дедомразовска трка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 08:26:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png дедомразовска трка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-prijavuvanjeto-za-tradicionalnata-dedomrazovska-trka-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-prijavuvanjeto-za-tradicionalnata-dedomrazovska-trka-na-skopje/#respond Fri, 02 Dec 2022 08:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=769939

Во недела на 25 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град. Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада. За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците. Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката. Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-prijavuvanjeto-za-tradicionalnata-dedomrazovska-trka-na-skopje/feed/ 0
Наградени најбрзите дедомразовци во трката во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nagradeni-najbrzite-dedomrazovci-vo-trkata-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nagradeni-najbrzite-dedomrazovci-vo-trkata-vo-skopje/#respond Sun, 23 Dec 2018 15:47:17 +0000 https://kurir.mk/?p=143978

Никола Таневски е победник на петтата трка на дедомразовци од два километра во центарот Скопје, а Рената Соколовска беше најбрза во женска категорија. Александар Георгиевски од организаторот на настанот – Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, изјави дека  оваа година одѕивот  бил можеби најголем досега и на трката се придружиле над 400 учесници облечени како Дедо Мраз. Покрај  натпреварувачки, трката имаше и забавен карактер и учествуваа луѓе од различни возрасти. Победниците добија награди, а најмалите учесници во трката – новогодишни пакетчиња. Трката почна и заврши на плоштадот „Македонија“. Учесниците трчаа покрај Порта Македонија, паркот „Жена-борец“, покрај хотелот „Холидеј ин“, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку мостот до целта – повторно на градскиот плоштад.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nagradeni-najbrzite-dedomrazovci-vo-trkata-vo-skopje/feed/ 0