де бруин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Oct 2020 15:15:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png де бруин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Де Бруин го пропушта дербито против Арсенал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/de-bruin-go-propushta-derbito-protiv-arsenal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/de-bruin-go-propushta-derbito-protiv-arsenal/#respond Fri, 16 Oct 2020 15:15:22 +0000 https://kurir.mk/?p=417285

Екипата на Манчестер Сити доби нов тежок удар откако стана јасно дека плејмејкерот Кевин Де Бруин нема да му биде на располагање на Пеп Гвардиола во следните неколку натпревари. Белгиецот се повреди за време на натпревар на својата татковина за време на паузата за натпревари на репрезентациите и ќе го пропушти утрешното дерби против Арсенал во Премиер лигата. Ова значи дека играчот за врска е надвор од мечот на „граѓаните“ и во Лигата на шампионите против Порто во среда. Де Бруин го напушти белгискиот табор претходно оваа недела. – Тимот е во нешто подобра состојба отколку што беше минатиот месец. За жал, Кевин е аут. Останатите играчи се вратија во добра физичка состојба. Мислам дека Кевин ќе биде надвор од терените во следните неколку натпревари, изјави шпанскиот тренер. Манчестер Сити повторно ќе може да се потпре на Серхио Агуеро откако напаѓачот продолжи со тренинзите пред неколку дена. Голгетерот на „граѓаните“ не играше од јуни откако се здоби со повреда на коленото за време на натпреварот против Барнли во Премиер лигата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/de-bruin-go-propushta-derbito-protiv-arsenal/feed/ 0
Де Бруин: Ќе бидам подготвен за дербито со Јунајтед https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/de-bruin-kje-bidam-podgotven-za-derbito-so-junajted/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/de-bruin-kje-bidam-podgotven-za-derbito-so-junajted/#respond Fri, 21 Sep 2018 09:28:40 +0000 https://kurir.mk/?p=104060

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин се опоравува побрзо отколку што се очекуваше од повредата на коленото и се надева дека ќе се врати на теренот за дербито против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата во ноември.
Белгискиот репрезентативец, кој постигна осум гола и направи 16 асистенции за шампионите во Англија минатата сезона, се повреди на тренинг во август.
Де Бруин рече дека ќе продолжи со тренинзите во октомври и се надева дека ќе игра во дербито на Манчестер на 11 ноември.
- Се уште ми требаат три, четири, пет седмици, но јас сум подобро, се надевам дека ќе се вратам за да му помогнам на тимот. Мислам дека ќе бидам подготвен за дербито против Јунајтед, додаде белгискиот репрезентативец.
Манчестер Сити моментално е трето место во Премиер Лигата со 13 поени, а во сабота оди во посета на повратникот во елитата, Кардиф.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/de-bruin-kje-bidam-podgotven-za-derbito-so-junajted/feed/ 0
Гвардиола: Де Бруин не е за продажба https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gvardiola-de-bruin-ne-e-za-prodazba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gvardiola-de-bruin-ne-e-za-prodazba/#respond Fri, 14 Sep 2018 09:06:44 +0000 https://kurir.mk/?p=100824

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објави дека играчот од средниот ред Кевин Де Бруин не е за продажба.
Белгиецот во моментов се опоравува од повредата која ја заработи за време на тренинг во средината на август.
- Кевин е многу добар, динамичен играч. Тој прави се сам. Де Бруин е неверојатно момче. Клаузулата во неговиот договор е 250 милиони евра, па извинете, тој не се продава, изјави Гвардиола.
Минатата сезона, 27-годишниот Де Бруин учествуваше во 37 натпревари, во кои запиша 7 гола и 17 асистенции. Со Сити стана шампион на Англија, а на Светското со Белгија се избори за бронзениот медал.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gvardiola-de-bruin-ne-e-za-prodazba/feed/ 0