дебарско езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 09:37:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дебарско езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СРД „Трофта” апелира за позасилена контрола на Дебарско Езеро поради зачестена појава на риболов со недозволиви средства https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srd-trofta-apelira-za-pozasilena-kontrola-na-debarsko-ezero-poradi-zachestena-pojava-na-ribolov-so-nedozvolivi-sredstva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srd-trofta-apelira-za-pozasilena-kontrola-na-debarsko-ezero-poradi-zachestena-pojava-na-ribolov-so-nedozvolivi-sredstva/#respond Wed, 10 May 2023 09:37:55 +0000 https://kurir.mk/?p=832610

Спортското риболовно друштво „Трофта" апелира до надлежните за позасилен надзор и контрола на Дебарско Езеро по појавата на нелегален риболов и со недозволиви средства. Дополнително на состанокот на раководството на друштвото е договорено и неговите членови да ја следат состојбата и да ги известуваат надлежните. -Се договоривме да преземеме доброволни мерки за надзор на Дeбрско Езеро, со оглед на најкритичниот период односно мрестот, поради што несовесни лица со тврди предмети ја масакрираат рибата. Во моментот кога ќе забележат вакво нешто веднаш ќе ја известат полицијата од местото на настанот за преземање на понатамошни мерки. Ќе бидеме на секое место на езерото. Доста беше уништување на рибниот фонд, изјави за МИА, Бели Халити, претседател на СРД „Трофта". Смета дека поголема ангажираност е неопходна и од Подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и инспекторатот за рибарство. - Во моментов има забрана за лов на крап, клен и скобал, заради мрестот кај овој вид риба. Токму поради тоа рибите се доближуваат до брегот што пак несовесни лица, како од нашето подрачје но и други општини, го злоупотребуваат тоа и вршат лов со недозволиви средства, посочува Халити. Пред два дена полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на струшкото село Добовјани, кој бил затекнат при незаконит риболов користејќи водна пушка-харпун марка „Марес“ и метална шипка-вила за риболов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srd-trofta-apelira-za-pozasilena-kontrola-na-debarsko-ezero-poradi-zachestena-pojava-na-ribolov-so-nedozvolivi-sredstva/feed/ 0
Стружанец ловел риба на Дебарско Езеро со водна пушка-харпун https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/struzhanets-lovel-riba-na-debarsko-ezero-so-vodna-pushka-harpun/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/struzhanets-lovel-riba-na-debarsko-ezero-so-vodna-pushka-harpun/#respond Tue, 09 May 2023 09:48:45 +0000 https://kurir.mk/?p=832169

Полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода жител на Струга затекнат при незаконит риболов на Дебарско Езеро. - Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Д.(56) од струшкото село Добовјани. Во месноста „Манастирец“ на Дебарското езеро, тој бил затекнат при незаконит риболов, користејќи водна пушка-харпун марка „Марес“ и метална шипка-вила за риболов, информираше Стерфан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. Предметите и уловените риби биле одземени и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Месноста „Манастирец“, попозната како „Три чешми“, се наоѓа на левата страна од патниот правец кон Струга, каде често е присуството на риболовци од многу градови во земјава.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/struzhanets-lovel-riba-na-debarsko-ezero-so-vodna-pushka-harpun/feed/ 0
ВАКВА РИБА е уловена прв пат во Дебарското Езеро (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakva-riba-e-ulovena-prv-pat-vo-debarskoto-ezero-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakva-riba-e-ulovena-prv-pat-vo-debarskoto-ezero-foto/#respond Sun, 11 Dec 2022 17:35:06 +0000 https://kurir.mk/?p=773998

За првпат од водите на Дебарското Езеро извлечена е риба од видот сончарка, информираа за МИА од Спортското риболовно друштво „Трофта". Рибата е уловена од делот кај општина Центар Жупа, а риболовецот е Агим од Тетово, кој често рибари на ова езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vakva-riba-e-ulovena-prv-pat-vo-debarskoto-ezero-foto/feed/ 0
Дебранец узурпирал земјиште во државна сопственост и почнал бесправна градба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/debranec-uzurpiral-zemjishte-vo-drzavna-sopstvenost-i-pochnal-bespravna-gradba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/debranec-uzurpiral-zemjishte-vo-drzavna-sopstvenost-i-pochnal-bespravna-gradba/#respond Wed, 29 Dec 2021 10:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=614444

Продолжува узурпацијата на земјиште во државна сопственост долж брегот на Дебарско Езеро и бесправна градба на објекти. Дебарското одделение за внатрешни работи по таа основа денеска поднесе кривична пријава против А.К.(64), жител на Дебар. -Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“ ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.К.(64) од Дебар. Тој во текот на јуни 2021 година, кај месноста „Бадеми“ на крајбрежјето на Дебарското Езеро, узурпирал 156 метри квадратни државно земјиште и без одобрение, отпочнал со градба на станбен објект, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид. По истата основа минатата недела беше поднесена кривична пријава против У.Л.(56), жител на Дебар, со што до сега над десет е бројот на кривични пријави против жители на Дебар. Тие узурпирале од над 60 до 156 квадратни метри во државна сопственост и спротивно на Законот за градење, започнале градба на објекти, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од над 120 до над 300 илјади денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/debranec-uzurpiral-zemjishte-vo-drzavna-sopstvenost-i-pochnal-bespravna-gradba/feed/ 0
Неисправни минофрлачки гранати и рачна бомба пронајдени кај Дебарско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/neispravni-minofrlachki-granati-i-rachna-bomba-pronajdeni-kaj-debarsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/neispravni-minofrlachki-granati-i-rachna-bomba-pronajdeni-kaj-debarsko-ezero/#respond Fri, 01 Oct 2021 10:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=571260

На крајбрежјето на Дебарското Езеро, кај место викано „Венец“ биле пронајдени две неисправни минофрлачки гранати и една рачна бомба од Втората светска војна, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид. – Вчера во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено беше дека се пронајдени споменатите експлозивни направи. По извршениот увид од полициски екипи и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, гранатите и бомбата се безбедно подигнати за понатамошна постапка, додаде Димоски. Минатата недела, исто така, во близина на Дебарско Езеро биле откриени седум рачни бомби од Втората светска војна кои од соодветните надлежни служни биле безбедно подигнати за понатамошна постапка. Димоски исто така информираше дека ОВР-Дебар поднело кривична пријава против А.У. (33) од селото Елевци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, на 12-ти минатиот месец околу 23 часот во месноста „Параспор“ кај селото Новак се однесувал агресивно и упатил закани кон службеници на Шумската полиција кои извршувале службени дејствија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/neispravni-minofrlachki-granati-i-rachna-bomba-pronajdeni-kaj-debarsko-ezero/feed/ 0
Опустошиле дел од шумата покрај Дебарско Езеро, го узурпирале земјиштето и си изградиле објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opustoshile-del-od-shumata-pokraj-debarsko-ezero-go-uzurpirale-zemjishteto-i-si-izgradile-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opustoshile-del-od-shumata-pokraj-debarsko-ezero-go-uzurpirale-zemjishteto-i-si-izgradile-objekti/#respond Thu, 19 Aug 2021 15:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=552730

Поднесени се кривични пријави против двајца жители на Дебар кои опустошиле дел од боровата шума покрај брегот на Дебарско Езеро, земјиштето го узурпирале и почнале бесправно да градат. -Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична против О.Ј.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „бесправно градење“ и „пустошење шуми“. Тој, во текот на 2021 година, извршил узурпација на локација во државна сопственост, во месноста „Шпилска населба“ на брегот на Дебарското Езеро, бесправно пресекол 200 стебла борова шума и неовластено изградил објект од тврд материјал, информраше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид. Според него О.Ј. се стекнал со противправна имотна корист од 215.360 денари. – По истиот основ, ОВР Дебар поднесе кривична пријава и против Б.И.(54) од Дебар кој, во месноста „Борова шума“ на брегот на Дебарското Езеро, неовластено пресекол борови дрвја и присвоил државно земјиште каде, нелегално изградил објект за домување, посочува Димоски. Вчера кривична прјава беше поднесена против Ф.К.(63) од Дебар кој на стиот терен покрај езерото, бесправно пресекол 200 стебла борова шума и неовластено изградил три објекти од тврд материјал и се стекнал со противправна имотна корист од 241.100 денари Делот со борова шума е еден од најубавите делови покрај езерото, што во доброволни акции ја засадија дебарски гимназијалци пред неколку децении. Поради опустошувањето на боровите насади се поголем е револтот на дебрани, посебно на оние кои ги засадиле боровите дрвја и како што велат власта мора да стави крај на оваа појава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/opustoshile-del-od-shumata-pokraj-debarsko-ezero-go-uzurpirale-zemjishteto-i-si-izgradile-objekti/feed/ 0
Кривична за лице кое узурпирало државно земјиште на Дебарско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-lice-koe-uzurpiralo-drzavno-zemjishte-na-debarsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-lice-koe-uzurpiralo-drzavno-zemjishte-na-debarsko-ezero/#respond Tue, 30 Mar 2021 14:22:46 +0000 https://kurir.mk/?p=489775

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против дебранец кој узурпирал земјиште во државна сопственост покрај брегот на Дебарско Езеро и бесправно градел. -Кривична пријава е поднесена против Б.П.(68) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Тој во текот на 2020 година, кај месноста „Бадеми“ на крајбрежјето на Дебарско Езеро, узурпирал државно земјиште со вкупна површина од 69,36 метри квадратни и без одобрение од надлежен орган, од цврст материјал, изградил два базени, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи. Тој додаде дека со тоа пријавениот го прекршил членот 59 од Законот за градење и се стекнал со противправна имотна корист од 106.970 денари. Долж брегот на Дебарско Езеро, посебно кај градската плажа и месноста „Манастирец“ (Три чешми) голем број жители на Дебар, но и од Скопје, бесправно изградија функционални објекти, со узурпација на земјиште во државна сопственост. Иако се најавуваше дека против нив ќе се преземат соодветни законски мерки, во еден период и нивно уривање, дел од нив, како што беше речено на една од последните седници на Советот на општина Дебар, веќе се легализирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-lice-koe-uzurpiralo-drzavno-zemjishte-na-debarsko-ezero/feed/ 0
Излеана темна супстанца во Дебарско Езеро, угинал жив свет – започната е истрага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izleana-temna-supstanca-vo-debarsko-ezero-uginal-ziv-svet-zapochnata-e-istraga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izleana-temna-supstanca-vo-debarsko-ezero-uginal-ziv-svet-zapochnata-e-istraga/#respond Tue, 23 Mar 2021 12:34:06 +0000 https://kurir.mk/?p=486632

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека на 20 март до надлежниот инспектор во Гостивар била доставена информација од полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која предизвика угинување на жив свет во езерските води. Со цел навремено обезбедување доказен материјал, Инспекторот дал насоки на полицијата за правилно земање на мостри од Езерото и од соодветни локации долж канализациската мрежа. Мострирањето, односно земањето примероци, било спроведено во текот на денот. -На 22 март Инспекторот беше на терен со началникот на Одделението за внатрешни работи во Дебар, го подготвија и го предадоа предметот до Основното јавно обвинителство во Дебар, соопшти ДИЖС. Оттаму информираат дека Јавното обвинителство итно ќе издаде налог за анализа на земените мостри од страна на акредитирана лабораторија, што ќе овозможи откривање на сторителот, односно изворот на загадувањето. За делото опишано во Кривичниот законик во член 218 „загадување на животната средина и природата“, предвидена е казна затвор во траење од четири до десет години или парична казна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izleana-temna-supstanca-vo-debarsko-ezero-uginal-ziv-svet-zapochnata-e-istraga/feed/ 0
Зголеменото ниво на Дебарско Езеро значајно за заштита на богатата флора и фауна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemenoto-nivo-na-debarsko-ezero-znachajno-za-zashtita-na-bogatata-flora-i-fauna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemenoto-nivo-na-debarsko-ezero-znachajno-za-zashtita-na-bogatata-flora-i-fauna/#respond Thu, 14 Jan 2021 12:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=455270

Зголемниот дотек на вода во Дебарско Езеро, освен што поволно ќе се одрази врз производството на елекрична енергија во Хидроелекраната „Шпилје“, од големо значење е и за заштитата на флората и фауната во езерото. Оваа оценка за МИА ја изнесе Дритан Боцку, претседател на спортското риболовно друштво „Трофта“ кое од ноември 2019 година е и концесионер на езерото. -Моментната поволна хидрологија на дебарското сливно подрачје, што во услови зголемен дотек во езерото, секако е од огромно значење за зачувување на богата флора и фауна. Поради многу ниското ниво постоеше опасност од нејзино уништување, рече Боцку. Во рамки на зацртаните програмски активности, насочени кон заштита на рибниот фонд во езерото, според Боцку, продолжуваат со засилените мерки на котрола, со цел елиминирање на појавата на рибокрадци. -Од ноември минатата година кога ја добивме концесијата на езерото, до сега, имаме запленето над 30 мрежи во просек во должина од над 100 метри, како и неколку гумени чамци. Посебно сакам да ја нагласам соработката со припанците на дебарската полиција, која ќе продолжи и понатаму, додава тој. Посочува дека како друштво ќе продолжат со строгата контрола,со цел да се заштити рибниот фонд и да се врати некогашниот епитет на богато езеро со разновиден рибен фонд,што за жал го изгуби во изминатите години. Инаку, на Дебарско Езеро во тек е забрана за риболов на пастрмка, што ќе трае до 31 овој месец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemenoto-nivo-na-debarsko-ezero-znachajno-za-zashtita-na-bogatata-flora-i-fauna/feed/ 0
Надојдените Радика и Црн Дрим почнаа да го полнат Дебарско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdenite-radika-i-crn-drim-pochnaa-da-go-polnat-debarsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdenite-radika-i-crn-drim-pochnaa-da-go-polnat-debarsko-ezero/#respond Wed, 13 Jan 2021 14:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=454861

Обилните и интензивни врнежи од дожд во дебарското сливно подрачје за повеќепати го зголемија водостојот на реките Радика и Црн Дрим. Тоа поволно се одразува и во зголемувањето на нивото на Дебарско Езеро, односно акумулацијата „Шпилје“. -По обилните врнежи од дожд, дотекот на вода во акумулацијата „Шпилје“ од река Радика изнесува околу 190 метри кубни во секунда, додека од реката Црн Дрим изнесува 36 метри кубни во секунда. Денеска котата на акумулацијата е 568,88 метри, што претставува исполнетост на акумулацијата од 36 проценти, велат за МИА од ЕСМ. Според истот извор, моментно во акумулацијата има вода за производство на околу 16 милиони киловат-часови електрична енергија, додека до максималната кота има простор од 11 метри и 12 сантиметри. Нормалното проектирано ниво на акумулацијата е 580 метри, а минималното 560 метри. Според надлежните во оваа област, поради конфигурацијата на теренот, нема опасност од поплави во ова подрачје доколку продолжи зголемувањето на водостоите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdenite-radika-i-crn-drim-pochnaa-da-go-polnat-debarsko-ezero/feed/ 0