дебакл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Jun 2022 08:40:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дебакл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Никола Димитров: Францускиот предлог е дебакл за македонската дипломатија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-dimitrov-francuskiot-predlog-e-debakl-za-makedonskata-diplomatija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-dimitrov-francuskiot-predlog-e-debakl-za-makedonskata-diplomatija/#respond Sat, 18 Jun 2022 08:40:00 +0000 https://kurir.mk/?p=692387

Предлогот на француското претседателство не носи подалеку, а не поблиску до членство во ЕУ, смета поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. -Клучното прашање е дали преку ваков договор сме поблиску до целта- членство во ЕУ. За мене, нема никакви дилеми. Со ваква рамка, ЕУ е подалеку од денес, кога се уште немаме почнато преговори, вели Димитров во изјава за Дојче Веле, по објавувањето на францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ. Тој објаснува дека предлози за решавање на проблем меѓу две страни секогаш прво доаѓаат до засегнатите страни, но фактот, како што вели, што ваков предлог „воопшто паднал на маса веќе е дебакл за македонската дипломатија.” -Внесувањето на бугарските барања во преговарачкиот процес, и тоа во најважниот дел – кластерот Фундаменти, ни ја става судбината целосно во рацете на Софија. Ако таа не е задоволна од што било (не само внесувањето на Бугарите во Уставот), ќе си стоиме во место или ќе нѐ вратат назад, вели Димитров. Не знам, наведува, што е пострашно, да им верувам на нашиве дека го немаат предлогот или да не им верувам. -Ако не се во тек со предлог што се однесува на македонските маки со Бугарија, тогаш тоа е признание дека не си ја работеле работата за најважното прашање за нацијата. Ако пак го имаат, а велат го немаат, си играат со довербата на јавноста, вели поранешниот шеф на дипломатијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-dimitrov-francuskiot-predlog-e-debakl-za-makedonskata-diplomatija/feed/ 0
Дебакл на „Викенд без ДДВ“ наместо фамозните 17 милиони евра граѓаните ќе добијат поврат од 1 милион евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debakl-na-vikend-bez-ddv-namesto-famoznite-17-milioni-evra-gragjanite-kje-dobijat-povrat-od-1-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debakl-na-vikend-bez-ddv-namesto-famoznite-17-milioni-evra-gragjanite-kje-dobijat-povrat-od-1-milion-evra/#respond Tue, 13 Oct 2020 14:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=415793

Наспроти очекувањата на Владата дека со акцијата „Викенд без ДДВ" кај граѓаните ќе се вратат близу 17 милиони евра, нецелосните пресметки велат дека во џебот на потрошувачите кои ја искористиле поволноста ќе се слеат едвај нешто повеќе од еден милион евра. Неочекувано слабата посетеност на трговските објекти беше сигнал дека оваа мерка нема да ги даде посакуваните ефекти, пишува МКД. Двапати поголем промет е реализиран во изминатиот продолжен празничен викенд, „Викенд без ДДВ" во однос на трите претходни денови, објави Управата за јавни приходи. Прометот изнесува 526 милиони денари, а враќањето на ДДВ кон граѓаните за купени македонски производи, услуги и компјутерска опрема досега е пресметано дека изнесува 63,4 милиони денари. „Согласно овие податоци вкупниот промет од македонски производи во деновите без ДДВ на 10,11 и 12 октомври, споредено со претходните три дена на 7,8 и 9 октомври е зголемен двапати", соопшти Управата и наведува дека треба да се сочекаат уште два дена, бидејќи рокот за скенирање на сметките е три дена по издавањето на фискалната сметка. Проекциите на Владата беа дека со „Викенд без ДДВ" ќе се направи вкупен промет од 170 милиони евра, а дека кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра. Пресметките, кои ќе завршат задутре, велат дека до денеска на пладне е пресметано оти граѓаните потрошиле близу 9 милиони евра, а дека по основ на данокот на додадената вредност ќе им бидат вратени нешто над еден милион евра. Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 илјади граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки. Но, како што се покажа, дел од граѓаните не беа во финансиска можност да ги искористат поволностите за поврат на ДДВ, дел останаа дома поради порастот на бројот на заболени од ковид-19, а дел од граѓаните пак, беа добро информирани дека во моментов, поради онлајн наставата, нема доволно компјутери и таблети во продажбата по поволни цени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debakl-na-vikend-bez-ddv-namesto-famoznite-17-milioni-evra-gragjanite-kje-dobijat-povrat-od-1-milion-evra/feed/ 0
(ФОТО) Една слика, 1.000 зборови: Меси во соблекувалната по дебаклот на Барса https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-edna-slika-1-000-zborovi-mesi-vo-soblekuvalnata-po-debaklot-na-barsa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-edna-slika-1-000-zborovi-mesi-vo-soblekuvalnata-po-debaklot-na-barsa/#respond Sat, 15 Aug 2020 07:52:22 +0000 https://kurir.mk/?p=390936

Фудбалерите на Барселона синоќа доживеаја неверојатна катастрофа откако во четвртфиналето во Лигата на шампионите беа поразени од Баерн со 8:2. Веќе трета година по ред Барселона во Лигата на шампионите доживува дебакл, а по Рома и Ливерпул се чини дека најголемиот удар им го зададе Баерн Минхен. Каталонците синоќа примија дури осум гола и се чини дека покажаа дека ова е крајот на една генерација. Барселона веќе некое време се потпира исклучиво на Лионел Меси, но јасно е дека за поголеми резултати и титули во ЛШ, тој не може се сам и потребна му е помош. На Барса и се потребни големи промени во играчкиот кадар, а ако по Рома и Ливерпул не им дојде памет, Баерн тоа вчера им го покажа на најлошиот можен начин. Колку овој пораз тешко му падна на Меси, најдобро покажа фотографијата од соблекувалната. Аргентинецот разочарано седеше и јасно е дека немаше сили воопшто било што да им каже на своите соиграчи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-edna-slika-1-000-zborovi-mesi-vo-soblekuvalnata-po-debaklot-na-barsa/feed/ 0
Костовски: СДСМ во Бутел доживеа дебакл https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-sdsm-vo-butel-dozivea-debakl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-sdsm-vo-butel-dozivea-debakl/#respond Fri, 17 Jul 2020 10:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=377554

Почитувани пријатели, членови на ВМРО, симпатизери, родољуби и граѓани на Општина Бутел Во Општина Бутел сами против сите на куп победивме во една битка каде што бутелчани покажаа дека националните и државни интереси им се врвен приоритет и со што Бутел се зацврсти на позицијата македонски бастион, пишува на својата Фејсбук страница претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Бутел Дарко Костовски. Верувам дека разликата од 1500 гласови ќе беше уште многу поголема доколку излезеа сите подржувачи кои стојат на патриотската линија за Македонија, но уште повеќе верувам дека оние наши подржувачи што не излегоа сега се чуствуваат непријатно затоа што државата од денеска е исправена пред нови многу опасни предизвици. Без многу калкулации и анализи на секој свесен човек му е јасно дека ВМРО е единствената цврста насока за зачувување на македонската нација и држава, сите останати правци се создадени или од несвесни политичари кои имаат краток политички видик или од платеници на СДСМ кои богами периодов ги имаше доста. Во мое лично име, како избран народен пратеник горд претставник на ВМРО-ДПМНЕ, најнапред сакам да ви се заблагодарам од срце за целокупната поддршка која ја добивав за време на оваа кампања, големо благодарам на сите соработници и пријатели кои веруваа во Македонија, капа доле за носителот на ИЕ2 Владо Мисајловски за жестоката битка, и секако голема и срдечна почит на храбрата и бескомпромисна борба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Христијан Мицкоски. Борбата за Македонија трае вечно, како пратеник на ВМРО се обврзувам и ветувам храбра и жестока битка без разлика во која политичка поставеност се наоѓам, ВМРО и идејата за горда Македонија и исправен Бутел ќе бидат мојот јасен дејствувачки правец. Да сте ми живи и здрави, да живее ВМРО, да живее Бутел, да живее МАКЕДОНИЈА, пишува КОстовски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostovski-sdsm-vo-butel-dozivea-debakl/feed/ 0
Таравари: Заев ќе има дебакл во албанскиот блок, затоа што нема ниедна инвестиција во албанските општини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-zaev-kje-ima-debakl-vo-albanskiot-blok-zatoa-shto-nema-niedna-investicija-vo-albanskite-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-zaev-kje-ima-debakl-vo-albanskiot-blok-zatoa-shto-nema-niedna-investicija-vo-albanskite-opshtini/#respond Mon, 22 Jun 2020 17:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=361090

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар вечерва во 24 Телевизија истакна дека Заев ќе доживее дебакл во албанскиот блок, затоа што нема една инвестиција во ниедна албанска општина, и дека ако добие половина од гласовите кои ги добил од албанците минатите избори треба да е среќен. -Прашањето кое ми беше упатено беше дали Заев ќе има 70 до 100 илјади гласови во албанскиот блок, јас кажав Заев ќе има дебакл во албанскиот блок , затоа што ниедна инвестиција нема во ниедна албанските општини, истакна Таравари. Таравари критикуваше дека нема инвестиција ниту онаму каде има СДСМ има градоначалник којшто е албанец, но нема ниеден проект,вели Таравари. Градоначалникот истакна дека во нашата општина немаа донесено една маска, ниту пак некој министер не праша дали нешто ни треба во три месеци криза, во општина каде живеат 70% албанци. Еден проект за кров во едно училиште во Гостивар кој одеше преку УНДП, а доаѓа Заев вели ние го направивме, тоа е перверзија, нема еден проект од владата за Гостивар, рече Таравари за лагите на власта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-zaev-kje-ima-debakl-vo-albanskiot-blok-zatoa-shto-nema-niedna-investicija-vo-albanskite-opshtini/feed/ 0
Дебакл пред Собрание: Ништо од масовноста, со Заев ќе мapшираат сите тројца (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debakl-pred-sobranie-nishto-od-masovnosta-so-zaev-kje-mapshiraat-site-trojca-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debakl-pred-sobranie-nishto-od-masovnosta-so-zaev-kje-mapshiraat-site-trojca-foto/#respond Mon, 17 Feb 2020 17:20:52 +0000 https://kurir.mk/?p=305162

Во моментов власта на СДСМ доживува вистински дебакл на „маршот за правдата“. Според најавеното „протестантите“ се собираат во 18 часот пред Собранието и ќе се упатат кон кривичниот суд, но во моментов пред Собранието има мал број на поддржувачи и бројки кои не соодветствуваат со најавите за масовноста и она што партиското раководство го бараше од општинските организации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debakl-pred-sobranie-nishto-od-masovnosta-so-zaev-kje-mapshiraat-site-trojca-foto/feed/ 0
Финансиски дебакл на „Боинг“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finansiski-debakl-na-boing/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finansiski-debakl-na-boing/#respond Fri, 19 Jul 2019 15:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=220298

Американскиот производител на авиони „Боинг“ соопшти денеска дека неговата добивка во вториот квартал ќе биде намалена за 4,9 милијарди долари. Загубата се случува по еднократниот трошок, кој компанијата го претрпела поради приземјувањето на својот авион „737 Макс“ низ светот по двете катастрофални несреќи. Тоа воедно ќе биде и најголема квартална загуба во историјата на „Боинг“ откако компанијата во следниот период ќе ги објави своите финансиски резултати. Имено, вкупните трошоци на Боинг поради намалениот обем на продажба, падот на производството и исплатата на отштетите на семејствата на жртвите во двете катастрофални авионски несреќи, ќе изнесуваат 6,6 милијарди долари, а во таа сума не спаѓаат финансиските средства што компанијата ќе мора да ги издвои за тужби, кои, како што се очекува, ќе ги поднесат членовите на семејствата на жртвите. „Боинг“ соопшти дека „737 Макс“ би можел да се врати во употреба на есен. Тој тип на авиони е приземјен откако еден се урна во Индионезија во октомври 2018 година, а вториот во Етиопија во март оваа година. Вкупно загинаа 346 патници и членови на екипажите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finansiski-debakl-na-boing/feed/ 0
Дебакл на власта и во Гази Баба, народот е против промена на името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debakl-na-vlasta-i-vo-gazi-baba-narodot-e-protiv-promena-na-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debakl-na-vlasta-i-vo-gazi-baba-narodot-e-protiv-promena-na-imeto/#respond Sat, 15 Sep 2018 16:58:27 +0000 https://kurir.mk/?p=101428

Власта и Зоран заев доживејаа уште еден дебакл, овој пат во скопска Гази Баба. Народот јасно им порача дека е против промена на името. Граѓаните не сакаат да ги слушнат говорите на Зоран Заев и на неговите сопартијци кои се обидуваат да ги натераат да поддржат промена на уставното име. Како и изминатиов период, така и денес во Гази Баба, социјалдемократите ја примија пораката од народот дека нема да бидат оддржани ваквите нивни политики. Слаба поддршка од граѓаните за власта претходно имаше и во Делчево, Кочани, Охрид, Битола…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debakl-na-vlasta-i-vo-gazi-baba-narodot-e-protiv-promena-na-imeto/feed/ 0
Во Битола дебакл на власта, народот е против промена на името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bitola-debakl-na-vlasta-narodot-e-protiv-promena-na-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bitola-debakl-na-vlasta-narodot-e-protiv-promena-na-imeto/#respond Fri, 14 Sep 2018 16:02:22 +0000 https://kurir.mk/?p=101068

Власта доживеја уште еден дебакл, овој пат во Битола. Народот јасно им порача дека е против промена на името. Граѓаните не сакаат да ги слушнат говорите на Зоран Заев и на неговите сопартијци кои се обидуваат да ги натераат да поддржат промена на уставното име. Како и изминатиов период, така и денес во Битола, социјалдемократите ја примија пораката од народот дека нема да бидат оддржани ваквите нивни политики. Слаба поддршка од граѓаните за власта претходно имаше и во Делчево, Кочани, Охрид...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bitola-debakl-na-vlasta-narodot-e-protiv-promena-na-imeto/feed/ 0