давос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Jan 2023 09:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png давос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Основачот на Форумот во Давос вели дека светот е во период на реглобализација и станува се повеќе меѓузависен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovachot-na-forumot-vo-davos-veli-deka-svetot-e-vo-period-na-reglobalizatsija-i-stanuva-se-poveke-meguzavisen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovachot-na-forumot-vo-davos-veli-deka-svetot-e-vo-period-na-reglobalizatsija-i-stanuva-se-poveke-meguzavisen/#respond Tue, 17 Jan 2023 09:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=788266

Основачот на Светскиот економски форум во Давос, Клаус Шваб, изјави дека светот е во период на реглобализација, станува се повеќе меѓусебно зависен, но и дека, од друга страна, ќе има многу повеќе односи засновани на доверба. Шваб за Вол Стрит Џурнал објасни дека тоа ќе се случи бидејќи светот не е во можност да ги создаде потребните норми, како и неопходните правила, кои може да ги сподели. – Иднината на светот би можела да биде некаков вид на пачворк коалиции кои се засноваат на доверба, рече Шваб. Тој рече дека глобалниот систем оди во повеќегодишен период на трансформација и дека кризата во која се наоѓа светот е помалку криза во вообичаена смисла, а повеќе трансформација на „нашиот глобален систем“. – Ако ја земеме економската страна, би рекол дека ќе поминеме низ многу тежок период на трансформација од три, четири, пет години. А силите зад ова? Се разбира, војната во Украина. Па дури и ако ја решиме војната, тоа ќе биде реконструкција. Имате трансофрмација или транзиција на енергија. Имате преобликување на глобалните синџири на снабдување. Ги имате пост-ковид ефектите, за кои некои велат дека се помала продуктивност и, се разбира, потребата да се инвестира повеќе во отпорноста, рече Шваб. Од друга страна, тој е оптимист за енергетската трансформација во однос на обезбедување пристап до поевтина енергија и струја. Сепак, посочува Шваб, тоа краткорочно значи инвестиции. – Ако земете војна, тоа значи трошоци. Ако земете поместување на синџирот на снабдување, тоа значи трошоци … Затоа што веќе не купувате од најефикасниот и најевтиниот извор. Купувате од најсигурниот извор. Значи, ако ги земате сите тие фактори заедно, јас немам никаква научна основа, но би рекол дека тоа е веројатно еден до три отсто од нашиот глобален БДП, рече тој. Според него, светот мора да се позанимава со таа трансформација, а не со кризен менталитет, за да се најдат едноставни решенија за многу сложени проблеми. На прашањето дали смета дека светот се повеќе се дели на повеќе регионализирани блокови кои соработуваат во некои области и се натпреваруваат во други области, Шваб вели дека политичката димензија на таа трансформација значи преминување во свет со повеќе сили. – Секако, имате две суперсили, но потоа имате суперсила во подем како Индија. Имате блокови како Европа, која мислам дека стана посилна и покрај Брегзит во последните три години. Другите азиски земји не треба да се потценуваат. Потоа имате непријателски држави како што се Северна Кореја и Иран. После го имате она што јас би го нарекол брзи риби, мали земји кои брзо се движат кои се пример за други земји, како Сингапур, и до одреден степен, Израел, рече Шваб. Тој изјави дека постојните институции нема да бидат доволни во денешниот свет и оти еден елемент што недостасува е во дискусијата да се интегрираат други важни заинтересирани страни како бизнисот, медиумите и слично. – Во Давос ќе ја видите презентацијата на она што го нарекуваме село на глобална соработка. Создадовме заедница на поддршка од над 70 компании и меѓународни организации како ММФ или Светската трговска организација за да создадеме еден вид Давос во метауниверзумот, во виртуелниот свет, да имаме можност да го продолжиме дијалогот, но да го прошириме дијалогот за да интегрираме повеќе засегнати страни, рече Шваб. Тој додава дека е потребна неформална и доверлива платформа каде што ќе може многу поотворено да се зборува и навистина да се справува со прашањата „не на политички начин, туку со волја да се најде решение“. Шваб, исто така, нагласува дека бројните несогласувања што постојат во светот се резултат на недостигот на дијалог, но и на влијанието на коронавирусот, бидејќи многу меѓународни дијалози се во застој, а видео конференциите не се идеална алатка за создавање простор на доверба. – И имавте повеќе луѓе ставени во изолација. Гледате зголемување на проблемите со менталното здравје ширум светот. Кога ќе се соочите со криза, станувате посебични затоа што, наместо да прашувате „Како да го решам проблемот?“ прво прашувате „Како можам да ја заштитам мојата ситуација“, рече Шваб. Тој додава дека она што можеше да се види во последните две години е многу поголем егоизам на личен план, кој „се прелеа“ и на национално ниво. На прашањето кога и како ќе заврши војната меѓу Русија и Украина, или каде би можела да оди, Шваб вели дека гледа позитивни знаци на хоризонтот, но оти дури и кога ќе престане, ќе има многу тежок процес застојот на непријателството да се претвори во долгорочно одржливо решение, бидејќи се направени големи грешки со процесот во Минск.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovachot-na-forumot-vo-davos-veli-deka-svetot-e-vo-period-na-reglobalizatsija-i-stanuva-se-poveke-meguzavisen/feed/ 0
Пендаровски ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-uchestvuva-na-godishniot-sostanok-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-uchestvuva-na-godishniot-sostanok-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/#respond Tue, 17 Jan 2023 06:12:25 +0000 https://kurir.mk/?p=788149

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација. Според програмата е предвидено претседателот Пендаровски денеска да учествува и да говори на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започнува во 08:30 часот, а на која ќе говорат и Анджеј Дуда, претседателот на Република Полска, Гитанас Науседа, претседателот на Република Литванија, како и Хозе Мануел Алваерез Буено, министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија и Светлана Тихановскаја – лидерка на Демократските сили на Белорусија. Во рамки на форумот, предвидено е Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, како и да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот. Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година, на кој се очекува лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество да се осврнат на состојбата во светот и да разговараат за приоритетите за годината што претстои.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ke-uchestvuva-na-godishniot-sostanok-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/feed/ 0
Анкетите спроведени пред форумот во Давос предвидуваат глобална рецесија во 2023 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketite-sprovedeni-pred-forumot-vo-davos-predviduvaat-globalna-retsesija-vo-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketite-sprovedeni-pred-forumot-vo-davos-predviduvaat-globalna-retsesija-vo-2023-godina/#respond Mon, 16 Jan 2023 14:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=788014

Две третини од највлијателните економисти од приватниот и јавниот сектор, учесници во истражувањето спроведено во рамките на Светскиот економски форум во Давос (СЕФ), очекуваат глобална рецесија во 2023 година. Околу 18 отсто од испитаниците, двојно повеќе отколку во истражувањето спроведено во септември минатата година, сметаат дека глобалната рецесија е „многу веројатна“, а само една третина од испитаниците изразиле уверување дека таквото сценарио е „малку веројатно оваа година“. „Сегашната висока инфлација, низок раст, висок долг и висока фрагментација на животната средина ги намалува стимулациите за инвестирање неопходно за глобалната економија да се врати на трендот на раст и да го подигне животниот стандард на најранливите во светот“, изјави Садија Захиди, генерален директор на ВЕФ, во врска со резултатите од истражувањето. Меѓу другите, во истражувањето учествуваа водечки економисти на Меѓународниот монетарен фонд, инвестициски банки, мултинационални компании и осигурителни компании.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketite-sprovedeni-pred-forumot-vo-davos-predviduvaat-globalna-retsesija-vo-2023-godina/feed/ 0
Почнува Светскиот економски форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/#respond Mon, 16 Jan 2023 06:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=787720

Денеска почнува 53-от Светски економски форум во Давос, кој ќе трае до 20 јануари, и на кој ќе учествуваат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности. Форумот во познатиот швајцарски зимски центар Давос последен пат се одржа во своето традиционално време, во јануари 2020 година, бидејќи во 2021 година беше организиран виртуелно, а во 2022 година беше одложен за мај поради пандемијата на коронавирусот. Давос и оваа година ќе ја собере деловната и политичката елита.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/feed/ 0
Гринпис бара од ЕУ забрана за приватни авиони пред состанокот во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-bara-od-eu-zabrana-za-privatni-avioni-pred-sostanokot-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-bara-od-eu-zabrana-za-privatni-avioni-pred-sostanokot-vo-davos/#respond Fri, 13 Jan 2023 15:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=787005

Гринпис повика на забрана за летови со приватни авиони кои емитуваат јаглерод непосредно пред годишниот Светски економски форум во Давос, на кој се собира светската деловна и политичка елита. Комисијата на ЕУ треба да го отвори патот за таква регулатива во сегашната ревизија на Регулативата за воздушниот сообраќај, соопшти денеска еколошката организација. Бројот на летови на кратки релации со приватни авиони се очекува повторно нагло да се зголеми во пресрет на Светскиот економски форум во швајцарското планинско одморалиште следната недела, пренесе ДПА. Според студијата на консултантската фирма CE Delft нарачана од Гринпис, 1.040 приватни авиони слетале или полетале од седумте аеродроми во близина на Давос за време на годишниот состанок минатата година. Спротивно на тоа, бројот на просечни летови е обично 540. – Богатите и моќните се собираат во Давос за да разговараат за климата и нееднаквоста. Во тој процес, тие го користат најштетното транспортно средство за животната средина во светот: приватниот авион, истакна Клара Марија Шенк од Гринпис. Голем дел од регистрираните летови биле исто така многу кратки, а повеќе од половина биле долги помалку од 750 километри. Светскиот економски форум тврди дека ја унапредува меѓународната климатска политика. Не само што има бројни настани на оваа тема, годишната конференција треба да биде и климатски неутрална. Затоа форумот препорачува неговите учесници да патуваат со воз и ги советува да избегнуваат летови на кратки релации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-bara-od-eu-zabrana-za-privatni-avioni-pred-sostanokot-vo-davos/feed/ 0
Пендаровски, Вучиќ, Пленковиќ, Абазовиќ, Курти и Мицотакис на работен појадок на Економскиот форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/#respond Wed, 25 May 2022 11:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=681351

Важноста на стабилноста на Западен Балкан и важноста на стабилно и безбедно снабдување со енергија на регионот, биле истакнати на работниот појадок на Светскиот економски форум во Давос, на кој присуствувале претседателите на Северна Македонија и Србија и премиерите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Косово, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Додаваат дека за енергетиката Грција може да игра уште поважна улога, благодарение на развојот на клучните инфраструктури за енергетското снабдување. На работниот појадок посветен на Западен Балкан на маргините на форумот, меѓу другите, присуствувале претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Србија Александар Вучиќ, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и косовскиот премиер Албин Курти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/feed/ 0
Абазовиќ и Вучиќ се сретнаа во Давос : Односите меѓу Црна Гора и Србија се приоритет https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovikj-i-vuchikj-se-sretnaa-vo-davos-odnosite-megju-crna-gora-i-srbija-se-prioritet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovikj-i-vuchikj-se-sretnaa-vo-davos-odnosite-megju-crna-gora-i-srbija-se-prioritet/#respond Wed, 25 May 2022 08:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=681233

Односите меѓу Црна Гора и Србија се приоритет, изјави денеска црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кој се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос. „Односите со Србија се приоритет – подготвени сме за интензивна соработка во сите области од заеднички интерес“, напиша Абазовиќ на Твитер. Абазовиќ напиша дека Црна Гора прави максимални напори да промовира политика на регионална соработка, помирување, соживот и подобри економски врски на Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovikj-i-vuchikj-se-sretnaa-vo-davos-odnosite-megju-crna-gora-i-srbija-se-prioritet/feed/ 0
Европските лидери во Давос: Клучно е зголемување на вооружувањето за Европа и Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-lideri-vo-davos-kluchno-e-zgolemuvanje-na-vooruzuvanjeto-za-evropa-i-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-lideri-vo-davos-kluchno-e-zgolemuvanje-na-vooruzuvanjeto-za-evropa-i-ukraina/#respond Tue, 24 May 2022 17:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=681033

Зајакнување на системот за вооружување и вооружувањето на Украина е од клучно значење за време на руската инвазија, договорија денеска лидерите на некои европски земји и шефот на НАТО на панелот за безбедност во Европа за време на состанокот на Светскиот економски форум во Давос. Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен рече дека Европската унија би можела да ги здружи силите за да обезбеди комплексни системи за оружје што и се потребни на Украина. Белгискиот премиер Александар Де Кру рече дека е потребна поголема координација при одлучувањето кои системи за оружје и се потребни на Европската унија како долгорочна безбедносна цел. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека најдобар начин за поддршка на Украина е да се обезбеди оружје, што сојузниците го прават на високо ниво и повтори дека иако ја поддржува Украина, НАТО нема да биде дел од конфликтот. Отворајќи ја седницата, шефот на претседателската администрација на Украина, Андриј Јермак, им порача на државите дека не мора да водат војна, но ги повика да му помогнат на Киев да ја води. Тој предложи формирање меѓународна советодавна работна група која ќе понуди безбедносни гаранции за Украина, вклучително и обезбедување оружје, финансирање на обновата и одбраната, задржување на санкциите кон Русија и пристапување во ЕУ.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-lideri-vo-davos-kluchno-e-zgolemuvanje-na-vooruzuvanjeto-za-evropa-i-ukraina/feed/ 0
Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/#respond Mon, 23 May 2022 13:20:26 +0000 https://kurir.mk/?p=680503

Претседателот Стево Пендаровски од денеска учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во швајцарскиот град Давос. Како што соопшти неговиот Кабинет, утре е предвидено Пендаровски да учествува на панел сесијата „Одржувањето на безбедноста во Европа“, на која ќе зборуваат и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот на Белгија, Александар де Кро, како и министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен. В среда, шефот на државата ќе учествува на сесијата „Дијалог за дипломатија на Западен Балкан“. Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари и повеќе билатерални средби со учесници на Форумот. Светскиот економски форум во Давос се одржува од 22 до 26 мај 2022 година, а се очекува речиси 2.500 лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и медиумите да дискутираат за глобалните прашања и најитните предизвици во светот, вклучувајќи ја тековната пандемија, војната во Украина, гео-економските шокови и климатските промени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos/feed/ 0
Светскиот економски форум во Давос е одложен поради заканата од Омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos-e-odlozen-poradi-zakanata-od-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos-e-odlozen-poradi-zakanata-od-omikron/#respond Mon, 20 Dec 2021 14:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=610880

Организаторите на Светскиот економски форум во Давос објавија дека јануарскиот состанок на Форумот е одложен поради Омикрон варијантата на коронавирусот. – Годишниот состанок на светските бизнис и политички лидери на Светскиот економски форум, кој се одржува секоја година во Давос, Швајцарија, е откажан следниот месец поради зголемување на заразените случаи со сојот Омикрон. Делегатите се информирани денеска од страна на организаторите, напиша Клајнман на Твитер. Самитот на високо ниво, кој вообичаено ги собира водечките фигури од бизнисот, политиката и дипломатијата, наместо тоа ќе се одржи „на почетокот на летото“, велат организаторите. Минатогодишната средба, исто така, беше откажана поради пандемијата на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskiot-ekonomski-forum-vo-davos-e-odlozen-poradi-zakanata-od-omikron/feed/ 0