Давор Божиновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Dec 2022 14:08:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Давор Божиновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хрватски вицепремиер: Годинава евидентирани десет проценти повеќе кибер напади https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatski-vicepremier-godinava-evidentirani-deset-procenti-povekje-kiber-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatski-vicepremier-godinava-evidentirani-deset-procenti-povekje-kiber-napadi/#respond Tue, 13 Dec 2022 14:08:11 +0000 https://kurir.mk/?p=775034

Во првите 11 месеци од годинава се забележани 10 отсто повеќе кибер напади во споредба со истиот период лани, изјави денеска хрватскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Давор Божиновиќ на Конференцијата за безбедност на информациските системи. – Опасноста од кибер закани постојано расте, имајќи предвид дека криминалците истражуваат нови техники и процедури за сè понапредни напади врз критичната инфраструктура, компаниите и граѓаните, рече Божиновиќ. Тој додаде дека виртуелниот простор, особено во последните две децении, стана најмоќниот медиум за ширење на радикални и екстремистички идеологии, но и за организирање на оние кои настојуваат да ги реализираат своите политички убедувања преку недемократски методи. Дополнителна отежнувачка околност во порастот на кибер криминалот е војната во Украина, која покрај конвенционалните методи вклучува и хибридно војување, рече Божиновиќ. Иако кибер нападите насочени кон критичната инфраструктура на земјите-членки на ЕУ растат во последните неколку години, има значителен скок во споредба со периодот пред нападот на Русија врз Украина. – Уделот на кибер напади насочени кон критична инфраструктура се зголеми од 20 на 40 проценти во период од една година. Овој скок во голема мера беше последица на целта на Русија да ја оштети украинската инфраструктура и агресивните обиди за шпионирање на земјите кои и помагаат на Украина, рече Божиновиќ. Како одговор на зголемувањето на безбедносните закани во Хрватска, се интензивираше работата на новата Национална стратегија за кибер безбедност, а полицијата со години ги зајакнува своите капацитети за борба против компјутерскиот криминал. Само во последните три години хрватското Министерство за внатрешни работи директно инвестираше над еден милион евра во технолошка модернизација на овој сегмент од полициското работење, во тек е инвестиција од 1,6 милиони евра во рамките на НПОО, а во 2023 година следуваат нови значајни инвестиции. и пошироко во рамките на внатрешниот фонд за безбедност на ЕУ (ISF). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatski-vicepremier-godinava-evidentirani-deset-procenti-povekje-kiber-napadi/feed/ 0
Хрватскиот потпретседател на Владата очекува Хрватска на 8 декември да добие потврда за влез во Шенген зоната https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-potpretsedatel-na-vladata-ochekuva-hrvatska-na-8-dekemvri-da-dobie-potvrda-za-vlez-vo-shengen-zonata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-potpretsedatel-na-vladata-ochekuva-hrvatska-na-8-dekemvri-da-dobie-potvrda-za-vlez-vo-shengen-zonata/#respond Tue, 22 Nov 2022 14:00:22 +0000 https://kurir.mk/?p=764851

Очекувам Хрватска на 8 декември да добие конечна потврда за влез во Шенгенскиот простор, бидејќи австриската загриженост не е поврзана со која било држава туку со севкупното функционирање, изјави денеска хрватскиот потпретседател на Владата и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ. Во изминатите денови австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер се спротивстави на проширувањето на Шенгенската зона за која рече дека не функционира, „што се гледа по зголемениот број баратели на азил“. - Австрија во последниве денови постојано изјавува дека нивната грижа не е поврзана со ниту една поединечна земја, туку со функционирањето на Шенген. Нашиот аргумент во овој контекст е дека Шенген може да се зајакне само со Хрватска како членка, изјави Божиновиќ. Австрискиот канцелар Карл Нехамер утре ќе ја посети Хрватска. Божиновиќ најави дека една од темите на неговите разговори ќе биде зголемениот број миграции од западно-балканската рута, но и претстојната седница на Советот за правда и внатрешни работи, кој на 8 декември ќе ја донесе конечната одлука за влез на Хрватска во Шенген, за што официјален Загреб веќе има поддршка од Европската унија, Комисијата и Европскиот парламент. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatskiot-potpretsedatel-na-vladata-ochekuva-hrvatska-na-8-dekemvri-da-dobie-potvrda-za-vlez-vo-shengen-zonata/feed/ 0
Божиновиќ: Во Хрватска годинава влегоа 36.000 мигранти, зголемување за 145 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bozinovikj-vo-hrvatska-godinava-vlegoa-36-000-migranti-zgolemuvanje-za-145-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bozinovikj-vo-hrvatska-godinava-vlegoa-36-000-migranti-zgolemuvanje-za-145-otsto/#respond Mon, 21 Nov 2022 15:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=764336

Во Хрватска годинава влегоа 36.000 мигранти, а многумина добија решенија за напуштање на европскиот економски простор во рок од седум дена, вклучувајќи ги и оние на кои им се пружа хуманитарна помош во Загреб и Риека, изјави денеска хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ. Тој посочи оти низ Европа забележано е зголемување на илегалните миграции, вклучувајќи ги и земјите од западниот и источниот Медитеран. – Оваа година во Хрватска влегоа 36.000 мигранти, што претставува зголемување за 145 отсто. Хрватска е една од ретките земји што презема сè што се однесува на безбедноста и заштитата на човековите права, нагласи министерот. Со оглед на тоа што Хрватска не им е крајна дестинација, многумина од пристигнатите мигранти не сакаат да поднесат барање за азил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bozinovikj-vo-hrvatska-godinava-vlegoa-36-000-migranti-zgolemuvanje-za-145-otsto/feed/ 0
Хрватска најавува заострување на граничниот режим https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-najavuva-zaostruvanje-na-granichniot-rezim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-najavuva-zaostruvanje-na-granichniot-rezim/#respond Wed, 24 Jun 2020 10:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=361942

Хрватскиот министер за внатрешни работи и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави нов граничен режим за граѓаните на БиХ и на Србија, кој би можел повторно да вклучи обврска за двонеделна самоизолација. – Ја следиме епидемиолошката ситуација во земјите од соседството и она што го регистрираме последните денови се инфекциите кои пристигнуваат, односно кои ги носат луѓето кои најголем дел доаѓаат од државите во нашето источно соседство, нагласи Божиновиќ. Тој додаде дека денеска Националниот штаб ќе одржи состанок, на кој веројатно ќе одлучи за измена на режимот при влез од Србија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Косово. Одлуката која ќе биде усвоена ќе стапи во сила од полноќ следниот ден. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-najavuva-zaostruvanje-na-granichniot-rezim/feed/ 0