деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 15:08:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНРВА: Во израелски напад погодено училиште, помеѓу жртвите има и деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-vo-izraelski-napad-pogodeno-uchilishte-pomegu-zhrtvite-ima-i-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-vo-izraelski-napad-pogodeno-uchilishte-pomegu-zhrtvite-ima-i-detsa/#respond Sat, 04 Nov 2023 15:08:03 +0000 https://kurir.mk/?p=896456

Палестинците денеска соопштија дека при израелски напад е погодено училиште, кое служело како засолниште. Според очевидците во израелскиот воздушен напад погодено е училиштето Ал Факур во Џабалија. Сппоред палестинското Министерство за здравство во нападот загинале најмалку 15 луѓе, а десетици се повредени. Директорка за комуникации на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Жилиет Тума потврди дека училиштето управувано од УНРВА е погодено и дека помеѓу загинатите има и деца. Но, таа не наведе бројка на жртвите/ Најмалку еден воздушен напад го погоди училишното игралиште каде имаше шатори за бегалските семејства. Вториот напад погоди училиште во кое жените печеа леб, истакна Тума.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unrva-vo-izraelski-napad-pogodeno-uchilishte-pomegu-zhrtvite-ima-i-detsa/feed/ 0
Припадник на терористичката група Хамас: Знаев дека има деца и пукав во вратата, нема разлика меѓу Хамас и ИСИС https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=895815

Израелската војска вчера објави видео од испрашување на маж за кој велат дека е член на Хамас вклучен во нападот врз Израел на 7 октомври. Човекот на видеото го опишува убиството на израелски деца во Кфар Аз, израелски кибуц на границата со Газа. „Нашата единствена мисија беше убивање, а не киднапирање. Убијте го секој човек кој ќе го видите и вратете се во Газа“, раскажал Амер Абу Гоша, командос на единица на Хамас. Тој навел дека неговата група се упатила кон Кфар Аз со џип и влегла во кибуцот откако еден од нив ја разнел капијата со експлозивна направа. Откако влегле во градот, оделе од куќа до куќа, ги палеле и пукале во сите кои им се нашле на патот со калашникови или ги гаѓале со гранати. „Слушнав деца, пукав на вратата“ Во еден момент, Абу Гоша опишува како влегол во куќа и слушнал гласови на мали деца кои плачат во другата соба и пукал кон вратата од собата. Тој вели дека гласовите на крајот престанале, па заклучил дека децата умреле. „Пукавме додека не слушнавме повеќе гласови“, рече тој. Абу Гоша и дел од неговата група подоцна влегле во вооружен конфликт со војниците на ИДФ – Израелските одбранбени сили, кои влегле во куќата низ прозорците и биле принудени да се предадат. На прашањето зошто убивале жени и деца, Абу Гоша одговара: „Ни рекоа дека сите доселеници се војници“. На прашањето која е разликата меѓу Хамас и ИСИС, тој вели дека испитувачите му покажале видео снимки од некои од злосторствата извршени од терористите на Хамас врз израелските цивили, а тој коментирал: „Нема разлика. Сум видел видеа кои се полоши од оние на ИСИС“. Израел ја напаѓа Газа повеќе од три недели како одговор на најтешкиот масакр во својата историја, извршен на 7 октомври од терористи од Хамас и други екстремистички групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pripadnik-na-teroristichkata-grupa-hamas-znaev-deka-ima-detsa-i-pukav-vo-vratata-nema-razlika-megu-hamas-i-isis/feed/ 0
УНИЦЕФ: Децата не се мета, мора да престане нивното убивање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unitsef-detsata-ne-se-meta-mora-da-prestane-nivnoto-ubivane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unitsef-detsata-ne-se-meta-mora-da-prestane-nivnoto-ubivane/#respond Thu, 02 Nov 2023 10:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=895722

Сликите од масакрот во кампот Џабалија во Појасот Газа по вчерашните и денешни напади се страшни и ужасни. Иако сè уште немаме процени колку деца настрадаа, домовите на луѓето се срамнети со земја, стотици очигледно се повредени и убиени, а меѓу жртвите наводно има многу деца, се наведува во соопштението на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ). УНИЦЕФ истакнува дека двата напада врз Џабалија уследија по 25-деневното израелско бомбардирање, при што се убиени над 3.500 деца, не вклучувајќи ги денешните смртни случаи. Во нападите повредени се повеќе од 6.800 деца. -Тоа би било над 400 убиени или повредени деца дневно, во 25 последователни дена. Ова не може да стане новото нормално, наведе УНИЦЕФ. Фондот за деца на ОН истакнува дека бегалските кампови, населбите за внатрешно раселените лица и цивилите што живеат во нив се заштитени со меѓународното хуманитарно право. Страните во конфликт имаат обврска да ги почитуваат и заштитат од напади. -Децата веќе претрпеа премногу. Убиства и заробеништвото на деца мора да престанат. Децата не се цел, посочува УНИЦЕФ. Организацијата на ОН повторно упати итен повик до сите страни во конфликтот за итен хуманитарен прекин на огнот, да се обезбеди заштита за сите деца и за безбеден и непречен хуманитарен пристап за испорака на помош во Појасот Газа, во согласност со меѓународното хуманитарно право. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unitsef-detsata-ne-se-meta-mora-da-prestane-nivnoto-ubivane/feed/ 0
Во Велес и велешко започна теренската вакцинација на невакцинирани деца од претшколска и школска возраст во рамките на кампањата „Од врата до врата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-i-veleshko-zapochna-terenskata-vaktsinatsija-na-nevaktsinirani-detsa-od-pretshkolska-i-shkolska-vozrast-vo-ramkite-na-kampanata-od-vrata-do-vrata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-i-veleshko-zapochna-terenskata-vaktsinatsija-na-nevaktsinirani-detsa-od-pretshkolska-i-shkolska-vozrast-vo-ramkite-na-kampanata-od-vrata-do-vrata/#respond Wed, 01 Nov 2023 17:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=895479

Екипа на Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен дом Велес денеска започна со теренска вакцинација за претшколски и школски деца кои не се вакцинирани,а во рамките на кампањата „Од врата до врата“. Децата ќе добиваат вакцини според календарот за вакцинација на деца од претшколска и школска возраст, информира д-р Марина Тодоровска координатор на кампањата за теренска вакцинација од оваа јавна здравствена установа. -Во зависност кое дете ќе го пронајдеме, која вакцина е пропуштена, со таа ќе го вакцинираме. Целта на оваа кампања е да се подигне свеста и разбирањето за важноста на имунизација и придобивките од вакцинација, информира д-р Тодоровска. Таа појасни дека 12 теренски посети во наредните денови ќе извршат пет тима. Од тие пет теренски посети се во Велес, а седум во населените места во Општините Велес, Градско и Чашка. Д-р Тодоровска информира дека семејствата кои ги немаат вакцинирано децата се најмногу од ранливите категории. За нив ќе одржат и едукативни предавања и ќе им ја појаснат предноста од добивањето на вакцината која е многу важна за понатамошно здравје на нивните деца и заштита од многу болести. Кампањата „Од врата до врата“ ја организира Министерството за здравство и Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје. Воедно д-р Тодоровска информира дека во рамките на овие теренски посети како новина ќе вакцинираат и против сезонски грип. Со тоа нивните екипи на терен ќе можат да ги вакцинираат и сите ранливи категории граѓани, над 65 години возраст, со хронични болести, трудници, деца од шест месеци до шест години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veles-i-veleshko-zapochna-terenskata-vaktsinatsija-na-nevaktsinirani-detsa-od-pretshkolska-i-shkolska-vozrast-vo-ramkite-na-kampanata-od-vrata-do-vrata/feed/ 0
Свештениците во Шпанија сексуално злоставувале над 200.000 деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenitsite-vo-shpanija-seksualno-zlostavuvale-nad-200-000-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenitsite-vo-shpanija-seksualno-zlostavuvale-nad-200-000-detsa/#respond Fri, 27 Oct 2023 15:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=893850

Повеќе од 200.000 малолетници најверојатно биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештениците во Шпанија, се наведува во извештајот на независната истражна комисија за злосторства врз деца во Католичката црква. Во извештајот не е наведена точната бројка, но содржи анкета спроведена меѓу повеќе од 8.000 луѓе на барање на комисијата, која покажува дека 0,6 отсто од возрасните Шпанци (речиси 39 милиони луѓе) изјавиле дека биле сексуално злоупотребувани од свештеници кога биле малолетни. Дополнително, нешто помал број Шпанци (0,53 проценти) изјавиле дека како деца биле сексуално злоставувани од лаици кои работеле во верски институции. Извештајот се однесува на период од 70-тите години на минатиот век до денес. Шпанија, земја со силна католичка традиција, досега немаше спроведено независна истрага за разлика од Франција, Германија, Ирска и САД]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sveshtenitsite-vo-shpanija-seksualno-zlostavuvale-nad-200-000-detsa/feed/ 0
Псоријазата кај децата не е ретка појава – обрнете внимание на симптомите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psorijazata-kaj-detsata-ne-e-retka-pojava-obrnete-vnimanie-na-simptomite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psorijazata-kaj-detsata-ne-e-retka-pojava-obrnete-vnimanie-na-simptomite/#respond Wed, 25 Oct 2023 18:47:56 +0000 https://kurir.mk/?p=892673

Псоријазата е хронична болест чии симптоми може да се појават насекаде по телото. Најчестите промени се јавуваат на скалпот, колената, лактите и трупот. Иако многумина мислат дека псоријазата е болест на возрасните, не е невообичаено да се појави во детството, пишува „Кидс хелт“. Иако симптомите на оваа болест се разликуваат од дете до дете, најчести се лушпите и црвените дамки на кожата, кои обично се придружени со силно чешање. Покрај гореспоменатите промени на кожата, псоријазата се појавува и на ноктите на детето, предупредуваат дерматолозите. Најчести се промените на плочката на ноктите во вид на мали вдлабнати точки, бели бои на ноктот или негово распаѓање. Ако се работи за псоријаза, зафатени се сите нокти, па затоа е прилично лесно да се забележи веднаш штом ќе се појави. Како што нагласуваат експертите, иако се уште не постои вистински лек за псоријаза, постојат одредени третмани и препарати кои ги ублажуваат непријатните симптоми и барем делумно им го олеснуваат секојдневието на заболените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/psorijazata-kaj-detsata-ne-e-retka-pojava-obrnete-vnimanie-na-simptomite/feed/ 0
Проблеми во однесувањето на децата што не треба да се игнорираат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problemi-vo-odnesuvaneto-na-detsata-shto-ne-treba-da-se-ignoriraat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problemi-vo-odnesuvaneto-na-detsata-shto-ne-treba-da-se-ignoriraat/#respond Tue, 24 Oct 2023 07:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=892400

Има неколку проблеми во однесувањето на детето што, ако се појават, родителите не треба да ги занемарат, бидејќи може да се претворат во многу поголеми проблеми. Следат три примери. Ако возрасниот забележи дека, на пр., детето често лаже или ги преувеличува нештата - има причина за грижи. Штом ќе потпорасне, детето ги надминува детските невини „мали лаги“ и стремежот е - вистината, дури и ако тоа значи дека ќе трпи последици. Ако не го научи ова, тој / таа ќе има проблеми во односот со наставниците и другите деца на училиште, на улица итн. Како второ, многу е иритирачки кога детето слуша што му се зборува, но се преправа дека не слуша. Ова може да стане проблем кога ќе избере целосно да го игнорира родителот. Ако на пр. знае дека постојано ќе биде потсетуван /-а, детето натаму губи мотив уште првиот пат да го ислуша возрасниот. Ако не го направи тоа што го побарано од него / неа, објаснете му / ѝ дека ќе следи казна (се разбира, без удирање, викање и сл.). На крајот, детето ќе сфати дека тн. „селективно слушање“ просто не води никаде. Натаму, детето честопати мисли дека она што има да го каже е „најважното на светот“. Тој / таа во тој случај не сфаќа дека другите луѓе можеби имаат потреби што се исто толку важни. Повторно, ова однесување е прифатливо кога детето е мало, но ако тоа продолжи и кога ќе порасне, најверојатно цел живот ќе го мине мислејќи дека секогаш треба да биде пред другите. Затоа е важно да се воспостави некој вид сигнал, благодарение на што детето ќе знае кога треба да застане и почека. Тоа може да е и рака на рамо или сличен потег. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/problemi-vo-odnesuvaneto-na-detsata-shto-ne-treba-da-se-ignoriraat/feed/ 0
Совети за воспитувањето деца без емпатија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-vospituvaneto-detsa-bez-empatija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-vospituvaneto-detsa-bez-empatija/#respond Tue, 17 Oct 2023 08:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=889670

Емпатијата е способност на човек да ги разбере и сочувствува со другите луѓе. Иако многу родители се трудат да го воспитаат своето дете еден ден да стане емпатична (сочувствителна) личност, за некои тоа оди потешко и треба посебно внимание. Како што објаснува американскиот психолог Мишел Борба, постојат признаци за препознавање дете со недостаток на емпатија. - Детето кое нема емпатија има и склоност да ги повредува луѓето околу него затоа што честопати кажува или прави непромислености, вели Борба. Детето со недостаток на сочувство, исто така, вообичаено постојано да зборува за себе. Најчесто за своите достигнувања, без разлика дали некој од присутните го интересира или не, но и за „проблемите“ коишто „никој друг ги нема“. - Тоа дете кое нема доволно развиена емпатија, има склоност да ги озборува и критикува сите оние кои не го делат неговото мислење... Таквото дете не може да се стави на местото на другиот, поради што често изгледа ладно кон туѓите лоши чувства или проблемите низ кои минуваат другите (деца). Обично е нечувствително за потребите на другите, односно може и да го набљудува тој некој на кого очигледно му треба помош и да не направи ништо за тоа, објаснува психологот. Таа нагласува дека детето без емпатија има и големи проблеми да се дружи бидејќи мисли дека заслужува другите да му бидат „подредени“ и има право да добива услуги без да дава ништо за возврат. Кога некој ќе одбие, тоа дете со недостаток на сочувство, тоа го сфаќа како лична навреда и во многу случаи настанува караница или поостар судир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-vospituvaneto-detsa-bez-empatija/feed/ 0
Никогаш не го присилувајте вашето дете да ги прави ОВИЕ РАБОТИ, овој текст ќе ви објасни нешто важно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-go-prisiluvajte-vasheto-dete-da-gi-pravi-ovie-raboti-ovoj-tekst-ke-vi-objasni-neshto-vazhno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-go-prisiluvajte-vasheto-dete-da-gi-pravi-ovie-raboti-ovoj-tekst-ke-vi-objasni-neshto-vazhno/#respond Mon, 16 Oct 2023 18:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=889516

За да си ја олесните улогата на родител, проверете ја оваа листа на работи на кои не треба да ги присилувате вашите деца. 1. Да јаде ако каже дека не е гладно Лекарите препорачуваат три обилни оброци дневно или пет помали, сепак, треба да се запомни дека секое дете е различно. На крајот на краиштата, нашите тела предупредуваат кога треба да јадеме и пиеме. Размислете дали некогаш сте виделе дете кое нема да ве извести гласно дека е гладно. 2. Да ​​биде нешто што не е Ако вашето дете е срамежливо, прифатете ја таа особина и не се обидувајте да ја промените. Не го присилувајте да се дружи со деца ако сака да си игра само со еден најдобар пријател. Истото важи и за гласните деца. Не ги терајте да бидат тивки, така нема да бидат свои. 3. Да се ​​извини ако не знае што не е во ред со неговото однесување Често ќе слушнете како родителите на игралиштето им наредуваат на своите деца да се извинат за различни ситуации. Децата ќе се извинат, но не знаат зошто го направиле тоа. Затоа, првото нешто што треба да го направите е да им објасните зошто е важно да се извинат и што точно згрешиле. 4. Да го поздрави секој кој ќе му се обрати на улица Правилото „не зборувај со странци“ секогаш треба да важи за да се заштитат децата од оние кои немаат добри намери. 5. Да спие во свој, посебен кревет ако не сака Овде секој родител има веќе оформено мислење, но оние што се малку полиберални ќе се сложат дека децата не треба да се принудуваат на чекори на кои не се подготвени. Оставете го детето само да одлучи кога е подготвено да се раздели и да спие во својот кревет и соба. 6. Да оди на диета, во случај да се поправило Иако има деца кои би требало да ги изгубат вишокот килограми, тоа не значи дека треба да ги воведете во ригорозна диета. Донесувајте подобри одлуки со купување поздрава храна наместо сокови и слатки. Во тој случај нема да им треба диета. 7. Да го натерате да направи нешто во што не е добро Не ве охрабруваме да воспитувате дете кое лесно ќе се откаже, но ако, на пример, по неколку месеци фудбалски тренинзи вашето дете не ги совладало основните вештини на спортот, крајно време е да го префрлите на друга активност, што тоа ќе избере. Кога прават нешто во што се добри, тоа е најдобриот начин да се изгради самодоверба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-go-prisiluvajte-vasheto-dete-da-gi-pravi-ovie-raboti-ovoj-tekst-ke-vi-objasni-neshto-vazhno/feed/ 0
Во неодамнешниот земјотрес во Авганистан, 90 отсто од загинатите се жени и деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/#respond Thu, 12 Oct 2023 17:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=888179

Повеќе од 90 отсто од загинатите во земјотресот во Авганистан што се случи минатата сабота, се деца и жени, соопштија денеска Обединетите нации. Талибанските власти информираа дека бројот на загинати во земјотресите со јачина до 6,3 степени во западен Авганистан, во близина на градот Херат, се искачи на повеќе од 2.000 и дека се од различна возраст и од двата пола. Според ОН, епицентарот на земјотресот бил во областа Зенда Јан, каде загинале 1.294 лица, 1.688 се повредени, а сите куќи се уништени. Шефот на теренската канцеларија на УНИЦЕФ во Херат, Сидиг Ибрахим, рече дека е поверојатно дека жените и децата биле во своите домови утрото кога се случил првиот земјотрес, а потоа и уште неколку силни. „Кога се случи првиот земјотрес, луѓето мислеа дека е експлозија и влегоа во нивните домови“, рече тој. Стотици други, главно жени, сè уште се водат како исчезнати во Зенда Јан. Претставникот на Фондот за население на Обединетите нации во Авганистан, Хаиме Надал изјави дека немаше да има „родова димензија“ во бројот на жртвите доколку земјотресот се случеше навечер. Тој појасни дека голем број рано изутрина излегуваат и одат на работа во Иран, поради што во домовите останале претежно жени и деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-neodamneshniot-zemjotres-vo-avganistan-90-otsto-od-zaginatite-se-zheni-i-detsa/feed/ 0