дебрани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Mar 2023 13:25:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дебрани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Тирана одбележана 110-годишнината од егзодусот на дебрани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tirana-odbelezhana-110-godishninata-od-egzodusot-na-debrani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tirana-odbelezhana-110-godishninata-od-egzodusot-na-debrani/#respond Sun, 12 Mar 2023 13:25:00 +0000 https://kurir.mk/?p=810964

Во организација на здружението на дебарската заедница во Тирана, а со присуство и на претставници од општина Дебар, вчера одбележана е 110-годишнината од егзодусот на дебрани кои засолниште нашле во Тирана, информираа од Општина Дебар, преку објава на Фејсбук. -На свечен начин и откривање на спомен обележје, вчера во Тирана одбележан е споменот за иселениците од Дебар и болниот егзодус од 1913 година, кој ќе остане една од најболните рани во историјата на Дебар. Многуте присутни, споделија спомени, од причините за овој егзодус, а тоа е војната и српскиот терор врз цивилното население во Дебар, до бескрајното гостопримство што го најдоа во Тирана, соживотот и хармонијата што следеше меѓу дебрани и жителите на Тирана, стои во објавата. фуат спахиу На свеченоста се обратил и претседателот на Советот на општина Дебар, Фуат Спахиу, кој искажал „благодарност за прифаќањето на илјадниците протерани дебрани, не само институционално, туку и од сите граѓани на Дебар за покажаната хуманост на Тирана“. -Како симболичен знак, на влезот во Тирана на почетокот на автопатот „Руга е Арбрит“ (патот на Арбр, кој Тирана ја поврзува со Дебар кај граничниот премин Блато) токму таму каде што дебрани за првпат застанаа во Тирана, свечено беше откриено спомен обележје во спомен на тој егзодус, на кое пишува „Во чест на протераните дебрани кои со отворено срце беа дочекани од жителите на Тирана“, стои во објавата на општина Дебар. Во Тирана живее многубројна дебарска заедница, чиј број надминува 80 илјади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-tirana-odbelezhana-110-godishninata-od-egzodusot-na-debrani/feed/ 0
Дебрани се простија од Берти, еден од најдобрите стрелци на ФК Кораби, кој не успеа да го победи опасниот вирус https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/debrani-se-prostija-od-berti-eden-od-najdobrite-strelci-na-fk-korabi-koj-ne-uspea-da-go-pobedi-opasniot-virus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/debrani-se-prostija-od-berti-eden-od-najdobrite-strelci-na-fk-korabi-koj-ne-uspea-da-go-pobedi-opasniot-virus/#respond Mon, 16 Nov 2020 12:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=430194

Дебрани со неверување и голема тага ја примија веста за смртта на Алберт Каба,кого сите повеќе милува да го викаат Берти, еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалскиот клуб Кораби. Веста ја објави клубот наведувајќи дека Берти не успеал да ја добие битката со опасниот коронаврус. Со длабока болка и тага соопштуваме дека почина поранешниот фудбалер на ФК Кораби, Алберт Каба-Берти, губејќи ја битката со смртоносниот вирус. Повеќе години беше дел од нашиот тим, но засекогаш ќе остане во сеќавање како икона на дебарскиот фудбал. Длабоко и искрено сочувство до семејството, роднините, пријателите, наведува клубот. Алберт Каба(44), во Дебар сите го знаеја како голем фудбалер, човек со ведар дух, посветен син, добар сопруг, грижлив родител, но и како голем човек кој секогаш знаел да му помогне секому на кого било потребно. Алберт до пред десет години го носеше дресот на својот омилен тим, важеше за голем голгетер, еден најдобрите стрелци во историјата на клубот. Тој е погребан на градските муслимански гробишта во Дебар. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/debrani-se-prostija-od-berti-eden-od-najdobrite-strelci-na-fk-korabi-koj-ne-uspea-da-go-pobedi-opasniot-virus/feed/ 0
Дебрани протестираа против поскапување на струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debrani-protestiraa-protiv-poskapuvanje-na-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debrani-protestiraa-protiv-poskapuvanje-na-strujata/#respond Thu, 06 Aug 2020 19:15:28 +0000 https://kurir.mk/?p=387441

Во организација на навивачката група „Соколат“ на фудбалскиот клуб „Кораб“,подржани и од други граѓански организации, доцна попладнево во Дебар беше одржан протест против поскапувањето на струјата. Поголем број дебрани се собраа пред наплатниот пункт на ЕВН кој се наоѓа во центарот на градот. Пред насобраните, претсавникот на организаторот, Адрит Фетаху, прочита четири барања, меѓу кои и барањето да се поништи одлуката на Регулаторната комисија за поскапување на цената на електрината енергија. – Бараме да се поништи монополот на услугите на ЕВН и да се подобри нивното некоректно однесување кон потрошувачите и секако да се распушти Регулаторната комисија, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорациите на штета на многу тешката економска ситуација на граѓаните, рече Фетаху. Четвртото барање беше да се формра независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги. Граѓанте со кои рзговаравме категорчни беа во барањето да се поништи одлуката за поскапување на струјата, посебно сега „кога дебрани а и жителите од другите краеви на земјата се погодени од паднемијата со Ковид-19“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/debrani-protestiraa-protiv-poskapuvanje-na-strujata/feed/ 0