Давид Писонеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Jan 2020 13:18:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Давид Писонеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Бомба“ од Писонеро: Од Вардар повторно ми понудија да бидам тренер https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/bomba-od-pisonero-od-vardar-povtorno-mi-ponudija-da-bidam-trener/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/bomba-od-pisonero-od-vardar-povtorno-mi-ponudija-da-bidam-trener/#respond Fri, 03 Jan 2020 13:18:59 +0000 https://kurir.mk/?p=285219

Екс тренерот на европскиот ракометен шампион Вардар, Давид Писонеро добил понуда повторно да седне на клупата на „црвено-црните“, откри самиот тој за шпанските медиуми. Русинот Едуард Кокшаров го наследи Писонеро на клупата на скопскиот тим, но напредок во играта на вардарци немаше, па раководството решило повторно да го побара Шпанецот да се врати на кормилото. Писонер, кој беше прекомандуван во асистент на вардарци, ја одбил понудата. „Од клубот ми понудија одново да бидам прв тренер. Ми кажаа дека избрзале, но јас го прекинав разговорот. Направија чекор наназад, ги одбив бидејќи сето тоа нема никаква смисла. Доколку требаше да се вратам ќе го сторев тоа, зошто имав договор со нив, но јас бев решен да ја прекинам соработката“, изјави Писонеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/bomba-od-pisonero-od-vardar-povtorno-mi-ponudija-da-bidam-trener/feed/ 0
Трнерот на Вардар: Никогаш не сум видел полувреме со четири гола https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/trnerot-na-vardar-nikogash-ne-sum-videl-poluvreme-so-chetiri-gola/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/trnerot-na-vardar-nikogash-ne-sum-videl-poluvreme-so-chetiri-gola/#respond Sun, 13 Oct 2019 08:53:11 +0000 https://kurir.mk/?p=251042

Трнерот на Вардар, Давид Писонеро по сноќешниот убедлив пораз од Кил на домашен терен во Лигата на Шампионите (20-31) изјави дека досега никогаш не видел некој тим да постигне до полувремето само 4 гола. По првиот дел, „црвено-црните“ губеа со 4-16 но во вториот успеаја да се вратат во игра и да одиграат далеку подобро. – Имавме многу проблеми во првиот дел, никогаш не сум видел полувреме со четири гола. Првото полувреме беше ужасно. Во вториот дел игравме далеку подобро, но не не успеавме да направиме ништо повеќе поради првото полувреме. Горд сум на играчите што најдоа сили да се вратат во игра. Се обидовме да притискаме, но тешко е да се браниш против тим како Кил. Публиката беше фантастична и остана со нас до самиот крај и покрај болниот резултат. Атмосферата беше неверојатна, па им благодарам на навивачите, вели изјави тренерот по мечот. Тој додаде дека тимот мора да се држи заедно и да продолжи со победа во следниот натпревар. – Ова е само еден пораз, додаде Шпанецот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/trnerot-na-vardar-nikogash-ne-sum-videl-poluvreme-so-chetiri-gola/feed/ 0
Новиот тренер на Вардар си постави цел: Да научи македонски https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/noviot-trener-na-vardar-si-postavi-cel-da-nauchi-makedonski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/noviot-trener-na-vardar-si-postavi-cel-da-nauchi-makedonski/#respond Tue, 23 Jul 2019 12:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=221609

Новиот тренер на европскиот ракометен шампион Вардар, Давид Писонеро за сајтот на клубот изјави дека се чувствува многу добро во Скопје. Тој вели дека добил многу добра препорака за градот од неговите пријатели како добро место за работа и живеење. Новиот тренер има сериозна цел, да го повтори она што неговите претходници веќе го направија – да научи македонски. Тој смета дека она што го има Вардар е навистина извонредно. – Кога влегов во салата се возбудив. Го гледаш ова култно место. Се изгледа поинаку кога си тука, на терен, на клупата и горе го гледаш семафорот. Ракометот тука поинаку се доживува, сѐ е посветено на овој спорт. Тоа е разликата со Шпанија – вели Писонеро. „Црвено-црните“ летоска привлекоа шест нови ракометари, но шпанскиот тренер е задоволен што тимот го задржал костурот и е на исто ниво како досега. – Клубот направи добра работа што го задржи костурот и тимот е на исто ниво како и досега. Милам дека треба мали промни да се направат, и да се продолжи во истата насока. Засега тимот е тој што го имаме. Имам други работи да направам за да ја склопам сложувалката – вели Писонеро. СЕХА лигата и ЕХФ Лигата е главните предизвици за „црвено-црните”. Во СЕХА лигата тимот ќе биде во група со два нови тима, Мотор Запорожје и Татабања, заедно со Нексе, Татран и Војводина. Според тренеротна вардарци, СЕХА е добра основа за подготовка за ЛШ. – СЕХА лигата секоја година се подобрува и станува многу силна. Тоа е добра основа за подготовка за ЛШ. Сега имаме и нови тимови како Веспрем, Мотор и Татабања и тие се добри. Има 8 екипи што секогаш можат да бидат во самиот врв. Затоа секој натпревар ќе биде интересен и неизвесен – смета Писонеро. Во ЕХФ лигата на шампионите Вардар е во група со Веспрем, Кјелце, Мешков, Мотор, Монпелје, Порто и Кил, а тренерот таму очекува неизвесна битка. – Во ЛШ ќе биде исто така неизвесно, можеби нема многу звучни имиња, но сите се подеднаков добри, доаѓа Кјелце, Веспрем, а тие играа на Ф4 турнирот. И Кил е голем клуб. Сите натпревари ќе бидат неизвесни и интересни – вели Шпанецот,цитиран од сајтот на Вардар. За утре е закажана првата прозивка кога новиот тим ќе ги почне подготовките за сезоната во која ќе брани три важни трофеи, во првенството на Македонија, во СЕХА Газпром лигата и во ЕХФ Лигата на шампионите. По Скопје, тимот заминува за Требиње на подготовки и турнир, па на крајот на август ќе игра на Супер Глоуб во Саудиска Арабија. Писонеро е третиот Шпански тренер што ќе седне на клупата на „црвено-црните”, по Раул Гонзалес и Роберто Парондо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/noviot-trener-na-vardar-si-postavi-cel-da-nauchi-makedonski/feed/ 0
Урош Зорман се пофали, ама еве кој е нов тренер на Вардар! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/urosh-zorman-se-pofali-ama-eve-koj-e-nov-trener-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/urosh-zorman-se-pofali-ama-eve-koj-e-nov-trener-na-vardar/#respond Tue, 11 Jun 2019 10:11:26 +0000 https://kurir.mk/?p=207942

Македонскиот и актуелен европски првак Вардар ја продолжува традицијата со ангажирање на шпански експерти на клупата на шампионскиот тим. Откако Урош Зорман не се договори со управата на „црвено-црните“, нов предводник ќе биде искусниот стратег на Ваљадолид, Давид Писонеро. Тој потпишал едногодишен договор со клубот и сега е во потрага по нови играчи. Преговорите со легендата на словенечкиот ракомет Урош Зорман беа во завршна фаза, но двете страни не се договориле околу помошниците на тренерот. Додека се одржуваше Ф4 турнирот во Келн од Словенија стигна потврда дека Зорман го презема Вардар. Словенецот барал да донесе свои луѓе во стручниот штаб, додека управата на „црвено-црните“ инсистирала помошник да биде шпански тренер. На крајот наместо Зорман во Скопје ќе се дојде уште еден искусен тренер од познатата школа на Ваљадолид, Давид Писонеро. Деновиве дел од управата на македоонскиот клуб била забележана во друштво на новиот тренер на Вардар во еден познат скопски локал. Тој бил пристигнат на преговори. Овој 46-годишен шпански стратег ќе дојде на клупата на Вардар по Роберто Парондо Гарсија и Раул Гонзалез тренери кои ги однесоа „црвено-црните“ до врвот на Лигата на шампионите. Писонеро и Гонзалез ги поврзува и играчката кариера, во тимот на Ваљадолид каде биле одличен тандем, а соработката меѓу пикерот и централниот бек му донела многу важни титули на шпанскиот тим. Писонеро беше предводник на клупата на Ваљадолид изминативе 18 месеци. Иако шестмина ракометари на Вардар заминаа, а имаше и најава за „црно сценарио“ клубот излезе од криза и сега се подготвува за новата сезона каде ќе брани четири трофеи, а ќе се обиде и првпат да стане „светски клупски првак“ бидејќи ќе настапува на Супер Глоуб на крајот на август. Тоа е единствен трофеј што им недостасува во клупските витрини. Извор: 24ракомет]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/urosh-zorman-se-pofali-ama-eve-koj-e-nov-trener-na-vardar/feed/ 0