давид дејвис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Oct 2022 06:11:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png давид дејвис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Давид Дејвис промовиран во Ал Ахли https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/david-dejvis-promoviran-vo-al-ahli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/david-dejvis-promoviran-vo-al-ahli/#respond Sun, 23 Oct 2022 06:11:41 +0000 https://kurir.mk/?p=749483

Давид Дејвис и официјално седнува на клупата на египетскиот тим Ал Ахли откако потпиша договор до 2025 година со оваа екипа. Шпанскиот стратег се враќа во Египет, каде беше селектор во 2018 и 2019 година. Ова е негов нов ангажман откако летово го напушти кормилото на нашиот шампион Вардар. Дејвис лани ја презема позицијата од Веселин Вујовиќ во втората полусезона од сезоната и успеа да ги препороди „вардарци“. Го предводеше нашиот најтрофеен клуб до двојната круна. Откако Вардар беше исфрлен од Лигата на шампиони, реши да си замине од Скопје. Тој претходно му беше помошник на Раул Гонзалес во Вардар, а беше прв тренер и на женскиот состав на „црвено-црните“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/david-dejvis-promoviran-vo-al-ahli/feed/ 0
Давид Дејвис заминува ако Вардар не игра во Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/david-dejvis-zaminuva-ako-vardar-ne-igra-vo-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/david-dejvis-zaminuva-ako-vardar-ne-igra-vo-ligata-na-shampionite/#respond Mon, 20 Jun 2022 18:56:42 +0000 https://kurir.mk/?p=693373

Тренерот на македонскиот шампион Вардар, Давид Дејвис, многу веројатно нема да го продолжи својот престој во „црвено-црното“ семејство. Ова станува извесно по одлуката на ЕХФ, да го исфрли Вардар од Лигата на шампионите. Шпанецот дојде во Вардар во декември минатата година и успеа да направи добри резултати, односно да ја освои двојната круна во Македонија. Во Лигата на шампионите, тимот го освои петтото место и беше елиминиран од Веспрем во осминафиналето. По последниот развој на настаните и суспензијата од ЕХФ, најверојатно е дека шпанскиот стратег ќе побара друга средина. Тој за 24Ракомет викендов во Келн потврди неговото останување во Скопје е врзано со играњето на Вардар во ЛШ, а со оглед на тоа што македонскиот тим нема да добие дозвола да игра во елитното натпреварување, многу веројатно е дека ќе има нов предизвик. Неизвесно е што ќе се случува и со ракометарите што потпишаа договори со Вардар за наредната сезона – левиот бек Жилберто Дуарте, пикерот Павел Андреев и десниот бек Нејце Цехте. Европската ракометна федерација деновиве треба да ја објави одлуката донесена во петокот на состанокот на Извршниот Комитет, а до крајот на неделата ќе бидат познати сите учесници во ЛШ за следната сезона. Ждрепката е закажана за 1 јули. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/david-dejvis-zaminuva-ako-vardar-ne-igra-vo-ligata-na-shampionite/feed/ 0
Дејвис: Можеби малку среќно, но на крај победивме https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-mozebi-malku-srekjno-no-na-kraj-pobedivme/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-mozebi-malku-srekjno-no-na-kraj-pobedivme/#respond Sun, 15 May 2022 22:58:28 +0000 https://kurir.mk/?p=677137

Давид Дејвис се врати во Вардар 1961 и се наоѓа на чекор до исполнување на мисијата. Со голема победа со пресврт во Купот, вардарци го зграпчија првиот трофеј во сезозната, а за две недели веројатно истото ќе го сторат и со шампионскиот. Сакам да му честитам на Бабиќ, тој е одличен тренер и одамна се познаваме. Имаме многу почитување за него, неговите екипи секогаш играат добар ракомет. Атмосферата денес беше многу добра, се играше одличен ракомет, љубителите уживаа. Ова беше типичен Куп-дуел. Првиот дел Еурофарм Пелистер доминираше, па петнаесеттина минути беше израмнето и на крај ние се извлековме. Можеби малку среќно, но на крај победивме. Мислам дека клучот беше што верувавме во победа и кога заостанувавме 5-6 гола. Се одлучив да играм „фластер“ на Периќ и тој потег се покажа како одлучувачки“, рече Шпанецот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-mozebi-malku-srekjno-no-na-kraj-pobedivme/feed/ 0
Дејвис: Борко пресуди, тој ја направи разликата https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-borko-presudi-toj-ja-napravi-razlikata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-borko-presudi-toj-ja-napravi-razlikata/#respond Sun, 01 May 2022 19:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=670570

По мечот против Еурофарм Пелистер кратко коментираше тренерот на скопскиот тим Давид Дејвис, кој е на добар пат да ја прослави првата титула како тренер на Вардар. Според него Борко ја направил разликата, секако и одбраната 5-1. „Навистина е тешка да се победи во Битола. Минатиот меч Марко Кизиќ беше клучен, на оваа средба Борко Ристовски. Голманите се клучни на ваквите натпревари, а Борко ја направи разлика. Добри бевме и во одбраната 5-1, која се покажа како добро решение“, изјави Давид Дејвис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-borko-presudi-toj-ja-napravi-razlikata/feed/ 0
Дејвис фаворитска улога ја додели на Веспрем https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-favoritska-uloga-ja-dodeli-na-vesprem/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-favoritska-uloga-ja-dodeli-na-vesprem/#respond Tue, 29 Mar 2022 11:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=655030

Тренерот на македонскиот ракометен првак Вардар, Давид Дејвис, на Веспрем ја препушти улогата на фаворит пред меѓусебниот дуел в четврток во осминафиналето на Лигата на шампионите. Сепак, предводникот на „црвено-црните“ рече дека тоа не значи однапред предавање и најави голема борба на теренот. – Веспрем игра многу добар ракомет. И индивидуално и колективно се силни. Апсолутни фаворите се, ама Вардар игра дома, секогаш се бориме, понекогаш повеќе и подобро, ама ветувам борба на теренот. Не сакам да правам споредби со дуелот со Пелистер. Ова е друго натпреварување. Ако сакаме позитивен резултат ние мораме да бидеме добри, супер, во текот на сите 60 минути. Нема друго решени, само фокусирни цел натпревар можеме да изненадиме, изјави Дејвис на денешната прес-конференција. Десното крило на Вардар, Гоце Георгиевски ги повика навивачите на „црвено-црните“ да дојдат во салата и да им дадат поддршка на своите миленици. – Сите знаеме за колку квалитетен противник се работи. Ние се подготвуваме онолку, колку што ни дозволува времето. Ги повикам љубителите на ракометот да дојдат и да ни дадат поддршка затоа што навистина ќе ни биде потребна. Ќе се потрудиме тоа што ќе се договориме пред натпреварот, да го испочитуваме на терен. Ако тоа ни успее можеме да се надеваме дека нешто ќе направиме, изјави Георгиевски. Натпреварот Вардар – Веспрем ќе се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 18:45 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-favoritska-uloga-ja-dodeli-na-vesprem/feed/ 0
Дејвис: Сега сме фокусирани само на Пелистер, за Веспрем ќе размислуваме по дербито https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-sega-sme-fokusirani-samo-na-pelister-za-vesprem-kje-razmisluvame-po-derbito/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-sega-sme-fokusirani-samo-na-pelister-za-vesprem-kje-razmisluvame-po-derbito/#respond Thu, 24 Mar 2022 12:12:12 +0000 https://kurir.mk/?p=652580

Македонскиот ракометен шампион Вардар го очекуваат натпревари со Еурофарм Пелистер во домашното првенство и со Веспрем во Лигата на шампионите. Тренерот на „црвен-црните“ Давид Дејвис на денешната прес-конференција рече дека сите погледи се насочени кон дербито со Пелистер. – Во моментов сите сме фокусирани на Еурофарм Пелистер. Одиме на победа на овој меч. Противникот е многу силен. Не чека тежок натпревар, но играме пред своја публика и верувам дека со голема борба на теренот ќе победиме. Мораме да победиме, ќе дадеме 100 насто, но тоа не значи дека се е готово, бидејќи има уште многу натпревари до крајот. Мислам дека македонските љубители на ракометот ќе уживаат во убава претстава, истакна Дејвис. Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров дербито со битолчани не го гледа како меч којшто ќе го одлучи шампионот. -Не мислам дека овој натпревар ќе го одлучи првенството. Има уште многу да се игра до крај. Ова е само дуел кој ќе одлучи за моментална предност. Ние се однесуваме со респект кон Пелистер како кон сите други противници. Ќе биде тешко, но како и секогаш ние одиме на победа. Можеме до целта со посветена работа и голема борбеност и се надевам дека ќе ги израдуваме нашите фанови, рече Дибиров. Капитенот Стојанче Стоилов гледа прогрес во работата на тимот по назначувањето на Давид Дејвис за шеф на стручниот штаб. -Со доаѓањето на Дејвис на тренерското место, работите во клубот одат во нагорна линија. Мислам дека сме на прав пат да го вратиме Вардар каде што припаѓа, полека без никакво претерување со нашите амбиции. Играме пред нашите навивачи и во оваа прилика им честитам на Комити 35-годишно постоење. Се надевам на полна сала и победа на Вардар, нагласи Стоилов. Натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер е закажан за в сабота со почеток во 17 часот. На овој натпревар навивачите на Вардар, Комити ќе прослават јубилеј 35-години постоење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-sega-sme-fokusirani-samo-na-pelister-za-vesprem-kje-razmisluvame-po-derbito/feed/ 0
Дејвис: Се стремиме да бидеме подобри и подобри https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-se-stremime-da-bideme-podobri-i-podobri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-se-stremime-da-bideme-podobri-i-podobri/#respond Mon, 07 Mar 2022 13:05:04 +0000 https://kurir.mk/?p=642657

Тренерот на Вардар, Давид Дејвис нема намера да прави калкулации и најави игра на победа на натпреварот со Елверум во последното коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони. Вардарци го имаат обезбедено 5.место без оглед на резултатот на мечот в среда. – Ние мора да продолжиме напорно да работиме. Не значи дека ако го имаме обезбедено петтото место, дека овој натпревар не ни е битен. Ако сакаш нешто да направиш во Лигата на шампионите, мора да победуваш, особено на домашен терен. Се стремиме да бидеме подобри и подобри. Елеврум е квалитетен противник, а ние без разлика на составот со кој ќе излеземе на теренот, целта е победа. Имавме малку време за воигрување со новите играчи, но тој што ќе добие шанса треба да даде максимум, изјави Дејвис. Десното крило на „црвено-црните“ Гоце Георгиевски искажа пофални зборови за противникот. – По исклучувањето на Брест и нашата службена победа го обезбедивме петтото место во групата и претстојниот натпревар со Елверум резултатски нема значење за нас. Сепак, ние сакаме со победа на домашен терен да ја завршиме групната фаза. За Елверум можам да кажам дека е доста квалитетен противник. Со сите екипи одиграа добро, а имаат и победа над некои фаворити. За нив може исходот да има важност, но тоа нас не не интересира и ние да си ја гледаме нашата работа, изјави Георгиевски. Средбата Вардар – Елверум се игра на 9 март во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-se-stremime-da-bideme-podobri-i-podobri/feed/ 0
Дејвис: Ако сакаш успех во Лигата на шампионите, мора да победуваш дома https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-ako-sakash-uspeh-vo-ligata-na-shampionite-mora-da-pobeduvash-doma/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-ako-sakash-uspeh-vo-ligata-na-shampionite-mora-da-pobeduvash-doma/#respond Mon, 21 Feb 2022 15:36:30 +0000 https://kurir.mk/?p=634467

Ракометарите на Вардар 1961 ги очекува дуелот од 12. коло на Лигата на шампионите, во Скопје против ППД Загреб. На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваше тренерот Давид Дејвис Камара. Според него, одбраната пак може да биде клучот за победа над ривалот. „Работевме заедно еден месец. Од натпревар во натпревар играме подобро. Ако имавме повеќе време ќе игравме многу подобро. Мора бргу да се подготвиме за Загреб, да направиме добра тактика и да имаме многу респект за тимот кој игра добро. Февруари е многу важен месец, потребни се сите можни бодови. Ако сакаш да направиш успех во Лигата на шампионите, мора секогаш да победуваш дома. Во мојот систем е главна одбраната и голманите, а ако тие функционираат доаѓа до победа. За мене најважна е дефанзивата, па така ќе биде и со Загреб. Ќе има борба и ќе биде тешко, а ние сакаме да одиме едно место погоре во групата со победа над Загреб. Еден натпревар е еден натпревар. Победата над Монпелје беше добра, луѓето веруваат во системот, а круцијално е да функционира добро. Оваа победа беше искуство за помладите играчи. Нашата цел е да бидеме меѓу шесте во групата кои одат понатаму. Триумфот над Монпелје е добар, ама одиме чекор по чекор. Потребни ни се навивачите, се сеќавам на одличната атмосфера од претходните години и сакам пак да ја почувствувам“, изјави Дејвис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-ako-sakash-uspeh-vo-ligata-na-shampionite-mora-da-pobeduvash-doma/feed/ 0
Дејвис: Ќе се обидеме против Нексе да одиграме најдобро што можеме https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-kje-se-obideme-protiv-nekse-da-odigrame-najdobro-shto-mozeme/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-kje-se-obideme-protiv-nekse-da-odigrame-najdobro-shto-mozeme/#respond Thu, 17 Feb 2022 13:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=632692

Ракометарите на Вардар, по вчерашната средба во Франција во Лигата на шампионите и триумфот над Монпелје од 28:25, отпатуваа за Хрватска каде утре треба да го играат натпреварот од СЕХА-Газпром лигата против Нексе. Тренерот Давид Дејвис очекува тежок меч со ривалот кој славеше победа во Скопје. – Очекувам да биде тежок меч во Нашице. Имаме долг пат за да стигнеме од Франција до Хрватска. Секако ни треба малку време и за одмор. Игравме тежок меч, и емоционален и со притисок. Морам прво да видам која ќе биде најдобрата ротација на играчи. Игравме против Нексе веќе во Скопје. Но, тие имаа доволно време за одмор и подготвовка. Ќе видам како ќе функционира екипата. Победата против Монпелје беше добра за тимот, екипата, за сите. Сега сите веруваат повеќе во системот. Ќе направиме најдобро што можеме. Мораме да играме со тактичка дисциплина, и да гледаме да одиграме најдобро, изјави Дејвис. Дуелот во Нашице е закажан за 20 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-kje-se-obideme-protiv-nekse-da-odigrame-najdobro-shto-mozeme/feed/ 0
Дејвис: Многу важна победа за нас https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-mnogu-vazna-pobeda-za-nas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-mnogu-vazna-pobeda-za-nas/#respond Wed, 16 Feb 2022 21:03:28 +0000 https://kurir.mk/?p=632394

Македонскиот ракометен првак Вардар забележа голема победа против Монпеље (25-28) и фати приклучок за следната фаза во ракометната елита. Давид Дејвис Камара го имаше дебито на клупата на „црвено-црните“ и уште на првиот натпревар покажа дека ќе биде големо засилување на клупата на двократниот европски првак. По победата кај Монпелје во Франција, Дејвис не го криеше задоволството. „Прво, сакам да им честитам на играчите затоа што завршија фантастична работа тука во Монпелје. Ова е важна победа за нас по голема борба и среќен сум. Околу мечот, нашата одбрана беше добра, голманите беа добри, нападот беше добар и задоволни сме од она кое го прикажавме во целост против ваков ривал“, изјави Дејвис. Вардар 1961 нема време за одмор, затоа што следната седмица доаѓа можеби најважниот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона - домашен дуел против должникот ППД Загреб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/dejvis-mnogu-vazna-pobeda-za-nas/feed/ 0