деца бегалци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Jul 2022 06:51:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png деца бегалци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Манифестација по повод 34 години од поставувањето на споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manifestacija-po-povod-34-godini-od-postavuvanjeto-na-spomenikot-na-decata-begalci-od-egejskiot-del-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manifestacija-po-povod-34-godini-od-postavuvanjeto-na-spomenikot-na-decata-begalci-od-egejskiot-del-na-makedonija/#respond Sat, 02 Jul 2022 07:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=698696

Делегации од Собранието, Владата и кабинетот на претседателот на државата, градоначалникот на општина Центар и претставници на други институции и граѓани, денеска ќе положат цвеќе пред споменикот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во паркот „Жена борец“, по повод 34 години од поставувањето на споменикот, а во чест на Светските средби. На манифестацијата, како што информираат од Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т’га за југ, ќе има и ученици од 5- то до 9-то одделение од основните училишта од повеќе градови]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manifestacija-po-povod-34-godini-od-postavuvanjeto-na-spomenikot-na-decata-begalci-od-egejskiot-del-na-makedonija/feed/ 0
Под мотото „Возиме за бегалците“ одбележан Светскиот ден на бегалците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-mototo-vozime-za-begalcite-odbelezan-svetskiot-den-na-begalcite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-mototo-vozime-za-begalcite-odbelezan-svetskiot-den-na-begalcite/#respond Mon, 20 Jun 2022 10:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=693081

Под мотото „Возиме за бегалците“ и со велосипедска тура во Градскиот парк во Скопје и на кејот на Вардар, бројни институции и здруженија денеска го одбележаа Светскиот ден на бегалците. Турата обедини организации, институции, баратели на азил и бегалци, организирани од Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР. Сите учесници возеа велосипеди за да ги испратат пораките дека сите ние ја споделуваме одговорноста да ги штитиме луѓето кои бараат сигурност и дека секој има право да побара азил – Кој и да е. Од каде и да доаѓа. Кога и да е потребно. На настанот присуствуваше и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која порача дека на бегалците треба да им овозможи засолниште и можност да пронајдат мир. – Нашата земја и нашите граѓани, во многу претходни бегалски кризи, докажале дека хуманоста е над сè и заштитата на најранливите лица е приоритет на државата. Затоа, Министерството за труд и социјална политика останува посветено на остварување на хуманитарните, социјалните и развојните цели со што се зајакнува праведното и инклузивно општество токму за бегалците водејќи се од паролата: Секој има право да биде безбеден, потенцира министерката. Претставничката на УНХЦР, Моника Сандри, пак истакна дека војната во Украина расели преку седум милиони луѓе, а на овој начин се искажува солидарноста и поддршката за сите бегалците ширум светот. – Неодамна, одбележавме преминување на тежок праг: бројот на луѓе приморани да избегаат од конфликт, војна, прогон и кршења на човековите права надмина 100 милиони првпат откако се бележи таа статистика. Само оваа година, војната во Украина расели преку седум милиони луѓе во државата и уште повеќе од пет милиони надвор од границите на земјата. Згора на тоа, има нови или продолжени насилства во Етиопија, Буркина Фасо, Мјанмар, Нигерија, Авганистан, Демократската Република Конго и други. Овие бројки се огромни и неприфатливи. Но, со самото тоа што сте тука и ја искажувате вашата солидарност, вие покажувате дека ги поддржувате бегалците и сте посветени кон заштитата на секој човек кој е приморан да избега, рече Сандри. Со свој тим велосипедисти, составен од свои вработените, кон акцијата се придружи и Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Стартот за велосипедистите беше реализиран од три места во Скопје: за 8:00 наутро за турите од Мост „Обединети Нации“, населбата “Карпош 4“ и од Мост Близнак на Вардар во населбатата „Аеродром“, а стартот за турата со појдовна точка на крстосницата кај Булевар „Илинден“, сероисточно од популарно именуваната „Воена Болница“, се изврши во 8:15 наутро. На секоја од трите тури имаше назначени редари кои ги насочуваа велосипедистите кон крајната заедничка дестинација во централниот дел на Градскиот парк во населбата „Центар“. Црвениот крст на град Скопје со две медицински екипи беше присутен во случај на медицинска потреба кај учесниците на велосипедската тура, е наведено во соопштението. Тимот велосепидисти на ЦУК, бил составен од рекреативни велосипедисти, меѓу кои и велосипедисти коишто редовно, речиси секој викенд поминуваат и над 100, па и до 250 километри долги тури. Веслосипедската тура е во организација на Агенцијата за бегалци при ОН, УНХЦР, Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител, Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ), Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Црвениот крст на град Скопје, Македонското здружение на млади правници, Младинскиот образовен форум и Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pod-mototo-vozime-za-begalcite-odbelezan-svetskiot-den-na-begalcite/feed/ 0
ФОТО: Сквернавење во Центар- Контејнери со смет го „окупирале“ споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skvernavenje-vo-centar-kontejneri-so-smet-go-okupirale-spomenikot-na-decata-begalci-od-egejska-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skvernavenje-vo-centar-kontejneri-so-smet-go-okupirale-spomenikot-na-decata-begalci-od-egejska-makedonija/#respond Wed, 27 Oct 2021 09:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=586315

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН (Сојузот МАКЕДОН) и Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудуваат неодговорноста на градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општина Центар, кои поставиле контејнери за ѓубре пред Споменикот на насилно прогонетите деца од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, кој се наоѓа до хотелот “Холидеј Ин“ на Кејот на реката Вардар! Ова се истакнува во реакцијата за сквернавењето на споменикот во Скопје, што ја објави претседателот на СМК, Тодор Петров на официјалниот профил на Фејсбук. -Сојузот МАКЕДОН и СМК сметаат дека поставувањето на контејнери пред Споменикот претставува сквернавење на Паметникот за геноцидот врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија како најцрна страница од историјата на Македонскиот народ после Втората Светска Војна! Споменикот сведочи за насилно прогонети 28.000 деца од две до четиринаесет години од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, трајно раселени во источноевропските и прекуокеанските земји, далеку од своите родни огништа. Сојузот МАКЕДОН и СМК бараат градоначалникот на Скопје и градоначалникот на општина Центар веднаш да ги дислоцираат контејнерите за ѓубре пред Споменикот! Сојузот МАКЕДОН и СМК повторно потсетуваат на вандализимот од непознат сторител или сторители и врз Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец во Скопје на 10 октомври 2019 година, кога беше искршена мермерната плоча на задната страна на Споменикот на која пишуваше “28.000 деца, најмногу Македонци од Егејскиот дел на Македонија и други места на Грција, насилно беа прогонети за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година… Останаа трајно раселени во источноевропските и прекуокеанските земји, далеку од своите родни огништа… Овој Споменик е вечен Паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота…” Сојузот МАКЕДОН и СМК потсетуваат на повторениот вандализим од непознат сторител или сторители врз Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец во Скопје и на 6 ноември 2019 година, кога беше откорнат натписот “Татковината копнеж на прогонетите” на предната страна на Споменикот и симболот на Светската средба на децата бегалци на задната страна на Споменикот, истовремено откорната и спомен-плочата на Султана, мајката на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев до базенот во кој е поставен Споменикот! Сојузот МАКЕДОН и СМК потсетуваат дека полицијата и јавното обвинителство до денес не поведоа истрага ниту излегоа со соопштение за овој вандализам на Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец спроти Собранието на Македонија! Сојузот МАКЕДОН и СМК со огорченост укажуваат на неподносливата негрижа на градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општина Центар за санирање на Споменикот на децата бегалци во Парк Жена Борец спроти Собранието на Македонија од 2019 година, и за сквернавењето со контејнери за ѓубре пред Споменикот на насилно прогонетите деца од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, кој се наоѓа до хотелот “Холидеј Ин“ на Кејот на реката Вардар!]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-skvernavenje-vo-centar-kontejneri-so-smet-go-okupirale-spomenikot-na-decata-begalci-od-egejska-makedonija/feed/ 0
Здружението „Т га за југ“ ќе одбележи 72 години од завршувањето на Граѓанската војна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-t-ga-za-jug-kje-odbelezi-72-godini-od-zavrshuvanjeto-na-gragjanskata-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-t-ga-za-jug-kje-odbelezi-72-godini-od-zavrshuvanjeto-na-gragjanskata-vojna/#respond Wed, 29 Sep 2021 06:09:08 +0000 https://kurir.mk/?p=569794

Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т га за југ“ соопшти дека годинава се навршуваат 72 години од завршувањето на Граѓанската војна 1949-2021. За таа цел денеска во паркот „Жена борец“, пред Споменикот на децата бегалци во Скопје, ќе настапат наградените ученици, добитници на специјалната награда „Ѓорги Доневски“. Учениците ќе изведат претстава, а ќе прочитаат и свои творби – песни, раскази и македонски трудољубиви песни. Како што е најавено, ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, ченови на Здружението од сите градови, ученици од основните училишта… Од Здружението потсетуваат дека во текот на годината имаше повеќе манифестации, се спроведуваше проектот „Младите креатори на нашата иднина“, а од 29 јуни до 4 јули годинава имаше камп во Охрид. Манифестациите се одржаа низ повеќе градови под мотото „Да не го заборавиме минатото, но да се стремиме кон подобра иднина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-t-ga-za-jug-kje-odbelezi-72-godini-od-zavrshuvanjeto-na-gragjanskata-vojna/feed/ 0
Грчкиот Парламент ја укина 20-годишната одредба за држење на децата бегалци без придружба во полициски станици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-ja-ukina-20-godishnata-odredba-za-drzenje-na-decata-begalci-bez-pridruzba-vo-policiski-stanici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-ja-ukina-20-godishnata-odredba-za-drzenje-na-decata-begalci-bez-pridruzba-vo-policiski-stanici/#respond Thu, 10 Dec 2020 13:04:02 +0000 https://kurir.mk/?p=441496

Со широка поддршка од сите опозициските партии, со исклучок на Грчко решение, Парламентот во Грција ја укина одредбата од пред 21 година за задржување во полиските станици на децата бегалци без придружба, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис во неговото обраќање рече дека станува збор за „историска расправа во Парламентот“, со оглед на тоа дека земјата уште од 2001 година била остро критикувана од Советот на Европа, а биле донесени и пресуди за конкретната мерка. Митаракис објасни дека на 31 март 2020 година имало 331 дете бегалец без придружба под „заштитен притвор“ во полициските станици, а од 14 ноември 2020 година, сите деца, веќе се префрлени во центри за прием на бегалци. Говорејќи за малолетните бегалци без придружба во земјата, надлежниот министер рече дека преку програмата за доброволна релокација на овие деца, досега заминале 521, а до април следната година планирано е, во некоја од европските земји, да се релоцираат уште 1.036 деца . Објасни дека од март до септември, сите малолетници без придружба вкупно 1.752, кои биле во прифатните центри на грчките острови и кај Еврос, биле пренесени во континентална Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-parlament-ja-ukina-20-godishnata-odredba-za-drzenje-na-decata-begalci-bez-pridruzba-vo-policiski-stanici/feed/ 0
УНХЦР: Половина од децата бегалци во светот се надвор од училиштата поради пандемијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unhcr-polovina-od-decata-begalci-vo-svetot-se-nadvor-od-uchilishtata-poradi-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unhcr-polovina-od-decata-begalci-vo-svetot-se-nadvor-od-uchilishtata-poradi-pandemijata/#respond Thu, 03 Sep 2020 09:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=398630

Доколку меѓународната заедница не преземе итни и храбри мерки за да возврати на катастрофалните ефекти на КОВИД-19 врз образованието на бегалците, ќе се намалат можностите да се искористи потенцијалот на милионите млади бегалци кои живеат во најранливите заедници на светот, наведува Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР во извештајот објавен денеска и насловен: „Заедно за образование за бегалците“. Податоците во извештајот се засновани на вкупните бројки на уписи во училишната 2019 година. Иако децата од сите земји имаат потешкотии во образованието како последица од КОВИД-19, децата бегалци се особено загрозени. Веројатноста да не посетуваат училиште пред пандемијата била двојно поголема за децата бегалци отколку за децата кои не се бегалци. Многу од нив не ќе можат да продолжат со учење поради затворените училишта, неможноста да си ги дозволат уплатите, униформите или книгите, недостапноста на технологии или бидејќи треба да работат за да го издржуваат своето семејство. – Половина од децата бегалци во светот веќе се надвор од училиштата. По сè што поминале, не можеме да им ја земеме иднината со тоа што ќе им го одземеме образованието денес. И покрај огромните предизвици на пандемијата, со поголема меѓународна поддршка за бегалците и заедниците кои ги прифатиле, можеме да ги прошириме иновативните начини за да ги заштитиме критичните придобивки во образованието на бегалците од последниве години, изјави Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци. Без зголемена поддршка, ќе се загубат стабилните и тешко стекнати придобивки во однос на уписите во училиштата, универзитетите и техничките и стручни образовни установи, во некои случаи и трајно, со можност да ги загрозат напорите да се постигне целта број 4 за одржлив развој, да се обезбеди инклузивно и еднакво достапно квалитетно образование за сите. Првпат во учебната 2019/2020 седум деца баратели на азил од Сирија, Авганистан и Пакистан се запишаа во основно образование на македонски јазик во локално училиште во Скопје. Канцеларијата на УНХЦР Скопје наведува дека ќе обезбеди и ќе продолжи да обезбедува поддршка за училиштето што, заедно со родителите и децата, како што посочува, широкоградо ги прифати седумте деца, додавајќи дека ова е одличен пример за инклузија на лица што бегаат од конфликт и кои во нашата земја нашле сигурно место. Амбасадорот на Фондацијата Водафон и УНХЦР за Инстант-мрежа на училишни програми, Мохамед Сала, во извештајот истакнува дека обезбедување квалитетно образование денес значи помалку сиромаштија и страдања утре. – Доколку сите не ја одиграат својата улога, генерации деца ќе се соочат со темна иднина. Но ако работиме како тим, здружено, можеме да им ја дадеме можноста за достоинствената иднина што ја заслужуваат. Да не ја пропуштиме оваа можност, вели Сала. Податоците во извештајот за 2019 година се земени од дванаесет земји кои примиле повеќе од половина од децата бегалци во светот. Додека основните училишта бројат 77 отсто запишани, само 31 процент продолжуваат во средно училиште. Во високо образование, пак, се запишуваат само 3 отсто млади бегалци. – Далеку зад глобалните просеци, овие статистики, сепак, претставуваат напредок. Во средно училиште бројот на новозапишани деца бегалци е зголемен за десетици илјади; со 2 отсто пораст само во 2019 година. Како и да е, пандемијата на КОВИД-19 се заканува да ги поништи оваа и други важни придобивки. За девојчињата бегалки, оваа закана е особено лоша. Тие веќе имаат помал пристап до образование од момчињата, со половина помала веројатност да се запишат во средно училиште, стои во извештајот на УНХЦР. Фондот „Малала“ проценува дека половина од девојчињата бегалки од средноучилишна возраст нема да се вратат во клупите штом повторно се отворат училниците месецов. За земјите каде што бројот на уписи на девојчиња бегалки бил помал од 10 проценти, постои ризик дека ќе се отпишат засекогаш. Комесарот на УНХЦР Гранди наведува дека е особено загрижен за влијанието врз девојчињата бегалки. Не само што образованието е човеково право, вели тој, туку и заштитата и економските придобивки од образованието на девојчињата бегалки, нивните семејства и заедници се јасни. – Меѓународната заедница едноставно не може да си дозволи да не им ги обезбеди можностите кои доаѓаат со образованието, додава Гранди. Приспособувањето на ограничувањата наметнати од КОВИД-19 е особено тешко за 85 отсто од бегалците во светот кои живеат во помалку развиени или земји во развој. Мобилните телефони, таблети, лаптопи, добра мрежа, дури и радиоопрема, често не се достапни за раселените заедници. Извештајот покажува како семејствата, заедниците и владите работат да обезбедат образование за децата бегалци. Покажува позитивни примери на влади кои со закон го обезбедиле правото на децата бегалци да ги посетуваат државните училишта, со приказни од Еквадор до Иран. Бидејќи над половина од бегалците во светот живеат во урбана средина, важно е градовите да ги прифатат бегалците. УНХЦР во Извештајот ги повикува владите, приватниот сектор, граѓанскиот сектор и други клучни страни од интерес да ги здружат силите и да најдат решенија кои ќе ги зајакнат државните образовни системи и ќе создадат врски со признати образовни мрежи, како и да го обезбедат финансирањето на образованието. Без вакви чекори, предупредува извештајот, ризикуваме да имаме изгубена генерација на деца бегалци на кои им е одземено образованието. Се укажува и дека ризиците за образованието на бегалците не запираат тука, зашто во пораст се и нападите врз училиштата. Извештајот се фокусира на регионот Сахел во Африка каде што насилствата принудно затвориле повеќе од 2500 училишта, со што било загрозено образованието на 350 000 ученици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unhcr-polovina-od-decata-begalci-vo-svetot-se-nadvor-od-uchilishtata-poradi-pandemijata/feed/ 0
Од Грција за Португалија заминаа 25 деца бегалци без придружба https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-grcija-za-portugalija-zaminaa-25-deca-begalci-bez-pridruzba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-grcija-za-portugalija-zaminaa-25-deca-begalci-bez-pridruzba/#respond Tue, 07 Jul 2020 15:42:14 +0000 https://kurir.mk/?p=371067

Од Атина за Лисабон денеска заминаа првите 25 деца бегалци без придружба, од вкупно 500 колку што е планирано да прими Португалија. Станува збор за 19 деца од Авганистан, четири од Египет и по едно од Гамбија и Иран кои досега беа сместени во камповите на островите Лезбос, Самос и Хиос, а се дел од групата од вкупно 500 деца кои од Грција ќе започнат нов живот во Португалија. Алтернативниот министер за цивилна заштита на Грција Јоргос Кумуцакос, надлежната во грчката Влада за заштита на децата бегалци без придружба Ирини Агапидаки и амбасадорката на Португалија во Грција Хелена Паива, ги испратија децата од атинскиот аеродром. Во рамките на европскиот план за релокација на 1.600 деца бегалци без придружба од Грција во земји од ЕУ, утре, за Финска ќе заминат 25 деца. Кумуцакос рече дека паралелно со планот за децата бегалци без придружба, се спроведува и програмата за доброволно враќање на мигрантите во нивните земји на потекло. -Ги мотивираме барателите на азил кои се наоѓаат на островите, а стигаа во Грција до 1 јануари 2020 година, со одредена финансиска поддршка да се вратат во нивните татковини. Планираме првиот лет од оваа програма тешка за спроведување, да биде од Грција за Ирак во следните седмици, рече Кумуцакос. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-grcija-za-portugalija-zaminaa-25-deca-begalci-bez-pridruzba/feed/ 0
Данска и Норвешка со помош за Грција за децата бегалци без придружба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-norveshka-so-pomosh-za-grcija-za-decata-begalci-bez-pridruzba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-norveshka-so-pomosh-za-grcija-za-decata-begalci-bez-pridruzba/#respond Fri, 26 Jun 2020 13:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=363529

За поддршка на Грција и децата бегалци без придружба што се наоѓаат во земјата, Данска и Норвешка, преку директни средства и грантови, финансиски ќе ѝ помогнат на Атина , за кои алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос се договори со надлежните министри од двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Според министерството за миграција и азил на Грција, Кумуцакос и министерот за развојна соработка на Данска Расмус Прен, денеска потпишаа договор во висина од три милиони, средствата што ќе бидат достапни во периодот меѓу 1 јуни 2020 година и 30 ноември 2021 година, за изградба на центри за сместување на деца бегалци без придружба. Во првата фаза просторот ќе биде со капацитет да прими 20-40 деца, а по завршувањето на втората фаза ќе може да се сместат до 4.000 деца бегалци без придружба. Дополнителен простор за уште 1.000 деца бегалци без придружба ќе изгради Грција, преку финансиски средства од грантовите на Европска економска област (EEA Grants). Кумуцакос вчера имал телефонски разговор со заменик-министерот за правда и внатрешна безбедност на Норвешка Хилде Барстад и му се заблагодарил за средствата во висина од 7.632.000 евра обезбедени од програмата „Азил и миграција“ на Европска економска област, (EEA Grants). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-i-norveshka-so-pomosh-za-grcija-za-decata-begalci-bez-pridruzba/feed/ 0
Во Грција има речиси 5.000 деца бегалци без придружба, а на една четвртина од нив им се губи трагата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-ima-rechisi-5-000-deca-begalci-bez-pridruzba-a-na-edna-chetvrtina-od-niv-im-se-gubi-tragata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-ima-rechisi-5-000-deca-begalci-bez-pridruzba-a-na-edna-chetvrtina-od-niv-im-se-gubi-tragata/#respond Tue, 05 Nov 2019 07:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=260221

Од 2017 година до денес речиси двојно е зголемен бројот на деца бегалци без придружба кои пристигнуваат во Грција, а во овој момент во земјата има 4.800 малолетници, од кои 1.178 се на непозната локација, јави дописничката на МИА од Атина. За активностите, иницијативите и следните чекори на Владата за конкретното прашање, говореше заменик министерката на труд и социјала на Грција, Домна Михаилиду на прес-конференцијата на која воедно презентираше и податоци за децата бегалци без придружба. Во 2017 година биле регистрирани 2.500 деца, во јули годинава 4.000, а сега се веќе 4.800 деца. – Бројот се очекува драматично да се зголеми, и тоа е затоа што, пристигнувањата на државјани од трети земји од почетокот на летото се зголемени и достигнуваат и до 500-600 лица дневно. Најголемиот дел од децата бегалци без придружба се од Авганистан – 43 отсто, од Пакистан 25 проценти и многу мал дел, од девет до 10 отсто се од Сирија, рече Михаилиду. Заменик министерката за труд и социјала на Грција, на прашањето на МИА објасни дека најголемиот број од децата, 93 проценти се над 14 години, а 94 отсто се момчиња. – Овие податоци се апсолутно логични. За едно дете, само, без семејството да замине за друга земја треба да биде малку поголемо за да успее. А исто така е логично што се момчиња, бидејќи, за жал, полесно е девојчињата да бидат жртви на злоупотреба, истакна Михаилиду. Децата бегалци без придружба откако ќе пристигнат во Грција и ќе го поминат процесот на идентификација и регистрација се згрижуваат на неколку начини. Или остануваат во прифатните центри во т.н. безбедна зона или да бидат пренесени во специјалните пансиони наменете за нив или пак во хотели. Долгорочно пак, може да поднесат барање за азил во Грција или да побараат обединување со семејствата. Од 1.178, од 4800 деца без придружба, како што рече заменик министерката се наоѓаат „под несигурни услови“ односно никој не знае каде се бидејќи побегнале од пансионите, хотелите или безбедните зони во кои биле згрижени. На прашањето на дописничката на МИА од Атина дали постои можност овие деца да заминат кај нивни роднини во некоја од европските земји во рамките на процесот на семејно обединување, Михаилиду објасни дека грчките министерства имаат многу мала надлежност бидејќи процедурите се водат од земјите што би можеле да ги прифатат децата, а постојат доцнења од две причини. Едната е за докажување на семејна поврзаност, преку тестови и слично. А втората е економската контрола на семејствата. Михаилиду наведе дека веќе биле одржани средби со амбасадори на неколку земји, меѓу кои Германија, Чешка и Србија а станало збор за можноста дел од децата бегалци без придружба да бидат пренесени во некои од овие земји. За справување со проблемот со згрижувањето и сместувањето на децата бегалци без придружба, заменик министерката посочи дека работат на неколку активности, но и да се исправат грешките од минатото. Еден од приоритетите е колку е можно повеќе деца да се префрлат од островите во другите делови на Грција, но и во соработка со општини да се отворат и нови пансиони за згрижување. Министерството за труд и социјала на Грција, испратило и барање до Европската комисија за продолжување на финансирањето на хотелите во кои се сместени дел од децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-ima-rechisi-5-000-deca-begalci-bez-pridruzba-a-na-edna-chetvrtina-od-niv-im-se-gubi-tragata/feed/ 0
Во штипското село Брест средба на децата бегалци од Егејска Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shtipskoto-selo-brest-sredba-na-decata-begalci-od-egejska-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shtipskoto-selo-brest-sredba-na-decata-begalci-od-egejska-makedonija/#respond Sat, 21 Jul 2018 13:40:28 +0000 https://kurir.mk/?p=79535

Децата бегалци од Егејска Македонија, кои се дел од Петтата светска средба, денеска се собраа и во штипското село Брест на манастирот Свети Пантелејмон. Јордан Тунев претседател на Здружението „Македонски Егеј“ – Штип посочи дека средбата е почната на 19 јули, а ќе заврши утре во хотелот Континентал. Прашан дали сега со договорот меѓу Македонија и Грција ќе отстапат од тужбите кои имаат доставено до судот во Стразбур за враќање на имотите од грчка страна, Тунев со став дека засега не отстапуваат од доставените тужби. - Ангажирани се адвокати, нашите барања  се процесуирани, постојат заверени, а сега адвокатите си ја тераат својата работа, изјави Тунев. Македонските здруженија најавија дека прават и нова стратегија по ова прашање, која ќе ја соопштат во септември. На средбата присуствуваше и Коста Маргин кој живее во Мелбурн, Австралија, а потекнува од селото Бапчор. Пред извесно време го посетил селото, кое е изгорено до темели. - Селото е целото изгорено, не се познава каде порано имало куќа или нива. Постои само црквата. Кога заминувале моите се оставиле зад себе, па и документите за имотот, изјави Маргин. Тужба до судот во Стразбур не поднел ниту Ванчо Хаџи Стојанов, по потекло од Драмско, но затоа, пак, се одважил и го посетил лично сегашниот градоначалник од кој добил уверување дека евиденција за имот постои, меѓутоа од 1957 година па наваму, а му дал и оптимистички одговор по прашањето за имотите. - Ако влезете во Европската унија сите имотни прашања ќе ви бидат решени. Така рече градоначалникот, кој беше многу пријатен човек, а и комшија ми беше, изјави Хаџи Стојанов. На денешната средба на децата бегалци од Егејска Македонија присуствуваше и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-shtipskoto-selo-brest-sredba-na-decata-begalci-od-egejska-makedonija/feed/ 0