дебело црево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Dec 2020 12:10:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дебело црево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Проблем со дебелото црево: Што да направите во домашни услови и кога да посетите лекар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problem-so-debeloto-crevo-shto-da-napravite-vo-domashni-uslovi-i-koga-da-posetite-lekar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problem-so-debeloto-crevo-shto-da-napravite-vo-domashni-uslovi-i-koga-da-posetite-lekar/#respond Wed, 02 Dec 2020 12:10:22 +0000 https://kurir.mk/?p=437451

Дебелото црево е одговорно за апсорбирање на останатата вода, соли и витамини од храната и да ги кондензира во фекална материја. Фекалните материи потоа се пренесуваат од сигмоиден колон во ректумот, од каде што изглегуваат како отпад. Најчести причини за проблем со дебелото црево и нивни симптоми Симптомите на нарушувања на дебелото црево обично вклучуваат: Стомачна болка Опстипација Дијареја Гасови Надуеност Грчеви Замор Дебелото црево е склоно кон воспаление и воспалителни нарушувања кои можат да бидат предизвикани од: Диета Стрес Начин на живот Лекови Најчести нарушувања на дебелото црево се воспалителните болести како: Улцеративен колитис: Предизвикува болка во сигмоидниот колон – последниот дел од дебелото црево што води до ректумот. Кронова болест: Oбично предизвикува болка околу папокот на стомакот или на долната десна страна на стомакот Дивертикулитис: Што предизвикува болка во сигмоидниот колон. Синдром на нервозно дебело црево: Најчесто предизвикува болка во долниот лев дел на стомакот Колоректален карцином: Ретко предизвикува болка во стомакот Како да го третирате проблемот со дебелото црево во домашни услови Намалете ја консумацијата на црвено месо, пржена храна, рафинирани шеќери, алкохол и кафе. Исто така намалете го пушењето на цигари, зголемете ја физичката активност и започнете редовно да вежбате. Консумирајте повеќе храна богата со хранливи влакна како житарици, овошје, зеленчук и јаткасти плодови. Воедно, обратете внимание на хидратацијата т.е консумирајте што е можно повеќе течности. Кога да посетите лекар? Aко болката или било каква промена при дебелото црево траат подолго од неколку дена, најдобро е да посетите лекар со цел да ја утврдите точната причина и да добиете соодветен третман, а со самото тоа и навремено да се провери во случај да станува збор за карцином. Извор: НАНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problem-so-debeloto-crevo-shto-da-napravite-vo-domashni-uslovi-i-koga-da-posetite-lekar/feed/ 0
Се зголемува бројот на заболени од карцином на дебелото црево https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zgolemuva-brojot-na-zaboleni-od-karcinom-na-debeloto-crevo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zgolemuva-brojot-na-zaboleni-od-karcinom-na-debeloto-crevo/#respond Sat, 13 Apr 2019 14:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=185932

Само минатата 2018 година, биле регистрирани околу 1.8 милиони нови случаи на заболени од карцином на дебелото црево и ректумот во светот. Популација со највисок ризик за развој на оваа болест се луѓето до 40 години, со семејна анамнеза за полипи или карцином на дебелото црево појавен пред 40-тата година од животот. Ова беше посочено на денешната меѓународна конференција насловена „Early Occurrence of Colorectal Carcinoma. Where we are. Where are we going?”, што ја организира Клиничката Болница „Аџибадем Систина” и MTCC (Mediterranean Task Force for Cancer Control) во Скопје. Д-р Владимир Димов истакна дека денеска колоректалниот карцином веќе не е болест на постарата популација, туку спротивно, почесто од кога и да е кога ја гледаме оваа болест кај млади пациенти. Во Македонија, како што беше посочено, тоа е шестата причина за предвремена смрт, а во последната деценија бројката на смртност од колеректален карцином се зголеми за повеќе од 16 отсто. -Целта на оваа конференција е да ги расветлат сите аспекти за можните фактори за влошување на оваа ситуација како што се: диететски причини, специфики на различни региони во светот, патолошки и генетски фактори, рано појавување на симптоми, дијагноза, третман и скрининг, рече Димов. Министерот за здравство Венко Филипче, кој присуствуваше наконференцијата, истакна дека особено е важно да им се овозможи на грѓаните да имаат можност да се лекуваат во најдобрите болници, државата размислува да продолжи со концептот на јавно приватно парнерство. -Верувам дека овие искуства што овде ќе се стекнат ќе се имплементираат во сите институции во нашата земја. Ние како Министерство за здравство ќе продолжиме понатаму да ги поддржуваме превентивните прегледи, особено за оваа болест, изјави министерот Филипче. Директорката на Аџибадем Систина д-р Јана Марин на отворањето истакна дека од самиот почеток силно го поддржаат и поттикнуваат развојот на научната мисла и практика, секогаш заедно во координација и соработка со сите професионални здруженија и со владините институции и јавното здравство. На конференција беше промовиран печатен едукативен материјал кој досега е преведен во повеќе од 20 земји во светот. Брошурите со корисни информации за превенција, рана дијагностика и современ третман на карциномот на дебело црево ќе бидат дистрибуирани по сите амбуланти низ земјава се со цел информирање на популацијата и подигнување на свеста кај населението. На дводневната конференција присуствуваат четириесетина еминенти доктори предавачи од повеќе земји од Европа и од Азија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zgolemuva-brojot-na-zaboleni-od-karcinom-na-debeloto-crevo/feed/ 0
Ѕвездата од „Пријатели“ заврши на итна операција https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzvezdata-od-prijateli-zavrshi-na-itna-operacija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzvezdata-od-prijateli-zavrshi-na-itna-operacija/#respond Wed, 08 Aug 2018 15:47:01 +0000 https://kurir.mk/?p=85930

Ѕвездата на култната серија „Пријатели“, Метју Пери беше подложен на тешка операција поради проблем со дебелото црево, соопшти неговиот портпарол. - Метју Пери неодамна беше опериран во Лос Анџелес поради гастроинтестинална перфорација. Тој е благодарен за загриженоста на фановите и замоли за мир, додека се излечи целосно, изјави портпаролот. Сегашните проблеми на 48-годишниот актер можно е да се предизвикани од зависноста од различни супстанци. Од 1997 до 2001 година Пери беше лекуван од зависност од викодин, метадон, амфетамини и алкохол. - Најмногу имав проблем со пиењето и со опијатите. Мислам дека бев многу добар во прикривањето, но на крајот луѓето сфатија. Беше страшно за гледање. Бев болен човек, изјави Пери во една прилика за Еј-Би-Си. Популарниот Чендлер Бинг во неколку наврати изјави дека едвај се сеќава на времето кога тој учествувал во серијата „Пријатели“, која го направи светски популарен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dzvezdata-od-prijateli-zavrshi-na-itna-operacija/feed/ 0