другите Барбики. -Лицето на новата кукла е исто така позаоблено во форма, со очи во облик на бадем, помали уши и рамна носна коска. Дланките на куклата вклучуваат дури и линија, карактеристика што често се поврзува со луѓе со Даунов синдром, објаснија од Мател. Куклата е облечена во фустан со пуфнати ракави украсени со пеперутки и цвеќиња во жолта и сина боја - бои поврзани со свесноста за Даунов синдром. -Нашата цел е да им овозможиме на сите деца да се видат себеси во Барби, истовремено охрабрувајќи ги децата да си играат со кукли кои не личат на нив, рече Лиза Мекнајт, извршен потпретседател и глобален шеф на Barbie & Dolls, Мател.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MATTEL (@mattel)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-pretstavena-prvata-barbika-so-daunov-sindrom/feed/ 0
Нова романтична комедија со актери со Даунов синдром https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nova-romantichna-komedija-so-akteri-so-daunov-sindrom/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nova-romantichna-komedija-so-akteri-so-daunov-sindrom/#respond Tue, 26 Apr 2022 07:34:49 +0000 https://kurir.mk/?p=667873

Продукциската куќа „Халмарк“ снима романтична комедија во којашто глумат актери со Даунов синдром. Се работи за филмот „Обој го мојот свет со љубов“ (Color My World With Love), што сѐ уште е во претпродукција. Главните улоги ќе ги толкуваат Лили Д. Мур и Дејвид Десанктис. Лили ќе ја глуми Кендал, надарена сликарка со Даунов синдром, која се вљубува во Бред. Вљубувањето го загрижува нејзиното семејство кое се плаши дека Кендал ќе заврши со скршено срце, па тука во приказната влегува Ник (го глуми Бенџамин Ејрис)… – Сите сонуваат да се заљубат и да се омажат еден ден, па дури и лицата со попреченост. Се надевам дека по „Обој го мојот свет со љубов“ гледачите ќе сфатат дека тоа нѐ учи да ја насликаме нашата сопствена животна приказна и дека сите имаме бескрајни можности, вели 18-годишната девојка, за која ова е прва главна улога во филм. „Халмарк“ сака да ја поттикне разновидноста со своите содржини, т.е. со овој филм, а тој ќе биде прикажан на крајот на годината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nova-romantichna-komedija-so-akteri-so-daunov-sindrom/feed/ 0
Порака од Пендаровски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-od-pendarovski-po-povod-svetskiot-den-na-licata-so-daunov-sindrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-od-pendarovski-po-povod-svetskiot-den-na-licata-so-daunov-sindrom/#respond Mon, 21 Mar 2022 08:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=650506

По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателот Пендаровски ја упати следнава порака: Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21-от ден од третиот месец, како симбол за трите копии на 21-от хромозом што ги носат лицата со Даунов синдром, е само еден од низата поводи кој нè потсетува што сме направиле за лицата кои живеат со оваа состојба и кои се идните чекори кои треба да ги преземеме за обезбедување на нивен рамноправен и квалитетен живот. Уверен сум дека со континуирано подигање на јавната свест и јакнење на инклузивните услуги, можеме да им овозможиме на нашите сограѓани со Даунов синдром да имаат исполнет живот, базиран врз еднаквост и недискриминација. Да ги напуштиме стереотипите, да се фокусираме на функционалноста и развојот на вештините на лицата со Даунов синдром, со цел да им дадеме простор во нашето заедничко општество. Со цел непречено интегрирање на лицата со Даунов синдром во целокупното општество, потребна ни е планирана и координирана реализација на активностите на сите засегнати страни: државните институции, здравствените установи, образовните институции, социјалните центри и граѓанските организации. Изразувам безрезервна поддршка на сите родители и семејства на лицата со Даунов синдром, и благодарност до сите институции и поединци кои се вклучени во нивниот едукативен процес, медицинска нега и социјална заштита. Нашиот однос кон лицата со попреченост е уште еден тест на декларативните заложби за изградба на инклузивно општество во кое подеднакво се уживаат човековите слободи и права, се вели во пораката на Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-od-pendarovski-po-povod-svetskiot-den-na-licata-so-daunov-sindrom/feed/ 0
Првиот модел со Даунов синдром на „Викторија’с сикрет“ достигнува нови височини https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prviot-model-so-daunov-sindrom-na-viktorija-s-sikret-dostignuva-novi-visochini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prviot-model-so-daunov-sindrom-na-viktorija-s-sikret-dostignuva-novi-visochini/#respond Thu, 17 Feb 2022 10:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=632582

Софија Жирау влезе во историјата како прва манекенка на Викторија’с сикрет со Даунов синдром, откако им се придружи на 17 други жени во лансирањето на новата кампања на брендот. Софија Жирау, 25-годишна порториканска манекенка и активистка, им соопшти на своите обожаватели и следачи дека учествува во новата кампања на американскиот бренд за долна облека, „Викторија’с сикрет“. Модната линија е наречена „Love Cloud“, и се работи за колекција лежерна долна облека. Кариерата на Софија добива на интензитет откако дебитираше на пистите на Модната недела во Њујорк во февруари 2020 година. Оттогаш таа го привлече вниманието на модната индустрија. „Викторија’с сикрет“ покрена низа иницијативи изминативе неколку години за да се обиде да го врати кредибилитетот поради намалената продажба и претходни обвинувања за сексуални злосторства и вознемирување на моделите. Новите потези на компанијата го вклучуваат и првиот градник за жени подложени на мастектомија, различни бои на долна облека за различни тонови на кожа, како и ангажирање на трансродовиот модел Валентина Сампајо. Таа беше вработена по критиките дека на компанијата ѝ недостигаат различности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prviot-model-so-daunov-sindrom-na-viktorija-s-sikret-dostignuva-novi-visochini/feed/ 0
„Допри ме“ – акција посветена на децата со Даунов синдром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dopri-me-akcija-posvetena-na-decata-so-daunov-sindrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dopri-me-akcija-posvetena-na-decata-so-daunov-sindrom/#respond Mon, 07 Feb 2022 14:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=628126

Уметничката акција „Допри ме“, што денеска беше спроведена во центарот на Скопје беше посветена на малечката Ембла. Организаторите велат дека нејзиното отфрлање од средината, пред очите на јавноста, уште еднаш потсети на нетолерантноста на сите нас кон се она што е различно.

Акцијата „Допри ме“ ја спроведоa неколкуммина активисти во центарот на Скопје, кои на своите тела носеа натписи „И јас имам Даунов синдром, те молам допри ме“.

-Се надеваме дека на тој начин остваруваме директен контакт со граѓаните и  ќе ја сензибилизираме јавноста за овој проблем,  барем малку придонесувајќи кон зголемување на толеранцијата кон различните. Интересен е податокот дека во рамките на денешната акциија  која беше спроведена во центарот на Скопје во времетраење од неколку часа  од  околу 3000 минувачи кои поминаа во непосредна близина на активистите само  поразувачки 3% или нешто помалку од 100 луѓе остварија контакт односно ги допреа активистите. По Скопје деновиве акцијата ќе биде спроведена и во уште неколку градови низ Македонија, велат учесниците во акцијата.

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dopri-me-akcija-posvetena-na-decata-so-daunov-sindrom/feed/ 0
Ученичката Ембла од Гостивар е повторно меѓу соучениците https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenichkata-embla-od-gostivar-e-povtorno-megju-souchenicite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenichkata-embla-od-gostivar-e-povtorno-megju-souchenicite/#respond Thu, 03 Feb 2022 10:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=626363

Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово задоволство и на задоволство на нејзиното семејство, Ембла продолжува да стекнува нови знаења, да напредува и да ги развива пријателствата со своите врсници. Шаќири напиша дека Ембла не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал, како што вели, „во нашето општество се уште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби“. – Среќата во очите на Ембла е наша заедничка среќа. Победа на општеството и на вистинските човечки вредности. Посакувам вакви ситуации да не се повторуваат. Затоа, мораме да продолжиме да даваме придонес кон подигнувањето на свеста за децата со попреченост. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование како и сите други. Тоа е основно право и должни сме да го овозможиме, да создадеме услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал. Да докажеме дека подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е наш врвен приоритет и процес кој ќе продолжиме да го спроведуваме. Драга Ембла, ти посакувам успех во понатамошната едукација. Застанувам позади тебе во секоја следна битка!, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил. Единаесетгодишната Ембла вчера, со еден ден задоцнување тргна на училиште, но сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле „поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивност“. Како што објавија медиумите вчера, директорот на ОУ „Башкими“ Зијадин Нуредини изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ за да не остане само во една училница. Девојчето го посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“ од каде што изјавиле дека таа никогаш не била агресивна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchenichkata-embla-od-gostivar-e-povtorno-megju-souchenicite/feed/ 0
Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на училиште поради соученичка со Даунов Синдром https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchilishte/#respond Thu, 03 Feb 2022 09:16:05 +0000 https://kurir.mk/?p=626319

Сите ученици го започнаа второто полугодие токму на 1 февруари, но не и 11-годишната Ембла. Таа денеска тргна на училиште но сама, поради тоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека Ембла била агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан. Ембла е дете со посебни потреби – има даунов синдром. Тоа е причината поради којашто родителите на другите деца не сакаат таа да учи со нив. „Поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука ние како родителите да се бојкотира наставата од редовните ученици“, стои во петицијата што ја покренаа родителите. Зијадин Нуредини, директор на ОУ „Башкими“ изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес. Но, за разлика од директорот, нејзиниот татко негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки. „Ембла“ ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uchilishte/feed/ 0
Ова е НАЈЕМОТИВНОТО видео кое ќе го видите денеска: Еве како роденденот на едно девојче ги стопли и најладните срца (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-najemotivnoto-video-koe-kje-go-vidite-deneska-eve-kako-rodendenot-na-edno-devojche-gi-stopli-i-najladnite-srca-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-najemotivnoto-video-koe-kje-go-vidite-deneska-eve-kako-rodendenot-na-edno-devojche-gi-stopli-i-najladnite-srca-video/#respond Sat, 08 May 2021 10:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=507465

„Ова е најубавата и најемотивната работа што ја видов денес“ беше само еден од илјада коментари од социјалните мрежи на видеоto што денес масовно се споделува низ целиот свет. Имено, девојчето со Даунов синдром го прослави својот роденден, нејзините родители и запеаа роденденска песна, а нејзината реакција е нешто што ќе ги стопи и најладните срца. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-najemotivnoto-video-koe-kje-go-vidite-deneska-eve-kako-rodendenot-na-edno-devojche-gi-stopli-i-najladnite-srca-video/feed/ 0
Светски ден на лицата со Даунов синдром: Еве зошто симболично е избран овој датум https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetski-den-na-licata-so-daunov-sindrom-eve-zoshto-simbolichno-e-izbran-ovoj-datum/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetski-den-na-licata-so-daunov-sindrom-eve-zoshto-simbolichno-e-izbran-ovoj-datum/#respond Sun, 21 Mar 2021 11:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=485582

Денеска е светски ден на лицата со Даунов синдром. Датумот е избран симболично- 21 ден од третиот месец цо годината, во знак на трисомијата, 21. хромозом кој го предизвикува Дауновиот синдром. Даунов синдром- трисомија 21 е хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун. Подоцна ова генетско хромозомско пореметување е наречено Даунов синдром, а причина се одредени грешки во клеточната делба пред оплодувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetski-den-na-licata-so-daunov-sindrom-eve-zoshto-simbolichno-e-izbran-ovoj-datum/feed/ 0
Видео кое растопува срца: Дете со Даунов синдром не сака да се одвои од новородената сестричка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/video-koe-rastopuva-srca-dete-so-daunov-sindrom-ne-saka-da-se-odvoi-od-novorodenata-sestrichka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/video-koe-rastopuva-srca-dete-so-daunov-sindrom-ne-saka-da-se-odvoi-od-novorodenata-sestrichka/#respond Tue, 07 Apr 2020 17:50:09 +0000 https://kurir.mk/?p=328818

Преслатко видео од братче и сестриче растопува срца на интернет. Во него, детенце со Даунов синдром ѝ се радува на сестричката и плаче кога мајка му сака да ја одведе подалеку од него. Едногодишниот Брукс се заљубил во малата Колинс на прв поглед. Тој не сакал да се одвои од неа на големо изненадување на неговите родители кои мислеле дека тој ќе биде љубоморен. „Не бевме сигурни како ќе реагира Брукс што има бебе во близина и дали ќе биде љубоморен што ќе мора да го дели вниманието. Но, беше многу слатко. Тој е заљубен во неа. Кога првпат ја запозна на болница, реагираше на истиот начин, па моравме да го снимиме. Тој е момче полно со љубов“ – рекла мајката на двете деца.
 
View this post on Instagram
 
This little one can't get enough of his baby sister. ?

A post shared by People Magazine (@people) on

Извор: ФЕМИНА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/video-koe-rastopuva-srca-dete-so-daunov-sindrom-ne-saka-da-se-odvoi-od-novorodenata-sestrichka/feed/ 0