Давид Сасоли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jan 2022 14:51:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Давид Сасоли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД со сочувство до ЕУ за смртта на претседателот на ЕП, Давид Сасоли https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-sochuvstvo-do-eu-za-smrtta-na-pretsedatelot-na-ep-david-sasoli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-sochuvstvo-do-eu-za-smrtta-na-pretsedatelot-na-ep-david-sasoli/#respond Wed, 12 Jan 2022 14:51:10 +0000 https://kurir.mk/?p=618472

САД испраќаат длабоко сочувство до народот на Европската Унија за починувањето на Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент. -Претседателот Сасоли ќе биде запаметен како силен поддржувач на партнерството меѓу САД и ЕУ, како глас за демократијата и човековите права на глобално ниво, и застапник за Европска Унија која служи на своите граѓани и е посилна поради различностите, наведува портпаролот Нед Прајс. Нашите мисли се со неговото семејството и саканите, се вели во соопштението од Стејт департментот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-sochuvstvo-do-eu-za-smrtta-na-pretsedatelot-na-ep-david-sasoli/feed/ 0
Сасоли: Европскиот парламент ќе бара навраќање на буџетските преговори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sasoli-evropskiot-parlament-kje-bara-navrakjanje-na-budzetskite-pregovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sasoli-evropskiot-parlament-kje-bara-navrakjanje-na-budzetskite-pregovori/#respond Wed, 22 Jul 2020 12:01:17 +0000 https://kurir.mk/?p=379645

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, најави дека неговата институција се координира пред да започне да преговара со Советот на ЕУ за постигнатиот договор за повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ и Фондот за закрепнување, јави дописничката на МИА од Брисел. ЕП, кој го има последниот збор во буџетските преговори, е генерално задоволен од постигнатиот компромис на ниво на земјите членки на ЕУ, но остануваат три „важни теми“ на кои оваа институција ќе инсистира, најави Сасоли. Станува збор за управувањето со Фондот за закрепнување, сопствените буџетски ресурси на ЕУ и суштински прашања за самата седумгодишна буџетска рамка. -Прашањето на повеќегодишната буџетска рамка е тука и сакаме да дискутираме за суштината на попустите, тука треба да има корекции, а ние имаме последен збор на оваа тема, се надевам дека ќе помогне да се надминат разликите посебно во делот на намалувањата кои не овозможуваат да се постигнат целите на Европската Унија. Декларираните политички цели на ЕУ се Зелениот пакт, дигитализацијата, институционална отпорност, и реформата на системот за азил и миграција на ЕУ, меѓу другото. Компромисот за буџетот на ниво на лидерите на ЕУ во вторникот донесе значајни намалувања во некои од клучните ставки на Унијата, и Парламентот оценува дека овие промени се контрадикторни со амбициите на Европската Унија. Како пример Сасоли ја издвои реформата на системот на азил и миграција и потсети дека се намалени средствата за миграција, што “нема логика“. -Има точки кои сакаме да ги отвориме во конструктивен дух за да ги коригираме грешките на повеќегодишната буџетска рамка, рече Сасоли. Тој е уверен дека Европскиот Парламент ќе успее во својата цел и ќе добие позитивен одговор од другите институции. -За буџетската рамка има уште доста работа и сметам дека е во интерес на сите да направиме измени, додаде шефот на Европарламентот. Пратениците се генерално “многу задоволни“ од компромисот за Фондот за закрепнување, со оглед на тоа дека е запазен целокупниот износ од 750 милијарди евра, иако не сите се задоволни од распоредот помеѓу грантовите и заемите. Европскиот Парламент во овој дел ќе бара да биде вклучен во управувањето и надзорот на овие средства и нивната дистрибуција. Парламентот нема надлежност да ги контролира националните планови, но може да даде мислење за тоа дали тие се во согласност со главните амбиции на Европската Унија, како Зелениот Пакт, рече Сасоли. Што се однесува до сопствените буџетски ресурси, односно средствата на располагање на Унијата кои не доаѓаат од националните каси на земјите членки, Европскиот Парламент бара “прецизен календар“ со две нови ресурси за 2021 и брзо одредување на календарот за следните. Во заклучоците на Европскиот Совет од 21 јули како ресурси се споменуваат данокот на пластичен отпад и таканаречениот ЕТС, систем на размена на штетна емисии. Оваа “берза“ на емисии на штетни гасови им овозможува на големите морски и воздушни превозни индустрии да откупат и продадат “право на загадување“. Се споменуваат и други такси поврзани за загадувањето како и можна европска такса врз финансиските трансакции. Запрашан дали е подготвен да го отфрли компромисот доколку не е задоволителен за Европарламентот и дали овие нови преговори би можеле да се одолговлекуваат, Сасоли не одговори директно, но потсети дека преговорите се пожелна и нормална работа за една демократија. -Кога дискутираат шефовите на држави и влади во Европскиот Совет тоа е добра работа, добро е што не пристигнуваат во Брисел со заклучоци договорени однапред. Демократијата е тешка, таа е компромис, на тоа сме навикнати, рече претседателот на Европскиот Парламент. Европратениците утре ќе одржат дебата со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Повеќето политички партии најавија прилично консензуални позиции пред утрешната дебата, но Зелените се поставија поостро од другите. За нив, таканаречените штедливи земји го “спречија целосното изразување на европската солидарност“. Зелените силно ги критикуваат компромисите направени на штета на позициите на Европскиот Парламент, како што е јасна условеност на средствата за економска помош со владеењето на правото. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sasoli-evropskiot-parlament-kje-bara-navrakjanje-na-budzetskite-pregovori/feed/ 0
Сасоли: Ќе бидат потребни вонредни мерки за последиците од пандемијата во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sasoli-kje-bidat-potrebni-vonredni-merki-za-posledicite-od-pandemijata-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sasoli-kje-bidat-potrebni-vonredni-merki-za-posledicite-od-pandemijata-vo-eu/#respond Thu, 26 Mar 2020 17:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=322703

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, одржа прес конференција преку видео врска на која се осврна на состојбата со коронавирусот и последиците со кои ќе треба ЕУ да се справи во иднина, јави дописничката на МИА од Брисел. -Ова не е само здравствена криза, туку социјална и економска криза која ќе ги засегне сите наши земји и институциите на ЕУ треба да преземат одговорност, изјави Сасоли. Европскиот Парламент бара од земјите членки да покажат поголема солидарност и флексибилност во буџетските правила за да се овозможи побрзо закрепнување на претстојната рецесија во ЕУ. Сасоли порача дека е загрижен за последиците на среден и долг рок, а не само на краток рок. -Ќе ни биде потребна креативност, нови капацитети, ќе треба да осигуриме вонредни мерки за одговор на кризите, а не само да ги адаптираме постојните инструменти, рече Сасоли, без да даде повеќе детали на кои механизми точно мисли. Шефовите на држави и влади на ЕУ истовремено одржуваат самит преку видео линк на кој ова ќе биде една од главните теми. Европскиот Парламент смета дека лидерите треба да преземат одговорност и дека сегашните финансиски и економски инструменти кои се на располагање во ЕУ не се доволни за закрепнување, изјави претседателот Сасоли. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sasoli-kje-bidat-potrebni-vonredni-merki-za-posledicite-od-pandemijata-vo-eu/feed/ 0
Претседателот на Европскиот парламент во самоизолација, патувал во Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-evropskiot-parlament-vo-samoizolacija-patuval-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-evropskiot-parlament-vo-samoizolacija-patuval-vo-italija/#respond Tue, 10 Mar 2020 10:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=314499

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, денеска соопшти дека е во самоизолација во неговиот дом во Брисел, како мерка претпазливост, бидејќи патувал во Италија. „Парламентот ќе продолжи со извршување на своите должности. Ниту еден вирус не може да ја блокира демократијата“, наведе Сасоли, кој е од Италија. Европскиот парламент вчера одлучи да ја скрати месечната седница поради загриженост дека стотици пратеници што седат едни до други може да предизвикаат ширење на вирусот, изјави неименуван официјален претставник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-evropskiot-parlament-vo-samoizolacija-patuval-vo-italija/feed/ 0
Претседателот на ЕП, Сасоли во посета на Тирана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-na-ep-sasoli-vo-poseta-na-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-na-ep-sasoli-vo-poseta-na-tirana/#respond Mon, 03 Feb 2020 06:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=298344

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Албанија. Прва негова средба ќе биде со амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца, а потоа со премиерот Еди Рама, по што ќе одржат заедничка прес конференција. Пред 15 часот ќе се сретне со спикерот на парламентот Грамоз Ручи и со координаторите на пратеничките групи, а во 15:15 часот ќе се обрати пред пратениците во албанскиот законодавен дом. Во 16:00 часот планирана е средба со шефот на државата Илир Мета. Утрешното препладне Сасоли ќе го резервира за вонпарламентарната опозиција. Ќе се сретне со Љуљзим Баша, лидер на Демократска партија и Моника Круемади на Социјалистичкото движење за интеграција. Пред неговата посета тој изјави дека доаѓа во Албанија за да даде надеж за иднината по тешките месеци што ги поминала, но и да ја потврди и поддршката на ЕП за започнување преговори со Албанија и со Северна Макдонија. -Одам во Албанија за да ги охрабрам и да дадам надеж за иднината по неколкуте тешки месеци за земјата. Би сакал да ја потврдам силната поддршка на Европскиот парламент за започнување разговори за пристап со Албанија и Северна Македонија. И двете земји постигнаа голем напредок, во согласност со нашите очекувања, посочил Сасоли. Тој во Албанија требаше да престојува на 2 и 3 декември, но посетата ја одложи поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември. Истата ја најави на почетокот на ноември кога ја најави и посетата на Македонија,каде престојуваше на четврти ноември. Тој тогаш изјави дека ЕП ги поддржува народот на Албанија и на Македонија, повикувајќи ги да не се предаваат, дури и по одлуката на Советот да не се отворат преговори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pretsedatelot-na-ep-sasoli-vo-poseta-na-tirana/feed/ 0
Претседателот на ЕП Давид Сасоли во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-ep-david-sasoli-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-ep-david-sasoli-vo-skopje/#respond Mon, 04 Nov 2019 06:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=259730

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, денеска ќе престојува во Република Македонија, што е неговата прва официјална посета надвор од Европската Унија. Сасоли ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот. На почетокот на посетата, Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ“. Од Делегацијата на ЕУ информираат дека поранешниот ЕУ Инфо Центар прерасна во Јуроп Хаус што ќе функционира како центар за млади и ќе нуди содржини кои се современи, привлечни и иновативни за младите. Јуроп Хаус ќе функционира како платформа која ќе биде отворена за сите млади од сите сфери на животот за да ги поврзува со други лица и можности и да разменат идеи за да развијат потенцијал. На дебатата со претседателот Сасоли ќе учествуваат ученици од Берово, Центар Жупа, Демир Хисар, Кавадарци, Кочани, Скопје, Струга, Струмица, Тетово, Валандово и Виница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-na-ep-david-sasoli-vo-skopje/feed/ 0
Давид Сасоли избран за претседател на Европскиот парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/david-sasoli-izbran-za-pretsedatel-na-evropskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/david-sasoli-izbran-za-pretsedatel-na-evropskiot-parlament/#respond Wed, 03 Jul 2019 12:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=215041

Италијанскиот социјалист Дaвид- Марија Сасоли денеска е избран за претседател на Европскиот парламент. Сасоли (63) беше избран во вториот круг од гласањето. Мандатот на претседателот на ЕП е две и пол години. Сасоли е поранешен новинар по потекло од Фиренца и пратеник во Европскиот парламент веќе една деценија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/david-sasoli-izbran-za-pretsedatel-na-evropskiot-parlament/feed/ 0