децентрализација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Jul 2020 08:44:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png децентрализација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Ќе спроведеме целосна децентрализација на општините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-sprovedeme-celosna-decentralizacija-na-opshtinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-sprovedeme-celosna-decentralizacija-na-opshtinite/#respond Sat, 04 Jul 2020 07:38:07 +0000 https://kurir.mk/?p=368763

Силни општини, силна држава. Ќе се фокусираме на јакнење на децентрализираниот систем, подобрување на условите за спроведување на веќе пренесените надлежности и осигурување на непречен трансфер на остатокот од зацртаните цели и ресурси во согласност со Законот за локалната самоуправа кои се однесуваат на локален економски развој, образование, култура, здравство, спорт и други области, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека во насока на децентрализација ќе извршат и трансфер на спортски објекти од централно на локално ниво. -На локално ниво се обврзуваме и на приближување на примарното здравство до граѓаните во урбаните и руралните средини. Се обврзуваме на заокружување на проблемот со наследените долгови кај општините и воведување на контролни мерки за оневозможување на понатамошни непродуктивни задолжувања на истите. Во насока на поголема финансиска самостојност на општините и зголемување на нивните буџети ќе овозможиме законски измени со цел средствата собрани од персоналниот данок од земјоделска дејност и пренамена на земјиште да станат приходи на општините. Дополнително ќе се зголеми и процентот на персоналниот данок на доход и ддв кој ќе се префрла кон општините. Владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да се посвети на поголемо финансирање на регионалните и меѓуопштинските проекти, а заради економско изедначување на планските региони. Предвидуваме процентот на одделување на средства по региони да биде сразмерен со степенот на нивната развиеност. Се обврзуваме на обнова. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат единствено повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова, се наведува во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-sprovedeme-celosna-decentralizacija-na-opshtinite/feed/ 0
Таравари разочаран од Владата: Цело време се говори за децентрализација, а се носат закони за централизација на образовните и здравствените институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-razocharan-od-vladata-celo-vreme-se-govori-za-decentralizacija-a-se-nosat-zakoni-za-centralizacija-na-obrazovnite-i-zdravstvenite-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-razocharan-od-vladata-celo-vreme-se-govori-za-decentralizacija-a-se-nosat-zakoni-za-centralizacija-na-obrazovnite-i-zdravstvenite-institucii/#respond Tue, 23 Jun 2020 08:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=361279

Утринава во „Утрински брифинг“ свое јавување имаше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари кој што посочи дека, за жал, оваа Влада наместо закони за децентрализација носи закони на централизација како на образовни и здравствени институции. -Јас на почетокот бев огромен оптимист бидејќи премиер тогаш ни беше еден бивш градоначалник и мислев дека ќе направи одредени чекори во правец на децентрализација. Меѓутоа тоа остана само демагогија. Тоа остана само продавање на магла, дека ќе направиме, ќе се почне со децентрализација, меѓутоа се уште сме во првиот стадиум, појасни Таравари. Таравари додаде дека во Гостивар има одредени објекти посебно културни кои се уште не се под ингеренции на општината. „А, да не се говори и за новите закони за здравствена заштита, новиот закон за образование кој што цело време се говори за децентрализација, а тие закони за жал се централизација на образовните и здравствените институции“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-razocharan-od-vladata-celo-vreme-se-govori-za-decentralizacija-a-se-nosat-zakoni-za-centralizacija-na-obrazovnite-i-zdravstvenite-institucii/feed/ 0