деца со посебни потрееби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Sep 2020 13:18:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png деца со посебни потрееби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потресни сведоштва за третманот на владата кон децата со посебни потреби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresni-svedoshtva-za-tretmanot-na-vladata-kon-decata-so-posebni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresni-svedoshtva-za-tretmanot-na-vladata-kon-decata-so-posebni-potrebi/#respond Wed, 16 Sep 2020 13:18:34 +0000 https://kurir.mk/?p=404087

Седум месеци затворени дневни центри за деца со посебни потреби и маргинализирани од државата. Секојдневие исполнето со неизвесност. Денот кој завршува со надеж дека утре може нешто ќе се подобри. Вака изгледа секој ден на една самохрана мајка на дете со церебрална парализа од Гостивар. Маргарита Милошевска, самохран родител на 16 годишната Мартина од Гостивар за гостиварски медиум сведочи дека корона кризата дополнително и го отежнала животот, бидејќи како што раскажува поради затворање на дневниот центар за посебни потреби нејзината ќерка останува затворена дома, со неможност за дружење. На сите луѓе во целиот свет, корона кризата остави многу негативни последици, но би рекла дека за лицата со посебни потреби, тоа секако е поизразено, посебно за децата со посебни потреби. Тоа се децата кои сакаат комуникација, да си ја запазат дневната рутина и слично, а не знаат да се заштита, не знаат и не можат да разберат за носење на маски и држење на дистанца, моето девојче Марина многу тешко ја поднесува оваа ситуација. Многу е нервозна, последните месеци е страшно нервозна. Таа беше научена да престојува во Дневниот центар, сега не може. Беше научена да носам на море, сега поради ризикот и тоа не го правиме – вели Маргарита. Милошевска смета дека затворените дневни центри не треба да значи и целосно исклучување на децата од процесот на социјализација и добивање на стручна помош, туку, како што вели таа, можело да се организираат активности на отворено. Зошто министерството за труд и социјална политика не се организираше, активностите на дневните центри да бидат во неколку пати во неделата на отворено. Во Гостивар има прекрасни паркови каде нашите деца може да имаат разни активности без ризик, како уметност, некакви спортски активности, дружење, нешто корисно за нивното психичко и физичко здравје. Зошто никој не се сети на вакво нешто? Зошто без да ги потсетиш дека може да се организира вакво нешто, не им текнува – прашува таа. Сличен став имаат и стручните лица кои велат дека ваквата состојба со повеќемесечното затворањето на дневните центри, може да предизвика лицата со попреченост да станав поранливи, а може да се јавува чувство на осаменост, која пак носи и други последици. Кај овие лица постои сериозна опасност од зголемена анксиозност, параноја, страв, поврзани со она што може да настане и осаменоста и неизвесноста, кои се директно поврзани со социјалното дистанцирање, чувства кои на лицата со попреченост не им се непознати. Како група, историски, тие се социјално изолирани, затоа се уште ги викаме маргинализирани групи – посочуваат стручните лица. Имено, дневните центри се затворија по одлука на владата на 11 март се со цел да се спречи ширењето на корона вирусот кај оваа категорија, која покрај умерена и тешка интелектуална попреченост има и останати придружни заболувања нарушена респираторна функција, срцеви заболувања, обезност, дијабетес, хипертензија. Тешкотиите со кои се соочуваат и одговорноста за нивната маргинализираноста е токму во Министерството за труд и социјална политика и владата која за жал и понатаму продолжува да ги игнорира проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост. FacebookTwitterCopy Link]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresni-svedoshtva-za-tretmanot-na-vladata-kon-decata-so-posebni-potrebi/feed/ 0
Општина Карпош во врска со асистентите на децата со посебни потреби : Финансиските средства за месец февруари доцнат во поголемиот број на општини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-karposh-vo-vrska-so-asistentite-na-decata-so-posebni-potrebi-finansiskite-sredstva-za-mesec-fevruari-docnat-vo-pogolemiot-broj-na-opshtini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-karposh-vo-vrska-so-asistentite-na-decata-so-posebni-potrebi-finansiskite-sredstva-za-mesec-fevruari-docnat-vo-pogolemiot-broj-na-opshtini/#respond Wed, 20 Mar 2019 14:03:34 +0000 https://kurir.mk/?p=176780

Општина Карпош во врска со нашата претходна вест која можете да ја прочитате ТУКА, објави и писмена реакција која ја пренесуваме во целост. Писмена реакција на Општина Карпош на текстот на порталот Курир „СКАНДАЛ: Асистентите на децата со посебни потреби на Општина Карпош од јануари до денес добиле едвај 3 илјади денари“ -Во насока на вистинито и објективно информирање на јавноста, сакаме да укажеме дека со насловот на статијата се  добива впечаток дека Општина Карпош не ги исплатила средствата на личните асистенти за децата со посебни потреби, што е  недобронамерна алузија и дезинформација. Она што е вистина е дека, сепак, овие средства воопшто не се обезбедуваат од Буџетот на Карпош, туку станува збор за трилатерална соработка и договор меѓу UNDP, Министерството за труд и социјална политика и општините. Средствата за овој проект кој се спроведува додека трае учебната година, во кои спаѓа и исплатата на надоместокот за асистентите, целосно ги обезбедува UNDP. Службите за образование при Општина Карпош постојано се во комуникација со личните асистенти и целосно им е образложена ситуација. Штом финансиските средства бидат трансферирани од страна на UNDP, истите веднаш ќе бидат префрлени до асистентите. Финансиските средства за месец февруари доцнат во поголемиот број на општини каде што се спроведува овој проект, и оттаму крајно тенденциозно е издвојувањето на Карпош од сите останати општини каде што има ангажирано вакви асистенти. Бараме овие информации и појаснувања да бидат објавени. Благодариме на соработката, стои во писмената реакција од општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-karposh-vo-vrska-so-asistentite-na-decata-so-posebni-potrebi-finansiskite-sredstva-za-mesec-fevruari-docnat-vo-pogolemiot-broj-na-opshtini/feed/ 0